1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.409
    Допаѓања:
    42.735
    Пол:
    Женски
    Немај гајле, и моите родители се така поголемка разлика во години па ништо страшно. Еве ние здрави, живи , нормални:D
     
    На WildMk, sj *O* и Purelove92 им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Ако 'ти тежи' премногу прашањето и разговоров кој се нема случено, ќе морате да разговарате. ако не е до толку 'нож до коска' уживај во напнатоста. Сама мораш да одлучиш.
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  3. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Ова у генерала е лош принцип за решавање т.е. нерешавање на конфликти. И лоша навика е да се премолчуваат проблемите и да се бутаат под тепих. Можеби е најкомфорна зона да се премолчи и да се продолжи како ништо да не се десило, ново запознавање како што велиш, ама не е баш ристарт на врската. Конфликтите се собираат, се собираат, растат, се пумпаат, нема комуникација, секој си ги толкува на свој начин и само од своја перспектива, и кога ќе пукне на крај, се вадат сите и после амин поправање на врската. Ама ти тогаш вака ми кажа, ама ја не мислев тоа, ама ти секогаш тоа го правиш, ова ти е миљонити пат, ама јас не бев крив, туку ти, итн.
     
    На bebaa му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.645
    Допаѓања:
    52.609
    Пол:
    Женски
    Ич да не ти е гајле за комшиите. Најбитно е вие да сe сакате. И јас сум со постар дечко, 9ипол години постар и преубаво ни е. :)Отсекогаш врсниците ми делувале незрело.
     
    На HardSex, Someonespecial, sj *O* и 2 други им се допаѓа ова.
  5. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.709
    Допаѓања:
    4.580
    Пол:
    Женски
    Тебе како да ти е страв да си искрена од страв да не го изгубиш повторно,а тоа никаде нема да ве однесе.Мислам оти треба да разговараш со него а да се потрудиш да биде смирено.Ако незнаеш дали сте во врска или онака мување,подобро да го прашаш и ако не ти одговара тоа што ке ти го каже тој,кажи му.Како незнаеш на што сте,не испаѓате во јавност?После колку време се смиривте,што толку сте како странци?Фино лепо ке му кажеш дека сакаш да биде пак како порано.Незнам како толку сте се оддалечиле освен ако не сте биле заедно пред многу време.Може само сте и двајцата внимателни за да не дојде до кавга па се стегате,а тоа колку чини толку и нечини. Убаво е човек да се контролира,да внимава да не увреди некој ама не до претеризам.Пробај да си бидеш тоа што си,така и си го придобила првиот пат.Извини му се за се што ти е мака од предходниот пат и разговарај отворено.
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  6. emotivnadevojka

    emotivnadevojka Активен член

    Се зачлени на:
    29 септември 2017
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки.
    Неколку месеци се допишувам со еден тип на фб. Во последно време почнавме да правиме муабет за запознавање, инаку од различни градови сме. Тој некако е многу напорен ( далеку од тоа дека ме тера со сила да се запознаеме, самиот ме праша дали сакам сега да се зпознаеме или не, ако не ОК ) во смисол уште не сме се виделе а он веќе си спомнува за двајцата нас , како ќе одиме во странство да живееме, кога ќе се видиме се ќе биде подруго итн, во многу муабети не спомнува. . Уште да ме ожени на невидено...така му доага . Можеби на шала збори ама мене тоа ме иритира. Вчера нешто не ми беше добро и му го кажувам то, и он ми вика кога ќе се видиме се ќе биде полесно , и други сл. такви работи што многу ме нервира. Дечкото е фин,м културен, ми се свига се то, ама ми смета што така зборува , и поради тоа се двоумам дали да се запознаам со него. Уште не сме се ни запознале а он во многу наврати се однесува како да сме веќе заедно.
    Како да му го покажам тоа...Билко какво мислење и совет се добтродојдени
     
  7. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Дечкото е фантазер,си прави некои филмови во глава или пак можда мисли дека такви финти палат, а многумина не се свесни дека ја минуваат границата со тоа. Ако ти се свиѓа види се со него, зошто да не, па ќе видиш во живо какво му е однесувањето и кажи му што ти смета. Поздрав,се најдобро (fingers)
     
