Искреноста е важна, нема потреба да молчиш. Прашај го чија е сликата, нема да правиш скандали туку само сакаш да дознаеш.
Против чачкање во телефони сум и ошто против робувањето наместо уживањето со саканиот дотерани итн..Сепак најголемо клише е ајде машко е па ќе преќутам. Си ја видела сликата, во нос и што е ова? Не мие јасно како некои работи ги фрлате под тепих..Темпирана бомба. Сега и да прашаш ќе се сомневаш дали е пуштена од некоја или од нет..Крај краева што ќе муе па и таква слика..
Ne bese namerno cackanje vo telefon, ruku koga mi go dade da se vidam jas na slikite sto me slikna podole ja vidov slikava. I ne znam zosto ama sekogas prekutuvam na ovie raboti :/
Епа не смееш да си дозволиш за ништо да преќутуваш. Има голем зафркнат импакт кон твојата психа. И да си пуштала музика од негов тел, што има врска не е нешто за криење и ставање на mute. Сега џабе, единствено прашај го која потреба да има таква слика во телефон ?
Не ми е јасно нешто: 1. ако ти си гледала како си испаднала на сликите кај што те сликал, а сликата на голата девојка била под тие слики значи е во албумот Camera, што значи он ја сликал; 2. На телефоните има албуми Viber, Messenger, Facebook, што значи дека тие се пратени слики (истите можат да бидат и сликани и слики од нет) 3. Ако симнуваш слики од нет ти се складираат во фолдер Download 4. Ако правиш скриншот имаш посебен албум Screenshots 5. Ако имаш некоја апликација за уредување на слики, тие слики што ќе ги уредиш стојат во фолдер со името на апликацијата. Значи каде ја виде ти сликата, кадешто ги листаше твоите слики, или кога излезе од фолдерот, ако е кога си излегла од фолдерот, сигурно ти стои во меморија дали лево десно горе,долу, и кога пак ќе го земеш мобилниот на дечкоти ќе видиш кој фолдер се наоѓа таму. Божееее до кај стигнав кои глупости да ги објаснувам
На iphone не е така, сите се на едно место во camera roll, кој се отвора директно од камерата. А поделени се и плус по фолдери.
Без разлика од кого е сликата, што не верувам дека е од нејзе не е во ред доколку некоја друга му праќала нудс. Ко првин непочитување кон девојката е, па после се друго. Јас да сум ќе поставувам прашања и се додека не добијам одговор ќе се лутам.
Во последно време некако се чувствувам како дечко ми да ми посветува многу малце внимание и на последниве неколку гледања се јас сум иницијатор ,некако ми фалеше внимание и искочив со еден дечко кој порано ме свиѓаше но не му кажав на дечко ми ,значи јас не направив ништо со типот туку незнам едноставно ми требаше внимание и преубаво си поминав и сега се договоривме пак да се видиме се чувстував малце лошо што кријам од дечко ми .. но мислам дека ако му кашам ќе мисли дека планирам нешто со типов и навистина незнам што да правам ... дали е сево ова погрешно ....
Јас не би сакала да сум во врска со некој кој се гледа со други. Макар и да е на пријателска база излегувањето, не треба да е скриено од партнерот. Во твојот случај типот сигурно не очекува да останете само пријатели. Ако мислиш дека врската не треба да продолжи, прекини ја па барај си ја среќата на друга страна, но немој да го лажеш.
Лошо е што не си искрена. Потребно е да се комуницира отворено со партнерот. Ако сакаш да минете повеќе време заедно, иницирај средби, кажи му отворено како се чувствуваш. Тој не може да знае без да му кажеш. А за вториот, ако веќе планираш нешто со него, фер е прво да расчистиш со дечко ти, па да почнеш со друг...
Погрешно е. За вакви работи се разговара. Ти сепак зад грб правиш нешто што тој не знае. И така еднаш, па уште еднаш, ќе почне да ти годи тоа и на крајот ќе испадне заради едниот да го оставиш другиот. Седиш на две столчиња, пробај да го решиш проблемот со дечко ти, кажи му дека ти фали внимание. Ако не си среќна, биди искрена и прво расчисти со него па после оди со другиот, вака не е фер.
Настрана неискреноста, лошо е тоа што подобро си помина со вториот него ли со дечко ти. Зошто не ти обрнува внимание? Никогаш не треба да се извинуваш за начинот на кој заслужуваш да си сакана и секогаш треба да си кажуваш што ти е потребно.
