@WildMk Неможам да не гледам, вечерта се прекрасно, сабајле станувам и нова девојка по бикини он лајк. Ме нервира фактот што јас се спремам да одам кај него, да живееме заедно, што има 874753 слики со мене, а секој ден нов лајк можеби и повеќе, кај провокативно сликани рандом девојки ( немам ништо против и ја се сликам провокативно ) . Ми се вртат филмови дека ги чува како резерва итн..И знам дека не го гледаат сите како мене, али од која причина.. Неможам да зборувам премногу сум темпераментна и можам хаос по тел да направам. @IM.TMKQ Највише ми смета тоа што има слики со мене, а секој ден нов лајк кај различни девојки. Не е во ред. Кога бевме заедно на одмор од што си поминувавме прекрасно дури ќе забораев да му спомнам, љубовта во неговите очи кон мене се познаваше. Вака е подруго по телефон..Зрел е верувај за се али ова..
Ти го разбирам незадволството... ама сепак мислам, дека нема потреба за толкава грижа. Сега се спремаш да одиш да живееш кај него. При такви големи промени, нормално е се' што го гледаш како проблем, да ти е суперсајзд во главата милион пати, затоа што имаш милион прашања за тоа како ќе биде откако ќе се преселиш таму.. и нормално е. Кликањето не расположува, ни дава чувство на контрола. Исто како видео-игра.. Ако нешто прави, верувај, дека нема да клика на се' наоколу и тебе да ти дава до знаење... Додатен проблем е што не сте во ист град. Имате паузи помеѓу видувања, а тоа, исто не прави да преиспитуваме се' во врската. Од искуство зборувам.... Релаксирај се... Ќе видиш како ќе биде, кога ќе почнете да живеете заедно... Сега е време на прашања, тоа ќе биде време на одговори
Аха ми дава до знаење, ако сама не видам т.е ако не ми излези на почетна од неговото опсесивно лајковање на девојчиња дупло помали од нас никогаш нема да знаам. Притоа не го гледам како стрес тоа што ќе одам кај него, туку како задоволство, верувај јас едвај чекам знам дека ќе биде прекрасно. Зошто јас немам потреба да лајковам кај секој ? Ова неговото само ме кочи од целите што си ги имаме. Најголем проблем е тоа што незнам дали да направам муабет по телефон зашто не е исто како во живо. Притоа му спомнав дека ми смета, а и знае од порано ама нее сега направил инста на стари години.
Колку е тоа 'стари години' ? Ти може не ја гледаш како стрес преселбата, ама е... како и секоја промена во животот. Знам и селење како е .. верувај.. Мислиш на убави работи: шубо ќе ни биди, ќе си се галиме, ќе си се сакаме.. бла-бла, ама тоа одоздола те јади, без да сетиш. Потсвесен е стравот од промени.. бидејќи статус-кво-то, колку и да не чини, дава чувство на сигурност и стабилност... А сега, се' ќе ти се смени, од корен. Него... Нема да лајкува, ако прави нешто со нив.. верувај ме. Освен ако не е некој ултра-смотан.. А не верувам дека е, пошто читајќи те тебе, не верувам дека таков дечко би одбрала Ако толку се тревожиш, разговарај, еве... и по телефон да е. Не прави разлика. Не знам зошто сите го потценуваат муабетот по телефон. Исто е како и во живо... со луѓе кои ти се блиски и добро ги знаеш. Ова никако!!
За мене е искрено очајно машко со врска како што ја кажуваш,па и уште заедно ке живеете да лајка толку,ако му е досадно нека земе некоја игра нека игра,нека чита книга,нека гледам филм,серија,има еден куп други занимации.Али веројатно сака некое ново мефце па си лајка и може некаде ке упали кај некоја,чат едно друго.Пошто искрено не гледам јас друга причина,дека му е од досада мало морген,и мене ми искачаат еден куп стегнати девојки по бикини и згодни,бомби,па не лајкам,ке ја погледам и ок е тоа е тоа.Али ако почнам да лајкам на секоја,значи јас имам некој намери со тоа,неможе од ДОСАДА ЛАЈКАМ НЕМОЖЕ ТОА.
@Purelove92 немој да ме јебеш дека ќе си расипеш врска за лајкови. Зашто правите од мравка слон? Нема овде многу што совети за давање освен да прекиниш да се замараш за глупости и да придаваш значење на небитни работи.
Дали ќе лајкнеш или не, откако ќе си ги 'исплакниш очите'.. ич не прави разлика. Ти би лајкнал, ама нема за да не бидеш препрашуван: 'Зошто?'.
