Ако имаме секс, а едниот да не сака, е*ате сексот. Или квалитетен секс, или никаков. Ако мислите дека чест секс е гаранција дека партнерот нема да е*е друга, сте се зафркнале.
Вака, мојот дечко беше запишан т.е уште е запишан на потежок факултет. Нема ништо положено и не учи дури не ги учи ни полесните предмети кои секој со малку труд може да ги положи. Многу често му зборувам за ова, што е проблемот и зошто воопшто е запишан и се презапишува кога ништо не прави во врска со тоа. Он вика дека нема навика да учи и дека попрво ќе прави друга работа него да учи.. и ме нервира, знам дека не е моја работа но стварно ме нервира и секогаш одбегнува да правиме муабет за ова. Др факс не го интересира, а овде ништо не прави, секој нареден семестар вели дека ќе учи и пак е истото. Пак ќе кажам, знам дека не е мое да се мешам. Многу често и моите дома ѓе прашуваат до каде е со факс и кога кажувам реагираат како така па нели полагаше ова она ништо ли не направи и ми се прават нервози не знам дали можам нешто да направам советувајте ме.
Тогаш проблем е... Едно од тие две треба да прави.. или да работи, или да студира. Како да го натераш, не знам.. некој ако не сака нешто.. тешко. Ама можеш да разговараш без да го убедуваш што да прави. Поставувај му прашања за него: што сака, како се чувствува, што му е интересно, што го мачи, што го радува... Откако ќе откриеш што е позади, полесно ќе можете да најдете заеднички јазик...
Штом не учи, ќе го откажи факултетот само прашање на време е. Не може вечно да презапишува години. Жално за родителите, спечалени пари со труд а залудно потрошени.
Он е разочаран од катастрофа условите на факсот, од незаинтересираноста на проф. итн.. ама не може ете ради тоа да не правиш ништо. Не е само он што го мисли тоа и плус вака или онака како што др седнуваат се снаоѓаат и имаат време може и он ама он се вади на тоа што било ужасно.
Епа не реагираат сите исто. Можеби него повеќе го потиштува, отколку останатите. Можете да разговарате за тоа да смени факултет, или да најде работа.. што и да е...
ова се само работи на кои се вади. и јас вака се вадев, ама дипломирав годинава. Како за него така за сите, секоја често на исклучоци што имаат пријатели на факсот, ама во глобала е така тешко за сите.
За да нема нервози, или учиш...или работиш...трето нема Треба тогаш да зборуваш, со него..дали сака да работи
Здраво девојки, имам еден проблем и ми треба помош и совет од ваша страна. Вака, со дечко ми идеме скоро 3 години. Скоро секогаш се е во ред, немаме никакви проблеми и можеби звучи глупо да кажам но нашата врска не е како другите врски на наши години (имаме по 18 години, знам дека сме млади ама сепак). Тој воедно ми е и најдобар другар и дечко и некој на кој прв би можела да сметам и да се потпрам во тешките времиња. Тој секогаш е тука за мене, на прво место ги става моите, па потоа неговите желби. Кратко кажано во неговиот живот јас сум на прво место во се и јас сум му најважна од сите. И тука се јавува проблемот. Јас го сакам, не можам да кажам дека не го сакам ама нашите главни кавги и расправии се тоа што тој нема свое ЈАС, тој се води по мојот памет што се вика. Буквално ме чува ко капка на дланка, но верувајте ми тоа понекогаш гуши. Никогаш ми нема забрането ништо, се што сакам се прави за мене и слични работи и баш затоа понекогаш се чуствуам ко да идам со кученце кое ме следи сегде, а не со нормален, вистински дечко. Можеби звучам неблагодарно за тоа што го имам, затоа што знам дека многумина го сакаат, ама ете мене ме гуши и не знам. Тој си планира заедничка иднина и се, а се што сакам јас е да си го проживеам животот што се вика додека можам. Не е дека сакам други машки, ама едноставно сакам да сум слободна. Од друга страна кога ќе помислам да му раскинам, почнувам да паничам затоа што никогаш не би сакала да го загубам ко пријател, а знам дека ќе го загубам, затоа што како што спомнав и погоре тој ми е најголемата поддршка во животот. Зборувавме на оваа тема и тој ми вика дека ќе ми даде простор колку и да ми треба, само да не му раскинувам ама едноставно не знам, знам дека го повредувам вака затоа што се оддалечувам од него и се затварам во себеси, а последното нешто што го сакам во животот е да го повредам. Инаку он вака се е супер дечко, сите го сакаат во градот, никој нема да каже нешто лошо за него. Тој сака ние да останеме засекогаш заедно, но јас нема да можам така. Се познавам себеси. Како што напоменав погоре, не сакам други машки, едноставно сакам простор за мене. А ако раскинеме знам дека ќе ми фали и дека ќе го загубам.Зборував и со мајка ми и со мојата најдобра другарка, тие и двете ми кажаа ќе се каеш, премногу те чува и сака, не го отфрлај она што го имаш. Ама како да си ги отфрлам овие чусвства во мене што се моментално? Не можам со него да останам засекогаш само заради тоа што тој толку ме сака и чува. Сето тоа е во ред, ама едноставно понекогаш премногу ме гуши со таа негова љубов. Овие мисли веќе ми се моткаат во главата повеќе од 1 месец и едноставно морав да ги споделам со некого и да побарам совет. Што да правам? Дали некој некогап бил во иста ситуација ко мене?
Има и тој свое друштво и јас мое, но сепак тој секогаш чека првин јас да направам планови па тогаш тој прави. Се ориентира секогаш според мене, јас секогаш сум во центарот на неговиот свет..
Не можеби, туку сигурно. Како и да е, ти го имаш најдобриот дечко, можеби ќе немаш друга, ваква шанса...Ама тоа ти се допаѓа, нели... Веројатно, сакаш..да се слушата, или бидете заедно..на разлика, од некои 5-6 дена, па go for it.
Зошто не му го кажеш сето тоа, дај си време сама на себе и одреден период не се гледајте секој ден. Ова не е причина за раскинување, инече да те прашам го сакаш ли? Ама како дечко, како човек со кој би имала семејство, не како човек кој е добар, фин и ти оди по газот.
Го сакам. Ама сакам дечко кој ќе има свое ЈАС. Ќе се расправа со мене кога е време за расправање (а не и јас да сум виновна, кога јас почнам да се расправам ТОЈ ми се извинува..), ќе се смее со мене кога е време за смеење. И како што кажав јас го сакам него, ама не го сакам кога ми оди се по мој ќеф и кога ќе ми оди се по газ како што викате вие. Сакам некој со кој ќе имам разбирање и компромис а не некој што ќе ми изиграва кученце кое трчка по мене.
Како функционираше 3 години вака? И јас се сложувам не би можела со таков човек, сакам да има свој став за се. Разговарај и кажи му се директно, дај му време и него и себе. Сепак помали сте, има шанси и да се промени така да разговор.
Што прави тој со својот живот и дали се' што прави е зошто ти така си сакала, или има и работи кои биле негов избор? Работа? Школо? Погледи на светот? Ставови?
Скоро па да нема. Дури и кога купува патики прво ми ги праќа мене за да му кажам дали се убави и ако ми се допаѓаат мене тој ги зима Исто како во брак да сме, па и полошо..