Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.468
    Допаѓања:
    22.311
    Пол:
    Машки

    Мислев дека сме доволно возрасни и да си играме играчки, иако јас ја задевав некогаш и да си има на ум што ме иритира, но продолжи и продолжи...

    Како и да е, јас покрај две врски со кои мислев дека тие личности вредат да градам нешто и ми даваат мотив плус, се разочарав. Првата лекција не ја научив, втора ми се случи.



    Иначе секогаш приметувам и имам инстинкт јак, затоа пробувам на кјут верзија да се заозбили и да смени околу некои нешта.


    Како и да е, ќе поработам на себе си, сепак со сила човек не можиш да дрпжиш до себе, а мене спомените ќе ми останат во себе, барем 5-6 месеци.
     
  2. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.288
    Допаѓања:
    57.897
    Пол:
    Женски
    @Stark те читав и претходно кога пишуваше и не изгледаше сјајна ситуацијата. Не грижи се, еден ден ќе се појави онаа вистинската, и ќе се заблагодариш што не ти успеало со друга претходно. Ти само не се менувај, биди си она што си, дружи се и не паѓај во депресии. Вистинската ќе ја најдеш кога ќе дојде време. Само не брзај се, остави работите да се одвиваат спонтано.
    Се најдобро. :)
     
    На sj *O*, samovila.red. и Stark им се допаѓа ова.
  3. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.364
    Допаѓања:
    6.891
    Пол:
    Женски
    За жал таа е реалноста. Вакви работи се случуваат многу често, и тоа не само во 6 месечни врски, туку и во 6 годишни. Овие се тие работи врз кои неможеш да имаш контрола. Тоа не значи дека треба да се разочараш и да не веруваш во никоја повеќе. Едноставно не била за тебе. Ќе си ја најдеш среќата со некоја друга. Ќе боли, ама времето ги лечи раните, а секое искуство те прави посилен.
     
    На sj *O*, samovila.red., Joi и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.468
    Допаѓања:
    22.311
    Пол:
    Машки
    Жално, но така е. xD
     
  5. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.984
    Пол:
    Машки
    @Stark јас можам да ти кажам само дека не треба да се менуваш, остани си таков каков што си . Доколку некоја девојка те сака таа ќе те сака и почитува со сите твои предности и недостатоци. Ете во овој случај се обидуваше да ги балансираш и смириш работите ама очигледно таа сакала на некој начин само да најде причина да те напушти. Продолжи да бидеш добар и внимавај какви девојки влегуваат во твојот живот. Ти си сличен како мене и јас сум наивен затоа обиди се да не ги повторуваш грешките од претходно.
     
    На sj *O*, Purelove92, poenta и 4 други им се допаѓа ова.
  6. orevka

    orevka Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2016
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    5.407
    Пол:
    Женски
    И јас како тебе исто мислење имав за бившиот велејки дека е постар и има мозок ама се излажав бетер од дете од 15год. и ден денес сум среќна што на време ја прекинав таа врска ,после таа врска едноставно уживав во животот,шетав,идев по дискотеки и оставив све на времето што биде биде,а имав мислење дека со него ќе изградам живот и здравје понатака заеднички ама згрежив ама и научив голема лекција во животот.
    Затоа уживај знам дека е тешко и не е лесно за еден ден ама ќе помине ќе видиш
     
    На sj *O*, samovila.red., Stark и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. carangigia

    carangigia Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    6.664
    Пол:
    Женски
    Она се води по фразата не е до тебе, до мене е и стварно е до неа. Се сеќавам на твоите претходни мислења, еднаш ти напиша дека девојката сакала да се допишува со други машки на чет, па јас те советував дека таа не е задоволна од некоја твоја карактеристика па затоа е во потрага на друг дечко.
    Допишување со други машки, одмор со мешано друштво, барање на број на некое машко (ти не напиша дали она го дала бројот) се мали знаци дека бара друг дечко.
    Искрено јас мислам дека има најдено друг поточно започнала нешто со тој што и го дал бројот.

    Она треба да биде свесна дека од „лошите момци“ љубов не се добива, ама изгледа девојката сака да биде лошо третирана.
    Воопшто да не секираш, ти се потруди дури и премногу. Стварно си добар дечко и заслужуваш многу подобра од неа. Жално е што она не знае да цени и почитува некој што ја сака, ама со тек на време ќе се покае и ќе те бара назад.
    Чувај си ги емоциите за некоја што вреди. :)
     
    На orevka, sj *O*, samovila.red. и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.468
    Допаѓања:
    22.311
    Пол:
    Машки

    Не ме интересира веќе што правеше ама тој дечко е германец, а таа работи во Германија, доколку би подразмислил само би имал забава со неа, ама нема врска.


