Потполно се согласувам со тебе, но за некои работи наеднаш знае да избувне, потешко му е да се помири со реалноста. А мене ми е криво затоа што кај него ништо слично на ова немам сретнато, немал долга или пак да речам сериозна врска и затоа му е тешко, мислам дека затоа вака реагира. Кога ќе разговараме јас пак ќе му објаснам, но би сакала и да му се извинам за ова денес. Што мислите , некој предлог
За што да му се извиниш? Не можам да те сфатам, па ти си ги фрлила сликите од бифшиот си ги оставила само оние кај што си сама, што тука толку го повредило и за што треба да се извиниш? Зарем требало да ги уништитш сите слики, а и да ги уништитш зарем ќе го избришеш тој одмор, тоа веќе поминало тебе веќе ништо не ти значи.. Јас мислам дека ова не е причина за караници а уште помалку мислам дека нема за што да се извинуваш.
Да во право си, но тој тоа не го разбира Се налути и сега чека извинување, не знам и јас што да правам. Сега ми се јави да ми каже нешто што не е во врска со нас и ептен е ладен со мене, а друг пат душичке како си... а сега само формално , а не знам и дали ќе се јавеше ако не беше тоа што требаше да ми го пренесе. Чувствувам дека се јави само за тоа,а не мене да ме слушне и да праша како сум
Извинување ни во лудост! Негов проблем е тоа.Преувеличување од овој тип е болест веќе.Ако си била само ти на сликите,па дури и со бившиот ако си била,твој проблем.Ти си имала живот и пред него и не постои магична гума за бришење на минатото.Или нека се соочи и прифати или не знам,ќе си имате работа со дијазепами цел живот.Ќе се плашиш да му кажеш било што и ќе газиш на јајца само за да не ја повредиш неговата чувствителна душишка.Ама мажеее... Јас на твое место би барала извинување,а не јас да се извинувам.Баш знае како да се соочи со реалноста...Ова не е чувствителност туку себичност и љубомора.Јас знам за машки ега,ама ова негово ка несигурно,па и големо како планина.Кажи му повеќе да си верува на себе и тебе. Леле многу ме нервираат вакви луѓе.Извини Савана ако сум премногу отворена. Овие како овој,се мед и млеко или барем трпат до брак,а после ти ја зимаат цела плата,ти даваат некој минимум за на работа и те носат и зимаат од работа,а ако не можат ти мерат на саат за колку време си дошла.Минута повеќе,одма има простор за сомнеж.Имам ваква познаничка,се омажи,постара е од мене,првата година од бракот и така и така,нешто полошо од кога беа во врска,втората година изеде ќотек,знаете зошто?!Кога дошла дома од работа,се пресоблекувала од него,летно време и позади на грбот имала отцртано од седиштето во автобус,плус ако била испотена,зацрвенето што ти јас знам...и ждранг една,со кого ти си се фаќала по бироа и хауби,си се триела?!А?!Ждранг уште една...е така...
Драги феминки уште еднаш имавте право. Мојата врска заврши од сосема други причини, значи не биле само финансиите во прашање... знаев и јас дека има нешто друго. Како да кажам... не е скроз завршена врската нешто како период или пауза е, незнам ни јас како да го сфатам тоа и како да се однесувам. Знам само дека ми е многу тешко, предосеќав но не го очекував крајот. Крајот е од причина што тој се наоѓал во таков период што незнаел како да гледа за себе, а не па и за девојка. Ми рече дека му треба време, дека сака да е сам, дека причината е не никаква друга девојка... јас му верувам но неможам да сфатам. Ми рече дека неможел да има обврски, дека има многу други проблеми над глава (проблемите т.е. некои од нив му ги знам) и дека неможел уште на сето тоа и мене да ми посветува внимание, дека сакал да се ослободи малце, едноставно да се издува. Вели дека со тек на време пак се ќе се среди меѓу нас, дека несака да остане вака да се лутиме и да се караме (дека ако сега останеме заедно ќе има караници и лутења), и дека не е за фрлање во вода сите овие години... дека сака да контактираме. јас му реков дека сакам да заборавам се, а тој ми рече да не заборавам дека за кратко време пак ќе ни се сределе работите. Незнам како да го прифатам ова, била ли некоја од вас во ваква ситација. Јас имам разбирање за неговите проблеми, но се ова ми паѓа многу тешко, знам дека таман ќе подзаборавам можеби ќе се врати пак, а сакам или да заборавам да заврши се или да не бидеме вака разделени. А вака сум некаде на средина, незнам како да постапувам, тешко ќе ми биде да се гледам со него онака само на кафе, и да се допишувам шо праиш, шо има ново... Било каков совет би ми бил добредојден...
Савана јас на целава ситуација имам само едно прашање, тој немал пред тебе приватен живот? Минатото не може да го избришеш ниту ти,ниту тој ниту пак било кој...така да на сите ни преостанува да се помириме и да го живееме животот што следува најдобро што можеме,нормално поучени од сите искуства претходно. Муабетов ми е дека извини на израз ама премногу е глупо да си става на срце работи кои поминале,зарем не си му покажала до сега дека го сакаш?Не си му дала повод да ти верува? Јас мислам дека најдобро е прво малку самата да се преиспиташ зошто така се однесува,а после сериозно да разговараш со него,а богами и да му докажуваш не само со зборови туку и со дела дека нема простор за сомнеж....ако сето тоа продолжи тогаш навистина имате сериозен проблем и не сакам да помислам какви маки ќе тргаш ако стапиш во брак со него....ова е само добронамерно и дајбоже да грешам!
