Контрадикторен си, велиш за тебе нема никакво значење виртуелниот свет, а ја советуваш членката уште повеќе да се замара. Башка тој виртуелен свет немал допирна точка со вашата љубов, а ти си ја запознал девојката на интернет ... Seems legit @Purelove92 сфатливо е зошто се нервираш, но според мене нема нешто сериозно за загрижување тука - посебно штом велиш не ти го ни криел телефонот и и на повици одговарал пред тебе... 9 годишна убава врска како што ја опиша, навистина не вреди да си ја разнишуваш поради ова.
Погрешно си ме разбрала,интернетот е виртуелен свет,али лајкување во сериозна врска нема потреба искрено.Да јас тука ја зспознав девојката во овој виртуелен форум,што значи дека и виртуелното може да стане реално.
Нека им изгледаат како сакаат профилите и кој сака нека ги лајкува, нивно си е, ама тоа не е оправдување за дечко во озбилна врска, едноставно оправдување нема. Бар јас не би поднела такво нешто дечко ми да прави, ке треба да прекине со такво однесување за да функционираме нормално. А сакав да го кажам истото што и лавстоунд, тебе не ти смета што твојот маж има други партнерки, не па лајкување .
Прочитав дел од коментарите околу лајкувањето. Навидум наивно, но и не така наивно. Јас си поставувам друго прашање... Дали можеби на овој начин се обидува да го саботира понатамошниот развој на нивната врска? - Знае дека и смета лајкувањето и упорно продолжува... Секако нагаѓањето нема да го донесе решението и одговорите...Затоа @Purelove92 треба да поразговара со него не само околу неговото однесување на нет., него и околу тоа што Он сака и очекува од нивната врска... Во секој случај не ми се допаѓа неговото однесување.
И јас истото го напишав. После ќе се вади тие ми се пуштаат не јас, а притоа со сите ќе си пишува. Можеби дечково не е таков, сепак тие се во врска 9 години, досега сигурно и докажал што му значи, но треба да се почитува партнерот и ако нешто и смета на неа, тој треба да сака да го решат проблемот.
Можеби не е таков, не го познавам, ама онака на прва точка тоа ми паѓа на памет дека сака. Девет години во врска не се малку.... сепак е за поздрав и треба постабилно да се размислува и позрело.
Не се замарај и не си стварај проблеми за глупости. Јас на се што ќе ми испадне на инста ставам лајк и тоа не ми значи апсолутно ништо, само сакам сите слики да ми бидат срцнати, не сакам да имам ништо со 90% од машките на кои им лајкувам. Ениуеј, чим си му кажала дека ти смета, не гледам причина зошто упорно би правел работа која ти пречи, дури и ситница како лајкување.
Имав сериозна врска од вкупно 3 години. Тој ми беше прв дечко, прва љубов и врската ни беше доста сериозна дури и се размислуваше за брак. Неговите родители и моите се знаеа фамилијарни пријатели се. Од 18 години бев со него и на почетокот ми беше убаво меѓутоа тој е постар од мене 4 години и пред мене имал врска од 2 или 3 години и тогашната девојка паралерно била и со него и со друг дечко се гледала. Затоа тој уште тогаш покажуваше знаци на љубомора ама не сфаќав сериозно си викав нормално е да биде малку. Со тек на време таа љубомора беше доста застапена тој дури и си признаваше. Завршив средно сакав педагошки факултет да се запишам зошто имав добар просек и сакав да учам, тој индиректно не дозволи. Сакав и да работам и тоа не ми го дозволи, сум немала потреба тој заработувал доста а и моите ми давале. Пред моите исфилува приказна дека многу ме сака не сака да се мачам, а всушност ме нападна уште тогаш со муабетите дека ако отидам на факултет или работа ќе запознаам други машки и дека може ќе го оставам. Бев многу весела, ведра, позитивна девојка со сите се дружев и бевме големо друштво, имав многу другарки со тек на време успеа тој да ме одалечи од сите. Директно не ми бранеше ништо ама секогаш кога ќе требаше да излезам некаде следуваа кавги и расправии. На почетокот од врската излегувавме ние двајца на кафе и цело време се лутеше зошто келнерот ме гледал, зошто овој ме погледнал, зошто оној па тие излегувања се сведоа на нула. На 20 години успеа да ме претвори во очајна домаќинка, постојано