Многу пати ми се случило да кога стварно сум со ладна глава и не се замарам на момент тогаш не само дечкото туку и другарки и сетра ми еве.. одма се умилкува се смее, муабет.
@lilly57 Една феминка те праша дали го сакаш, а ти на ова одговори опсесија ми е, навика. Секоја навика има одвика. Пречката што ви се случила не е нешто сериозно за да се раскине врска, ок е да се налутиш ама мене тоа не ми е причина за раскинување. Причина за раскинување е тоа што ти не го сакаш, самата си рече дека ти е навика. Ти ја исфрлаш целата нервоза врз него, само затоа што имаш испити. Голема работа што имаш испити, сите студенти има испити па целата нервоза не ја истураат врз недолжни луѓе. Самата си напиша дека човекот бил секогаш тука за тебе, секогаш си се потпирала на него, па заслужил вака да му враќаш? Наместо да велиш дека причината за раскинувањето е тоа што не ти се јавил за да те викне за искачање, ако го почитуваш барем малку кажи му отворено дека не го сакаш како порано и дека ти е само навика. Тебе не ти треба дечко што се однесува топло ладно. Таков човек не е за сериозна врска, кога најмалку ќе очекуваш ќе запознаеш стабилен дечко, а дотогаш не избрзувај.
@carangigia а прочита горе пишала "Сакам 3 пати да ме бара, а ја само еднаш. Јас сум приоритет, јас сум вредна." Сега не знам дали е машина за перење па толкав приоритет, па и вредна веројатно миксер.
Абе лудо го сакам ама ме нервира и не осеќам на моменти некоја блискост.Можеби ми е период.Осеќам како да сме со сила а не од многу љубов. Така осеќам .. а не дека јас не го сакам него како порано. Така ми идат мисли. Чувствувам како на моменти да фали нешто како да нема кеф обострано.Нервозни се правиме еден со друг.Ама тоа на моменти.И кога се е во ред внимание, љубов итн.. тогаш си мислам можеби и не е така лоша врската само си ја правиме ние. A далеку од тоа да не се саакаме.Туку како навика да сме како да не можиме еден без друг и после во следниот момент се караме.
Леле не ми се верува дека тој дел не сум го прочитале Може сака и на фиксен да ја бара, во подобар случај услов за смирување треба да биде он да оди да полага наместо неа Јас би рекла дека е машина за перење они се со поголем капацитет @lilly57 не си ти крива криви се испитите Самата си напиша дека ти е навика и опсесија, немој да се залажуваш себеси и нас. Очигледно е дека немаш чувства за него, а и не си зрела за врска. Верувај со вакво однесување он тебе уште долго нема да те трпи и ќе ти раскине, па на крајот ти него ќе го бараш ама не 3 пати туку многу повеќе.
Кај виде јас лошо да се однесувам спрема него? На нервоза нормално кога ме лути.Ако не го сакам немаше да се грижам што како и да се борам.
Самата си напиша дека он тебе те трпи и дека секогаш бил тука за тебе, а ти за едно искачање каков скандал направи. Ако си го сакала немало да му раскинеш само за да му видиш реакција, а после велиш јас сум приоритет и вредам нека ме бара.
Како да и кажам на мајка ми дека се гледам со личност кој живее во друг град бидејќи има малку чудно мислење дека може да ме повреди, искористи, навреди? Одоколу и спомнав нешто околу него и ме праша дали имаме нешто? Не сакав да и кажам преку телефон, ама кога тогаш планирам да и ја кажам вистината. Дечкото е доста сериозен и стабилна личност која јасно ми кажа дека сака иднина со мене иако кратко време сме заедно. Доколку и го кажам истото на мајка ми за нашите планови ќе има негодување од нејзина страна дека секое машко ветува додека не го добие тоа што сака и тогаш настанува караница помеѓу нејзе и мене. Искрено, одбегнувам расправии и секогаш сум чил, но дечково ми значи премногу за да преќинам со него поради поинакво мислење на мајка ми.
Па се изнервирав оти 2 пат се дешава со ова искачање негово. За оваа ваква работа он прави 2 пати иста грешка.И како да не му речиш се. Да тој е тука за мене.Кога не живеевме заедно исто беше секој ден со мене наместо со нив.Дојде со мене да живеј и сега сака нормално да искочи и сам ама затоа постои телефон.Се јавуваш и кажуваш не иди оти за брзо ќе си одам не планирам да седам да не се спремаш за ѓабе.Или предвреме да ми кажи сакам сам оди со другарки вечерва. Секако дека ќе се лутам.А ти не би се налутила? То дали е бил тука за мене си стои тоа, не викам ништо.Ама ова е идиотски. Јас му викам дека не знам до кога вака оти не е исто како да има тензија некоја и нервоза.А не беше вака.
