Во право е @WildMk има разнишана самодоверба и самопочитување. Послушај го советот на @WildMk , а јас би додал да избегнуваш да му даваш такви примедби и коментари какви што ги спомена погоре бидејќи ти уште повеќе го поттикнуваш да биде таков иако несвесно го правиш тоа. Обиди се наместо такви коментари да го охрабруваш повеќе, дури нема потреба од зборови некогаш една обична прегратка е знак за поддршка. Верувам дека со тоа ќе влијаеш да не се потценува и дека ќе му докажеш дека еднакво вреди како што вредиш и ти. Мислам дека и мојот совет ќе ти помогне. Со среќа.
Во право си.. гледаш... изумив да спомнам за тоа, дека некогаш несвесно повредуваме луѓе, затоа што на никого не му си во кожата, и не можеш секогаш да процениш што би го повредило. За нас сосема обичен збор, за некого би можело да е навреда. Бидејќи сте во врска, а не само познаници, седни и убаво нека ти каже со што се' ти си го навредила. Нека ти наброи, за да можеш да увидиш самата... сигурна сум дека ќе бидат нешта, на кои не се ни сеќаваш п.с. многу си паметен @RAF Camora , некоја... има да се изнаужива со тебе
Баш затоа и безброј пати го одбив бидејќи немам намера да бидам втора. Ви благодарам на сите за мислењата.
Ниска самодоверба, се прашува зошто си со него... Ти наметнува само грижа на совест, обично ваквите луѓе имаат много комплекси што очигледно си ги лечи на тебе. Пази се, обично ваквите типови кога ќе добијат работа од соништата, ќе купат скапа кола и ти ќе бидеш минато. Ги удара парата во глава и сета ниска самодоверба ќе се обидат да ја заменат со скапи работи, виски по сепариња и многу жени, а ти ќе бидеш таму некоја бивша. Да не ме сфатиш погрешно, ама во повеќето ситуации е така. Не го жали до толку и не се обвинувај самата себе, ќе се изненадиш еден ден. Впрочем ниската самодоверба е негов проблем не твој, ама влијае на врската. Поздрав и секое добро.
Зошто и го велиш тоа? Секој е приказна за себе и јас имам разнишана самодоверба и самопочитување, па не би го направил тоа што го напиша ти па не знам колку пари да имам. Не велам дека нема такви примери. Ако личноста знае што сака и ако е свесна и разумна личност нема да го направи тоа што го напиша ти. Таа најубаво знае каква личност е тој сигурно повеќе го познава од тебе.
Како зошто и го велам тоа?? Јас само ја предупредувам дека не си сите како тебе. Дека има луѓе кое се менуваат на полошо. Ја советувам само да внимава, човек никогаш не го познаваш целосно. Немав лоша намера, камо среќа мене да имаше некој да ме советува од друга гледна точка. Поздрав до тебе а и до членката што побара совет, очигледно моето мислење не е тоа што сакаше да го слушне, па го скролна.
Моето прашање беше добронамерно и јас не сакам со никого да се расправам ниту да му се противам на некого. Твојата примедба е во ред и на место и знам дека намерата ти беше добра, но сепак стојам зад тоа дека таа најубаво може да процени каков е. Ниту јас ниту ти не можеме да знаеме подобро од неа. Поздрав и до тебе и ти благодарам на одговорот .Имај пријатна и убава вечер. Поздрав и секое добро.
Ти благодарам @WildMk на убавите зборови. Не сум јас толку паметен туку само сметам дека во оваа ситуација тоа е логично да го направи. Секој различно размислува за ова, можеби моето мислење и совет според некој друг е погрешено односно погрешен.
Не да излезе, не треба ни милисекунда време да троши на таков, а не пак совети да бара, ама таа си знае.
Не не излезенa сум зaтoa не врaтив нa сите. Инaку мислaм декa не би се сменил не е лoш вooпштo. Сегде ме вoди не ни излегувa без мене и не му се пoбитни негoвите другaри oд мене.Вoеднo честo пaти ми дaвa сoвети и не сум згрешилa бидејќи исти сoвети ми ги дaвaaт и мoите кoгa ќе се кoнсултирaм сo нив. И секoгaш кoгa ќе дoјде дo пaри ме терa дa излегувaме дa шетaме не ме игнoрирa. Сепaк фaлa и нa твoетo мислење имa тaкви луѓе кoи се изoпaчувaaт кoгa ќе дoјдaт дo пaри.
Здраво девојки Со дечко ми сме заедно речиси 6 години, студираме ист факултет во странство и живееме заедно дури сме на студии многу сме блиски и имаме исти планови за во иднина едностсвно кажано имаме врска како што секоја девојка посакува, е сега работата е во тоа што во последно време ми е мнооогу монотоно да напоменам дека он ми е прв дечко прво мување и се. Имав 16 години кога почнавме да излегуваме а сега имам 22 он 23. Имам некое чувство како да пропуштам нешто стварно сум многу збунета во последно време од една страна сакам да појдам со некој друг од друга страна знам дека ќе се каам подоцна за тоа и ќе сакам да се вратам назад со него. Немам на кого да му ги кажам овие работи и спомнав нешто на мајка ми и она нормално немој да бидеш будала детето е супер те сака од мали сте заедно нема ништо поубаво од тоа да си била со еден бла бла.... Јас не се чувствувам така искрено и не знам дали го чувствувам истото кон него што го чувствував до пред 6-7 месеци..
Тешка ситуација ,одете на одмор некаде прошетајте може монотонијата произлегува од тоа што сте цело време на исто едно место .. Сменете нешто во врската .. Доколку работите не се променат тогаш раскини ,вака по напишаново добив некоја слика како да не го сакаш туку врската ти е како навика...Доколку не го сакаш не е во ред да се измачуваш ниту себе ниту пак него ,млади сте животот е пред вас ..
Како да не било најубаво да си била само со еден Со двајца е поубаво, со пет уште поубаво, 10 поубаво итн Ова е момент, во кој се предлага отворена врска! Кажи му што чувствуваш и дали би бил ок со тоа, да си направите малку 'излетче', надвор од брачниот кревет? Ја така би играла