^ aх што убав проблем.... ништо прајте си муабет, останете си другари и оставете на времето да покаже, до 4та сигурно ќе се смеете на случкиве и никого нема да занима кој кого сакал или повредил
Ако го сакаш дечкото избори се за него и биди со него.. Ако добро разбрав таа девојка и не ти е другарка па тогаш мислам дека нема потреба што толку да размислуваш како ќе ја погледнеш во очи.
И сама кажа дека е лесна девојка, па може целта и е да се изонади еднаш онака со него Штом го сакаш зашто да се жртвуваш за други, не си крива што и он тебе те сака а не неа... пробај си со него... зашто да не, кажи и дека тој тебе те сака и дека и ти него и дека сакате да пробате... нема за што да се лути, ти не си и го превземала... размисли дали таа така би направила за тебе, што не се жртвува она, него.. гајле и е си гледа за себе нели? Пробај со дечкото штом има нешто меѓу вас...
па таа ко избега од дома го направи тоа... и после тоа отиде и се смува со најдобриот другар негов. Сега бев излезена со друштво и тој беше со мене и цело време ме гибаше нешто и ко си одевме ми прај ни ко ќе си одиме се поздравуваме со бакнежи и му вика па дојди бациме, и иди на кај мене и ми праи ај сега ти прва бациме и одам јас да го бацам и ми ја врти устата Фала ви на помошта ќе остам простор да видам како ќе одат работите!!!
ај да ве прашам нешо. шо мислите долги врски успеваат ли? незнам зошто ама речиси сите околу мене ми викаат дека не успеваат, а јас па баш спротивното го мислам, ма да шо има многу случаи кога двајца шо ептен се сакаат после толку време раскинуваат... а и дечко ми е некој скептик.си планира он со мене...да не речам засекогаш да си е, ама не верува и он во долги врски...а ние сме 2 и пол години заедно...тоа најмногу ме плаши оти јас како и секое женско си фантазирам со него ехееее па деца па срекен живот хехехее
Јас сум пример за долга врска дека УСПЕВА Во врска бевме 6 години од кои 3 години живеевме заедно и да знаеш дека дефинитивно успеваат ако се има љубов разбирање доверба ...
Па од долга врска се успева, нема да се омажам со некој што го знам 3-4 месеци... со долга врска и долг периот само може вистински да ја запознаеш личноста со која би сакала да го поминеш целиот живот!
Речиси сите што ги познавам биле заедно по 4,5 години, па се земале, така да успеваат. Ретко кој решава да се земе после кратко време. А и сигурно сите што се во долги врски планираат заедничка иднина. И јас и дечко ми планираме. Никогаш не се знае што може да се случи, но заедничкото време прави да планираш.
И јас исто сум во долга врска...никогаш на би се земала со некој што го знам 4 5 месеци нити пак 1 година...Не верувам во тоа као демек боље е помалку да сте во врска во брак да се запознавате ( поинтересно било ) ахаа да....Сакам да знам на што сум...сакам да го знам секој негов покрет...сакам да знам како дише...и што да очекувам од него...а не ќе го запознавам.... За Душица морам да и кажам дека и ја на тие години се фатив со дечко ми...буквално 16 17 созреавме заедно и понекогаш вреди мала жртва да се направи..е добро де не ти се јавил, излези си кулирај млада си..другарки ова она...не му го мисли...( он ако сака со друга да е, ќе се скрие нема да дознаеш ) такви се машките на тие години...несозреани ама ако се сакате вреди!! Најлесно е да се откажеш, многу потешко е да сочуваш!
