Се гледам со еден прилично женкар со долга историја на one night stands, но почнал многу да ме засвиѓува и тоа не дознав од него... после неколку состаноци се однесува и збори како да сме пар... како да го прашам на што сме а да не звучи нападно како да сакам врска?
Тoa е oдлилнo штoм се oднесувa кaкo дa сте вo пaр.Ќе видиш и сaмaтa aкo честo излегувa сo тебе меѓу луѓе знaчи декa сте вo врскa,не те крие и ем ќе увидиш oд негoвoтo oднесувaње. Немoрa дa гo прaшувaш директнo пoчни дa му збoрувaш oд oкoлу и сaм ќе ти кaже дaли плaнирa врскa сo тебе или не
И јас сум за тоа да го прашаш директно на што сте, не звучи нападно туку сакаш да знаеш на што си, па да размислиш дали ќе продолжуваш со него или не.
Добро утро, ми треба совет, со една другарка на шала се регистриравме на една страна чет каде што има луѓе од цел свет, направив лажен профил, за прво да видам како функционира, налетав на еден дечко доста згоден, збориме без престан, интересен е, но почна неекои теми за секс, е сега јас не сум некоја таква никогаш не сум правела такви муабети, ама со овој е поразлично, плус не ме ни познава, се договоривме јаа ќе кажувам што ќе правиме дење и он ќе ме слуша, а он за навечер, бидејќи разменивме само број (и онака не е од тука) мислам нема шанси да ме открие, бидејќи ми е страф за пораките кои ги пишуваме ( ви кажав предходно никогаш не сум зборела и да дозволам да ми се однесува некој вака) ама за време губење кога е досадно е супер, мислите би можел некако да ме дознае? Предходно никој не ми бил интересен вака, иначе ако нешто не сакам одма ми вика ќе те блокирам, сега кога се договоривме пола ден тој ќе кажува што ќе правиме пола јас, ми рече слика на вибер да ставам како да ставам туѓа слика кога ги имам сите на вибер што и да измислам тешко ќе ми верува, плус некогаш ми бара и да збориме...што мислите да продолжам да зборам до кај тера? Бидејќи не е како останатите манијаци што зборат само за таа тема , не знам како да објаснам ама има нешто интересен е, но се плашам да не дознае некој што сум зборела бидејќи како што кажав на се може да се помисли...
Делот со “иначе ако нешто не сакам одма ми вика ќе те блокирам” ептем ми падна во очи. Ја би го отерала у три убави, па нека блокира. Сигурно нема да правам нешто што не сакам за некој рандом дечко од некој рандом чат да не ме блокира. Мислам..сешто...
Да јасно ми е , таквите од секогаш завршувале на блок, ама со овој е поинаку поинтересен е иако не верувам дека баш би ме блокирал мислам,намерно така зборува
Дури ако намерно така ти збори е уште побетер. Оти тој веќе те провалил дека ти е интересен, и сега тестира до каде ти ќе одиш со некои работи за да го задржиш неговото внимание. Пробај направи нешто по твое и гледај дали ќе те блокира или не. Иначе, за време губење кога е досадно за да пишувате за секс (како впрочем и сама напиша) може да се најде и дечко кој нема да те уценува со блокирање. На страна тоа, сепак, ти си одлучуваш кој заслужува твое внимание.
Здраво на сите, морав ова да го споделам со некој бидејќи ми требаат искрени мислења и совети за понатаму. Прв пат толку попуштам и мислам дека не знам што се случува со мене.. Имам дечко една година, на почеток врската беше ужас, многу често бевме скарани за глупости, нејќеше да се гледаме, некогаш ни да се слушаме, едноставно не се интересираше толку за мене и пробував да се навикнам бидејќи премногу го засакав а скоро секоја недела плачев. Додека јас седев дома и плачев затоа што тој беше излезен во друштво каде беа и некои што му се пуштаа него не му беше гајле за мене и ретко ми враќаше, а ако спомнев дека се плашам заради нив се случуваше да се испокараме и си ќутев. Поминаа неколку месеци и наеднаш почна да се интересира, се лутеше ако пишувам со другари, нејќеше да излегувам, престана да ми верува и ме прашуваше за бивши и за тоа што се случувало со нив, и иако не сум правела муабет на таа тема претходно, му кажав се и некако љубомората се зголеми, затоа што сум била со друг пред него Имаше и моменти кога беше нервозен, и премногу навреди кои не знам како ги издржав..Свесна сум за се, ама некако не можам да се откажам, кога сум со него одма заборавам на се лошо од негова страна и пак се е супер додека не се скараме за нешто..
Ќе си го расипиш здравјето поради него ако вака продолжиш. Штом овие зборови излегуваат од тебе тргни се од него што поскоро. Знај си ја вредноста.
