Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.364
    Допаѓања:
    6.892
    Пол:
    Женски
    @WildMk мислам дека на тој начин само ќе си ја расипат врската и на крајот ќе се разделат. Според мене тоа никогаш не е добра идеја бидејќи се работи за чувства. Мене дечкото тоа да ми го предложи има многу да се покае. Или го сакаш некој и си со него, или не го сакаш и си ја бараш среќата кај друг/и. Тоа е мое мислење.

    @thequeen95 мене монотонијата во врската ми е нормална кога се работи за толку долга врска, а поготово бидејќи живеете и студирате заедно. Едноставно премногу време врвите заедно, ви треба малку независност. Би рекла дека од старт не требаше да се вселите заедно, туку и двајцата да го почувствувате студентскиот живот со цимери/ки, со забави, дружење, итн... Тоа секако, е опција и за понатаму.
    Засега, знам дека најмногу те мачи тоа што си била само со него и се плашиш дека пропушташ нешто, ама од друга страна имаш стабилна врска со дечко кој те сака, делите исти желби и планови. Размисли дали тоа е нешто што сакаш да го изгубиш.
    Јас мислам дека вреди да му дадеш шанса на врската. Вреди да се потрудите да ја разбиете монотонијата, да се дружите повеќе со други луѓе, па здравје понатаму и да живеете одделно со цимери. Барем ќе знаеш дека си се обидела ако ништо друго.
    Од друга страна ако сфатиш дека твоите чувства се оладени и не сакаш да си со него, секако дека најдобро ќе биди да се разделите. Нема да седиш заробена во врска само затоа што делува идеално ако ти не си среќна. А решение не е да го изневериш и повредиш после толку години, туку ќе разговараш и ќе му кажеш искрено како се осеќаш.
     
    На Amellie13, Darlingzz, bebaa и 4 други им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    Ако имаш секс со други, не значи дека не го сакаш.
    Многу лесно може да се одвојат чувства од секс... ако сака човек, и ако може се разбира... Дефинитивно, не е спорт за секого.

    Луѓето по природа не се моногамни суштества, само што општеството им наметнало критериуми некои, кои многу често се нереални за исполнување. Ко за се' друго впрочем.. Па имаш шеми и криења на мисли и фантазии и потреби.. и практично, себе си треба да се криеш пред оној кој треба да ти биде најблискиот човек во светот.

    Абе кажи си: Ни ја ни ти, не сме најубави, најсекси, најпаметни на планетава, и не очекувам, ни јас ни ти, да не се попалиме на никој друг, освен еден на друг, во наредните 50-70 години.

    За мене, тоа е преценување на самиот себе си.

    Прави што ќе правиш, само немој да ме лажеш. Сакам да делам се' со тебе; и најблескавата чистота во мене, и најгадните демони... Истото го очекувам и од тебе.
     
    На honey.11 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.844
    Допаѓања:
    80.827
    Пол:
    Женски
    Ако некого сакаш, не можеш да помислиш на никаква интимност со некој друг. Затоа врската е за двајца. Нема делење со други.
     
    На Amellie13, bebaa, VictoriaSan и 9 други им се допаѓа ова.
  4. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    @thequeen95 обично средношколските врски пукаат. Тоа е тоа, едноставно како што кажа, мислиш дека пропушташ нешто и тоа чувство тешко дека ќе те напушти. Пробај да размислиш кога последен пат сте направиле нешто што ти било интересно? Излегувате ли заедно, одите ли на патувања? Што е тоа што ти недостасува во твојата врска?
    И немој да вараш, на крај секако ти ќе излезеш повредена. Пушти ги муабетите дека луѓето по природа не се моногамни суштества. Ако имаш потреба од други личности во твојот живот - очигледно е дека врската не функционира. Подобро прекини ја и барај си нов партнер. Не заглавувај во навики, ако не иде - раскини. Колку подолго чекаш, толку потешко ќе биде раскинувањето.
    Знам многу многу долгогодишни врски кои започнале во тинејџерските години и пукнаа понатаму, едноставно како што минува времето ти се менуваат приоритетите.
     