    На WildMk, emotivnadevojka и buba4e89 им се допаѓа ова.
  8. emotivnadevojka

    emotivnadevojka Активен член

    Се зачлени на:
    29 септември 2017
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Ептен претерува. По неговиот муабет испаѓа дека јас и он сме веќе заедно , само треба да се видиме и тоа да го потврдиме. Многу глупо се осеќам/
     
  9. КикиМаус

    КикиМаус Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2016
    Пораки:
    2.135
    Допаѓања:
    17.715
    Зошто отворено не поразговараш со него и директно да му дадеш до знаење што точно ти пречи во вашата комуникација?
    Секому би пречеше такви филмови и приврзување на уште не видено.
     
    На Alisa22, sj *O*, WildMk и 2 други им се допаѓа ова.
  10. st2007

    st2007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2014
    Пораки:
    315
    Допаѓања:
    797
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со @lovestoneddd излези со него и ќе видиш каков е. Многу често на фб и во живо не е исто.
     
  11. Trxmx

    Trxmx Популарен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2016
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    8.313
    Пол:
    Женски
    Имав и јас еден таков. Од ист град ама на соц. мрежа почнавме да збороме. Ми симнуваше ѕвезди и реферати ми пишуваше, како ќе ме чувал како да сме заедно веќе. Конечно излеговме, срам му беше во очи да ме гледа а не па да прозбори. Си мелев пола саат колку да не ќутиме и си отидов. Не излегов по втор пат иако пак пишуваше такви работи:D
     
    На IM.TMKQ и emotivnadevojka им се допаѓа ова.
  12. Irenaiki

    Irenaiki Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2017
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    203
    Пол:
    Женски
    Се допишувам со еден дечко, веќе две недели, но сеуште не сме се виделе, затоа што слабо верувам некако на луѓе преку интернет, е сега му реков да се видиме на камера, затоа што не сакам да праќам слики, што ако е грд:( како да реагирам? Не знам што да кажам, вака е мн фин, можеби не требаше да почнам муабет а да не спомнам за камера или не знам, се мислам да речам дека имам нешто проб со камерата да чекам тој прво да укл или не знам...
     
  13. emotivnadevojka

    emotivnadevojka Активен член

    Се зачлени на:
    29 септември 2017
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Директно му немам кажано дека ми смета, ама му пререков неколку пати уз муабет па мислам дека требаше да сфати . Многу пати не му враќам кога ќе ми пише такво нешто , но он ништо си продолжува и понатаму да ми пишува и пак истото. Изгледа ќе треба да бидам ептн директна.
     
    На КикиМаус му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Purelove92

    Purelove92 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2015
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    2.872
    Пол:
    Женски
    Немаш видено слики од него , а се допишувате :^) Штом си рекла за камера биди принципиелна, стои си на збор. Дколку не тие физички привлечен што има врска , сите сме луѓе, однесувај се нормално и пријателски.
     
    На Yowannty, Luciferovog zlo♧, Trxmx и 3 други им се допаѓа ова.
  15. lonely222

    lonely222 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2018
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки,да си го кажам и јас мојот љубовен проблем и ако добијам некој совет ќе ви бидам многу благодарна.
    Започнавме да се гледаме со едно момче и веќе се гледаме околу 1 месец,проблемот е во тоа што додека се допишувавме ми беше многу убаво и кога ќе го сретнев низ град треперев од возбуда ама од кога почнавме да се гледаме ми стана одбивен и се повеќе гледам да го одбегнувам а тој е предобар со мене.И незнам сега како да му кажам дека не сакам повеќе или пак да продолжам со него па можеби ќе се заљубам?
     
  16. Dayanna

    Dayanna Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2018
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    1.034
    Пол:
    Женски
    Нема да се заљубиш ако продолжиш со него. Од лично искуство знам дека само времето ке си го изгубиш. Не само твоето, туку и неговото...

