Бидејќи ми е страв дане му каже на братучед му па да ме исмејуваат. Никогаш порано не сум имала личен контакт со него. А и велам братучед му ми пиша пред 5 ден и сега ја на овој да му пишам е глупо. Мислам дека ќе излезам понижена..
Да пред една година се имав видено два пати и толку, и пред два дена еве ми напиша после една година..
Комплицирано е. Не знам со кој прво да почнеш разговор, дали со дечково, или со братучед му. Во секој случај, паметно е да го информираш тој бившиот за своите намери и да го прашаш дали би му било проблем да бидеш со овој. И пиши му на дечково. И тоа, ни 5, ни 6, уште при првиот разговор, ако ви тргне муабетот, викни го да излезете заедно. Сега кое, од овие две, прво да го направиш... ич не знам....
Кратко и јасно тоа што било поминало, ако ти се свиѓа тргни по него, одтај го балканскиот менталитет “што лугето (или бившиот) ке зборува, у главно ти да си срекна
Можеби ќе му напишам на фб онака да го прашам како нашил стан во тас држава дека и мене мине потребен а навистина не можам да најдам
Здраво девојки. Не верував дека од Вас ке барам помош но ете..се случи. Имам огромен проблем.Ситуацијата е ваква..Имам 21год.Дечко ми 22год.ЗАЕДНО сме 7 години(прва врска од основно-прва љубов).Никогаш немаме раскинато,огромна љубов и подршка еден на друг за се во животот.Семејствата ни се знаат,нема каде немаме отпатувано до сега.Едноставно идеална врска на која СЕКОЈ би позавидел.Изгледаме одлично убави,млади згодни луѓе со образование.А никогаш за сите овие години немаме погледнато никој друг иако сме имале доста често шанси.Ме обожава..и јас..се додека пред некоја недела не ми се случи нешто неочекувано.Ме тресна од под и се изгубив. Ситуацијата е таква што работам долгогодишен семеен бизнис кој налага секојдневна комуникација со разни луге.Некои ги гледам СЕКОЈ ден..некои не толку често.Се појавува дечко кој е 29годишен со пред некој месец завршена долга врска..Се запознаваме ПОРАДИ работата и јас ниту во еден случај не го гледам со тие очи додека кај него се стана јасно уште од првиот контакт.Веднаш истиот ден добив покана за пријателство на социјалните мрежи(не го прифатив).Поминуваа денови ние секојдневно се видувавме ПОРАДИ работата.Тој секогаш ке се однесуваше на ниво со мене.По неколку дена морав да го контактирам на вибер за работа.Се додадовме на вибер чисто професионално(да му пратам слики) бидејќи мојата фирма соработува со неговата.Ден по ден ние повторно секојдневно се видувавме тој не ги тргнуваше очите од мене до тој степен да се засрамам.По неколку дена повторно проф.разговор на вибер кооој..продолжува со пуштање од негова стр.Јасно му ставив дознаење дека не сакам таква комуникација.Веднаш се извини и тука застана се.По неколку дена повторно на вибер контактираме и пак продолжува "пријателски"настроен со скриени намери и муабети од типот знам дека имаш дечко,ама морам да ти кажам..ке си почекам јас..ке чекам и ке оставам на тебе и др..Така секојдневно од пишување за работа 10мин муабетот продолжува уште 2ч.за други глупости и негово скриено пуштање во СЕКОЈ 2 муабет.Дечко ми знаеше за се уште од самиот старт и бидејќи овој ги откри своите намери на првото пишување дечко ми веднаш се противеше за контакт со него и започна расправија која сеуште трае 3 недели подоцна..Сега СЕКОЈ ден ми пишува првин за "работа" а потоа продолжува за животот.Се ќе беше добро да мене не ме заинтересира таа негова упорност..По сите расправии со дечкото кои никогаш не сме ги имале јас се почуствував незаинтересирано и како да ми е сеедно да ли ке сме заедно.По 7 год.врска сега јас се мислам да ли сеуште чувствувам нешто за дечкото бидејќи знам дека се е навика ама таа сигурност ме плаши за понатаму.Што ако некогаш некој др ми се засвиѓа а јас во долгогодишна врска.Да ли ова е последица на неиживеаност во младите денови и не менување партнери или? ОВОЈ 29годишнот дечко е постар за мене,има неколку маани кои не ми се допаѓаат(пушач е,премногу работи) но не ми излегува од глава цела недела СЕКОЈ ден.Врската ми виси на конец,сега треба да изберам..да ли сигурност и убава навика или нов дечко кој не излегува од глава..а и од срце? Благодарам однапред,добредојдени се сите мислења.
da si se zemite so deckoti i dvata rajat. Nebiva 7 godisna vrska da si frlis radi nekoj so te bendisva. Kizlezi dvapati sotebe tretio pat adio amore, ke naj druga u taka ti ke si ostanis sama. Misli malce. Uste 4 godini nema ni da mu stanva patkata na kolegata tvoj.