готвев зошто моите по цел ден на работа, миев садови, чистев и вечерта или да отидам кај него или тој ќе дојдеше кај нас и така ми минуваа деновите. Од насмеана и позитивна личност станав многу напната, нервозна, депресивна се живо почна да ме нервира. Цело време ме убедуваше дека тоа е за мое добро, дека тој сакал домаќинка жена што не скита, што си седи дома. Му викав дека ни владее монотонија во врската зошто се вртевме во круг да излеземе некаде, да направиме нешто тој ништо. Веќе не го ни сакав се беше само навика и рутина знаев дека не сакам повеќе да бидам во таа врска со човек кој ме ограничува да го живеам животот кој го сакам зошто тоа дефинитивно не бев јас. Пред околу 5-6 месеци на фб ми пиша еден друг дечко кој го знаев онака од видување учевме во исто школо беше една година постар од мене. Почнавме цело време да си пишуваме, секакви разговори водевме и почна да ми се допаѓа не викам не. Тој знаеше дека сум во врска, една вечер моите беа на свадба ми пиша нели излегуваш и тој не излегувал па ако сум сакала да поседиме. Знаев каде ќе ме одведе таа седенка сепак отидов, завршивме во кревет и не се каам беше преубава ноќ. Од една страна не се осеќав убаво зошто прв пат ми се случи такво нешто, од друга страна мислев дека е само за тогаш и дека таму ќе остане се. Таа ноќ за прв пат се чуствував како принцеза пред се како жена. Кога пробав да раскинам со дечко ми, нормално не му кажав за неверството имаше плачење од негова страна отишол кај мајка ми и зборел се и сешто. Па мајка ми квалитетно ме подбра дека не сум смеела да го оставам, скоро 3 години биле во прашање, неговите знаеле, комшиите знаеле сите знаеле ќе пукнел срам не знам што тогаш за прв пат и се развикав во животот на мајка ми тоест и се спротиставив. Додека вториот дечко уште следниот ден ми пиша да излезам на крајот од улицата да ме види. Излегов, ми носеше цвеќе. Наредниот ден пак, на крај излезе тој да се заљуби во мене. Продолживме да бидеме заедно, излегувавме на кафе, во други градови, ме запозна со другарите, излегувавме во парови и сега сум посреќна од било кога. Ми даде и златен прстен со 2 срциња, како ветувања дека еден ден ќе се земеме. Овие 4 месеци откако прв пат се видов со него, посреќна не сум била. Меѓутоа проблем се моите тие уште не знаат ништо за вториот дечко меѓутоа првиот сеуште доаѓа кај нас дома со надеж дека ќе се смириме. Тој ги врти моите против мене и тие немаат никакво разбирање за мене. Цело време ме ругаат, напаѓаат да сум се смирела со него да не сум ги срамела. Пробав да зборувам со мајка ми како жена со жена дека јас не сум среќна во таа врска, дека таа врска не ме исполнува, тој е болно љубоморен меѓутоа не наидов на никакво разбирање од нејзина страна. Исто и татко ми, тие го поддржуваат него тврдат дека тој бил вистинска прилика за мене. Не знам како да се отарасам од него, преку две вечеи доаѓа кај нас. Сакам да се откачам од него и мирно да продолжам о вториот.
А да им објасниш на твоите за неговата љубомора, за тоа дека благодарение на него ќе останеш паметна девојка без амбиции и диплома и дека уште од 20 години ќе бидеш домакинка? Девојко покажи им ги сите негативни страни од врската со него и секако ќе разберат. Објасни им на твоите дека сакаш да успееш во животот без разлика дали со одење на факултет или вработување. Дека сакаш да се изградиш како ТИ а не како ЖЕНА НА НЕКОЈСИ ЉУБОМОРЕН ПСИХОПАТ. Љубомората е нормална работа во една врска но неговото ... тоа е веќе работа на стручни лица. Не постои родител кој што не сака своето дете да успее и не се радува на успехот на своето чедо. Ќе разберат , а ако не кажи му на твојот бивши за новиот дечко и дека си вљубена со него па кој го ебе надевај се дека ќе престане да доаѓа. Не си ничија сопственост само тоа запомни го
Твоите изгледа по заљубени се во дечко ти отколку ти самата. Си му робувала нему, сега им робуваш на нив. Никој нема право да одлучува место тебе и да ти префрла вина за нешто што е лично твое а тоа се твоите емоции. Кога нејќе со арно , мораш да покажеш заби и да се избориш за себе.
