Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.198
    Пол:
    Женски
    Ок де, кажа ти досега неколку пати кој ти е проблемот, сфативме. Јас ти кажувам од мој аспект, нели тука си за да прочиташ различни мислења?
    Јас кога сум слаба со финансии одбивам и на кафе да излезам, а не па одмор да планирам. На одмор се оди со вишок пари, не со мањак. Ама ти си знаеш...
     
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.307
    Каква врска има со 'принципи' муабетов?

    Срамота е, на 30 години, да не научил дека во животот не оди секогаш, се' како што планираш.
     
    На Unique__, Annora и lunchy им се допаѓа ова.
  3. lunchy

    lunchy Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2016
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    311
    Пол:
    Женски
    Дaј му шaнсa. Мoжеби сo тек нa време ќе сaкaш и дa ти е пoвеќе oд другaр. Еве и јaс нa пoчетoк не знaев дaли сaкaм врскa или не бидејќи бев зaтрескaнa вo бившиoт, a денескa сум зaљубенa и гo сaкaм мнoгу.
     
    На celineparis и carangigia им се допаѓа ова.
  4. Jane.Birkin

    Jane.Birkin Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2017
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    1.942
    Пол:
    Женски
    Еве вака еден проблем што ми лежи на душата и сакам да слушнам повеќе мислења.
    Со дечко ми сме во врска две ипол години. Тој работи во Германија, јас студирам во Скопје. Уште кога се запознавме имаше привлечност и некоја заедничка аура помеѓу нас и многу брзо се заљубивме еден во друг. Врската ни беше совршена, со многу разбирање, сакање, лош збор си немавме кажано еден на друг година ипол. Тој е мојата единствена љубов, сум излегувала со машки пред него ама не било тоа тоа.
    Проблемите почнаа кога тој се запозна со моите родители. Мајка ми знаеше за него, дека се дружиме, си пишуваме ама мислеше дека не е толку озбилно. После некое време му кажа на татко ми за него и го поканија да дојде кај нас да се запознаат. Јас не бев дома (бев на маникир), ама се запознале се било океј итн. Моите супер го прифатија и се океј на почетокот. Секој ден го викаа на гости, дури и кога си има работа или кога е на кафе, мајка ми ќе му се јави и дојди кај нас за пола саат ова она. Некако почнаа да стануваат напорни. Кога тој е таму, ќе му се јави мајка ми на video call и му прави муабет по два/три саати. Кога тој е во Македонија, постојано е кај нас на гости и ние се имаме помалку и помалку време да бидеме сами бидејќи не може да ги одбие. Ако не дојде кај нас или било каде заедно со нас, веднаш ќе се налутат ова она. Почнавме да се караме за тоа. Јас го разбирам, ќе си дојде на две/три недели и сака да се види и со пријатели и со роднини, а тој постојано е кај нас. Дури и на одмор бевме со нив, а не сме деца. Возрасни сме, а тие ме третираат како дете. Почнаа да кажуваат што им сметало кај него, што требало да прави со парите, да ми префрлаат на мене како се облекува. Неговата куќа не е баш средена, средува едно по едно ама не е како кај нас. Постојано ми префрлаат и за тоа, дека нерационално ги трошел парите, а не за тоа што требало, дека татко му сега напушти од работа бидејќи има некои здравствени проблеми (постар човек е), па и за тоа дека луѓето зборувале дека неговите имаат мали примања. Многу колешки на мајка ми и префрлаат дека не сум била за таа фамилија овака онака, знаете типични малограѓански муабети. Почнавме и двајцата да се нервираме поради сите муабети, случувања, да се караме почесто, понекогаш само молчиме во колата кога сме заедно, непријатна тишина. Како да се одалечивме еден од друг.
    Капакот на се беше сега пред некој ден. Мајка ми почна да се дружи со мајка му, ова она. Да си разменуваат некои работи. Имаме овоштарник и отидовме да набереме јаболки за нив и плус грозје. Мајка ми и однесе со колата една гајба јаболки и грозје (блиску живееме), скоро да сме комшии. Јаболките некои внатре имало црвчиња, некои набиени и демек не биле добри. Пишувам демек бидејќи беа добри, сите заедно ги беревме. Мајка му почнала да плаче демек сме ја навредиле со тоа што сме и дале такви јаболки, па дури и му се јавила на него да му се пожали. Жената не е лоша, секогаш била океј спрема мене, не знам зошто така направила. Не е било со таа намера, па и да е имало некоја не добра, сепак некој ти дал нешто. Се јавивме сите заедно да го слушнеме и тој кажа. Не се добри, мајка ми плаче поради тоа, ова она и моите го слушаа тоа. Можеби во него е вината бидејќи така не се кажува, ама мојте многу се навредија. Му кажаа дека сега не е бербата и дека кога ќе ги береме, ќе избереме екстра јаболки.
    После тоа хаос. Префрлање од нивна страна, како тоа може да го каже, како мајка му да плаче за таква работа, не размислува што да каже дека е навреда за нас. Мајка ми се јави на мајка му и и кажа дека од сега ќе се само на здраво и толку. Татко ми не престанува да зборе лошо за него. Психички терор доживувам дома. Мајка ми се јави и на него додека јас спиев. Со некои си закани не знам што триста чуда, а од претходно добар однос. Веќе не го ниту спомнуваат, татко ми ниту прашува за него.
    Моите не се лоши луѓе. Секогаш сум имала што сакам, ме чувале убаво, никогаш ништо не ми фалело.
    Кога ќе им кажам нешто против нив веднаш и двајцата против мене и секогаш тие се во право. Не ме прашуваат како се чувствувам. Моето размислување не е во ред. Како два лава. Секогаш тие се во право, а дечко ми не е. Не знам како да постапувам веќе. Како да сум на две столици. Голема врска, многу љубов и еден куп проблеми. Мислам дека сакаат да раскинеме, не го кажуваат дирекно ама мислам дека камен ќе им падне од срце. Зависна сум од нив финансиски, не даваат да работам и по цело лето сум дома освен кога сум на одмор или некаде на гости. Како душата да ми се кине, како да сум неспособна за ништо.
    Не знам како да постапувам, што да правам, ептен се чувствувам лошо. Целиот товар е на мене.

