Пред 1 месец завршивте со долги врски, а 3 недели сте преблиски? Како? Мене се ова ми е избрзано. Не си ги сакавте бившите, ги заборавивте во истата секунда па одма на друг ѕвезди му симнувате? Јас не би му верувала на ваков тип на човек. Затоа и не ме чуди што се губи и не ти враќа.
Јaс мислaм декa се гледa и сo некoјс другс и кoгa е сo неa тебе не ти врaќa. Зa 5 денa мoжел дa ти врaти сигурнo не рaбoти 24 чaсa 5 денa.А штoм зa тoлку крaткo време ти симнувa ѕвезди тежoк лaжoв е.
Долгите врски завршија поради недостаток на емоции и само една навика..Затоа и немавме период на жалење и тага.Инаку во право сте.Затоа и ви пишав.Не е можно од 24часа да не може да издвои барем 2 минути во денот.Нешто ми мириса..
Ситуацијата доживувај ја позрело и пореално.Ништо не преценувај и не потценувај за да не се разочараш. Не се препуштај на моментални чувства од типот ѕвезди и принцеза. Луѓето и реалноста се многу повеќе од бајковит приказ и ласкање со убави зборови. Потребно е време за некој да го запознаеш, а за љубов многу повеќе од пишување и разменување пораки. Работните обврски не се оправдување за игнорантно однесување. Ако се сака, се може да се постигне. Комуникацијата и дружењата се развиваат според степенот на интерес. Во конкретниот случај премногу сте форсирале за да очекуваш нешто повеќе по таквиот еуфоричен однос.
Здраво женски...имам еден проблем што сакам да го споделам и да добијам некој совет од вас. Со дечко ми сме заедно 2 години. Тој вели дека сака за жена да ме земе ама никако не покажува знаци на блискост. Многу пати го имам викнато дома и се како со молење неколку пати е дојден. Дома со неговите ме нема запознаено. Тој работи трета смена како обезбедување во едно диско. Излегуваме воглавно на јадење преку ден. И неколку пати на плажа и сето тоа по моја иницијатива.Јас многу сакам да излезиме на вечер каде што има музика забава но тој само сака тивко место каде што нема гласна музика. Многу пати му имам кажано да организира со друштво да одиме некаде на скара за да ни е позабавно пошто пп ресторани веќе ми е досадно. Денски нормално мора да одмори. Јас кога и да сакам да одам некаде не можам затоа што едноставно немам никој. Другарките сите си фатија свој пат а другите што се слободни да ги викнам некаде одма ме прашуваат кај ми е дечко ми. Во смисла тој не ме дружи па сеа ги барам. Многу пати му имам кажано дека немам друштво и ми вика дека затоа не е тој крив. Завчера беше со другари цел ден на скара а јас си бев дома. Вчера се договорив со 2ца другари да излезиме на пивце со кој што активно се дружевме во средно но откако заминаa на работа во ск не де гледаме често. Баш супер си поминавме најчисто другарски. Пред да одам му кажав на дечко ми дека ќе излезам и со кого. А од после кога се вратив ме праша дали се машки или женски. Откако дозна ме изблокира од сегде и на телефон ме напрај лом. Во смисла од кај излегле тие сега не сум му кажувала за нив никогаш. За кој и да му кажувам и да го прашам дали го познава некој тој вика кој го е... Со што и да се бранев се подлабоко потонав.
Не вреди дa се нервирaш зa глупaкoт. Сo другaри нa скaрa мoжел дa oди, a ти кoгa гo викaш не мoже. Дa сaкaл сериoзнa врскa сo тебе би те зaпoзнaл сo негoвите и би сaкaл дa излегувaте вo пaрoви сo друштвo. Не се нервирaј ќе нaјдеш некoј друг oвoј не вреди. Истo тaкa немa прaвo дa се лути ти кoгa гo викaш тoј се немoже вaкa видел декa ти и без негo мoжеш и декa не мoже дa те врти целo време.Вo дискo мoже дa рaбoти кaде имa бучaвa a сo тебе не мoжел дa oди нa тскви местa туку сaмo нa мирни местa кретен.
Во право е, не е тој крив што немаш другарки, не си требала да се изолираш од сите заради него. А ова последново однесување... Немам зборови, размисли дали вреди да се нервираш за такви глупости.
