јас пак со проблем (божем нешто ново ви кажувам) во последно време го сменав малце понашањето (добро не малце, многу го сменав), станав како да ви кажам.....демек да не сум многу напорна и досадна, љубоморна, си реков ајде крај.од денес ке си стабилна, нема да си опседната со него, нема да си љубоморна...и се тие работи, со еден збор нема да го замараш и гушиш(пошо машките го мразат тоа). лелееее што ми се деси.. јас се така индиферентна, дечко ми почна многу да се плаши.неможам да ви опишам каков СТРАВ му гледав во очите, абе исто како со поглед да ми викаше `ке ме оставиш ке ме оставиш` , па душичка почнал да си мисли дека не ми е гајле за него, дека сум планирала со друг да правам нешо само сум чекала он да ми раскине....и викендов излегов без него ( за прв пат после незнам доооооолго време пошо заедно сме 2 години и кусур и ај си реков и јас да излезам еднаш, синкир ке направам чудо).неможам да ви опишам каков беше..како цел свет да му се срушил, како да го оставив, како да не сакам да сум со него. а верувајте ми пошо глеам сите имате долги врски и сигурно знаете дека БЕЗ НЕГО НЕМОЖАМ ДА ДИШАМ,и незнам како да му докажам.не сум човек што знае да се покаже со дела многу....и неможам да го гледам така уплашен,ме боли срцето..незнам дал ме сваќате.ај си реков бегај каква ти не напорна каква ти не љубоморна....сега сакам да пробам да сум нормална..до границите...ама незнам како да му докажам дека он ми е се...неможам да ви опишам како ми е..дебилна сум многу..и не сакам да седи и да се нервира и да мисли дека ке заминам оти јас на тоа никогаш не сум спремна, не можам без него...ама незнам како да се искажам во дела...никогаш и не сум знаела..тоа ми е најголема маана во животов и многу ме кошта...
Mене не ми е јасно зошто уште се умараш. Ако имаш ти кандида, а ако не сте користеле кондом, со сигурност има и тој, и џабе ќе се лечиш ти ако не се лечи и тој. Ако несака ни да чуе, исто така постапи и ти. И ај кажи ми што ке изгубиш ако си храбра??? Па ако тој не се грижи за ова, зар те заслужува? Неќел ни да чуе.....епа ок, кажи мукоа ќе се реши нека те побара.
не губам јас мислам...губи тој.....а декиа јас ке бидам на закачалка како со мисли тој се лажи....само сака да си дојде пак кај мене...е па тогаш...сега мие малку тешкичко заради тоа шт не очекував од него таква раб...и што онака се се распадна без причина да ми каже....и ме игнорираше како па незнам што да сум направила
Епа, еден плус ти е што ти си свесна дека тој губи а не ти.....тоа, што како зашто....само заблагодари се на бога, што на ввреме си отворила очи. Не велам дека е некој лош, зошто не знам како ти било со него. Но, ти кажав, коа ќе се освести нека се јави а до тогаш, нека знае дека он е губитникот. Нагласи му го тоа....
Е како де, со тоа што јасно и гласно ќе му дадеш до знаење дека неможе да си игра. Стави крај ти...Со зборови дека, сака да игра така, ти си доволно храбра да ставиш крај на таа игра...и толлку
Само јас да додадам нешто за проблемот на gospparkernizaedna дека не значи ако ти имаш кандида дека тој ќе биде заразен со тоа.И јас имав кандида и имав сексуални односи со дечко ми па не го заразив.Тогаш сеуште не ни знаев што е тоа кандида,па овде на форумов добро проучив.И те молам објасни му на дечко ти зашто се гледа дека НЕМА ПОЈМА од ништо во животот и многу е неискусен. А и искрено ова вашево не ми изгледа на љубов и нема потреба ти толку да му удоволуваш.За возврат што прави тој за тебе?Ако те сака вистински нема шанса така да се однесува кон тебе.
Либра... имаш две опции... Или да му кажеш директно: „Душо.. како ти се допаѓам со вакво понашање, не ти чинев дека те гушев, а вака како е, која страна повеќе ти се допаѓа„ Или со дела да му покажеш дека ти значи, кога сте заедно оспипувај го со љубов и нежности, купи му подарок, чоколадо, некои интересни колачиња...
Да ти го кажам мојот пример.Пред 3 години имав некој наод на ПАП тестот и отидов на гинеколог повторно за други тестови да направам.Во тој период со дечкото имавме заштитен секс па логично е дека некоја бактерија ми била од претходно.Кога му кажав дека најверојатно имам нешто не му беше гајле за ништо друго освем за мене и за моето здравје.Се додека не стигнаа резултатите од другите тестови тој беше позагрижен и од мене!!!Видиш и вака можело да се реагира!!!!Па размисли навистина колку му значиш ти или си бара некоја глупава Кандида за изговор.
