Нејм... ова од клас да ти кажам искрено е многу лоша работа. Јас у втора година свиѓав еден од клас ептен бев заљубена во него, пробубав индирекно да му покажам и он беше супер со мене, го чувствував ептен блиску, и едназ за нова година слушна дека го сакам кога и кажував на другарка и од тогаш тотално се смени кај мене, почна да ме избегнува, да фаќа женски од други класови итн... по некое време и кажа на другарка ми дека и он мене ме сака ама дека не би сакал да има нешто со мене од причина што сме од ист клас па после да нејќеме очи да си видиме, а треба да учиме заедно уште долго време. Знам многу пропаднати врски од клас... незнам што да ти кажам, би те советувала да не пробуваш преку другарки и другари приближи му се сама, поминувај повеќе време со него, флертувај со него, дај му до знаење дека ти се допаѓа ама немој директно ниту преку другари другарки, ќе видиш како ќе реагира, ако се праи на Тошо знај дека за џабе ќе се трудиш и може уште толку да ви се нарушат односите. Среќно
Значи прво едно големо браво до сите што ми помогнаа, навистина се изненадив од вашите одговори, ви благодарам мннн - За повекето што одговоривте да прашам некој/а другар/ка од клас, мислам дека не е ок бидејки како што кажав, никој не е достоен од клас за да му се доверам..женските се злобни.. (мислам не дека не се дружам даалеку од тоа..ме свакате нели) а машките се незрели круши има едно дете од клас со кое ТОЈ се дружи онака повеке, али немам поверение во него..премногу се блиски...едноставно не ми е на арно со него.. - Мимс, знам, и други ми кажале дека е глупаво од клас..посебно за врска..ама што да правам..башка да, трета сум, и шо уште една година имаме добро и оваа нели.. незнам стварно..може само една муванка и толку..а за врска и мене ми е тапа пошо сме од исти клас и ПОСТОЈАНО се гледаме..и школо и ако искачаме сами.. незз стварно - Марама, (морам да ти кажам дека ти го обожавам никнејмов незнам зашто, мн ми е онака cute) го имам посматрано али неможам да проценам.. он никој не забележува нешто посебно..едноставно си е онака..кул..обичен... понекогаш ме има погледнувано онака (иначе денес ми се случи истото ааааааааа) еден поглед преубав неможам да го опишам, таков како да е преевљубен во тебе како да ти говори со очи ..тоа беше мегу час..и ја дојдов до него и му реков ке ми даде тетратката утре(требаше да ми даде една тетратка не е битно...) а инаку детето е со посебен хумор онака, се избацува некад на часови..а имам забележано како онака 'подгледнува' и други женски (од клас) едноставно неможам да го проценам..неодреден е - скарлет, значи коментаров ептен ме расположи и изнасмеа!!! хахаха да беше така лесно..незнам и дали имам гз за тоа..можеби..али што ако ме оттргне од страв и изненаденост.. и што потоа? и да речеме нема..(ееј а и незнам каков мувач е башка..викам не е мн по мување..можда и се нема мувано до сега незз) и после? каков однос ке имаме, ке му се појават милиони прашања и него и мене.. во секој случај пресмешно звучеше хаха пишете женскии
нејм,а да почнеш да се здружиш повеќе со него,во смисла да му правиш муабет,намести се до него седни на некој час како демек не ми е јасно да ми објасниш(се разбира некој предмет него што му оди) или на фзо да го прашаш како на пример кошарка како се подава топката, па заедно да играте и да се зближите повеќе па после ќе го викнеш кај тебе демек да вежбате математика(немора сам нека дојде со другар и ти земи си другарка) и муабет,кафенце...и ете ти ...сигурна сум дека ќе успееш!