    Ако има некој да ми даде некое решение, не сакам да раскинам бидејќи се сакаме и двајцата, а од друга страна подобро ми беше кога немав дечко. Слободна одев кај сакам и до колку сакам. Ниту контроли ниту ништо. Ова веќе не е нормално:(
     
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.307
    По уши, прво и основно ти твоите, а после и тој неговите.
    Вие како да не сте само вие двајца во врска, туку како фамилиите да ви се во врска.

    Нема што отчет да им давате ни на едните ни на другите, и нема што дечко ти да доаѓа и зборува со твоите со саати (тоа мораш ти да им го забраниш на твоите, буквално), и нема што неговите и твоите да си играат другачиња.
     
    На crimson, Purelove92, Annora и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Jane.Birkin

    Jane.Birkin Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2017
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    1.942
    Пол:
    Женски
    Да беше така едноставно немаше да пишувам во темата и да барам совети. Не живеам во Скопје, па да не се познаваат. Живеам во помал град. Секој со секој се знае. Плус тоа, кажав дека јас сум зависна финансиски од нив, а дечко ми не е од неговите. Велат моите, додека си во наша куќа, наши правила јбг
     
  7. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.364
    Допаѓања:
    6.892
    Пол:
    Женски
    Многу големи грешки имаш тука, посебно ти.
    Прво незнам зошто си дозволила толку да го малтретираат, буквално секој ден да доаѓа кај вас, па и да разговара со мајка ти по 3 и пол часа на телефон. Можеби него му било непријатно да ги одбие, ама тебе родители ти се, ќе им кажеш дека не сакаш целото негово слободно време да го поминувате со нив. Каде беше ти додека ова се случуваше, зошто не си изреагирала никако?
    Второ не е нивна работа како тој ги троши парите кои сам си ги заработува. Како може да се мешаат во такви работи? Нели некогаш си се потрудила да им кажеш до каде им се границите?
    Трето, незнам која била потребата од толку зближување на фамилиите, ама причината поради која се скарале ми е бизарна. Толку драми и скандали, за буквално ништо.

    Како и да е, со оглед на тоа дека неколку пати напомена дека си возрасна, незнам како си дозволила сите овие работи да се случат и не си преземала ништо кога си видела дека се поминуваат одредени граници. Ако си возрасна, неможе родителите да ти забранат да работиш. До кога мислиш да зависиш од нив? Ако самата не си помогнеш, нема никој да ти помогне.

    Многу себично од нивна страна. До вчера супер им бил, од денес повеќе не го сакаат. А каде се твоите чувства тука?
    Најпрво ќе им се спротиставиш, ќе им објасниш дека не си мало дете и неможат да управуваат со твојот живот и да ти се мешаат во врската. Ќе ги известиш дека штом најдеш работа ќе почниш да работиш, што е многу нормално за секој млад човек. Ако не те поддржуваат, не ни мораат. Не си ја уништувајте врската со вакви работи, гледајте вас да ви биди убаво.
     
    На crimson, Joi, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Unique__

    Unique__ Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2018
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Изгледа не ме сфати баш добро, јас секако не бев за одмор бидејќи бев слабо финансиски обезбедена тој период кога сакаше тој, тој знае дека не можев и затоа му предложив во септември да отидеме на одмор кај моите при што се согласија и самите а тој се напна бидејќи мислел дека јас ќе се премислам за да одиме заедно било каде, и сега јас сум виновната зошто тој ги откачил сите.
    Немаше да се лутам доколку избереше да оди со друштво знаејќи ја мојата ситуација.