    На најфин начин можеш да му кажеш дека немаш исти симпарии кон него како тој кон тебе :)
     
    На Плавуша123, IM.TMKQ, КикиМаус и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. SanjA936

    SanjA936 Нов член

    Се зачлени на:
    20 мај 2018
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Здраво Феминки :(
    Имам доста голем проблем и ве замолувам за совет.
    Во врска сум веќе 3 ипол години. Не беше баш сјајна врската бидејќи јас се трудев повеќе,се замарав, со никој не пишував,целосно бев посветена а сега е обратно а причината е што се појави нова личност во мојот живот.
    Со дечкото се запознав во август.Почнавме да комуницираме во октомври но немаше ништо помеѓу нас.Само муабет во стилот: ми се допаѓаш, сакам да бидам со тебе,не ми пречи што имаш дечко,ме привлекуваш уште повеќе што знам дека имаш дечко и не го правиш тој чекор да дојдеш со мене, тоа што го осеќам е нешто посебно итн. Бидејќи е најдобар другар на мој другар,фамилијарно се блиски,имав потреба од разговор па разговарав со мајка му на другар ми и се најубави работи ми рече за него,но дека не е баш сериозен кога станува збор за девојка сега за сега,дека си пишува со многу девојчиња и не е сериозен.
    Во април се случи тоа што требаше,страста надмина се. Но тој не сака сериозна врска. Има 25 години но смета дека уште не му е време за сериозна врска.Имал 2 сериозни врски една 6 години а другата 2.
    Се видовме уште 4 пати а во меѓувреме на некој начин се оддалечив од дечко ми бидејќи дознав дека ме има изневерено додека сме биле заедно иако тврди дека не е така.
    Последиот пат пред 5 дена кога се видов со тој дечко имавме и повеќе од тоа што треба,му се предадов целосно. Ете се случи не можев да му одолеам. Тој е толку многу убав што едноставно ме привлече и неговата убавина и карактерот посебно. Сметам дека тоа што ми се случува со него е нешто посебно. Никогаш не сум била толку ослободена спрема некој. Се осеќам како да го знам цел живот.
    Но има една причина. Воопшто немаме нормална комуникација кога пишуваме на социјалните мрежи (мрази да комуницира на тој начин) а кога сме заедно не можеме да се наговориме.Се ослободи пред мене ми се довери многу работи иако е многу ладен карактер. Прифатив на тоа да се гледаме тајно бидејќи од моите дома можам да имам проблем, оти татко ми е против вакви врски.
    Но тој веќе не ми ни пишува како што ми пишуваше порано, што дури сега и да ми каже да се видиме ќе се осеќам како најдолно нешто само за секс.
    Не знам што да правам,осеќам дека чуствата ми се повеќе зголемени а не знам на што сум со него,од друга страна се осеќам празно.Како во лавиринт сум. Еве во среда ќе си заминам и за Швајцарија.
    Ве замолувам ваше мислење околу целата збркана ситуација и совет што да разговарам со него бидејќи мислите ми се блокирани.
    Поздравче :inlove:
     
  18. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Те наведол да се затрескаш во него и сега го кренал егото.
    Ако ти си заинтересирана за сериозна врска, тоа од него нема да го добиеш. А тој затоа и прифатил да се гледа со тебе иако имаш дечко, бидејќи така му одговара.
     
    На Dust, Alisa22, buba4e89 и 3 други им се допаѓа ова.
  19. SanjA936

    SanjA936 Нов член

    Се зачлени на:
    20 мај 2018
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Додека да си одам секако ќе се видиме уште еднаш.Ќе ми пише.
    Имаш ли некој совет што да му кажам кога ќе се видам со него. Ми падна самодовербата еј, никогаш не сум била ваква. Прв пат се блокирам вака.
    Не знам како да се испонашам спрема него а да види дека не сум наивна девојка.
    Тоа што се случи со него нема враќање, но си мислам кога ќе се видам со него да не му дозволам ништо да прави со мене туку да му дадам до знаење дека не сакам некој да прави играчка од мене.
    Сакам да разговарам со него ама не знам како и што да му кажам.За прв пат немам зборови се осеќам како мало девојче.
     
  20. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Кажи му дека заминуваш и дека тоа што се случило нека остане меѓу вас. Дека сепак сакаш да останете пријатели. Ако вродил некакви чувства тој кон тебе, нема така лесно да се откаже, ама според пишаново не ми изгледа дека е заинтересиран за нешто повеќе.
     
    На Alisa22, buba4e89, Unique__ и 1 друга личност им се допаѓа ова.