Нормално е дека секоја подолга врска си носи планови за заедничка иднина,за мене би било несфатливо ако не е така.На пример во врска си 5 год и што? Се забавувате само??? Толкав период сигурно сте си се нашле на заедничка фреквенција и убаво ви е,не мислите за разделба.... Јас да ви кажам право пред да почнеме да живееме со дечко ми заедно, мислев дека веќе сите маани му ги знам,нема со што да ме изненади,ама сепак кога почнавме заеднички живот сватив дека многу навики не сум му ги знаела.Обични банални работи што ете не сум ги приметила претходно, во врска со средување на алишта, фрлање на чорапи во ходник...Ама се вклопуваме заедно,си бараме нзс и засега успеваме во сето тоа И нормално е дека идат муабети за заедничка иднина. А за Душица ич да не се нервираш,како што кажа и Оффспринг не си на закачалка.Малку помалку срцето повеќе разумот слушај го и сама ќе си сватиш што е најдобро
Нема правило! Сум видела и врски од по сто години, па се земале, па не успеале! Сум видела и врски од по еден месец, се земале, па се до ден денес се среќни заедно! Не се оптоварувајте, со кој ти е среќата со тој, нема правило... Не мора да значи дека ако сте долго време заедно, дека тоа е формулата за успешен брак... Има многу многу фактори што влијаат. Така да сакајте си ги дечковците и фантазирајте си дека ќе останете заедно со нив, тука нема ништо лошо! Ама, бидете спремни дека таа фантазија може да се сруши во еден миг!
Ај не дозволувај сите околу тебе да те убедуваат во нешто за кое ти сама треба да си створиш мислење! Не ти треба нивното мислење, туку ти треба дечкото во кој си заљубена,многу љубов и разбирање, планови за убава иднина и години поминати заедно! Долгите врски не се едноставна работа, треба многу вложување во нив, треба нивно негување, разбивање на монотонија, воскреснување на чувста тогаш кога спласнале, треба голема флексибилност! Но кога сето ова се прави со вистинскиот човек до себе тогаш верувај дека е лесно да се опстане во долга врска! Јас за својата долга (скоро 7 години) врска можам да кажам дека е успешна! Колку и да звучи неверојатно и тешко, јас и мојот дечко сеуште се сакаме многу, сеуште имаме одличен секс (дури и подобар од претходните години) сеуште се галиме и бакнуваме, сеуште си ја негуваме љубовта! Не дека врската не ми била во криза, не дека не сум помислила дека не можам да продолжам, ама за секој проблем сум барала соодветно решение, сум била упорна, сум се трудила работите да бидат под контрола! Правиме планови за наше семејство... Значи не верувај дека долга врска не може да биде успешна, ако тие околу тебе изгореле од погрешниот избор што го направиле не значи дека иста судбина ќе имаш и ти! А дечко ти не го напињај многу, остај спонтано да ги сфаќа работите, најверојатно тешко прифаќа дека нему му се случува нешто за кое сметал дека е невозможно!
фала мн.се надевам ке успеам до крај да те послушам,оти не сум некоја упорна личност...незнам зошто... сепак фала ви на искрениве совети...жими се сестра подобро не би ме советувала respect за сите
Сакам да кажам... Многу сум лошо расположена и тажна. Вчера го прашав зашто ме запоставува, ми рече само дека не е тоа така, реков ок, заврши тој разговор, не се ни расправавме, му реков денеска да го искористиме денот, ми рече ќе видиме, а јас го прашав од што зависи тоа... ми рече од тоа како ќе се разбудел сабајле повторно реков ок. Вчера вечер останавме дома, на мсн, требаше да праиме нешто, а после ме викна да одам кај него, не отидов бидејќи несакав да седам дома, му го кажав тоа, рече ок. Сабајле ме разбуди неговата титка... рипнав толку радосна како мало дете, се додека не ја кренав слушалката. По гласот се познаваше дека е многу напнат! Ми рече: сакаше да знаеш зашто те запоставувам, и сеа коа ќе ти кажам дека неможам да го поминам денот со тебе тоа од нос ќе ми го извадиш и уште ќе ме напињаш, а не сфаќаш дека немам пари........ зашто не дојде вчера кај мене, нејќеше дома кај мене да седиш, мислиш само на себе, ок не те ни викам веќе дома... се такви работи ми изнакажа. Му реков дека само бев должна да прашам што се случува со него, знаев дека не е баш при пари, но секој ден излегува со некој на кафе, ми рече дека му ги плаќале кафињата. Не ми се верува дека со дечко се расправам за пари. Јас воопшто несакав да се расправам, само морав да прашам. Ми треба совет, ми терба поддршка, навистина сум многу тажна... незнам како да постапам
Сакам да кажам... За жал парите се едно од поголемите зла за кои се расправаат партнерите. Кажи му дека сакаш да знаеш што му се случува и зошто е тажен а не да се караш. Кажи му дека не мора секогаш да се оди на кафе, пијачка понекогаш и прошетките се супер. Кажи му дека само сакаш да го видиш и да си во негова близина затоа што ти е убаво со него. Понекогаш е сосема доволно да те фати за рака а ти да знаеш дека тој е со тебе.