    На Joi, honey.11 и Annora им се допаѓа ова.
  5. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.364
    Допаѓања:
    6.892
    Пол:
    Женски
    Ако се тоа само наметнати критериуми тогаш зошто се водиме по нив? Или еве зошто се водите вие кои имате мислење дека работите треба дa изгледаат поинаку?

    Не гледам поента во тоа да си со некој, во врска, во брак, небитно, а притоа да се гледаш и со други луѓе. Зошто би повредувала нечии чувства, кога можеш да бидеш сама и да правиш што сакаш?
    Тоа барем за мене, љубов не е.
     
    На Amellie13, bebaa, VictoriaSan и 6 други им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    Ма нема веза, тоа е идеализирање.
    Не се сите со такви размислувања, и не е тоа правило за секој пар.
    Некои си сакаат како тебе, некои како мене.
    Ехее.. колку парови знам што се во отворени бракови и/или експериментираат со тројки, свингови, оргии.. па супер си функционираат.

    А знам и многу такви кои имаат секс надвор од бракот, ама во тајност од партнерот.

    Секој ден во неделата би одбрала моја и негова слобода на изразување, во однос на потиснување на сексуалниот нагон и глумење и лажење.

    Па нема повредување чувства.
    Ствар на договор е.
    Ние како пар, уште првата недела од врската, разговаравме за многу работи, меѓу кои и тоа дека нема да си ветиме дека никогаш не би имале секс со други, надвор од бракот.

    Мене ми е ок, нему му е ок.

    Плус, и во таква форма, не значи дека постојано некој од партнерите има секс надвор од бракот. Периоди ни биле нам. Сме имале експерименти пред да стапиме во брак, и сега, еве, после 15 години, пак ни се уврте тој филм. Слободната одлука постоеше цело време, но не мора да значи дека постојано ќе ја употребуваш :)
     
    На Annora му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Bella*

    Bella* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    14.626
    Пол:
    Женски
    a си кажувате кога ќе одите со некој друг?
     
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    Си кажуваме :)
     
    На Bella* му/ѝ се допаѓа ова.
  9. BGLIGOROVA

    BGLIGOROVA Активен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2018
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    52
    Пол:
    Женски
    А зошто сте во брак кога имате потреба од други личности?
    Кога се венчавте си ветувате дека ќе имате потреба од од друг/а?
     
    На Darlingzz, sj *O*, Black girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.991
    Допаѓања:
    59.667
    Пол:
    Женски
    Сигурно вака звучи:
    Маже направи го ручекот пружи пералната јас ќе одам да се плеснам еднаш со другиот:rofl:
     
    На Darlingzz, honey.11, sj *O* и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Bella*

    Bella* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    14.626
    Пол:
    Женски
    и ако ти каже он бев со таа и таа и прејако си поминав ова ми праеше она ми праеше да е возбуден околу тоа...како ке реагираш? или не се случило не си кажувате до толку?
    Мислам не осудувам немој да ме сватиш погрешно!
    само ме интересира,бидејки незнам некој таков пар и затоа се чудам како функционирате така :)
    еве ја на твое место...мм да ми каже јако си поминав јака беше бла бла...ја ќе зовријам ќе пукнам :D
     
    На thegirld и BGLIGOROVA им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    Затоа што го сакам и почитувам, што нема ни еден како него на светот. Затоа што единствено покрај него можам да бидам она што сум, и нему да му се допаѓа тоа.. баш таква каква што сум... со сите мои маани и доблести. Исто и тој мене.

