Ма знам дека треба да ги отргнам сите тие мисли. И јас си викам така, убаво ми е ќе уживам. Али женско сум па морам да промрчам, да најдам маана, нешто да не ми е јасно. Ќе се трудам колку можам да не му ја мозгам многу. А за тоа дека ми значи, ми значи и те како...
И мене ми мириса на љубов . А и баш ми се допаѓа начинот на кој дечкото го покажува тоа. Не мора да ти кажува со зборови, кога се гледа по делата што ги прави
Саншајн...да има нешто и убаво му е...времето ќе покаже дали ова ќе премине во посериозна врска.Ама од мое искуство и може да не биде ништо.Не ме земај здраво за готово.Сега важно е и да знаеш каков човек е.Јас знаев дека мојов случај нема да прерасне во ништо сериозно затоа што искрено јас и не сакав иако воопшто не падна муабет што сме,дали ќе биде нешто и сл.Типот е таков малку затворен,а и не знае да ти влезе под кожа...така да мене ми одговараше што остана само на тоа.Остави уште некое време да биде како што сака тој...ти биди си природна,позитивна,немој да натегаш и да прашуваш...Ама ако подолг период продолжи исто тогаш мој совет да седнеш и да го прашаш отворено.
Да, така си е. Ајде ќе видиме, во секој случај, ќе оставам на времето, па ако продужи подолг период ќе мора муабет.
^^Ние жените некогаш многу мозгаме, како, па зошто, па што сакал да каже...милион прашања. Машките се поедноставни суштества, си прават она што сакаат. Би те советувала слично како и останатите девојки. Убаво ти е? Уживај! Не се мисли многу како ќе биде и кои му се намерите. Со тек на време ќе увидиш и самата каде водат сите тие ваши средби. Опушти се и ужувај во моментот. Кога ќе ти се чини дека веќе имало премногу вакви моменти, и кога ќе посакаш да добиеш некаков одговор, можеш за време на вечера или некоја средба да го прашаш неврзано без притисок - каде води сево ова. Со еден збор прави така како што ти одговара и за тебе да ти е убаво, и без напнатост и ќе видиш се ќе биде во ред. Опуштено. Покажи му дека ти значи но не покажувај дека губиш глава за него! Мој совет плус
Саншајн, едно е сигурно, човекот е маж, и тоа вљубен маж, а тие баш и не се како нас да искажат се одма Времето ќе ве одведе каде што треба. Само немој да го чекаш и ти многу, потурни го малку АЉјде па ќе ни се пофалиш наскоро за нешто ептен убаво и слатко. Туку, мојава работа, готово, заврши, бидна. И сега сум смирена целосно. Синоќа имавме навистина долг разговор, сами двајцата кај мене, навистина беше тешко. Зошто? Се ми се собра, од глупости, од муабтеи, моравме да си решиме како ќе продолжиме. Срцево дефинитивно заклучи дека не е тој. Не знае да глуми, не знае да плаче и да лаже, си го знам не е таков тип. Работава ја почна некој, ама ја заплетка, нелогични ситуации на нелогични места не може да бидат. Во еден ден, и со мене, и таму, преку три села Е ај?. А верувајте, бев на два ума, како да сакав малку слобода, и си ја дадов последниве месец дена, ама и така не бивало, едноставно се здосадува на моменти, ама вљубеноста не поминува. Тој е тој, сега продолжуваме наваму, со други чекори, полека, се надевам посреќни. Си кажав работи кои, грешка моја, досега не сум му ги кажала, па затоа вака се збуричка се, ама и тој си ги искажа сите чувства и планови, за кои ретко знаеше да зборува. Друга песна сега, половичните разговори не водат никаде. Па, девојки, продолжувам со мојава историска врска. Фала што бевте со мене, пак вас ќе ви се жалам ако испомешаме нешто Ова онака, да се испразнам ви го пишав
Уф, дај боже да е се така како што велите. И што и да има ќе бидете известени. Пропратно во последниов месец со типов се издешаваа многу ствари. Испадна да работиме двајцата на саем, и во една прилика кажа дека он ќе ме бранел и ако има некој проблем ќе им кажел ,, не ми ја закачајте мојата мала,, Од каде бе ја негова??? Или знае да ме ослови со маче, па си викам на кого бе ти маче, муле едно неприврзувачко.....Али ај многу зборам, ко 8 одделенка сум станала. Ајде ако има нешто ве известувам доста тупам сеа за него.