Сакам да кажам... Го знае тоа, му го реков, само он незнае со убаво да каже... ме направи крива, да се чувтвувам како неразбрана, а не е точно тоа. Му реков дека за прошетка не му требаат пари, ме прави ментална, мисли дека ќе се лутам ако ми каже дека нема пари. Го истури бесот на мене сабајле. Го прашав најубаво што е проблемот му напоменав дека несакам ова да води кон карање и дека само сакам одговор, а тој мисли дека од нос ќе му го извадам тоа сеа, па уште и лут е зашто сум го прашала. Незнам веќе што да мислам, а еве и сега го нема, каде е сега, излезен е сигурно не е дома. Сега ќе очкеува јас да се извинувам што сум го напнала и што не сум го разбирала! Ахх...
Сакам да кажам... Мимс требаше ова да го пишеш во љубовни проблеми...ама добро. Остави го сега не го напнувај нит го прашувај.Сега е разочаран и несигурен...Такви се машките не сакаат да ги чепкаме додека имаат некој проблем што треба да го решат. Нормално е да ти се истура тебе ти си му најблиска(девојка) и знае дека тебе може се да ти изнакаже.Груби се што да им правиме?! Немој толку да земаш при срце...и немој многу да мислиш туку остави го нека олади...кога ќе бидете заедно прави онака опуштен муабет за друго, ако сака сам се ќе ти каже.Нека помине малку период ако продолжи пак со исто да е нервозен и да ти збори така тогаш ќе мора да покажеш и ти заби.
Сакам да кажам... Разговарајте за тоа излезете некаде кажи му дека не му требаат пари за да се видите и да излезете чести го ти мора да си ја спушти гордоста поради тебе ако те сака шетајте во парк седнете на некоја клупа поромантично е тоа отколку седење на кафе и добра идеја е кога веќе те викнал да појдеш дома кај него оди дома кај него разговарајте за тоа ако не му се излегува без пари кажи му дека тој ти е важен и сакаш да бидете заедно било каде важно заедно да сте не се оддалечувајте за глупости гледај ги работите од негова страна тешко му е дека нема пари нема пари а сака да ти биде убаво да излезете некаде на кафе или на јадење или во некоја дискотека сака се да ти биде погодено а неможе да го исполни тоа и затоа е нервозен поддржи го во овие моменти не се оддалечувајте за да недај боже дојде до раскинување на врска за глупост ... сепак твое право размисли како ќе постапиш јас не те знаам ни тебе ни него за да го употребиш мојот совет поздрав4е
И вечерва се случи исто... ми рече дека ќе се гаси, го прашав дали ќе се видиме денес, ми рече не, јас ок. Па после следеше тоа цинично... па нема да се видиме затоа што не доаѓаш кај мене и не ти се седи дома. А јас почнав да се објаснувам дека погрешно ме сфати, јас не кажав дека не сакам веќе никогаш да седам кај него дома (па мене тоа ми е омилен дел од нешето гледање), јас му реков дека не ми се седи дома само затоа што цел ден го поминав дома, а и сам рече дека се договара нешо... Не рече ништо и го снема! И пак јас крива, е ми се смачи веќе
Мимс не се нервирај. Јас искрено мислам дека не е само тоа проблемот, сигурно има уште нешто, ама не сака да ти каже. Утре оди кај него дома и без да те викне. Купи нешто за грицкање и седете си. Види како ќе реагира. Јас и дечко ми речиси цело време го поминуваме кај него, и двајцата сме слаби финансиски. Ама затоа сме си отворени кога нема, нема пари, ама кога има трошиме. Кој има тој плаќа. Зошто не му предложиш да излезете,а ти да го почастиш, ако до толку не сака прошетка.