@Andrea5 Размисли подобро. Толку години не се фрлаат во вода лесно, но ако ти не го чувствуваш истото кон него, не е фер да го залажуваш дечко ти. Штом веќе не е како порано и мислиш дека постанува навика, тогаш нема причина врската да продолжи. Но прво разговарај и со дечко ти, кажи му се отворено, можеби имате само монотонија во врската. Ти си продолжила да комуницираш со другиот тип бидејќи ти е интересно, ново и примамливо. Сега дај си време и воочи што ти посакуваш навистина.
Зошто не си дадеш малце време на сама себе? Не да прекинеш врска да почнеш со новиот, време да се размислиш. Не дека новиот ти е нешто посебен и интересен, туку дека си во долга врска и сега нешто ново и ти е интересно но тоа е минливо. Не навлагам во можностите од кој аспект може да одат работите со новиот, јас мислам да размислиш добро и не така лесно да свртиш грб на таква врска како што сега ја имаш. Одговорот го имаш само ти.
јас мислам оти само си збунета,и ти годи вниманието од другиов.Не избрзувај,оти незнаеш која му е целта на постариов.Излегол скоро од долгогодишна врска.Можеби си му само некој за да ги отргне мислите од бившава.А и што бараше да пишуваш по 2часа со него?Завршувате бизнис муабет,и после -извини чао имам работа.Не почитувам обично луѓе што се пуштаат на зафатени.Многу зборува тој гест за нивниот карактер.Значи дека воопшто не вреднуваат врска/брак,а и дека не почитуваат никој друг освен себе и сопствените желби.Незнаеш дали утре и неговата врска ке си ја почитува.А и тебе не те почитува штом те става во таква ситуација,покрај дечко да флертуваш со друг.Од деца сте заедно со дечкоти и ова може да е само криза што треба да ја поминете.НОРМАЛНО дека ке се лути,ти не би се лутела со некоја што апла дрско како овој,му се пушта,и он продолжува да комуницира?Да не се лажеме, ако пресечеш и не му вракаш на пораките освен на оние за работа,со тек на времето ке престане да ти се пушта.Не вреди и немој за таков дрзок идиот што се меша во туѓа среќа,да расипуваш врска.Ако не си го сакала дечкоти овие прашања што ти се мотаат сега,ке ти се јавеле и предходно.
Нормално дека се случуваат вакви работи во врска. Твое е да избериш да, ама ќе ти биде криво еден ден кога од коњ ќе се симнеш на магаре.
Има различни случки, како на девојчево....така да најубаво може само она да си одлучи и да не избрзува имам другарка, 10 години одеа, типот беше никој и ништо, работеше кај нив во пекара, плата, осигуран, шетаа...шо не....откако се вработи, како машински инжинер (комплекс според мене) демек еве ја вредам вака нака и на крај да и рече: ,,Ти не вредиш" и да си отиде со друга...
Не за џабе постарите рекле: Пази се од селанец кој ќе соблече опинци, а ќе облече кондури и сиромав кој брзо ќе се збогати.
Здраво, сакам да разговарам отворено за мојот проблем. Мислам дека е овој вид на болест што веќе ми пречи. До сега сум имала повеќе дечковци и сите врски пропаѓале во вода. На почетокот на врската е се океј, секој си тера каде сака и не се замарам. Но кога врската станува посериозна јас како да се поместувам од место. Не знам зошто ама за мои 20 години правам на тема свадба муабет мажачка и еве до сега сум имала 2-3 посериозни врски и сите ми викале да заедно ќе сме 100%. Посебно последната врска ќе ја земам за пример. Пола година заедно ТОЈ сакаше да сме секој ден заедно мене ми беше убаво и него и ми купи прстен си дадовме збор и после ме остсви без да ми каже зошто. Не знам дали во денешно време сите машки се или за еден месец маче те женам, или другите ќе ти се лигавам неколку месеци па ќе те шутнам. Дали на некој друг му се случува ова за брзо време со партнерот да си планира се, и тоа да му е возвратено нормално и на крај раскинување? Јас се уште не можам фа го преболам последниов бидејќи бевме премногу блиски и го сакав и сегде идевме заедно и тој ме остави. Како да се одржи една здравс цврска врска? Без изневерува и караници и со иднина? Тоа е чудо на 21виот век стварно сум разочарана и од себе што се препуштам лесно на умот и од машкиот род на некој начин. Веќе 2 недели сме раскинати и тој со други океј не сакам да се смирам со него, сакам да го преболам. И сакам да сфатам веќе еднаш како да се понашам во врска
Само ќе ти кажам да размислиш како би се чувствувала доколку дечко ти ти раскине, доколку се разбудиш утре и тој повеќе не е во твојот живот, кога ќе ти се случи убава работа да не можеш да му се јавиш на него и да му кажеш, доколку си тажна и нервозна да не постои тој за да те расположи. Едноставно да го изгубиш него а без притоа да немаш некоја резерва, односно некој што се врти околу тебе и те заведува. Дали ќе ти биде сеедно, дали ќе ти недостига или дали се што си замислувала за твојата иднина сега повеќе не важи и нема да знаеш како да продолжиш, и најбитно дали ќе сакаш да продолжиш без него? Кога ќе си дадеш одговор на овие прашања полесно ќе си ја донесеш одлуката.