Јас да сум после кога ќе ми звони јас нема да му се јавувам, чисто да види дека нема играчка со тебе, а ти ако се цениш доволно нема да му бидеш секогаш на закачалка оти кога ќе биде сам без нив, ќе се сети на тебе ако воопшто се сети ќе те побара само за да се испразне...
Аве женски нема врска тоа.Не го слуша.Нонстоп ми крева.Не сум јас на закачалка оти така викате. Стално сме заедно.Двајцата си ги задоволуваме потребите и немаме проблем околу тоа.Некогаш и јас не го слушам телефонот.Сега ми звонеше ми рече ајде сакам. Ме нервира и мене тоа не слушање на телефон.Му реков да си го чуваш до тебе следен пат мобилниот. И ако женското предложи нешто и аконсака одма сметате дека е закачалка и демек резерва. Ние сме во долга врска.Не сме 3 месеци заедно за да се докажуваме.
Пред 1 сат се разделивме.Не се дешава ова вака никогаш.Освен кога е дома и не го слуша телефонот.Да е излезен нонстоп крева никогаш не сум чекала така. А и јас да сум дома мочам едно другонсе капам нормално, па и со друштво да седам.
Не е чудно што предходната го напуштила. Јас да сум како тебе кога ќе дојде кај мене дома ќе се пицнам и ќе излезам, ако сака и на глава нека застане ти излези си. Направи му така 2-3пати ќе видиш дали ќе иде. Овој дечково е изгледа синче на мама и тате па што неможе да дозволи жената да му работи и цел му е само да му биде роб и слугинка со тоа што нема да ја пушти да се школува и нема да и даде шанса да биде некогаш независна. А и на твоите им се чудам на паметот бил добра прилика? Уште ли има луѓе кои си го мажат детето во семејсво кои се добра прилика? Зарем среќата на сопственото чедо не е најбитна?
Кaкo бе тaкa. Ем не ти кaжувa кoнкретнo кaкo се дa му е пoбитнo oдкoлку дa се видите ем не кревa. Не ми е јaснo зoштo гo тoлерирaш. А aкo не сaкa и дa спиете знaчи имa другa..И aкo сaкa дa те види вo случaј дa бил сo другaри мoже бaрем нa крaткo дa се видите aкo се зaседнaле. Вooпштo не се oднесувa oк.
@lunchy Како бре така и зборуваш дека ако не сака да спијат, значи има друга?! Тебе ти е дојдено до секс секогаш?? Па и јас има периоди кога не сакам ни с од секс, има периоди кога сакам да си излегувам со другари и другарки и интересно ќе ми почне вечерта и не ми се станува, има периоди кога го оставам телефонот во друга соба и си пуштам филм во дневна. Дечко ми не ми преречел никогаш. Или на пример кога дечко ми е сам дома и си свири на гитарата, а бре ако сакаш истепи се од ѕвонење нема шанси да го примети телефонот од што е цел внесен во свирењето. Не правете од мравка слон. Спиела кај него, после седеле. Па не е да не се виделе 30238023 години, па сега да е „загорена“, а тој излегол со другари. Биле скоро цел ден заедно, па си излегол со другари човекот.
Не се врти се околу нас женските, и не се врти се околу машките. Сепак сите си имаме свои потреби и желни на моменти. Не сме за папочни врвци врзани. Ако е излезен, излези и ти и готово. Колку пати сум излегла на пример со друштво, и требало да речам за три саата да одам кај дечко ми. Ама ете има моменти (не често, и не секогаш) кога ќе си заседнете, интересно ви е и времето лети и не ти се станува. И едноставно ќе му речам дека нема да одам, дека не ми се станува и не ми прави никаков проблем дека сум кажала дека ќе одам, па како сега нема да одам...
А каде прочита дека само излегува и не сака секс? Чим спие кај него дома, дури и кога неговите се дома што мислиш гоблени везат навечер двацата заедно? Ако не ти се е*е секоја вечер не значи дека имаш друга за тоа... Па јас кога имам испит, некогаш и недела претходно не помислувам на секс од нервози. Тоа не значи дека во читална се плескам со некој настрана.
@lunchy Оладена сум јас. Само се нервирам кога се сфаќа се' здраво за готово. Девојчето совет побара, вие главата и ја наполнивте со глупости. Одма чим не сака секс со тебе вечер, има друга. Како да имате 15 години, а ве читам по другите мислења дека сте на факултет. Нека му врзе синџирче на вратот и да го влече кога ќе и затреба...
@EraBon каде прочита дека и исклучува? Да ми исклучува секако би ме копкало. Ама си наддавате од вас. Девојчето убаво рече дека не го слушал телефонот, и на крај и се јавил. Боже Господе... Не е дека не ми е гајле, ама не сум му господарка на неговиот живот и време. И што, демек кога е излезен треба до детал да знам што прави? Па ако сака да направи нешто ќе ми каже дека ќе спие и ќе фати патот, и јас од каде можам да знам? Вакви опсесивни мислења како вашите кажуваат дека немате доверба во партнерот, а тоа е многу лошо. Дечко ми кога е излезен не го замарам. Само му викам кога ќе си оди дома да ми пише порака дури и да спијам за да знам дека е стасан здрав и жив, дека не возел пијан и нешто не му се десило. Му верувам. А вака да имам контрола не секое движење, знам дека ќе му скурчи на секого такво однесување и кога-тогаш ќе пукне тиквата.
Абе женски јас викам едно вие друго.Си реков дека ќе замини со нив а неможам да го добијам.И ќе ми пропадни планот мој.Он не знаеше не сме се ни договориле. После се чувме купил кондоми и отидов.Вечерта беше убава.И му реков др пат до тебе телефонот оти можеби ќе ми требаш веднаш нешто.Вика не ми се случува ова секогаш ептен ретко се заборавам игравме карти готово. Тоа беше.И најмногу ми беше нервозата дека него нема да му текни за вечерва ама ете му текна.Така си правев филмови јас. Само прашав дали е океј јас да иницирам вака иако цел ден сме биле заедно да не е глупаво.Ама сметав дека не е и затоа предложив.
Имаме ние редовно односи.Ако ме одбива сигурно ќе го сетам.Не ми бега мене ништо. Друго беше работата.
Извини вака ама на маж ако не му е до секс има нешто Вие може да се тешите само дека не е ништо и вас ви се случува да не сте расположени за секс. Е маж секогаш е
Не е точно. Воопшто не станува збор за утеха. Мажите не се на батерии, и тие имаат лоши денови кога се преморени или имаат некакви проблеми, или едноставно сакаат таа вечер да ја поминат во машко друштво.
Извини вака, ама има денови кога дечко ми е на работа од сабајле до 6,7 (програмер е, умствено се исцрпува). После татко му ќе му рече оди на лозјето, или ќе му даде некоја друга обврска што бара физичка работа. Па на сето тоа, во 11 кога ќе се прибере некогаш треба од дома да поработи уште малце на компјутер бидејќи е ограничен на рок. И во 12-1 кога ќе легне во кревет, дали јас треба да го тегнам да имаме секс? Значи се случува да легне и за 3 секунди да заспие од што е преморен. Да го будам? Дали е тоа фер од моја страна? Или да го терам да излегува за да се видиме ако не сум кај него? Јас рака сечам дека тогаш навистина му се спие, посебно ако и наредниот ден ќе му буде таков. Нема сила очите да ги држи отворени дури... Што ви е на вас луѓе? Кога ве читам некогаш, мислам дека не припаѓам на иста планета со вас.