кога ке ги прочитам мислењата навистина гледам дека не му е галје за мене....ајде и тоа ке помина...но што со самиот коплекс што ми го наби?????? сега од кога мис е случи тоа нон стоп мислам леле еве сега ми мириса еве сега сите можат тоа да го осетат.....леле еве сега имам кламидија( затоа што прочитав дека ги има сличните симтоми со миризабта) и како да го направам да пати да не знае главата кај му е?????
Мимс и ја го имам истиот проблем со финансии и со ретко излегување во град, ама веќе се навикнав на фактот дека почесто од еднаш месечно искачање со него, нема Ама затоа па секој момент кога сме слободни, дали за викенди или пред работа кога сум 2 смена или навечер кога сум 1 смена, го користиме да се видиме. Во населба ке прошетаме, ке глеаме филм кај него/мене или викенди ако дозволува времето пешки до парк ке шетнеме. Во случајов јас сум таа што работи и заработува, а он е при крај на електро, студент, невработен, а дома финансиите крш, едвај крај со крај Понекогаш да ви кажам ми доаѓа преку глава и се осеќам уморно зашто секогаш јас сум иницијатор за шетање, а него ретко кога му текнува да предложи нешо, освен за кај него дома. Ама па од др. страна не можам да му се љутам и да го откачам само ради пари, не е тоа доволно добра причина (барем според мене) да се напушти особата која ти значи во животот (исправете ме ако грешам). Јас сум трпелива, се додека е добар со мене и ми покажува дека му значам. Парите доаѓаат и си одат, пролазна работа се, луѓето остануваат Ќе дојдат и неговите 5 минути, ќе заврши, ќе најде работа, ќе има пари па ке видиме бел ден, се надевам
Луѓе немам проблем ама совет ми треба Вака сеа имам едно другарче на факс и уште на почетокот се зближивме,али онака другарски Ама после тоа дечково почана да ми се пуштаа...мене прво не ми се свиѓаше амааа последниве 2-3 така симпатичен ми стана И сеа сакам да му пишам порака ама не сум сигурна Немам проблем со тоа да превземам прва чекор него дека ми е другарче па некако глупо ми паѓа Значи сума сумарум сакам да ме посоветувате дали да му пишам
зошто да не му пишеш сега кога си сигурна дека он тебе те свиѓа и ти се пушта. пушти му малце вдичка за да сфати дека и ти се заинтересирана, пошо ако не покажуваш никакви знаци, може и да се откаже... ич да не ти е непријатно после тоа сами ќе си се наредат работите...верувај
Девојки ми треба ваш совет. Малку се скарав со душичката моја и криво ми е Денес пред да си оди на работа беше кај мене, седевме и разгледувавме слики. Наидовме на еден албум со мои слики од 2006год. Во албумот имаше слики од одмор,тогаш бев на одмор со мојот бивши, но негова слика немаше ( сите ги имам фрлено) само јас бев на сликите. Ме праша од каде се овие слики ( му објаснив), ме праша со кого сум била тогаш на одмор. Во тој момент не знаев што да му одговорам. Молчев, тој се сети, знаеше дека сум била со него на одмор, но сликите каде што бев јас сликана сама ги чував. Требаше да ги тргнам , знам дека е премногу чувствителен и ако ги види нема да му биде сеедно, ќе го повредам но не ми текнало на тоа. Многу се изнервира. За се што се имаме карано до сега било моја вина за некои такви слики и др. ситници. Ненамерно повеќе пати го имам повредувано и навистина ми е жал. Скоро во сите ситуации испаѓало како јас да сум машко а тој женско, никогаш ништо му немам најдено, никогаш ништо од мене не криел и не излажал. Пред некој период кога ме праша да ли имам се расчистено и фрлено јас му реков да, а сега испадна дека чувам некои слики каде што сум била на одмор со бившиот. Бидејќи немаше многу време требаше да оди на работа, многу малку разговаравме и замина нервозен. Што да сторам за да му се извинам вечер кога ќе се врати? Дајте ми некој совет?
И јас го имам истиот проблем понекогаш,но малиот мора да сфати дека тоа е нешто од минатото кое завршило.И сигурно има и причина зошто завршило и не трае веќе нели? Доказ за тоа му е дека сликите на кои бил бившиот се веќе фрлени. Не објаснувај премногу. Мораат да научат да живеат со фактот дека и пред нив сме имале живот,впрочем како и тие самите нели?