    Иначе вчера на заминување дури ми пиша и ме сакала многу. :)
     
    На carangigia му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Unique__

    Unique__ Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2018
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    @Stark не е до тебе, до нејзе е, не си ја барај вината, престани да анализираш и крени глава високо, гордо и исправено продолжи да одиш напред.
    Таа не те заслужува тебе воопшто ниту пак љубовта што ја имаш кон нејзе, ништо од тоа што го имаш направено таа не заслужува.
    Те читам долг период и сакам да ти кажам дека врска не успева ако само едната страна се обидува овде, во тој случај ти, цело време гледаш да не погрешиш, да и угодиш на принцезата која со банални причини ти преќинува.
    Таква личност не знае да сака, верувај. Го имам поминато тоа, тие себични луѓе не мислат на останатите туку само на себе да си удоволат.
    Ако имала проблем сигурна сум дека знаела дека може да ти каже, да се потпре на тебе, да го решите заедно, да и бидеш подршка а не да измислува причини.
    Сите сме имале таков период кога ни биле измешани чувствата, сме имале збрка во глава, не се поднесуваме самите себе но тоа не е причина да го откачиме партнерот.
    Остави ја, знам дека изгледа тешко, ќе ти биде некој период тешко, после ќе ти олесни себе, и на крај ќе сфатиш дека ти направила услуга.
    Себична личност покрај себе никому не му е потребна посебно не на искрен и добар дечко како тебе.
     
    На samovila.red. и Stark им се допаѓа ова.
  10. carangigia

    carangigia Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    6.664
    Пол:
    Женски
    Јас имав подолга врска, врската беше премногу стабилна и немавме воопшто караници.Претходниот ден се разделивме со зборовите ,,те сaкaм" a утредентa рaскинaвме.
    Премнoгу ми беше тешкo.
    Другaрките не дoзвoлијa ниеден ден дa пoминaм дoмa. Цел ден ми беше исплaнирaн зa дa не мислaм нa негo. Ги избришaв сите слики, негoвиoт брoј и гo избришaв oд фб.
    Oд тaa врскa нaучив декa делaтa се пoвaжни oд збoрoвите и нa се дa гледaм сo резервa.

    Знaм декa звучи клише aмa ствaрнo времетo лечи се. Без тoј штo гo немa, без негo се мoже. ;)
    Се приметувa декa си искрен и дoбaр дечкo и зaслужувaш мнoгу пoдoбрo и еден ден ќе јa зaпoзнaеш.
     
    На naturally, Petra777, marchi-cool и 7 други им се допаѓа ова.
  11. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.198
    Пол:
    Женски
    @Stark другар, некогаш не е доволно да си добар и да ја разбираш. Некогаш ќе не привлече некој кој не е таков, но ќе ни е убаво со него во други аспекти.
    Имав еден, кој го оставив на сличен начин со тоа што јас за себе не кажав дека сум лоша. Ако не те сакам, не значи дека сум лоша.
    Го оставив зашто не го сакав доволно, веќе не ми беше убаво со него, грдо ми беше во негова близина. Енд оф стори.
    Тој е крајно разочаран ама што можам да сторам?
    Да останам со него, да се мачиме и двајцата, да се изневеруваме?
    Не. Подобро секој по својот пат.
    Така и ти. Прифати го фактот и продолжи со животот. Среди ја љубомората и несогурноста и пронајди се себеси, а после девојка.
     
    На Alisa22 и Joi им се допаѓа ова.
  12. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.468
    Допаѓања:
    22.311
    Пол:
    Машки
    Извини ама не ти доликува вакво нешто ако се пронајде во мојата бивша девојка, не би сакал да се расправам, оти можам да се спуштам и јас на ова ниво и да реагирам поинаку. Воопшто не си во право.
     
    На carangigia му/ѝ се допаѓа ова.
  13. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.198
    Пол:
    Женски
    Не се пронајдов, те следам од поодамна и друг пат сум ти реплицирала, горе долу ти ја знам приказната. Многу фер постапила, ти кажала и раскинала. Без глупирања без драми. Тешко е кога некој ќе те остави но тоа е животот. Не секогаш тие што ги сакаме ќе не сакаат нас.
     
