Jас не сум родител уште, ама кога ги гледам децава денес ми е страв какво ќе ми биде во иднина моето. На прво место би ми било да е отворено со мене детето, да знае дека го сфаќам и разбрам и да има сигурност и доверба да ми се довери. Некои родители не сфаќаат дека со тоа што се прават строги прават многу полошо на децата.. И дека не сме во 18 век на некои не им е јасно. 21 век е, девојчињата не се за дома да седат и да се грижат за куќата само! Инаку девојче јас студирам и сама си заработувам - upwork.com ви е фриленсинг страна и има каква ви душа сака работа. И мене од дома не ме оставаа да дишам слободно, и така се охрабрив дека можам и да студирам и да работам од дома. И топ ми е! Имам 6 годишна врска и татко ми не ми давеше да одам на одмор со дечко ми. Ама последниве две лета не го питам ни за дозвола бидејќи нема право да ми се меша! Сама си заработум, сама ќе си трошам како сакам. Само ми рече дека ако сум раскинала со дечко ми, веднаш да сум се иселела од дома. Сите ќе ме зборувале, што ќе кажат луѓето. Нема проблем, ако некогаш (се надевам никогаш) раскинам, ќе си одам со сето задоволство. Така да, разгледи си и таква опција да почнеш сама да си заработуваш и нема да имаат право да ти јадат трици.
Да знам дека тоа е добро. Но, сепак што и да правам јас го правам со страв. За било што... овие три недели ако не излегувам тука како тинејџер кога ќе излегувам на 30?... мака ми е ама ќе издржам уште 3 недели потоа малку слобода ваљда
Е вака... некогаш девојките во обид да 'избегаат' од дома, ќе се омажат за некој ојле-дојле, и уште толку ќе си го запустат животот. Родителите македонски се сите за реедуцирање..
Секогаш ме поттиснувале од соте други деца. Скап телефон скапа гардероба а јас се борам со депресија сакам да излезам да го видам животот. Едвај чекам да си заминам...веднаш ќе си најда некоја работа по 3-4 саата на ден колку да имам свои примања. Не знам кој психопат го прави овоа на 15 мин кај си кај си кај си недај боже да ми заѕвоне тел се ѕверат во мене како вештери чекааѕ да им кажам кој е и да го слушнат муабетот. Мајка ми пати од љубомора умира едвај 8мо завршила тапа е со учење на 16 се омажила ми љубоморе за секој успех болна ќе легне уште малку. Не можам веќе одбивни ми се, се осеќам како да не ми се родители и не чувствувам љубов кон нив. Како мала бев многу тепана, со модрици и рани сум одела на школо, ме кубеле за коса ме влечеле по земја... ги мразам. Сакам само да си одам и да не се вратам тука.
Жал ми е многу девојче... Немој само те молам да избегаш од нив, кај маж... Избегај и застани на свои нозе.. И извини вака, ама барај им што повеќе пари.. ако веќе имаат и сакаат 'да ја купат' твојата љубов на тој начин...
Кога барам пари за кафе тие превртуваат со очи ко демек јас че одам ќе се изе.ам со 15 души ќе родам 9 деца и ќе се вратам. Да сакам да го направам тоа ќе го направам. Ама ѓабе е му се докажува ли на такви? Родители биле, како само они да се и никој друг. Секој си има проблемј да ама детето со сила тупаво да си го правиш не знам.
Многу ми е тешко да се доверам на некого во животот за ова, освен баба ми таа знае се. Некогаш ми дава пари кога има и таа и дедо ми ми дава. Живеат од една пензија но сепак ме финансираат. Ме срам да кажам на другарка, другар. Ќе се чувствувам засрамена, понижена и етикетирана. Место да си го поживеам овие 3 недели животот јас седам дома и паѓам во депресија. Си ги бројам деновите кога ќе си одам.