Јас пробав да разговарам со дечко ми но се чувствував ко да не ме сфати сериозно .. Се ми е измешано во главата јас го сакам дечко ми заедно сме 4 години скоро 5 но од тоа што не ми посветува внимание се чувствувам како да почнувам да имам чувства за другиот тип кој ми беше колега од факултет .. Се чувствувам ко нешто да не е океј во врската но незнам што....
Па не е океј тоа што не ти посветува внимание и покрај тоа што си разговарала. Нормално е да развиеш чувства за друг што ти го дава тоа што го заслужуваш. Сите сакаме да сме среќни.
Извини вака што ќе се вмешам, ама ептен боде очи последната реченица што си ја напишала. Реално никој не ти бара баш ТИ да одговараш на проблемот кој го има членката. Едноставно ако не ти се објаснуваат „глупости“ тогаш не пишувај воопшто. Вака премногу арогантно звучиш.
ПРАШАЊЕ ОД ЖИВОТНО ЗНАЧЕЊЕ: Што слушате? Срцето или мозокот? Значи имам проблем..Имам 22год.Пред 2 месеци завршив со 7годишна врска.Откатко раскинав во меѓувреме ми се допадна друг.Цели 2 месеци се влечеме со бившиот.Буквално се слушаме секодневно..излегуваме на неколку дена..Додека со другиов разменувам само пораки(се испостави дека е женкар кој со мене има озбилни намери..што и докажа во неколку наврати) но сепак не ми е сигурен.Да се навратам..долгата врска ја завршив поради немање емоции од моја страна.Едноставно му објаснив на партнерот дека не го сакам.И знам,не го сакам,не сум среќна покрај него.Но со него имам СЕ.Стабилна "љубов",заеднички планови за иднина,разбирање,почит,ме сака..Но јас не чувствувам ништо за него.А не можам никако да го оставам дефинитивно.Значи се нешто ме враќа накај него.Се чувствувам како изгубена во светот ако знам дека не го имам како "резерва" буквално....на која можам да и се вратам кога ке пробам со друг.Додека другиов дечко(со кој сеуште немав ништо,само излеговме еднаш на кафе)..со него немам никаква сигурност,ништо стабилно,не знам на што сум..а имам емоција..не знам каква не знам ни што е во прашање само знам дека не ми излегува од глава.По цел ден мислам на него,откако го запознав не престанувам да се смејам,се чувствувам исполнета.Но,не знам на што сум со него,едноставно ден го има па 3 го нема никаде.Знам дека е женкар,имаме зборено за тоа(отворено му реков да си продолжи со таков живот) бидејќи го одбив 15пати до сега..и сега сме "пријатели" кои се шмекаат.Иако докажано знам дека мене не ме гледа со тие очи,како оние за викенд шема..сепак не ми е сигурен никако.ПРОБЛЕМОТ МИ Е што имам страв да продолжам сама.Сфатив што ме кочи.Долгава врска што ја имав уште од најрани години ме има малку инвалидизирано кога е во прашање самодовербата.Едноставно ми е страв од се.Страв да ли ќе можам сама во животот понатаму,да ли ќе знам што како..бидејќи со бившиот буквално делевме се.Сите планови за иднина ни беа заеднички,ама јас морав да го оставам.Не можам со некој за кој срцето не ми чука.За 3-4 месеци се селам во странство.Требаше со бившиот.И тој ќе се сели,но сега сменил во друг град.Дечкото што ми се допаѓа останува тука..Има свој доста добро разработен бизнис.А јас сама заминувам од државата.Се плашам од се.Се чувстуввам баш како изгубена и растргната на двете страни.Што би избрале? Имам дилема..Да ли да го слушам срцето кое ми вели дека не го сакам бившиот и ми треба нешто ново.Или да го слушам разумот кој вели..ДА ЗА БИВШИОТ со кој имам се што ми е потребно..само не љубов.Да ли е се само навика од која јас странувам или? Сте имале вакви искуства? Помагајте.. Бакнежи! <3
Не за бившиот, големо не. Зошто? Не можеш да тераш каде нема љубов, да продолжиш сега пак ќе дојдеш во оваа ситуација. Зошто се плашиш да бидеш сама? Другиов што го спомнуваш не е ни важен, зошто има уште милион машки кои се слободни и допрва ќе ги запознаваш. Те сфаќам дека со бившиот имаш сигурност и доверба, но до кога би можела да се задоволиш само со тоа кога повеќе во тебе нема љубов кон него? Мој совет ти е колку побрзо можеш да стави точка каде упорно имаш запирка и да му дадеш прилика на твојот живот да запознаваш и учиш нови работи. Без љубов не можеш да продолжиш колку и од другата страна да е големо и убаво. Размисли добро, но гледај ги работите реално.