Многу е чудно тоа однесување. Како и да е, очигледно ти пречи, сте зборувале? Што вика тој на оваа тема?
Не му има кажано, она му ќути. И да и пререкол дека мрази да се буни за лајкови, нека му каже што и смета отворено. Тоа ќутење за да биде совршена врската не е многу на арно.
Речи му, како за почеток. Што ако тој ти изјави дека не сака да се расправа за лајкови? Како што тој не сака тоа, така ти сакаш да знаеш зошто е нешто така. Ќе те смота нешто, гарант, ама бар ќе си кажеш што те мачи.
Таквите се манипулатори, ќе ја сврти работата како демек @Darlingzz крева паника за без потреба и на крај таа ќе се чуствува лошо и ке му се извини нему. Претпоставувам типот сака на две столици да седи. Поздрав @Darlingzz и пиши што ќе направиш.
Може и да нема ништо со таа, туку само да се занесува. А тоа со непризнавањето, е карактеристика на секој маж. Треба да го фатиш на дело, гол, со некоја... па и тогаш, можно е да те направи слепа
Да токму така направи вчера, со патењето.. Ама нема да му помине тоа, нема никакво извинување да добие бидејки јас цело ова време само се трудев да успееме и да ни биде убаво на двајцата. Чиста ми е совеста, он ја заеба целата работа. И да има и да нема сеуште нешто со нејзе, и да пати, немаше потреба мене да ми го кажува тоа..
Му плеснав се, се правдаше.. Немале веќе ништо, онака ставал лајкови.. Да не објаснувам, рече дека ќе ја избрише одсекаде.. Ама јас сеуште сум лута..
Извини сега те прочитав за првиот пост каде пишуваш оти уште патиш по бившиот и оти и на новиов си му правела муабет за него.Знаеш дека може игра игри и нарочно ти ги прака песните за патење,за да те провери тебе како ке реагираш?А исто и со оваа бившава може му е некоја игра нарочно да те провоцира и да те прави всушност тебе љубоморна.А може едноставно се лажам . Немаш ли никој што ги познава иидвајцата и да ти каже каква им била врската и колку бил запален по неа,зошто се скарале.Во секој случај види он колку ке си стои на зборот и биди построга
Еј женски имам 4,5 месеци дечко кој е постар од мене 10 години пред тоа ми беше најдобар пријател. Значи се е да не речам совршено, од љубов, до почит, внимание, компромиси..Он мене многу добро ме познава зашто како што реков ми беше најдобар пријател кога ми било најтешко исто и јас него. Секогаш ме привлекувале постари машки ама ваков мислев дека никогаш нема да најдам ( ставови, размислувања, принципи ) . Е сега ме копка малку разликата во години оти нели си патиме од комшијата, петко, трајко што ќе рече. Би сакала да чујам неколку мислења ?
Што ќе речат комшиите? -тоа најмногу ме нервира кога ќе ми го каже татко ми. Инаку ич да не ви е гајле што ќе речат. Вие за вас си живеете , а не за комшиите и за сите останати небитни фактори во овој случај.
Девојки се смирив со бившиот, сеуште го сакам но премногу се сменив од тоа што бев порано, сакам да кажам дека бев премногу искрена,опуштена со него знаете 24/7 заедно и сега се понашам како прв пат да се гледаме, како небаре во основно сум и тој ми е прва шема па како некоја збунета сум бидејќи овој пат не знам на што сме а не сакам да го форсирам и напаѓам со прашања бидејќи јас бев виновна за нашето раскинување. Забележувам дека и тој кочи малку, не се гледаме секој ден како порано, зборување на тел со саати, како топло-ладно сме бидејќи и двајцата сме страшно тврдоглави ама знае и тој дека јас го сакам а и јас знам дека тој мене сепак неможеме некако да се погодеме и меѓусебно се кочиме. Почнува да ме нервира што сум ваква како здрвена и што не можам ни јас да превземам нешто за да бидеме како порано. Што мислите, што треба да направам? Би сакала да чујам некој совет,мислење..Ви благодарам однапред на сите и премногу ми е мило што го најдов овој сајт за љубезноста и одличните совети и се надевам ќе добијам еден денеска
Прво, многу ми е јак никот Не ти ја знам приказната од предходно, но ова што го опишуваш е како почеток на нова врска и мислам дека не треба ништо да правиш. Воопшто. Можеби си во неизвесност, но и во тоа можеш да уживаш, бидејќи, неизвесноста го дига адреналинот и не прави возбудени. Сума-сумарум: уживај само
Зависи што била причината за раскинувањето од твоја страна. Сепак штом сте се смириле гледај на ова како нов почеток остави работите да одат напред спонтано и ќе си се опуштите со тек на време. Битно е тоа што се смиривте, а за тврдоглавост нема место кога се работи за љубов.
Па зависи пред се` колку години имате, не е исто да имаш 15 ида идеш со некој 25годишен и слично, сепак ако станува збор за зрели личности, зашто да не? Другарка ми со маж и се разлика 9 год па супер им е се.
Ти благодарам хаха Епа одевме 5 месеци, прекрасно понашање, никакво изневерување, никаква маана кај него само што си е малку тврдоглав но и јас сум, јас ја оплескав страшно и се скаравме (не беше изневерување). Сега не знам дали да почнам муабет во врска со ова или само да оставам времето да си каже, да не го форсирам бидејќи ако почнам да зборувам можам да започнам кавга? Сепак разговаравме за тоа што се скаравме и сега ни е и малку смешна ситуацијата се зафркававме но немаме правено муабет за што ќе биде сега, затоа не знам што да правам или само да потрудам да се понашам како се да е одпочеток, како повторно запознавање... Битно е што се смиривме да, но ми смета малку тоа што не е како порано сеуште и во глава ми се врти константно и ми иде да избувнам само нешто кога сме заедно....Знаеш бевме опуштени, искрени муабети за се а сега не можам ниту збор да му кажам за ова бидејќи се плашам..Сакам да направам муабет да го прашам што сме сега но не знам што да речам воопшто, ни како да го прашам. Навистина не знам како да постапувам овој пат, порано ми беше се полесно бидејќи и тој трчаше по мене, ѕвезди ми симнуваше а јас знаев дека го имам и се каам сега што толку многу внимание не му давав како тој мене
Луѓето за зборење секогаш ќе си најдат причина.. И да е твоја возраст, ќе најдат нешто, некоја маана.. Така да ич да не се замараш, прави тебе како што ти е убаво. Биди среќна.