Девојки ми треба ваше мислење и совет. Овој пост го напишав и во темата во која машките даваат свои мислења и совети. Еве вака: Бев дома кај партнерот, како и секогаш гледавме тв, разговаравме и потоа се разбира имавме секс. Но јас не бев баш расположена за тоа, но не му кажав. Не беше тоа тоа, му реков не ми се прави вака сакам поинаку ( за позата зборам ) се некако не ми беше удобно и почнав да се зезам му викам никако да се наместиме да ми биде удобно како прв пат да правиме Тој се налути, се облече и си седна на креветот. Јас исто се облеков и седнав на другиот кревет. Речиси 5мин и двајцата молчевме, потоа ми рече дојди седни до мене, седнав и започна разговор како ништо да не се случило. Јас се почувствував навредена. Потоа ми рече ако не ти се прави кажи ми отворено не сакам вечерва и ок е, разбирам ми кажа колку ме сака и дека не е со мене поради тоа. Јас му реков дека не го мислам туку не ми одговараше положбата, напротив секогаш уживам кога имаме секс, ќе си продолжевме како и секоја вечер. Потоа ми рече да знаеш нема ништо да правиме деновиве зошто не ми се прави, ќе си идеме кај мене ќе седиме не мора да го правиме тоа. И така останавме уште едно пола саат гледавме филм, сосема малку разговаравме и ме донесе дома. Се чувствувам некако тешко, чувствувам вина, тој навистина е предобар и многу се сакаме. Што мислите за ова? Јас планирам деновиве воопшто да не ја отворам оваа тема и да не му речам да имаме секс. А и тој ако се однесува ладнокрвно како да реагирам? Ве молам за совет
Зар нормално е 365 дена во годината да сме расположени за секс? Нормално дека не! Секој има лош ден, секој има ден каде не се чуствува убаво, ден каде не ни е добро. Така да уживај и јас сум имала такви денови, мислам дека сите имаме, најдобро ќе било да не сте имале секс. Вака си имала само од обврска, ама и тоа не било секс, туку напротив се искочило обратно, сте се налутиле и можеби се почуствувал повредено на момент. Зашто не си била искрена кон него и не си го одбила? Тука за мене си погрешила. Не чуствувај обврска да имаш секс секогаш кога и да посака, одбиј некогаш ако не се чуствуваш добро, вистински маж ќе те разбере. Секако тоа се исклучоци, лошо е ако секоја втора вечер нас не ни е до секс, тоа е проблем. А не е проблем еднаш на одреден период. Најдобро е да разговарате. Вака молчејки и одбивајки да разговараш за тоа, само прикриваш и уште полошо правиш. Ако го сакаш биди си искрена и кажи му баш точно како било вечерта и дека ако некогаш се почуствуваш недобро, нема да имате секс и ќе му кажеш, а не да глумиш лудило дека позата не ти била добра. Сигурно и не си уживала во целиот секс, а тој тоа го приметил, сигурно не е само позата тука проблем. Со разговор се се разрешува, со молчење проблемот секогаш останува
Нареден пат кога ќе се видите, т.е. кога ќе одиш кај него, облечи секси долна облека, и ко демек идеш до вц, тогаш се соблекаш и му се појавуваш таква... он е секако со подотворена уста, му идеш и му шепкаш: „извини за минатиот пат, не бев ок„ и пружи му незаборавно сексуално искуство. веруј дека после ова се ќе биде супер, нема ни да ти го спомне тоа Ако биде ладнокрвен ти немој да бидеш, доближи му се, повреден е дека си го одбила... му се повредило егото... затоа и не очекувај дека тој ќе ја покрене наредната иницијатива за да имате секс, тоа мора да бидеш ти Ти посакувам среќа
mims-89 да знаеш дека се согласувам со тебе ПОТПОЛНО!!! има ли подобро извинуванје од тоа? ни на сон ех,камо јас да бев така храбра хеххеххе алал да ти е mims...така треба позз
го чекав со часови. дојде, доцнеше и не кажа зошто! не го испрашував. но, за глупост се скаравме и си замина. кога дома дојдов и отворив фејсбук ...имав што да видам ! тргнал дека е со мене во врска !!!!!!! сватив.. се скара со мене едвај чекаше да раскине.оној што го сакаш го сакаш цело време, не му раскинуваш за ситница! идиот !!!!!!!!
