@Jane.Birkin, ти имаш сериозни фрки со родителите! Ама навистина озбилно сериозни!!! Ништо од ова што го пиша, мене не ми е нормално. Да беше обратна ситуацијата, да не стануваше збор за мајка на девојка, туку за мајка на момакот (односно, идна свеки), можеш да замислиш какви дрва и камења ќе летаа сега на темава, на страна што советите ќе беа во стилот на „бегај што побрзо од тие луѓе“ Дечко ти е златен што воопшто издржал со сега. Твоите буквално го мачеле. Не е во ред да го замара ( да, да- замара) на скајп со саати, не е во ред да го напнува да дојде на кафе кај неа, не е нормално твоите да му го окупираат целото слободно време. Ако го сакаш дечкото, ќе си ги подбереш родителите и ќе ги натераш да се однесуваат нормално. Момаков очигледно многу те сака(л) штом волку толерирал, сега тебе ти е редот да се потрудиш. А за јаболките, не би била изненадена мајка ти навистина свесно и намерно да ги избрала такви лоши. Кога свекрви прават такви финти (подј*бавање со другото семејство), зошто па мајките да се имуни на такви глупости? Штом си земале за право да коментираат како се облекува момакот и како семејството му е сиромашно и куќата им е несредена, скапаните јаболки се само ситница. Исто, некој да мислиш дека тие зборови не ја напуштиле куќата и не стигнале до семејството на момакот.
Изолирај ги бе.. полека.. Што помалку контакт со него нека имаат, што помалку споделувај работи со нив. Едно - по едно.. суптилно: Кај одиш? - Ќе излегувам. - Со кого? - Со него. - Кај ќе одите? - Не знаеме уште. И не споделувај ништо за вашата врска, ни за него, ни за неговите. Ништо. И нека не дига тој слушалка... И јас не дигам кога не ми се разговара со некој. Да видиш како се научија да не досаѓаат на секое.
од толку што се сакаме мислам крај ке стаиме...незнам што му е некако ми е далечен...пробувам да збориме ама не иде...незнам каде ке заврши ова срце ме боли...
Јас мислам дека врскава може да иде само на полошо.Не би сакала да должам, се пронајдов во твојата приказна и би ти препорачала или решавајте за Вас двајца само вие и изборете се за тоа или секој по свој пат зошто цел живот би ви бил во мешање од други во случајов родителите.Сум го поминала ова и знам колку боли тоа ама веќе не боли ништо : )
Најпрвин обиди се да договориш средба. Раскажи му дека те загрижува тоа што се оддалечува од тебе и прашај го дали има некаков проблем што го измачува. Не секогаш оддалеченоста има врска со личноста од која бегаме. Всушност можеби се обидува сам да го реши проблемот кој го има, но дади му до знаење дека си покрај него и дека си подготвена да го сослушаш. Па дури и проблемот да е во вашата врска, заслужуваш да го знаеш. И нема потреба да се плашиш од вистината, затоа што ако треба да се стави крај на врската тој крај секако ќе дојде. И ако веќе е неизбежно да го има, барем и за тебе и за него ќе е подобро да е порано. Се надевам дека ќе го решите проблемот на убав начин. Среќно
Кажав дека јаболките беа многу убави и дека тројцата ги беревме и потоа мајка ми ги однесе. Мајка му е крива во ситуацијата, ама нема везе. Како и да е било не треба да се дига фама за нешто толку небитно. Не зборуваат моите лошо пред луѓето за нив, некои луге кажуваат лоши работи за неговата фамилија. Дека биле специфични луге и тешко да комуницираш со нив. За облекувањето, појма немам бидејќи секогаш е убаво облечен ама некоја момичка искоментирала на една колешка на мајка ми дека не сме се облекувале во склад еден со друг, абе живи глупости Исто, тој претходно имал три така подолги врски, две по скоро три години и една година ипол и секогаш врската се раскинувала поради нивните мајки. Двете од неговите бивши веднаш откако раскинале се омажиле за еден месец, сега и последната е омажена. Што мислите да не се криви неговите за тој однос помеѓу лугето? Иначе со мене секогаш била мајка му океј, а татко му кога идам кај нив само здраво, како си и толку. Од моја страна секогаш е било супер, ми давала и подароци и јас на неа, ми нема речено ништо лошо ниту пак направено. Моето искуство со нив и луѓето што зборат е сосема спротивно. Затоа така ме бунат некои работи
