Имаше една со сличен проблем. Нејзините се плашеле 'да не се пуштела во промет'. Прашај ги што точно ги плаши?
Ѓабе е јас му кажувам луѓе не планирам со никого ништо излегувам со другарки, си одам за 3 недели сега ако не излезам кога? И тие велат па ние сме то родители се замараме за тебе ама тоа не е замарање тоа е досадување. Во 12 саатот ми звонат ајде дома глупа една кај скиташ со кој си а 20 год.... не можам да издржам од дома ќе си одам мислам веќе. Поубаво му било дома ако седам. Не морали да излевам шо ќе сум правела ако излезам исто било и дома ако сум седела
Речи им дека те навредуваат со тоа што немаат доверба, дека ти нив им веруваш дека се грижат за тебе, ама и тие треба да имаат доверба во тебе, затоа што си одговорна и пристојна и дека не смеат да ти бранат, затоа што си полнолетна. Смирено, само тоа.. не навлегувај во дополнителни објаснувања.
Многу пати сум пробала да објаснам дека сакам да останам до подоцна бидејќи сите другарки остануваат до подоцна и тие почнуваат да се дерат. Смачено ми е. Јас нкогаш не излегувам до 4, до 1,2 суж дома веќе не ни излегувам во дискотека ама тие филозофираат. Излегувам од дома и после 5 мин ми ѕвонат кај си со кого а ја може уште патиките пред враѕа ги врзувам
Не им објаснувај ништо. Спреми се и на врата кажи им: Чао, излегувам. Ќе бидам дома најкасно до 2 (пример). Не им давај отчет.
Те разбирам во целост, но потоа следуват непрекинати повици закани а можеби и заклучена врата. Не знам како да се ослободам од овој затвор. Јас сакам да излезам да уживам во друштвото во летото но мене тоа не ми го дозволуваат. Финансисми стоиме добро но мене не ми давааѕ пари за излегување 200 денари за три дена и мене тоа страшно ме нервира. Ми даваат малку пари за да не бидам многи излезена не можан да јадам надвор бидејќи нема толку пари. Кога и да кажам ќе излегувам следува Е зошто сеа убаво си седиш дома нема шо да правиш надвор ај седи си дома кај ќе скиташ порано дона излези на еден саат. И ќе изчезам во 22:00 и во 22:10 ми звонат каај си шо си потоа 22:30 ми велат нели е доста ајде домаа
Однеси ги на психијатар... Е жими се', претеруваат некои родители. Како да не излегуваш на 20години бе? Не знам искрено што да направиш....
Не е толку лесно со некои родители, може само дополнителен конфликт да се случи, и кај премногу претпазливи, па уште и лути. @Kacikakacika Најдобар начин е да им покажеш и докажеш дека си одговорна личност, на било кој начин знаеш. Станувај рано, почни да готвиш, чисти почесто, зборувај им за иднината, биди успешна на факултет и труди се. Ќе се среди
Зошто постојат бе вакви (не)родители.. Не се свесни како ова се одразува врз тебе. Во право е @WildMk. Имав другарка порано со идентичен проблем како тебе абе како малоумна ја третираа, а девојчето од сите нас, нај на место беше. Се додека им се тресеше на секој повик и трчаше дома чим и зазвонат, ја газеа уште повеќе. Одеднаш и пукна филмот, не им ќутеше више,како они со неа така и она. Си најде работа во Скопје и се отараси од нив, колку и да звучи лош зборов. Барем раат глава.
За пари пример кажи им блуза дека ќа си купиш нешто, и кажи дека чини повеќе и ќе ти останат пари колку-толку. Ако имаш баба, дедо и од нив малку - сигурно ќе ти дадат. А за тоа дека ако си одиш ќе ти ја заклучат вратата, договори се со другарка да спиеш кај неа. ОДи дома и ако ти е заклучена вратата правец кај другарка. Татко ми го заклучување брат ми и го има од дома испадено, и тој кај другари одеше. И полека сфати татко ми дека глупо е тоа што го прави, и дека брат ми ќе се снајде секако (а и брат ми беше 18 години тогаш). Можеби се постари родителите твои како татко ми и уште во турско време се заробени.... Имав другарка така и правеа, и колку построго ја држеа она толку повеќе глупости праваеше. Ќе и речат до 12 дома, и таа до 12 можеше и со тројца да излезе. И што кога ја пуштаа до 12? На крај во 4та средно остана бремена со еден што се муваше и се омажи... Бог знае дали и негово е детето, во исто време излегуваше со повеќе души.
Ете што ќе им се случи на такви родители. Знам и јас примери (од мое време), на деца кои родителите им бранеле 300 работи.. Една другарка и чистеше и супер студент беше и готвеше и по сите трчаше и пак и' бранеа се' и сешто.. А не дека успеаа да ја спречат. Не остана покусо за ништо.. И секс имаше, и пропуши едно време, и ќе се подиспијанеше едно време.. Ама битно, во 12 беше дома И јас сум родител, и не би сакала ќерка ми да се плаши од мене и да крие работи. Сакам да ми се доверува и сакам да и' бидам од помош, ако и' треба. Нема шанси да го заштитиш од се' дете.. Светот не можеш да го преправиш, оти не ти бил по ќеиф..
Јас сакав да работам ова лето а тие ме направија нездрава. Мене не ми е срам да бидам келнерка или нешто така. Воопшто не ми е... сакам свои пари. Ама не оди, не бива. Невозможно е. 4ка немам извадено во школо. Одлилна ученичка сум. Чистам дома пеглам средувам помагам и ѓабе е. Се тресам на секој нивен повик. Добивам и физички напад одвреме навреме ако нешто не му е по кејф. Претворени се во пари и мислат дека ако ми купат нешто може да е по нивно. Ми инаат кажано ќе ти купуме што сакаш само седи дома.
Знам јасно ми е.. затоа не знаев што совет да и дадам, туку споделив приказна од другарка. Студираш ли @Kacikakacika ? Сега видов. Си размислувала ли да се осамостоиш, да најдеш работа и да заработуваш сама? Како гледаш на ова?
Немам каде да одам и се запишав на факултет во странство. Таму ќе си одам сама и се надевам ќе се среди се.
Ооо јас не сум го ни видела ова... Како што разбрав ќе оди во друг град на факултет, би требало да се реши тогаш.