    На Alisa22, RoseRain и Joi им се допаѓа ова.
  14. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.468
    Допаѓања:
    22.311
    Пол:
    Машки


    Како и да е, нема да трубам јас како ја доживувам љубовта и колку се посветувам на неа, ниту пак ќе претпоставувам и кажувам кои работи се лоши за женска перспектива. :)

    Во глобала раскинувањето беше исто како и претходната девојка, само што сега помалку болеше, затоа што бев спремен и јас да ставам точка на некој начин.


    Ако ништо друго сакањето не е обврзување, туку труд да градиш нешто со спротивната личност. Колку и да боли и да се осеќам осамено, реалноста е таа, не сака и не се труди.


    Повеќе се осеќам како лабараторски глушец, отколку ова овде што го изнесов на форумов. Немам потреба да изнесувам повеќе затоа што е завршено, но ми се правеа и други работи, а јас сметав дека само и беше потреба сигурност и потпора на некого кого може да се потпри и да и докажам дека може.
     
  15. Сара175924

    Сара175924 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Здраво.
    Со дечко ми сме заедно 5 месеци ( инаку имаме 20 и 22г. ), но секој ден сме заедно затоа што блиску живееме и искрено се чувствува ко да сме заедно барем двојно подолго од тоа што сме бидејќи многу голем дел од времето го минуваме заедно. На почетокот како и сите почетоци беше се убаво и немавме многу расправии ( само за небитни ситници што лесно се надминуваа), но последниов месец караниците се се почести и почести и веќе се чувствувам малку оладена и не знам дали ќе можам пак да се вратам на старото.
    Најкриво од се ми е што двајцата се сакаме и се расправаме за сосема глупи работи затоа што тој е премногу љубоморен и се лути за секакви ситници..знам дека нема лаги меѓу нас искрени сме и се си кажуваме и верни сме еден на друг нема неверства, но овие караници ме вадат од такт и не можам така да терам. Многу пати се лути ако на шала искоментирам некој дека е симпатичен што не е страшно ако е на шала и верувам дека сите тоа сме го направиле некогаш во животот нормално не често, а тој постојано тоа го прави и јас не му се лутам зошто сфаќам шала а тој ме споредува со девојки какви не треба( познанички ама што смениле многу партнери). Исто така чувствувам притисок дека морам нон стоп да му кажувам што правам и да му пишувам многу често во текот на денот или пак ако ми ѕвони на телефон а јас не видам во моментот му смета што не сум кренала одма туку после 5-20-30 минути и за тоа се расправаме без разлика и да знае дека сум дома исто е..Многу пати кога е нервозен од било која причина знае да ми избувне и да ми повиши тон ( не ме навредува со некои зборови само ми повишува тон ), но јас не сум навикната на таква комуникација, а изговорот му е дека во нервоза не може да се контролира..Тоа се случувало и пред други луѓе, не само кога сме биле сами. Најстрашното од се е што за многу работи кои се банални сака да ми наредува и да го слушам јас..сега тоа не е толку видливо, но ако оваа врска продолжи и натаму да трае во иднина може и тоа како да почне да смета зошто не знам за што се не ќе сака да ми наредува..За секој проблем му имам кажано што ми смета и нормално секој би сакал да промени некоја таква навика кај својот партнер, но одговорот што го добивам е дека тој е таков и дека ако сакам да сум со него ќе треба да го прифатам таков каков што е ( избувлив и инает! ) и дека не може да се смени..Јас сум толерантна личност и досега сум избегнувала караници со викање, секогаш сакам да средам на убав начин, но гледам дека и после караниците кога ќе пробам да сум старата Јас не можам и многу пати ми се лути кога јас ќе се налутам, а јас сум се налутила со причина и на крај тој е лутиот зошто мене нешто ми смета..Јас треба да го прифатам таков каков што е...Нашиот проблем не е недостатокот на љубов туку недостатокот на разбирање и добра меѓусебна комуникација што прави да ми е потешко затоа што има на што да се гради врската, но не можеме да дојдеме до заеднички договор за обична проста работа..камо ли за сериозни одлуки за иднина..
    Извинете на долгиот пост се надевам ме разбравте кој ми е проблемот и која ми е поентата на напишаново, ако може некој нека пише искрено мислење дали вреди да се трудам да му укажам што ми смета иако веќе многу пати пробав и да се трудам нашето да успее ( затоа што љубов навистина постои ) или едноставно кога некој карактер е таков ( инает ) таков и си останува покрај се и можеби не вреди да се обидувам. А инаку ова ми е прва врска можеби затоа прашувам за вакви причини, но некое мислење добро би ми дошло..Фала ви однапред :)
     