Devojki.. pred nedela dena pocnav da se gledam so eden tip koj ima devojka vekje 4 godini..se nemame smuvanoo..uste..no se gledame sekoj den..toj se odnesuva so mene kako devojka da sum mu ..sekoj den gledanje ..javuvanje...problemot e vo toa sto toj ima vrska koja trae 4 god...mu rekov deka ne se mesam vo vrski i ako saka da ima neso so mene da raskine,...no tipot ja izbegnuva temata..i uporno prodolzuva...Sto da pravam ??? [mod-kirilica:309s1gyp][/mod-kirilica:309s1gyp]
Сама напиша дека нема да бидеш со него дур не раскине. Епа држи се до тоа и не се гледај дур не стави крај. Кажи му нека те побара тогаш. Тој да, те бара секој ден,ама 4 год. се, а и не верувам дека ќе ја остави за некоја со која се гледа една недела. Ако навистина му значиш ќе ја остави и ќе те побара,а ти тргни се, барем сега за сега.
Мене ми изгледа дека баш оти е 4 годишна врска, типот има почувствувано некоја монотонија, па сака да се забавува со некоја друга малку. Можеби сака да те има само некое време, а во меѓувреме да си биде со девојка му за да не му е досадно, па кога ќе си го направи ќејфот со тебе ќе си остани со девојка му. Зошто да не сака да раскинат ако те сака? Ако раскинат ок, но вака немој. П.С го избришав постот што си го пишала на кирилица зашто еднаш веќе го имаш напишано проблемот на латиница. Нека стои на латиница да не се прават збрки а во иднина пишувај кирилица
Фала за советот.. сакам да раскинат.. се знам со него одамна...долга приказна .... нема д аправам ништо со него додека не раскине..ама сакам да се затреска многу во мене..како да го изведам тоа?
како и секое машко, така и тој. ете имал долга врска, може се појавил некој проблем, бла бла... па те нашол тебе, и тоа е тоа. крај на приказната. за една недела не очекувај да те засака, а најмалку да раскине врска од 4 год. просто и едноставно, можеби стигнал до момент на монотонија, и сака нешто ново, тука веќе ти влегуваш во игра, и да знаеш дека не е лесно во триаголник, ќе останеш повредена. а тоа, да се затреска во тебе? какво е тоа прашање? просто се чудам... не знам како да ти одговорам на ова.... уствари , против сум целава ситуација твоја... од таквите како тебе и те како се уништуваат врски. а само ќеифот ќе си го истера дечкото со тебе. и на крај и без тебе , и без неа... за доброто на сите, тргни се настрана. што треба да биде, ќе биде.
Убаво си рекла дека не сакаш да се мешаш во врски .. Тој може сака само некој краток излет да направи . Ако сака да има нешто со тебе , ќе раскине . Ако не ќе знаеш што е . Тргни се на страна некое време дур типот се договори сам со себе што и која ја сака . Или ако не сакаш или не можеш да се тргнеш , крај краева праи си го меракот , он е тој што вара , не ти .
Се сложувам со Бројче...и да додаам како можете да растурате врска од 4 години...па сигурно си ја сака девојката...да не е така ќе раскинал и без тебе и пред тебе....Машко како машко си флертува си пробува...не ги бранам ама девојкиве како тебе без навреда најстрого ги осудувам...како можете да газите по туѓа несреќа и да градите своја
Да ти кажувам сега како да направиш да раскинат, исто како да и пишувам на девојка како да ја уништи мојата врска. И јас имам долга врска и не би сакала никој да ми ја уништи, особено не некоја девојка (ако ме сфаќаш). Да не испадне на крај дека јас сум таа девојката на тој што го сакаш, па сега ти давам совети како да ми ја уништиш врскава несвесно Ако те сака тој тебе, и сака да биде со тебе (зашто велиш дека ти се јавувал, се однесувал со тебе како да си му девојка) ќе ја остави девојка му, и тогаш преземи акција, а ако остане вака како што е сега, тајно значи сака да е со тебе само да си ја разбие досадата. Можеби грешка сум но толку информации остави ти, па така сфатив.
потполно се согласувам со ким. имам долга врска и јас, не би сакала никој да ми ја расипе. и секогаш сум на страната на девојките, а не на швалерките
Претпоставувам дека девојкава до сега немала долга врска, па незнае што значи толку долга врска. Убаво и кажав и јас и вие нека си се тргне, па ако толку сака тој ќе ја побара од кога ќе раскине, ако раскине. А како да те засака, па не верувам дека има магична формула за тоа.