Во право е, знам дека е во право што немам друштво ама јас не можам да се дружам со секакви женски не е едноставно да најдеш добра другарка...Јас искрено веќе не знам како да се однесувам тотално сум изгубена. Сите мислат дека киснам таму кај што работи а јас само еднаш сум била сезонава. Нормално го разбирам дека не може со мене да е таму цело време ама ни маса да ми резервира не сака ако случајно се договорам со некое друштво за таму. За последново случување му реков дека јас сум будала што му кажав и тој рече дека баш убо сум направила дека ако ме фател бог знае што ќе се десело.
Клоците!! Ама веднаш!! И најди си другарки без разлика колку ти се допаѓаат, и што зборуваат (сите озборуваат), и имај си друштво за излегување... а не да зависиш од некој да те занимава... сама треба да си најдеш занимација...
Фала ви женски што одвоивте цреме за мене. Уште ова да го кажам му реков дека сакам повеќе време да сме заедно. И тој ми рече да сме се свршеле/земеле и да сум живеела дома му. А јас таму не сум ни била така ми е страв да се согласам на таков чекор. Јас му реков дека после ќе ми замине некаде странство како братму па јас пак ќе сум осамена. А тој рече ќе сне имале дете немало да сум сама. А јас сама не сакам да гледам фамилија.
Како и да е ме изблокира од сегде и ми рече терај си по твое јас по мое. Само ми е криво зошто јас никогаш нити го изневерив ниту помислив на тоа.
Немој, тој не е човек со кој сакаш да си во брак. Манипулатор со комплекси. Се однесува како да не му е грижа за тебе и потоа ти вели да се земите? Него му треба слугинка изгледа не жена. Прекини секаков контакт и продолжи со животот.
Здраво на сите. Би сакала да ги слушнам вашите мислења за ситуацијата во која се наоѓам и би ви била благодарна на истите. Пред неколку месеци започнав да се допишувам со еден. Тој пиша прв, но најдовме многу заеднички теми и навистина ни одеше разговорот. За кратко време излеговме, и уште еднаш после тоа. Додека бевме излезени, почна да ми дава комплименти во смисла дека сум многу фина, културна и паметна, но не знаев на кој начин да ги сфатам. Ми беше мило што сум му оставила добар впечаток, но тој не проба ништо повеќе, само ме бакна во образ. Исто така, ми спомна дека ретко вика на кафе некои што не ги познава претходно, му било непријатно, но сепак за мене направил исклучок. Рече дека би му било мило и јас да го викнам некогаш. И, јас го направив тоа. Го викнав наредниот пат. Не излезе поради тоа што наводно го викнале на работа во последен момент. Се подналутив, но очекував да надомести за тоа и да викне тој. Сепак, тоа не се случи. Се поздравуваме кога се гледаме низ град, пишуваме понекогаш, и често забележувам дека ме гледа преку рамо, но оттогаш воопшто не ме викна. Што е уште полошо, се прави како воопшто да не се случило тоа, како да не ме одбил. Како што кажав, тој не проба ништо повеќе кога бевме излезени, па сега не можам да го прашувам кои му се намерите и на што сме. Исто така, не можам да го викнам пак, поради тоа што ете еднаш ме одби. Можеби цело време очекувал пријателство, но како и да е, тоа не е причина да не излегуваме, барем пријателски. Сакам да дознаам, но не знам како. На кој начин би можела повторно да го заинтересирам и дали би вредело? Однапред благодарам.
Јaс не ги рaзбирaм мaшките ем пишувa сo тебе a не те викa дa излезете мoжнo е дa си пишувa зa дa си гo пoпoлни времетo. Oсвен тoa јaс сум мнoгу гoрделивa личнoст и пoсле тoa не би му пишувaлa a ниту би гo викнaлa пoвтoрнo. Нo, не ме слушaј мене aкo ти се дoпaѓa придoлжи сo пишувaње мoжеби ќе те викне , a тoa штo те бaкнaл сaмo вo oбрaз е oдличнo не е убaвo дa е нaпaден веднaш.