3 недели во цел живот, не е ништо.. и да не излезиш ич, не е крај на светот.. Не го сфаќај толку трагично
@Kacikakacika Немам шкртнато на Фемина којзнае колку време, ама не можев да се воздржам на твојот проблем девојче, зашто го имав истиот. Со мајка ми не толку колку со татко ми. И физички напади како што спомна погоре, и заклучувања пред врата за да се тресам и да плачам...Дури си велев за себе (да не ме сфатиш погрешно) срамота, толкава крава да јадам ќотек. И навреди, и закани, и сѐ добивав пропратно уз тоа, а кога ќе побарав пари ми ги фрлаа како на стока. А цигара во живот немам пробано, ниту пиев, ниту се дрогирав, ниту пак сум се мотала со многу. Имам уште многу да пишувам на таа тема, ама ако сакаш ќе продолжиме ЛП, овде не би да замарам. Поентата ми е: Радувај се дека ќе си одиш на факултет во странство оти да знаеш тогаш сите овие маки ќе ги снема. Ќе си најдеш друштво, ќе си го најдеш и мирот и нема ни да ти се враќа овде, а тие ќе те молат да се вратиш. Јас како што гледам твоите малку се неизживеани, па затоа ти прават така, ама ќе видиш дека после сѐ ќе се смени. Може нема да е совршено, ама реално сѐ е подобро од сегашнава ситуација. Јас кога заминував на факултет, никогаш нема да заборавам, татко ми за прв пат во живот по телефон ми рече ТЕ САКАМ. Воопшто не ги очекував тие зборови од човек кој претходно се однесуваше како што ти напишав. После секое враќање дома не ми се веруваше каде сум. Порано ако некаде одев со татко ми, се чувствував како да сум со тотален странец, немавме никаква тема на разговор, молчејќи чекоревме со саати. А сега да не ти се верува, сѐ ми кажува, за сѐ од мене бара совет, дури и (што многу ме нервира) ми бара да изигравам судија кога се кара со мајка ми. Да кажам кој кај згрешил, де. Ваљда сфатил што имал кога го изгуби, и тоа придонесе да имаме дааааалеку (да чукнам во дрво) подобар однос, не само со мене, туку и со брат ми. Мада тој секогаш добиваше подобар третман. Сакам да кажам издржи, ти си издржала толку време, три недели ќе летнат дури да трепнеш. Ти посакувам сѐ да се среди и ти пуштам една од паталец, полна со надеж и ти посакувам да успееш многу таму кај што ќе одиш
После сиот твој труд кој си го вложила не те удостоил со почит, он не те заслужува тебе. Заслужуваш некој кој ќе знар да го цени твојот труд па и да ти возврати .
Не знам ама јас сум личност што не сака изненадувања. Никакви. Ич. Ме прават да се срамам, да се чувствувам долно. Како да сум нешто подоле од другата личност. Чувствувам како да сум поткупена. Исто така не сакам скапи, материјални работи. Повеќе би сакала цвеќе. Мразам подароци и изненадувања, навистина се чувствувам поткупена. А за твојот случај можеби и тој така се чувствувал и не му било згодно да прифати нешто толку големо.
Во врска сум 2 години со дечкоми,тој уште од почетокот имаше мобилен обичен не на тач.Сега си купи нов помодерен да кажам,и не ми дава да гледам буквално ништо.Ние заедно излагаме,повеќето време заедно го поминуваме и кога ке отидам кај него го гаси интернетот на тел.а кога не сум нонсто е оклучен.Тој на мојот тел нонстоп чачкаше,и слики и месенџер и се,и шифри знаеше и се,не криев јас ништо од него,а сега ми вика има разговори со особи што не треба да ги знаеш и читаш....Јас веднаш на женски помислив а тој ми кажа знам што мислиш дека со женски пишам ама не е така,кога ќе го средам тел ќе ти го дадам...Можеби не е нешто којзнае што ама мене ми е чудно и сомнително фала богу....И осеќам дека крие нешто само не знам како да дознаам...Да сте вие на мое место што би направиле?
Не само што е сомнително, самиот ти кажал во лице дека има тајни пред тебе. Јас би разговарала сериозно затоа што после 2 години заедно, тоа не е нормално однесување. Јас не би го прифатила тоа без разговор.
Каква и е да е тајната ако те сфаќа сериозно ќе ти каже... Или си пишува со женски па ти го прави филмот за да си помислиш дека работи во нааса или некој детектив е Речи му ама да го начекаш или уклучи интернет само на месинџер ќе проберам кој ти пишувал само име ќе видам друго не. Исто на пораките. Ако не ти дозволи речи му дека е крај и дека сега е шансата да докаже дека е верен и дека не крие ништо
Ако те варал, те варал и со обичниот телефон зашо за пораки и повици и тој брка работа. Друго, телефонот е лична работа. Ниту треба да дозволувате некој да ви рошка во телефон ниту вие да рошкате. Одучете се од тие работи и пораснете еднаш. Гледајте си го вашиот телефон, вашите разговори, вашите профили и нека не ве интересира туѓиот. Шо има дечкото/девојката да знае и гледа шо пишувате со останатите контакти? Не е нивна работа.
Не знам зошто криење на мобилен одма се поврзува со изневерување ама па од друга страна не знам зошто некој во врска во која си 24/7 има потреба од криење на мобилен? Што може да криеш од човекот со кого си постојано заедно? И зошто ако некој посегне по твојот телефон мора да значи дека чепка по разговори со други луѓе? Не ми е заклучен мобилниот и пристап до него слободен имаат сите што ми се блиски.
Па и јас не сакам да му покажувам на дечко ми муабети кои сум ги правела со другарки, посебно кога ми е кажано нешто во доверба. Ниту сакам другарките да пренесуваат мои лични работи на дечковците. Ако сте во врска, не значи дека сега веќе немате никаква приватност.