Многу очигледно дека сака забава-според мене...Тоа што ти се јавувал и те барал не значи дека сака да има врска со тебе,можеби си му интересна во моментов а бидејки ја изневерил девојка му најверојатно ти не си прва а ни последна.Магија не постои ниту пак љубовен напиток така да времето ке покаже.Ако тој дечко сака да биде со тебе и те сака ке раскине со девојка му(само не се надевај многу)а ако не ти кажав чист провод и забава...Се најдобро
Како да направиш да се затреска во тебе... хммм многу е нездрело ова, како да ти кажам ама НИКАКО неможе да го постигнеш тоа со сила. Мислам сама викаш дека несакаш да се плеткаш во врски, а се гледаш со него секој ден... премногу очекуваш и залудно се надеваш дека ќе и раскине на девојката. Па штом е со неа 4 години сигурно е зтрескан во неа, ама машко ко машко, да си ги испороба шансите па може ќе проебе нешто на страна... И да успееш да направиш нешо да раскинат прашање на време е кога и тебе ќе ти го направи истото. А какво е тоа понашање, викаш се понашал со тебе ко да си му девојка... хаа да не те шета за рака, да не те носи сегде на јавни места, да не те упознава со другарите, да не те бакнува така ко што ја бакнува девојкаму. Девојче освести се! Не им прај проблеми, ако и раскине нека биде тоа негова желба, не твоја!
и јас имам врска веке 2 години и кусур и стварно не би сакала некоја од страна да дојде и да ми ја расипе.неверство не простувам никогаш!!!! а се надевам сите овдека пошо имаат долги врски се согласуваат со мене. затоа девојче-стои настрана зато шо она што е `украдено` нема долг рок на траење.кога ти ќе се заљубиш и некоја ќе дојде да ти го земе она што ти припаѓа ќе сватиш дека нема ништо потешко од тоа.а ваљда и сама си свесна дека машкиве иако обожаваат да `се освежат` малце, пак се враќаат кај саканата оти сваќаат дека таа им е се.машкиве знаат вистински да сакаат.а богами врска од 4 години......не е малку.
Јас имам стварно проблем. Може е само во мојата глава, не знам. Ќе ми помогнете ли??? Ви текнува на тој типот, што ви раскажував, што не знаев што сака, излегуваме се муваме..се е ок. Во една прилика ми кажа дека не се привзувал лесно ама дека ќе излагаме па ќе видиме може и нешто сериозно да излезе..И сеа, неговото однесување, знае да се јави да ме праша чисто онака како сум што правам, ако пратам смс одма враќа, и знае и кис да ми пише. Е сеа, вчера бевме на вечера, на пица , и типов нарача и бело винце, цело големо шише...Не му ги сваќам тие гестови стварно. Почна и да ме прегрнува кога сме во движење. Појма немам што му е филмот. А не е некој тип што симнува ѕвезди па да речеш затоа го прави сето тоа, башка знае дека и јас не сакам такви патетики. Уфф премногу ми е комплицирано. Коа ме гушка, бакнува се топам, толку е нежен и внимателен. Но, едно со сигурност знам- Не го контам!! Хелп
па нема што да се секираш,убаво му е со тебе,и тие работи веројатно ги прави од срце.ти остави го,не го прашувај што значат тие гестови,туку уживај и со тек на време можеби и навистина ќе стане сериозно
Јасно и гласно, на типов му е убаво со тебе, не се секирај. Тој, сигурна сум дека сака и нешто посериозно со тебе, ама машко како машко мора да каже прво вака или така, за да не паднат пред нозете на девојката. Да не испаднат папучари (т.н) . И затоа прво ќе викаат, неее јас не сакам долги врски, не сакам да влегувам во врска... Башка што ете и сама кажа, тој знае дека не сакам патетики. Па неприметливо се прилагодува на тебе, а и истото го прави и со тебе (во врска со него). Дечково сигурно сака да оди полека и спонтано, затоа што сака да изгради врска со тебе. И не се секирај, не се двоуми, не мисли многу вака или така... Те имам читано и пред тоа, знам дека ептен ти значи дечкото... Мавни ги сите такви мисли од главата и живеј ги моментите со него, искористи ги максимално и уживај