    Па не баш. Ако се 'плеснам' или се 'плесне', не е тоа целодневна активност :)
    Дење си вршам домашни обврски, тој си е на работа, на вечер, ако некој од нас е договорен со некого да се види си излегува. Исто како и со другарка/другар што би оделе на кафе.. само што има плус и мафе :)

    Си кажуваме и детали некогаш... ако сме во тој филм.
    Се возбудувам. Лично, јас се возбудувам на неговата возбуда. :)
     
  13. Joi

    Joi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    1.996
    @WildMk и ти идеализираш. Тоа љубовта нема врска со сексот и можеме да имаме секс со други луѓе и после пак да бидеме заљубени гулапчиња со партнерот бидејќи човекот не е моногамен звучи супер напишано, ама вистиниските луѓе имаат емоции и не им е на сите сеедно кога човекот што го сакаат го дели креветот со други. Не те судам, на тебе и на мажот ти ете ви е супер така и ви оговара, само многу луѓе не се за такви врски и нема да им биде сеедно партнерот да им понуди отворена врска или да ги изневери. :)

    @thequeen95 супер е да си имаш повеќе дечковци и мувачи, ама не е исто да се бакнуваш со некој што го сакаш и со некој од забава. Не е нешто посебно, па ради тоа да си расипуваш врска со човек што го сакаш и те сака. Периоди на монотоност има во секоја врска и нормално дека нема да ти биде исто како на 16 години, ама тоа не значи дека не може да има свои убавини. Ти најубаво можеш да си процениш дали вреди да останеш во врската или ќе се потрудиш да се поправи. :)
     
    На Amellie13, VictoriaSan, honey.11 и 6 други им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    Па го пишав тоа во вториот пост:

     
    На Joi му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.364
    Допаѓања:
    6.892
    Пол:
    Женски
    Ако толку го сакаш и почитуваш тогаш која е потребата да имаш односи со други, кога можеш со него? Имаш здрав прав маж кој исто така може сексуално да те задоволи нели? Не е мое право да се мешам во вакви приватни работи, ама само се трудам да сфатам, зошто?
    Не ти е навреда кога ќе оди со друга како да не си ти доволно добра?
    Инаку супер што сте постигнале заеднички договор од овој тип, кој и на двата ви одговара, ретко кој може.
     
    На BGLIGOROVA, sj *O*, Bella* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    Ме возбудува да има секс со друга.
    Него го возбудува да имам секс со друг.

    Само секс е.

    Би се разочарала да се заљуби во друга, би се разочарала да ми прави работи зад грб, вака, искрено не... Го доживувам само како сексуална игра и толку.
     
    На sj *O* и Annora им се допаѓа ова.
  17. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.506
    Пол:
    Женски
    Не ти е страв дека може да закачи тој или ти некоја инфекција или хив кој може да се префати и со користење на кондом?
     
    На Alisa22, BGLIGOROVA и sj *O* им се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    Немаме секс без кондом.
    Ми се десило да се плашам од тоа, да.

    Во Македонија, 90% имаат секс без кондом, тие нека се плашат.

    Ене ги.. ги има по темите на секаде...
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  19. marijaaxl

    marijaaxl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2015
    Пораки:
    244
    Допаѓања:
    741
    Во многу грда ситуација сум. Веќе подолг временски период ми се свиѓа едно машко ужасно многу. Но, јас претходно се имам два пати видено со него прв братучед и го имам сакано... но, тоа беше можда пред една година и сега од пусти срам не сакав ни да го додадам на фб и ај се убедив го адднав ме прифана. Лајк не доаѓа во обзир или пак да му пишам, ниту на инста. Може да се избрукам. Ја сеа од септември ќе одам во деуга држава, а и он е таму оддалечени сме на саат време еден од друг а моментално е во мојот град. Многу се блиски со бртучед му, т.е мојот бивш кој пред 5 дена ми напиша. Не знам што да правам, детето многу ме привлекува многу е културно разбирливо воспитано, но мислам дека не постои шанса јас воопшто да пишам со него ма ниту едно здраво... а не пак да сум со него
     
  20. lost123

    lost123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 април 2017
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    59.586
    Пол:
    Женски
    Зошто да не му пишеш? Почни нормален пријателски мyабет па ќе видиш како ќе се одвива понатаму. Ако сакаш да има шанса, првиот потег мораш да го направиш ти. Во секој случај не губиш, пробај.
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.