Јас мислам дека тој индиректно се обидел да ти даде до знаење дека супер му е со тебе, но дека очекува некаква потврда и од твоја страна, со тоа што ете ти ќе си иницијатор за наредното излегување. Можеби навистина го побарале од работа, така да не гледам причина за да се лутиш. Тој треба да надомести за тоа што те одбил, но со оглед на тоа дека имаше причина можеби повторно чека на тебе за да види колку си заинтересирана. Незнам колку беше ти отворена и дали му даде до знаење дека ти се допаѓа и дека би сакала да се видите. Можеби не сака да биде нападен кога не е сигурен како се чувствуваш. Знам дека тука и гордоста си игра улога, ама ништо не губиш доколку го побараш пак. Зошто да пропушташ шанса? Во најлош случај ако повторно те одбие ќе побараш објаснување и ќе знаеш на што си.
Ќе го прашаш што очекува, мисли и сака, ќе му кажеш што ти очекуваш, мислиш и сакаш. Не можеме ние да знаеме што му е на некој во главата... Прашај си слободно... немаш што да изгубиш, а можеш да добиеш. Плус, ќе си бидиш на чисто и нема да имаш недоумици.
Здраво девојки.Ми треба мислење за ситуацијава во која сум. Имам скоро 3 годишна врска и досега имавме и карање и прекрасни моменти како и секоја врска.Некогаш караниците биле многу неубави ама тоа помина. Бевме скарани 1 недела со раскинување и 1 недела не зборевме ме побара и решивме после таа кавга да се подобриме.Од тогаш не сме се скарале.Таа недела две после смирувањето многу беше убаво.И сега е убаво ама фали нешто.Еве ќе опишам се за да ме разберите.Со ситници ме купуваше.Тип може да се видиме денес? Оти некако коа се смиривме не кажувавме одма криевме и тајно се гледавме.Некои ептен работи што ги ценам.Ситниците ме прават да се осеќам радосна.Водевме љубов и слишав многу те сакам ми недостигаше.Ме галеше додека имавме секс.Порано тоа беше ретко.Повеќето имавме див секс ама не викам ништо и јас сакав така. После се ова мене некако ми е чуден.Треба да живееме заедно да студираме у др град ама он ми го пдолговлекува муабетот.Не водиме љубов имаме секс. Ме гушка се ме бакнува, ме гали 24 7 сме заедно, ме вика да излезиме некогаш оди со другари некогаш е со мене и балансираме за да не е како порано оти кавгите ми беа за тпа мене. Денес сакав да зборам со него и сеа викам сеа ќе идам на кафе а после да поминам кај тебе дома си вика после можно е да излезам реков добро ќе се чуеме.И се слушнавме ама не спомна дека стварно ќе излава.И му звонам недостапен.И пипувам на другар му дај речи ако е со тебе нека ми звони.И се јавува викам зашо не се јави дека ќеизлаваш.Вика ни исклули само што излегов. Океј тоа можеше да се јави од кај другар Овој муабет е правен 10 пати и пак вака некогаш заборава да се јави, или знае дека ќе го барам и пак не звони барем да пиши од кај другар му небитно Секогаш е излезен 5 6 саати и коха е недостапен бараш да се јавиш за да кажиш нели? И ја покрај тоа му реков сакам да збориме и сеа се расплакав на телефон оти сум тажна и оти нешто многу ми е лошо и сакам да зборуваме.И он што е работата ќе седам со другарите у парк јас касно ќе ме фати.И наместо да се засекира да речи порано ќе дојдам ништо. Се случило ова вака коа е излезен да ме нанервира па ќе го нанервирам и јас ама у овој случај е друго. Сакам да кажам дека некако на моменти ми се менува.Блискост,гушкање,балнување,излавање имаме се.Ама на моменти се губи.Некако ко да ну здосадува некогаш не знам.Ама врската се одржува секој ден. Треба да знае и да ме изненади кога сум нешто вака.Да сака да дојди А не да е побитно друштвото. Оти се работи за нас ова. Што мислите? Му имам и кажано дека не прави работи што ги правеше порано.Едноставнп со збор да нсправи да се заљубам повторно.А онака другото е воред.
Секако дека кога влегуваш во врска не се заборувува, запоставува друштвото но сепак личноста со која си во врска би требало да ти е и најдобар пријател и пред се приоритет.Посебно кога се планира иднина. Немој да потиснуваш ништо во себе, разговарај за ова, разговарај отворено за се што те мачи и што го немаш од негова страна, а заслужуваш да го имаш. Нека ја слушне и твојата страна, нека не те поткупува, океј љубов ама сепак држи се цврсто кон ставот што го имаш и не попуштај, за пофункционална иднина.