А штo aкo и тoј лaжнo се предстaвувa и не е тoј дечкo кoн кoј имaш ти симпaтии. Недaј бoже дa е некoј мaнијaк ,некoј стaрец. Сепaк сте се зaпoзнaле нa некoј си чет нa кoј имa секaкви будaли. Јaс мислaм дa не прoдoлжувaш штoм збoрувa зa секс нему тaa му е целтa ќе те терa дa прaќaш гoли слики a пoдoцнa мoжеби и преку кaмерa, a вoеднo не си сигурнa кoј е oд другaтa стрaнa.
Јас мислам дека дечкото пробува да те оддалечи. Знам дека ова ќе звучи навредливо, ама мислам дека започнал врска со тебе само за забава. Не очекувал дека ти ќе го трпиш таквото негово однесување и си мислел дека во прва прилика ќе му раскинеш, што всушност и ќе му одговарало. Но бидејќи си ги поднесувала сите негови несоодветни однесувања, сега пробува со нова тактика т.н. “љубоморен дечко“ за да те натера ти да му раскинеш. Типичен машки кукавичлук. Не сака тој да ти раскине па прави се' за ти да бидеш таа која ќе раскине, а тој да биде повредениот нели. И после два дена ќе го видиш со друга, затоа што морал дотичниот да си ја излечи болката од скршеното срце. Yeah, right Ако си се цениш барем малку себеси, не дозволувај да те тормози со глупавото однесување. Биди силна и одлучна и кажи му дека ако не се соземе ти можеш да живееш и без него Е тогаш забележи ја неговата вистинска реакција, дали му е грижа за тебе или си му „занимација“.
Хаха неее, не е ни старец ни ништо многу убав дечко е, ми даде и фб и инстаграм и се, збориме и по тел, сигурна сум дека не е фејк, само ми е страв да не направам некој проб
Дечко ти е љубоморен и опсесивен.Не му е гајле за твоите чувства.А,и се согласувам со другата членка која ти пиша дека веројатно си му само за забава.И мене така ми делува според ова што си го напишала. Бегај од него и терај понатаму ! Дури и да си го прикажува/покажува вистинскиот идентитет,не значи дека си го прикажува/покажува и вистинското лице. Ако одма почнал теми за секс,тој не е со сите.Не му се сите овци на број. Арно ти велат погоре,прекини го муабетот со него.
Си имаш работа со класичен манипулатор. Секогаш кога има его трип го истура врз тебе. Каде е твојот карактер? Став? Зарем не мислиш дека вредиш многу повеќе од колку да си пумпач на самодоверба? Си го засакала ајде океј но до каде тие лимитот? Главата горе и докажиси самата на себе дека никој неможе да си игра со твоето достоинство, не него, туку самата на себе или потполно ќе се изгубиш во некоја машинерија и ќе мислеш дека така треба.
Прво си плачела, си се нервирала и си се обидувала 'да се навикнеш', на нешто што те прави да плачеш и да се нервираш. После тоа, тој станува љубоморен и ти прави проблеми за тоа. Дечко ти е насилник. Неговото однесување ќе ескалира, ама ти гарантирам со глава. Насилниците така прават, прво тестираат граници до колку ќе истрпиш, после тоа стануваат љубоморни, после те изолираат од пријатели, семејство, и веќе имаат целосна контрола врз тебе, па можат да прават со тебе, буквално што сакаат. Имаш синдром на злоставувана жена, во зачеток. Бегај, дури нозе те држат, оти маф ти е планот. Ќе си го запустиш животот. И нема: Не можам! Заборавам кога сум со него!. За 10 години со него, ќе бидеш со деца, затворена дома, сеуште навредувана и омаловажувана, многу веројатно и тепана и ќе посакуваш да си мртва! Не се заеб*вам! Ова ти е текст-бук насилен партнер. Ако ти е интересно, продолжи и ич да не ти е гајле, нема да те дознае никој. Ама имај во предвид, дека тој не те почитува и сака само да му ги задоволуваш потребите. Ако си по природа субмисивна и тоа те возбудува, терај... ама немој да ' се заљубиш', а тоа најверојатно ќе следи... Ако ' се заљубиш', ќе се чувствуваш како гом*о поради тоа што те терал да правите работи, кои ти не си ги сакала.
Епa oк штoм не е фејк aмa рaзмисли aкo прaќaш слики пoнaтaкa мoже дa ги злoупoтреби и дa те уценувa пaк дa рaбoтиш некoи рaбoти штo ти не ги сaкaш.Убaвo рaзмисли пред дa нaoрaвиш нештo зa штo ќе се кaеш. Акo сaкa дa кoмуницирaте нaјнoрмaлнo прoдлжи ,a aкo не oдкaчи гo.Сепaк не гo пoзнaвaш не знaеш кoјa му е целтa зa дa имaте сaјбер интимнoст.