Мајка ти единствено е загрижена за тоа да не имате секс и да не' не останете заедно? Или јас грешно разбрав?
И досадно и е па си се занимава со дечково, се караат. Се пресмеав значи Ако не плачеш ради него, @lilly57 карајте се летово п од есен нова љубАв. Искрено не ми личиш дека премногу ти значи па да не можеш да прекинеш да се гледаш со него.
Значи друг е случајов.Не напишала членкава дека има проблем што дечкои сака сам да испага,туку дека биле договорени за заедно да одат во нокен клуб,и го чекала,а не и се јавил туку кутенка си отишол со друштво.Незнам колку години си но навистина чудно размислуваш ако сметаш дека е во ред тоа.Ти не би се лутела да го чекаш дечкоти договорени да ти каже кога да се спремаш ако оди во диско,и го нема,а оп на фб гледаш се журка он веке отиден???
Полека запознавај го, сама ќе се увериш какви му се намерите. Во право е мајка ти веднаш да не веруваш во убави зборови но, и не значи дека лошо ќе заврши. Затоа спонтано нека си оди се, сама ќе почувствуваш дали ќе биде или не и дали го прави тоа што го зборува. Немој да криеш, разговарај отворено сигурно ќе те разбери.
Од тоа што досега си и го кажала на мајка ти, ништо повеќе не и навестувај додека не бидеш посигурна во вашиот однос. Дајте си повеќе време за запознавање за да имаш аргументи подоцна да ја убедиш спротивно од нејзиното мислење. Твојата среќа е најважна. Кога ќе го забележи таквото чувство поголеми се можностите да ја прифати врската и да ги отфрли сомнежите.
Кажав Не. Нема потреба од лутење. А вас ако ви смета ваш проблем. Секој е приказна сам по себе, за мои години не се грижи доволно сум зрела за да размислувам паметно. Нејзиново толку е детско што не и отишол по гзот одма џева. Страшна работа. Туку дечкото сакал сам да оди со други зборови и кажал "Не бев сигурен колку пари имам ниту дека ќе одам, ама не те викнав". Сакал сам во превод, не знаел како да и каже бидејќи сакала да оди и она, затоа не и се јавил ниту пишал. Оваа направила џева одма не ја цени бла бла бла... Не ме викнал ок, не е крај на светот. Ќе си искочам со другарки,ќе гледам филм...а тој нека си помине убаво. Крај на муабетот.
Гледаш, ич не ми текна дека и ова е можно. Ама пак @lilly57 рече дека не му брани да излегува сам, ниту он нејзе ?
^Поентата е дека ја извиси бидејќи беа веќе договорени, а не дека му забранува да излегува сам. Незнам како може да ти е сеедно ако се спремиш и очекуваш повик за да излезеш од дома, и наеднаш ти откажуваат без разлика дали дечко или другарка. Уште овде проблемот е во тоа што си губела време, си се спремала и во последен момент остануваш дома. Дополнителен проблем е тоа што на крај од стори на инстаграм кај друг, дознаваш дека те излажал и сепак отишол. За мене е навредливо. Подобро во лице кажими дека вечерва сакаш да бидеш со другари, отколку да вртиш од околу и на крај да излажеш. Ваквото функционирање на една врска за мене не е здраво. Испаѓа оправдувате лаги. Зошто мислиш дека некој се напнува поради твоите постови? Форум е, и нормално е да дебатираме, што не значи дека сум нервозна ако не се сложуваш со мене Секако дека сакам да сум приоритет на човекот со кој планирам заедничка иднина. Ти не сакаш да бидеш? Едно е да си фина и да не правиш проблеми за секоја ситница, ама сосема друго е да му дозволуваш да те врти како што сака. Сепак секој си знае за себе најдобро.
Iskreno, jas da ja izvisam vaka devojkata kako sto kazuva ovaa, bi mi gi puknala zabite. Inace spored moe mislenje, maskoto losoh reagiralo, mrazam da sum skroz iskren i nekosh povreduva toa, ama ako na maskoto bi mu bil interesno taa nok, bi nasol bilo kakov nacin da te izvesti deka e vo kafic i te ceka da pojdis. Sepak na kraj kraeva treba sama da si procenis kakov karakter e toj i kako treba da reagiras.
Зашто јас не се замарам што мислите вие. Јас кажувам мој став а вас како да ви засмета тоа. И други членки се сложија со мене, зашто за нив не се фатите? Едно е да изнесеш став,а сосема друго е цел ден да убедуваш дека си во право. Едит: Го кажав проблемот од моја гледна точка и ти си го кажа. Јас поштувам мислење,ама претерувате со ова убедување.