    Епа ете, средивме некако, ќе видеме до кога.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.307
    И моите се конзервативни (татко ми е веќе починат), и јас не сум од Скопје по потекло, и тие се обидуваа да ми наметнат работи по нивно, ама не сум им давала. Малку-по малку ќе менуваш работи. Прво, спомни им за тоа што му се јавува мајка ти на телефон... откако ќе прекине со тоа, почни со тоа што го канат на гости на секое. Откако ќе прекине тоа.. со трето.. итн итн

    Ајде.. па да пишуваш за убаво :) :hug:
     
    На Unique__ му/ѝ се допаѓа ова.
  10. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.506
    Пол:
    Женски
    Нивни правила помеѓу ќерка и родител. Не може и не смее нивни правила помеѓу тебе и партнерот. Тоа е само ваша врска и никој не може да кажува правила.
    Родители ти се, кажи им дека не сакаш така и дека сето тоа однесување го лади односот помеѓу вас двајцата.
    Јас разбирам да сакаат да го запознаат ама претерано е ова.
    Не смееш да си дозволиш да ти влијаат на врската. Ако го посакуваат најдоброто за тебе, ќе се повлечат.
     
    На Jane.Birkin и WildMk им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.307
    Како две свекрви да има дома девојчево..
     
    На crimson, Someonespecial, Nausicaa и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Jane.Birkin

    Jane.Birkin Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2017
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    1.942
    Пол:
    Женски
    Многу пати сум изреагирала за доаѓањето ама секогаш ќе му се јавува мајка ми по 3/4 пати се додека не дојде. Не знам како да им кажам веќе.
    Тие дирекно не му зборуваат на него околу трошењето на парите туку на мене. Не не одиме да јадеме многу по ресторани, требало да штеди пари за куќата итн. итн.
    Причината и на мене ми е бизерна, ама од ништо се направи хаос. Не ми е јасно стварно. За неколку кила јаболки.
    Не сум толку возрасна. Имам 19 години сега уште малку 20. Студентка сум и бидејќи имам многу обврски на факс не можам да работам. Преку лето сакав да работам кај мајка ми во лабараторија ама не ми дозволија бидејќи беше со три/месечен договор и не можев да идам на одмор.
     
  13. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.506
    Пол:
    Женски
    Млади сте. Какво штедење, каква куќа. Шетајте, одете на одмор.
    Има време и за другите работи, уживајте во младоста.
     
    На Annora му/ѝ се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.307
    Нека не и' дига слушалка и готово... Еее.. веќе...
     
    На Annora му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Jane.Birkin

    Jane.Birkin Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2017
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    1.942
    Пол:
    Женски
    Јас сум 20 ама тој не е 20. Тој накај 30 скоро. Можеби тоа да е проблем. Не е тој дете веќе:)
     
  16. Unique__

    Unique__ Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2018
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    @Jane.Birkin јас да сум како тебе ќе му речам да си го промени бројот а тој мора да покаже заби на нив дури иако се твои родители треба да се знае редот.
    Па мајка ми никогаш ги нема замарано моите партнери по телефон, а толкава контрола не е добро, ти кажувам и од лично искуство.
     
    На Joi, sparklie, Someonespecial и 6 други им се допаѓа ова.
  17. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.506
    Пол:
    Женски
    Добро, во ред е да сакаат ќерката да има удобен живот. Но не можат на секое тебе да те малтрерираат за пари, куќа, колку трошел тој итн.
    Возрасен е, ако размислува за брак, сигурно и тој ги има земено овие работи во предвид. Плус и сама кажа дека малку по малку ја средува куќата.
     
    На Unique__, WildMk и Jane.Birkin им се допаѓа ова.
  18. Jane.Birkin

    Jane.Birkin Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2017
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    1.942
    Пол:
    Женски
    Не кажав дека се конзервативни. Баш поради тоа и ми е чудно. Секогаш се ми дозволувале порано. Возачка дозвола на 18 години, колата кога сакам ја возам. Журки, кафиња, секогаш брендирана облека и пари буквално за се. Многу пати и кажувам на мајка ми, таа како да е вљубена во него, ќе дојде па ќе дојде. Ако не дојде два дена ќе ми зборува за тоа. Претходно сум немала граница на излегување, до колку сакам до толку. Сега кога сум со него до 1-2 часот и ако не си дојдам до тогаш, мајка ми веднаш ми ѕвони, а кога е таму, немам таков проблем.
     
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.307
    Тогаш се контрол-фрикови.
     
    На Jane.Birkin му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Jane.Birkin

    Jane.Birkin Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2017
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    1.942
    Пол:
    Женски
    Татко ми не е, ама мајка ми мислам дека да. Цел живот ги слушам за се и сега на главата ми се качија. Претходно кога не го познаваа, врската ни беше екстра. Насекаде се шетавме, правевме што сакаме. Сега се под контрола|(
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.