@Jane.Birkin, муабетот за јаболките е дека луѓето понекогаш знаат да прават некои такви ситни агресии. Ситуации кои не се толку страшни за да се направи „големата“, а се воедно доволно наивни да може виновникот да се извади со „не знаев, не сакав, не беше намерно“. Ти ја познаваш мајка ти, ти најдобро знаеш дали можеби додека ги носела направила поделба на убави јаболки за вас, не толку убави за неа. Не ми е поентата да зборам лошо за твој родител, но реалноста е дека колку родителите да се супер кон нас, понекогаш знаат да бидат терсене кога се други луѓе во прашање. Можеби нема врска ова што го зборам, можеби ко за несреќа такви јаболка се погодиле баш кај неа а мајка му тоа го доживеала како намерно да ја реметите. Викаш за неговото семејство се збори дека се тешки луѓе, дека се лоши. Можеби и се. Ама па од друга страна, види ти што напиша за твоите. И однесувањето на твоето семејство е далеку од „стандардно“. Можеби те вреѓа така што пишувам, и се извинувам поради тоа, ама навистина, тоа е впечатокот што го добив. Јас реално и не знам што совет да ти кажам. Ти си ги сакаш твоите родители. Го сакаш и дечко ти. Ако можеш, ако воопшто тоа е изводливо, натерај ги твоите да ве остават на мира. Кажи му на дечко ти слободно да им кажува „Не“, објасни му дека разбираш каква е ситуацијата и дека нема воопшто да се налутиш ако престане да им крева. Биди ти таа што ќе збори со саати на скајп со него, биди ти таа што ќе пие кафе со него надвор од дома и нареден пат одете или сами на одмор или со ваше друштво. Држете ги родителите, и твои и негови, на страна. Штом мајка му те третира со почит и култура, возврати и на ист начин. Реално, да сакала да направи жената фрка меѓу вас, не би чекала на јаболките, туку едноставно би си измислила причина (штом живеете во ист град, доволно е да му каже дека те видела со друг, па оди и докажи му дека она лаже)
Наједноставно е да намалите со тоа одење/носење по дома на партнери, па уште и тие сами да си седат со вашите родители. Ај нека му досаѓа ако му нема број или фб... Сами си ги создаваме проблематичните ситуации и после друг ни е крив.
Сакам ваше мислење на оваа поле. Зошто ако машко трче по девојче, искажува чувства и се друго и таа ако му возврати машкото се губи? Го снемува. Поточно ќе ви ја раскажам ситуацијата. Објавив статус дека барам цимери и се јавија неколку и на сите им вратив исто. Чисто човечки и цимерски нели. А еден почна да ми пишува на кој факс сум била едно друго, ова сето на инстаграм се случува. Почнува да ми лајкнува слики, да ми пишува секојдневно две недели веќе. И бидејќи од неговиот град имам другар, прашав каков човек е и ми кажаа дека е многу добро дете. Ми се допадна како размислува. Паметен е. Многу уче. Се запиша на еден од врвните факултети. Ќе бидеме во ист град. Почнавме почесто да комуницираме и во мене се нави желба за да се запознаам со него. Живееме еден до друг град. Му предложив, го направив првиот чекор. А тој ми кажа дека не бива баш бидејќи моментално се гледал со некоја и така би настанале проблеми. Му кажав во ред и се отргнав. Прекинав да пишувам. Многу ретко на 3,4 саата еднаш. Тој почна да се замара каде сум била и со кого што сум правела и зошто не сум враќала. Се изнервирав и како гром од ведро небо му плеснав дека не може да седе на две столици и дека ми се допаѓа но не би сакала да се мешам измеѓу двајца. Тој кажа дека со неа се гледам онака и му кажав дека не е битно дали е онака или вака туку важно е што е зафатен. Комунициравме 4-5 дена ладно. Не ми беше сеедно ама приметив ако му пратам слика тој срце убаво многу си убава едвај чекам да одеме на факултет. Кој е тој другар што така кажува? И слеп би приметил дека нешто има овде. Вчера бев излезена и тој вика ќе дојдам во твојот град и глумев ладнокрвна му кажав сеедно ми е и ми вика што не сакаш да се видеме и му кажав не и тој вика зошто, сакаш да чекаме прво да одеме на факултет ли. Му кажав се додека си зафатен нема да сум со тебе, а со тебе би била дури тогаш кога како маж ќе докажеш дека планираш нешто со мене. И тој не врати ништо на тоа туку слика од него и ја му пратив од мене и тој два реда срциња. Како да се однесувам и што да правам? Глупо ми е да сум со некого што е веќе зафатен. Ама пак од друга страна чувствувам нешто спрема него. Не е љубов нормално, кратко време се знаеме но имам чувства.