  16. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.032
    Допаѓања:
    36.153
    Пол:
    Женски
    Позитивно од целата ситуација е тоа што ти кажал дека е таков карактер. На тебе останува дали ти можеш да ја поднесеш неговата доминација. Верувај дека и љубовта за која пишуваш дека постои, ќе исчезне без разбирање и компромис.Контролата и притисокот што ти ги создава со тоа што бара да го известуваш што правиш, ја гушат врската и го губиш интересот за него. Не вреди да се трудиш и да му објаснуваш зашто неговиот однос кон тебе нема да се промени.
    За успешна врска се потребни двајца. Во твојот случај, ако продолжиш, ќе се бориш сама со себе.
     
    На sj *O*, Joi, Сара175924 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Сара175924

    Сара175924 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Знам..затоа приметувам дека сум оладена, а тој си е ист..Веројатно затоа што јас сум таа што се нервира бидејќи тој ги прави проблемите не јас.Јас секогаш кога и да се караме се преиспитувам дали можеби јас сум згрешила, но знам дека не е така..а тој иако греши не се преиспитува дури и ми тврди дека е во право и да го слушам. Дури и ми кажува дека после секоја караница тој бил оној што се нервирал, а мене ми било сеедно и гајле ми било за него..Без коментар.
     
    На sj *O*, Joi и poenta им се допаѓа ова.
  18. Joi

    Joi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    1.996
    Супер што си разговарала со дечко ти за проблемите но тој си кажал дека нема намера да се менува, што значи дека ти ќе треба да се приспособиш на него ако сакаш да продолжите. Мене понижувачки би ми било да бидам со некој кој ме контролира и суптилно ме навредува(споредувањето со девојките како што не треба).
    Љубовта е супер работа, ама за успешна врска треба и други работи како почит.
    Ми се допаѓа начинот на којшто размислуваш, очигледно се трудиш за врскава, а дечко ти не ни ги зема твоите чувства и ставови во предвид и си тера по свое.
    Ако процениш дека и не ти е толку лошо вака како сега, не раскинувај.:)
     
    На bebaa и Сара175924 им се допаѓа ова.
  19. waterland

    waterland Активен член

    Се зачлени на:
    13 март 2018
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    10
    Здраво, вака имам дечко пoдолго време се е ок но осеќам како на почетокот да му беше повеќе до мене. Сега ме погодува онаа изрекана дека човек многу повеќе те цени пред да те има, и откако ќе те добие и не му е стало до тебе. Бевме излезени и јас пред некој период се преселив и живеам малку подалеку од центарот, патот до дома ми е малце пуст и се плашам баш пешки да одам и дечко ми го знае тоа. На почеток кога се преселив секогаш ме испраќаше ако немав автобус или како да си одам, викаше нема шанси овде пешки сама.. И денес бевме излезени и се тоа и се заглеа у фудбалот, јас му викам бусот ќе ми избега, му повторувам он вика сеа сеа.. И фативме после со брзање да го фатиме и ништо, избега, да станевме порано ќе го фатев. И покрај тоа ми вика епа види такси или нешто само не иди пешки, не ни имаше у план да ме испрати до негде.. Му викам не давам пари ќе си одам пешки, и он ми вика добро тогаш пази само и ме гушна и си отиде он да си фати бус. А расботата е што можеше и до негде да дојде со мене, он има еден куп автобуси. Порано како да му беше повише грижа, нме изнервира што кај кај ради него морав сама да идам и уште му беше сеедно. Не знам дали да зборам за ова со него или како да постапам ?
     
  20. lost123

    lost123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 април 2017
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    59.580
    Пол:
    Женски
    Да ти кажам колку јас сум еуфорична за фудбалов нема да веруваш како женско а машко можеш да замислиш. Но сепак не ја правдам неговата постапка, разговарај отворено со него за тоа. Сепак не си прави сама филмови и да шириш повеќе, едноставно збори со него на убав начин кажи му.
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.