Сум пробала многу пати да разговарам со моите, посебно со мајка ми дури и од порано зошто имав потреба да се искажам некому чисто да ми олесни на душата. За жал не наидував на никакво разбирање, мајка ми вика и таа се омажила млада, цело време дома не шетала никаде, не учела итн. Сум пробала на разни начини да и објаснам дека сега се други времиња, јас сакам да учам, да работам, да шетам, да живеам сум била многу глупава сум требала одамна да ја прекинам оваа безсмислена врска. Тој пред нив цело време им лицемери, а со мене е друга приказна. Тие се толку многу воодушевени од него, чудо едно. И разговори од фб им покажував да видат што ми пишува мене, а што збори пред нив и џабе нема ефект, нив им е побитен народот отколку сопственто дете. Лани бев поканета на вечера со класот од средно, па потоа на диско најчовечки му кажав и тоа пред моите дека сакам да идам ми одговори нема проблем, купив фустан се средив тој 15 минути пред да идам ми се дере на телефон дека немало потреба да идам, со тие луѓе сум завршила сега што ќе сум барала пак со нив, сама да сум акала по диска ако сум мрднела за 15 минути ќе се нацртал таму. Нормално не отидов цела ноќ плачев. И совршено јасно ми стана зошто го изневерила предходната, очигледно и неа ја напнувал вака многу. И милион други работи, ветуваше дека ќе се смени и поправи ама ништо од тоа. Да можеби сум виновна го изневерив ама таа врска просто ме гушеше, чуствував како некој да ме дави за врат, ќе пукнев. Ради него станав цело време нервозна, намуртена и напната. Вториот дечко ме сослуша, разбра и верувам дека ме засака многу. И да не беше тој секако ќе раскинев со првиот, не можев да издржам повеќе а да ги влечкам и двајцата за нос тоа не доаѓаше во предвид никако. Начинот на кој ме гледа, ми зборува, ме бакнува, неговото однесување кажува се. И тоа ми е доволно за да им се спротиставам за моите. Ако треба и ќе го уценам или јас или тој. Зошто сериозно ме разочараа овој пат, не верував дека се до толку по него. А тој и нема никаков осет милион пати му кажав не те сакам веќе, не доаѓај тој пак иде јас си седам во мојата соба, тој дреми со моите напразно,
Прво, никој не те тера да “робуваш” некому. Едноставно кога гледаш дека нешто не ти чини, ставаш граница. Друго, каде ги наоѓате тие кои одма сакаат да ве земат за жени? Сериозно, овде секоја втора е условна жртва на љубоморен дечко и наоѓа некој друг кој е совршен, не е љубоморен на дечково прв и исто сака да се ожени со неа. И трето, кога сте полнолетни и работоспособни, родителите не можат да ви забранат ништо. Им ја соопштувате вашата одлука и тоа е тоа. Или ја прифаќаат или живеат без вас. Се работи за ваша среќа, изборете се.
Здраво девојче! Се надевам советов ќе ми го сфатиш најдобронамерно. - Навистина не си требала да го изневериш, уште од старт кога си видела каков е си требала да пресечеш. Да ми брани да одам на факс, ма немој! Дали тој ќе ме школува, или тој ме израснал... Ама џабе, времето не се враќа. - Уште еднаш дечко носење дома, запознаваме, зближување - НЕ. Океј е да се знаат, ако се сретнат на улица да се поздрават најкултурно, како си, што си. Ама ништо повеќе од тоа. Јас имам 6 години дечко, дома не сум го однела, ма колку и да сака и тој и моите. Кога ќе ми биде вереник/маж нема проблем. - Дома ќе кажеш отворено дека без него ти е поубаво, ќе кажеш јас или тој ви е побитен. И ќе кажиш дека после толко време како „заробеник“ конечно си сфатила што е слобода, и дека има личност која повеќе те заслужува од него. - На него ќе му кажиш на мирен начин дека е крај, конечен крај. Ќе кажиш си почнала да се дружиш до други, и дека визијата за твојата иднина не го вклучува него. Можеш да му кажиш и за другово дете, мислам дека би било ферски. Подобро ти да му кажиш отколку некој друг и да почне да зборува за лаги. Знам дека не треба да се замареме за тоа што другите велат за нас, ама сепак сме мала држава, мали градови и се дознава се'. Мене лично ми смета друг да зборува лаги за мене кога не ме знае. И од кога ќе расчистиш се, не се брзи со овој. Млада си, имаш време за се'. Живеј си го животот, излегувај со луѓе. Човек кој не се дружи отупува да знаеш. Немој да си потклекнувала под некого! Од 1 до 10, ти вредиш 10000 и никој нема право да ти го одземе тоа.