Зошто му праќаш слики од тебе а не се знаете и притоа знаеш дека е зафатен? Додека не расчисти со другата(може и во врска си е) би ти кажала да се дистанцираш на време да не бидеш повредена.
Го имам видено во живо, а и тој мене. Се знаеме на изглед. Живееже на 5-6 километри. Не праќам кој знае какви слики туку како на снап, слика и одговор сфаќаш?
Lele odma ke ti kazam ne ti treba takov primitivec shto shto se gleda so nekoja a tebe tuka ti vrti filmovi ,otkaci se na vreme da ne bidesh povredena ima milion drugi mashki na svetov
Те сфаќам, но дечкото е зафатен. Прво сам ти кажал дека се гледа со друга, да сакал до сеа ќе дојдеше да се запознаете? Значи немој да бидеш резерва, сама си се ставаш во ситуацијава потоа да не ти е друг виновен. Дистанцирај се, кажи му кога ке бидеш слободен и ќе имаш расчистено побарај ме, покажи малку став.
Еми ако ти кажал дека се гледа со друга,мора да престане со неа за да почне со тебе?Другарството кај ви е..Или друго си планираш ти.Значи да сакал ќе дојдел ама глеаш што ти рекол.А и не ми е јасно ладна си со него демек а слики пушташИ слеп би видел дека сакаш да ја остави неа и да биде со тебе,а кога би бил со тебе,би пишувал на друга,исто како и на тебе срце на сликите На туѓа несреќа,своја среќа неможиш да градиш
Можеби јас сум во позаостанатите, ама ни мене не ми е јасно зошто би му праќала слики. Прво му викаш не сакам да сум со тебе дур не расчистиш со другата, после му праќаш слика. И нормално и тој гледа дека не ти е сеедно и може да те врти. Тој не губи ништо, има и друга а те држи и тебе на страна. Ти губиш време со ваков тип. И на крај, убаво си му напишала, и тој не знаел како да ти врати па ти пратил слика..ти требало да го игнорираш дури не ти пише нешто во врска со тоа, а не слика да му праќаш. Ама ич не ми е јасно...
Ти очигледно не сфаќаш хахаха кај прочита дека јас сакам да раскинат? Да ја остави неа за да биде со мене? Ти ми го причита прашањето? Прашв како да се однесувам. А не како да ги скарам. И немаш право да ми кажуваш дали ќе пишувам преку слики или онака јасно? Не сум јас таа што му вика срце душо најубав си или да враќам на 0.5 секудни од коа ќе ми врате. Како и на снап и н инстаграм има опција да се пишува преку слика и не значи дека јас од мене само праќам слика ако одам по пат го слика патот и пишам на пример што правиш зависи од муабетот. Ако ме сфати.
Толку е просто и едноставно, кога барате совет очекувајте секаков. Не ве сфаќам, ако не е тоа што сакате да го прочитате почнувате да се карате и да објаснувате. Ако веќе се си знаете, не барајте совет од никој
Штом поставуваш тука прашање биди спремна на добри и лоши,сите имат право да ти пишуват заради одговор ако не не прашувај ништо.
Ок, сега сфатив. Ама сепак, тој има некоја друга, а ти пишуваш 4543364 пати на ден со него што правиш, како правиш, кај одиш. Зошто? И зошто дозволуваш да те нарекува срце, најубава а у, ако има друга. Си даваш себе надеж или него? Ако стварно ти се свиѓа и би сакала да си со него, дај му до знаење. Или си со неа или со мене, до тогаш нема што да се лигавиме по цел ден на интернет, и двајцата да губиме време. И да, замисли, ако си со него, тој би пишувал по цел ден со друга и би си праќал слики и би и давал неа комплименти, тебе убаво ќе ти е? И не, никои другари не се однесуваат така.
Не го прашувам 2828387383 на ден. Насабајле прв ми пишува и ќе врати одма што правиш кога ќе му вратам после еден саат ми пише зошто не врати добра ли си што ќе правиш денес класичен муабет ама тој е тој што прв почна да пишува, прв што почна да 'искажува' чувства и мислам дека добро ме сфати. Инаку секако не би ми било убаво. Јас ниту еднаш не напишав нешто непристојно или било што.