не се секирај...пак ке ти се врати..освен ако (да бидам реална) може барал причина да ти раскине, па се фатил за првата....ако не е тоа, сигурно ке ти се врати..само не го барај воопшто, нека свати што изгубил. а колку време бевте заедно? стварно ми е жал.. само немој да паѓаш во депресија..не вреди за никој да го знаеш тоа...
Дол,душо...Не можам да замислам како ти е...Сигурно ужасно,но иако сум помала од тебе ќе ти дадам еден совет.Немој да му покажуваш дека си изнервирана,да му пишиш или да го бараш...Таков дечко не ти ни треба.Знам дека го сакаш,знам дека многу ти значи,тоа е нормално...Машките најмногу се нервираат кога ќе видат дека девојката е среќна и без него.Релативно си млада и сигурна сум дека постојат многу други кои ќе те направат среќна и се би дале за тебе...Пред него ниту една солза,така требало да биде...Овие денови не ги поминувај сама,биди нон стоп со другарки,излегувај,смеј се,забавувај се викендов...Времето лечи се,а него ќе го боли повеќе,верувај!Пробај и покрај се да ја задржиш кривата линија на лицето која исправува многу работи.Нема да ти речам да не плачиш затоа што нема да ме послушаш.Исплачи се убаво и долго,да ти олесни,а потоа посвети се само на себе...Тој откако ќе увиди дека си среќна без него ќе те побара самиот...Нека поминат неколку денови,еве ќе видиш..
Дол не го барај, и не барај објаснување, детско и идиотско понашање! Само игнор, ќути си и трај си, ќе се врати како куче кога ќе види дека не го бараш... шо да не сака да го молиш бреееј А и друго, фејсбуков стана компетентен за објавување само на „официјални работи„, ако не е на фб ништо... не е официјално...
И јас ќе се согласам со девојките и ќе ти кажам да не го бараш ! Јас така се изгорев покрај сите совети што ми беа дадени и што направив? Влошив ситуација, почнав да го гушам како што тој велеше. И ништо. Не успеав да го вратам, тој е со друга, јас уште за никаде. Сакам да ти кажам, дека се стана поради тоа што го барав насекое, мислејќи дека ќе добијам објаснување или не знам што. Верувам го знаеш правилото на топло - ладно. Олади, сврти грб, неутрална биди со него. Ќе го боли и ќе се чуди како не те погодило толку и ќе се замисли и ќе ти се врати, верувај ! секогаш кога ќе добиеш желба да му го свртиш бројот, сврти кај некоја другарка и договори се за излегување. И... Исплачи се онолку колку што имаш потреба, не си ја стегај душата, викај, мавај, само не го барај. Секое добро
scar имам едно прашање, навистина ли се случи тоа? само поради тоа што го бараше? леле па јас најголемата грешка значи ја правам, кога и да се искараме го барам (пошо знам дека не може да не ми одговори или да не ми се врати), само последниот пат кога се искаравме не го побарав и одма се се смена, почна он да ме бара,као демек не ми било гајле мене, сега сум уживала..а немаше врска мене м и идеше да се самоубијам он ми вика тебе ти е сеедно машкиве се чудни суштества жими се
^ да. И јас како тебе мислев не може да не ми одговори. Ооо да видиш како можело, па следуваа исклучувања, прекини на разговори, па оп недостапен, а јас будала, упорна си бев, абе ај ќе му помине, ај уште сега и секој пат беше уште сега, се дури не ми се смачи, доста си ја погазив гордоста, искрено мислев дека за него вредеше, ама секој еден човек прави грешки. И после си учи од сопствените, иако дефинитивно подобро е да учиш од туѓите.
Дол, ич нека не ти чуе! Немој да го бараш. Детски и недозреани реакции. Самиот ќе ти се јави, ќе видиш. А ако не ти се јави, барем ќе знаеш дека не вредел за да биде со тебе, сигурна сум дека и самата си убедена дека ваков дечко не ти треба. Сега заминал од кавга налутен заради ситница, како што велиш, утре, не дај боже кога ќе настане некоја посериозна ситуација, што ќе прави?! Само една работа не ми е јасна...ти мислиш дека раскинал со тебе заради тоа што тргнал статус на ФБ? Сериозна си? Тебе ти е потребен фејсбук да ти каже за тоа какви ви се односите со дечкото? Нејсе. Ти си знаеш. Сепак веќе не можам да се изначудам за тоа колку фејсбук ни ги одредува животите....барем на некои луѓе.
Ти благодарам rossonerka имаш право А што мислиш денес да му го зготвам неговото омилено јадење и да го викнам кај мене. Ова да биде нешто како за извини