Очите се за гледање,а чим лајкаш значи има нешто,неможе како што кажав од досада.Како не прави разлика дали ке гледам или лајкнам?Значи ако гледам порно,исто како да сум имал секс со тие таму така?хаха глупости. Мене никој ништо нема да ми каже за лајкови,јас уште на почеток на врска си ги наредив работите,дека интернетот за нас е виртуелен свет,кој не смее да дојде до допирна точка со нашата љубов.И немам потреба да лајкам,имам све до мене што плакнам очи секој ден.
Епa и мене ми пречеше тoa и му кaжaв декa тoa ми пречи и престaнa дa лaјкa. Амa еднaш нa инстa зaследил некoјa, a тaa не гo следеше. Јaд мнoгу се нaлутив и му кaжaв штo имa ти неa дa јa следиш кoгa тaa не те следи. Мнoгу збеснaв се кaрaв и му кaжaв тoлку нaјдoбрo дa рaскинеме ,a ти прoдoлжи дa си следиш и ужувaј тoгaш бевме нa пoчетoк мoжеби 4ти месец. И тoј ми кaжa ти ми знaчиш мене интернет не ми знaчи и веднaш гo деaктивирa. А инaку никoгaш не гo криел мoбилниoт oд мене ми јa имa кaжaнo лoзинкaтa нa мoб. Акo сaкaм и кoгa сaкaм не ми ни брaни дa гo земaм негoвиoт мoбилен aмa јaс реткo гo земaм сaмo некoгaш дa се сликaм или дa си препрaтaм слики. И секoгaш пред мене си пишивa сo другaри. Истo е и сo мoјoт мoбилен. Тoј гледa декa мене секoјдневнo ми пишувaaт и ми лaјкaaт бидејќи имaм мнoгу фoлoверси aмa бидејќи јaс не пишувaм сo никoј a ниту лaјкaм не му пречи a ни мене не ми пречи дa5 гo земе мoјoт мoбилен иaкo не гo земa oн. Тaкa дa рaзгoвaрaј сo негo кaжи му дaли му е пoбитнo дa стaви лaјк или дa е сo тебе вo врскa и дa сте среќни. Вo ред дa стaви нa кoлешки oд рaбoтa aмa не и нa некoјa штo не јa ни пoзнaвa. Пa ќе видиш штo му е пoвaжнo oд негoвaтa oдлукa.
Па и не е баш глупост лајкање нон стоп разголени цури по социјални мрежи...Првин покажува непочитување спрема @Purelove92 и целата нивна врска. Друго такво однесување на интернет ми е крајно незрело и кај зафатени, а и кај слободни мажи исто така. Зошто би имал некој потреба да лајкува девојки по нет, а има озбилна врска, на што личи? Мислам дека треба да реагираш пооштро за да те свати озбилно, срамота е да те доведува во ситуација да се нервираш за вакви работи. Планирате иднина заедно, но вакво однесување по мене е но но.
А за што се постираат толку слики, ако не за лајкови? Аман.. Социјалните профили, на некои девојки се како Плејбој за без пари
А за што се постираат толку слики, ако не за лајкови? Аман.. Социјалните профили, на некои девојки се како Плејбој за без пари [/QUOTE] Тие девојки нека си постираат што сакаат,и какви сакаат слики,не збориме за нив,збориме за проблемот со дечкото.Очајно е има девојка,сериозна врска,да лајка по цели денови,дај ајде сеа не се прај дека е тоа ок,кога и сама си свесна дека не е ок.
А кој рече дека лајка 'по цели денови'? Колку време ти треба да лајкнеш 100 фотки на инстаграм? 5 минути... преку сила.. Малку детски е.. ама дека е толку трагично колку што го опишувате, не е...
Јас бев во слична ситуација. Лајкување секоја слика на девојки што не ги знае но живеат во близина, верувај тие беа први што му пишуваа после лајковите. Така да, и со лајковите може да се постигне ефект ако тој сака. Пак ќе речам и 1000 да му се пуштаат ако не сака ништо нема да направи, но некако не е вкусно возрасен човек толку опсесивно да лајкува, особено во врска.
Може јас сум глупава и наивна.. може сум и стара и не го разбирам ова сето.. Ама мене не ми е проблем. Ако сака, цел интернет нека го лајкни..
Вајлд, тебе не ти смета партнерот ти што има сексуални односи со други, смешно би било да ти сметаат лајкови. Овде се работи за друго.
Се е можеби. Никој не може со сигурност да и каже што е и како е. Некогаш работите не се како што изгледаат, некогаш се баш такви ко што изгледаат.