Еее па Савана, не е ништо страшна и не ти треба храброст за тоа Најважно е да си сигурна во себе и да се чувтвуваш одлично во својата кожа, само ќе му пријдеш, и ќе му шепнеш, затемни го просторот ако ти е срам или слично, затемни го простот, но најубаво ќе биде да го гледаш и да те гледа во очи
хеехе и јас само викам `уште сега, уште сега` и секогаш е УШТЕ СЕГА...во право си скроз..ама јас како да сум од глупавите..секогаш се горам на исто место, не за џабе рекле `САМО БЛЕСАВ СЕ ГОРИ ДВА ПАТИ НА ИСТО МЕСТО`.. е ова како за мене створено ...и џабе не се учам на ред.. ама знаеш шо сеа па сум кон никаде..сеа се трудам да не сум напорна ама па не чинам..сеа се сомнева дека го варам оти наеднаш сум се сменала и многу се нервира, му е страв да не сум нашла некој па да го оставам, а јас неможам да го оставам за никој на светов!!!! е сега како можам ем да не сум досадна, ем да сум до еден степен да не речам НЕДОСТИЖНА? оф шо би рекла баба ми `нагоре високо, надолу длабоко` нема бегање ххехе оф тешко мене
^ Па кажи му го тоа мене што ми го кажа, ако те барам - те гушам, ако не те барам - те изневерувам, кога јас ќе ти чинам тебе? И почнете си разговор, нема ништо поубаво од искрен разговор и погледи.
Кога тој можел без објаснување да ти раскине и веднаш да тргне дека е во врска ти земи па избриши го од пријателите. Ако му значиш да видиш како ќе го заболи и ќе ти се јави. А ако не му значиш.....запомни...ти заслужуваш некој подобар
Се извинувам што ќе се изразам вулгарно или соодветно ама така се чувствувам . СДП што к*р да правам сега кога дечко ми ме избегава 4 дена ? Се јави еднаш , не сме се виделе ниту еднаш вака надвор освен на курс . Сега си доаѓам од таму и не ми беше јасно и го прашав , што сме ? Заедно сме , не сме , на пауза сме , на што сме ? По толку прашување ми рече дека го замарам , го напињам . Го напињам така што кога ни било добро и убаво јас сум го прашувала дали му досаѓам . Му се јавив повеќе пати пред некој ден зошто лошо ми беше и нормално него ќе го барам , и само го прашав да не сум досадна. Од тоа еве што испадна . Да сум должна да трпам вакво понашање, не сум . Ми кажаа било нормално да се деси ова , демек и на други така им кажувале .. мене ми е ненормално . И стварно не знам што да правам . Да го оставам да се излуфтира ? Да не го барам , да ме побара тој кога ќе сака ? Вика денови се , период е .. А искрено , си имам и други маки , ств не ми треба и он во главава.
Душице, а колку години има дечко ти? Врсници сте? Да не му се тие бубачките што ги фаќаат машките во тие години?
Душица остави го некој период нека се излуфтира како што кажа и самата.Не го барај некое време чекај нека се јави, иако не го оправдувам неговото однесување.Па кога ќе се јави одржи му една лекција зошто така се однесува,нека се научи како треба да се однесува.Позз
Врсници сме да , ама како што кажав , ич не сакам некој да ме мота . Убаво му кажав , ме вараш ? Свиѓаш друга ? Викам варај ме ако го барам тоа . Ама па раскини ми . Викам да ми кажеш дека свиѓаш друга би ти раскинала , не сакам трет во врска . Мразам кога ме мота некој .. Ани , за него зборови џабе се . Само да му ги врзам 5-6 шамара.. тоа е лекот .
Абе ни зборови ни ништо. Ако му се бубачките... џабе ти е се‘. Треба да чекаш да му поминат. Се надевам ќе му поминат И без нервози. По секако ништо не решаваш со нив
Какви бубачки ? На што личи тоа ? Еее бог да чува ..Него нека му поминат , можда после мене ќе ме фатат ..
Душице, ти зависиш од него во твојот живот па ќе чекаш него да му се подредат коцките па да те побара?! Имаш 17 или 18 години како што знам... Вреди ли ти да останеш со него, и секогаш кога него ќе го фатат бубачките да му даваш паузи да боцне некоја друга па да се врати? Абе, ај батали го таму, е*ате недозреаното суштество! Незнам каква врска е таа скарај се - смири се!? Добро бре, глупави ли сте вие? Грди, забегани?! Еден и единствен е? Мислиш дека си ти личност која може да биде ставена на почек? Еве ова и објаснував на една другарка пред некој ден. Исто е ова како сега да ја соблечам тренеркава ако ми стане жешко и да ја закачам на закачалка. Ако ми пристуди ќе ја откачам и ќе ја облечам пак... Ти мислиш дека си предмет?! И некој може да те става на закачалка и да те откачува кога ќе има потреба? За тебе барем имам добиено впечаток дека не си некоја глупа и површна личност, не дозволувај жвотот да ти се врти околу него!!! Млада си, амбициозна си. Ради него си создаваш главоболки! Живеј таму животот, ич да не ти чуе!!!