Немој да му кажуваш на бившиот, за новиот... ни под разно. Уште поголем проблем ќе си направиш. Имав и јас еден таков психопат на времето.. само што моите не ме напнуваа да останам со него. Излажи ако треба.. Кажи и' на мајка ти, дека те удрил... Оти ако си со него, 100% ќе ти следи ќотек.. Редовен. Ги знам таквите, многу добро. Ако и тогаш твоите не застанат на твоја страна и не го отераат у три лепе, да не ви иди дома како ненормален, тогаш.. време ти е да мислиш да живееш сама. Најди си работа и подалеку од сите. Да имаат сите работа, и да се финансиски независни, многу помалку вакви глупости и нервози ќе имаше...
И јас сум против носење дечковци дома ама моите со неговите се фамилијарни пријатели па секако веќе го знаеа. Јас испаднав наивна уште на почеток ама тогаш бев помала и не размислував вака. На почетокот требаше да се спрориставам ама јас попуштив и испадна вака ко што испадна.Тој пред мене збореше едно, пред моите друго демек за мое добро и нормално моите го подржуваа него. Тој е добар и фер ми има помогнато многу не го оспорувм тоа ама ситуациите се менуваат, нашата врска не е тоа што беше. Голем притисок ми ствараше, многу ме напнуваше, се осеќав како во кафез се знаеше дека тоа ќе пукне некаде. Очигледно дека и затоа неговата бивша го изневерувала, можеби и сега знае дека постои друг човек во мојот живот ама пак доаѓа ме бара сеуште се надева дека можеби ќе се смириме. Јас го блокирав на социјалните мрежи и го блокирав неговиот ама пак стигнуваат изнвестувања дека ѕвони. А моите се посебна приказна, од мала секогаш бев добар ученик, добра ќерка, ги слушав, не сум ги лажела никогаш, немам правено глупости и не се научени да не е ништо по нив. Моите се најмал проблем, јас дечкото да го откачам да не ми доаѓа повеќе дома а за нив е помал проблем. Тие тврдат дека сум ги срамела пред комшиите и луѓето, зошто доаѓал тој тука сум идела јас таму срамота било да го оставам. Ама верувам дека и тоа ќе се реши со тек на време. Почнав да барам работа по огласи, другиот дечко ќе ми помогне па ќе видиме што ќе биде. Инаку ќе и поставам ултиматум на мајка ми или јас или тие и кажав веќе да најдам работа, да заземам плата ќе си најдам една соба под кирија и ќе си седам сама. Па тие нека си седат со него, кога толку го обожаваат. Не сакаат ни да ме сослушаат ко што треба, јас сум разлигавена во нивните очи. А не знам дали треба на првиот да му кажам за вториот. Ако му кажам директно дека има некој друг во мојот живот можеби ќе се откачи.
Нема да се откачи, ќе почне и да те навредува и да те нарекува секако. Не почнувај никаков муабет со него, а ако ти е 'пред очи', кажувај само: Не те сакам. Остави ме на мира! - толку.
Луѓе јас разговарав, кога сам виде дека има некој проблем ме преплави со пораки, но јас го чекав да заврши со работата да разговараме. Кога ме виде смирена, ладна, почна дури да петелчи. Лајковите не му значеле ништо, ќе излезела слика ќе лајкнел, ми се извина што сум се почустувала понижено ,тоа никад не му било намера. Сакаше да деактивира се, ми даваше пас, шифри глупости ама тоа е под мој левел. Од срце ви благодарам на сите за советите