Така е Душице, слушај помладово над мене што ти вика. Јас како постара истото би ти го кажала. Не дозволувај да си само за - стисни дугме изаџе куварица. Мислам дека сите сме поминале низ вакво нешто, жени бе жени, проклети сме. Ги тинтраме, ги мазиме, ги пазиме ко џанам порцелански кукли да се па пази да не се случи нешто. Не викам дека треба да сме себични и ич да не покажуваме љубов, ама ти си му на игнор неколку дена? Ај стај го сега ти него, па да видиме кој кого ќе „замара“ после.
Душе слушај постарово над мене што ти кажува...Иако мене ова ми е нормално за млади на тие години вакви слатки маки да им се случуваат...Нормално е тоа не можеш од несозреан да очекуваш друго, а и на крај краева такви се бе машките посебични и со бубачки во глава...вакви периоди кај нив има доста. Тогаш само треба да не го напнуваш и да го прашуваш нон-стоп што му е зашто одговор нема да добиеш кога ти ќе сакаш.Одговрот сам може да ти го даде кога ќе сака тој и ќе биде спремен.Срцка сега остави го, кулирај и ти, не се нервирај...преокупирај се со друго, излегувај, прави што ти се прави тебе...верувај сам ќе те побара.
Како да ме бутна од стол постот на Дарки .. Како да ме мавна со нешто не знам како да објаснам . Секогаш да викаш ќе биде добро од сега , ќе биде убаво .. не иде . Не го варам , не ме вара.. се сакаме .. т.е. ни ова не знам веќе .. порано можеше да биде се добро ама ете , прва врска и неискусни . Да го барам и молам ? Тој филм нема да го гледа . Не го барам , ако сака он мене нека бе побара . Да си боцнува на страна ? Мало морген тоа со мене дур е ..Глупо од мене што си планирав и замислував се со него . Во врска со него многу работи згрешив .. нонстоп заедно , гаќи кога купував со него одев Да не сме биле толку заедно ќе можев да прифатам некои работи . Он исто виде дека може да се опушти и јас да трчам по него па мисли дека му се може . Не сум глупача некоја за некојси да се иживљава , за тоа друга нека си најде . Будала сум ама не и глупа . И да , сама си искачам вечер .
Душице мила, од искуство ќе ти кажам, машките на таа возраст се... како да ти кажам , безвеза просто и едноставно. такви се... тогаш зреат... а ние веќе созреани, и треба да ги трпиме од искуство ти кажувам дека ќе му помине, не се секирај. и дечко ми на негови години таков беше, абе што маки истргавме ама се исплати . биди ладна само кон него, не му покажувај дека тоа те боли. дистанцирај се, прави се како да не ја забележуваш промената во него. нека тој ја забележи и ти ја каже промената во тебе не се нервирај, за една недела ќе се смири фраерот. машки, шта ќеш
Јас сум прва година, исто и тој е прва и учи одма до мојата училница. Го сакам премногу, цело време сакам да сум со него и правам да му го привлечам вниманието, и секогаш успевам во тоа... но има и едно девојче шо учи со мене и таа го сака него но таа е лесна (курва) оди со сите но него го сака... Пред неколку дена ја зачекав во вц со еден од 4 година. Потоа ме тргна настрана и ми рече јас го сакам Дејан ако се смуваф со овај... ми вика да и го местам, зошто јас сум блиска со него, се случи да избега од дома за да биде со Дејан и цела ноќ не се врати дома. За таа случка дозна целото училиште и јас сега секогаш му се смеам него за тоа. А тој ми вика остаја неа ја фатиф од кеф... И цело време ме гушка ме бакнува... одам и кај него дома, се знам со сестра му и таа ме вика... неколку пати на смеа ми има речено дека Дејан и рекол да ме викни... Денес после училиште отидовме на кафе јас. неколку другарки. тој и еден негов другар тој седна до мене и почнавме нешто да се инаетиме и цело време ми викаше извини и ме бакнуваше. Потоа дојде и ме испрати до дома и ако живеме на различни страни на градот... И ко се уклучиф на фб имав една порака од него.... Ми пишал дека има некои чуства кон мене кои допрва ќе биле се поголеми и поголеми и дали јас ќе можам да презема за тие чуства да не бидат повредени... Сакам да бидам со него... Но не сакам да ја повредам и неа, колку и да не ја сакам, колку и да не се дружам со неа... сепак таа со мене ќе учи 4 години и ќе немам лице да ја погледнам во очи, а со него неможам да бидам цела вечност!! Ве молам помош...!!