Мимс,да ти преведам...не сум машко,ама знам како размислуваат и знам како сум размислувала кога ова сум го кажувала...Остави ме на мира,заситен сум,сакам да се изживеам,да видам нешто ново,почнува да ми станува заморно и досадно во врскава,а тебе се чувствувам како обрска.Ако некого сакаш и ако врската е ок,заеднички се пребродуваат лоши периоди и има разбирање,ама на мангупов друго му е.Само вака сака да си купи време,да види како ќе му биде сам,ако му биде добро,не го очекувај назад,а ако му се види неубаво или му досади ќе те бара назад. Логички,што проблем ќе беше тоа да не може да те има во животот,ами еден ден дојде до брак?!Што тогаш?!Ќе се разделувате затоа што него не му чини периодот или заеднички ќе ги средувате работите,иако е тоа негов проблем?! Во твоја позиција...би пресекла и не би сакала да играм улога на златна резерва,да ме шутка како сака,пред се затоа што лаже,не се поклопува со моите принципи и сфаќања и затоа што јас се вреднувам себе си и се сметам за поважна личност во мојот живот,отколку тој.Секогаш ќе се најде некој друг кој ќе знае да те цени и нема да ти го комплицира животот и пред се,ќе знае што сака во неговиот живот.
GeorGinnA работата е во тоа што тој немал сериозна и долга врска како јас што имав, не одел на одмор со девојката и такви работи. Тешко му е да се помири со тоа дека сум била толку време со бившиот и сл., Имаме разговарано на оваа тема но денес ете пак избувна. Знае дека многу го сакам и знам дека ме сака и двајцата си имаме докажано. Мислам дека тоа му е слаба точка, јас се имам расчистено но ете сликите дадоа повод повторно да се отвори таа тема.
Прашај го до кога планира да избувнува така и како тоа ти си виновна за тоа што си живеела и порано?!Дали навистина смета дека ти си виновна?!Немој да се извинуваш,чекај тој да доплози,е тек тогаш,отвори ги картите и сериозно пристапи затоа што проблемов е вистински проблем,не е несериозен. Проблемот е што е незрел и несигурен.Прости,ама да му кажеш ако сака некоја без минато,нека чека да се роди,да ја гледаат само за него,па кога ќе стане полнолетна нека си ја земе.Само така ќе биде сигурен. Сака да те поседува како што гледам,а ти изгледа си премногу добра и толерираш многу работи,ги сметаш за нетолку важни,а не е така.
Mims kako saka taka neka bide.Neka se sredi.Za toa vreme i ti ke imas vreme dobro da razmislis sakas ili ne i posle ova da bides so nego.Moze i ke se pojavi nekoj drug.Kako i da e ne se nerviraj i ne mu ja misli mnogu...prepusti vremeto da pokaze dali ste ili ne eden za drug.Barem nema tolku da se sekiras sto i kako ke bide,zasto e vakov ili onakov itn.Opusti se i vrmeto bez nego iskoristi si go za sebe.A be takvi se oni mora da imaat i period samo za sebe. Se izvinuvam za latinicava ama ne znam sto e so kirilicata ne mi funkcionira
Те разбирам дека ти тешко паѓа што тој всушност како да те отфрлува и сака сам да реши се. Но можеби навистина има потреба да биде целосно сам и да си посвети внимание само на своите проблеми и на себе. Мене искрено ова не ми се допаѓа , јас кога би имала некои проблеми повеќе би имала потреба од личноста што ја сакам и полесно би ми било со неа да ја споделам мојата болка...сепак кога се двајца е полесно.Но секој си е различен,можеби како што реков и како што тој самиот ти кажал има навистина потреба да биде сам и да расчисти сам со се. Па мој совет е како што ти кажал , остави го нека си размисли нека се смири,кога ќе ти се јави тој слушнете се , остави го тој нека те бара , а не ти него.Не биди напорна остави времето нека покаже дали сте за заедно и дали и двајцата сте спремни сеуште да се борите за врската. Значи биди си со другарките терај си без него и чекај тој првиот чекор да го прави.Тој да те бара бидејќи тој е тој што ти кажал дека сака да сте на пауза. Се најдобро.
Лилит кога сме разговарале ми рекол зошто не си внимавала на минатото. Му кажав дека тоа е минато и јас не можам тука ништо да променам. Пред некој период баш кога се каравме за овие работи му реков најди си друга што нема вакво минато, што немала сериозна врска, се што треба му кажав, но ми вика јас тебе те сакам не сакам друга. Знам дека ќе се извини, самиот знае дека понекогаш навистина претерува, но ми има речено дека тоа е посилно од него, да му дадам време, се зема за себе и одма се нервира. А јас кога гледам што прави, кога ќе видам дека и после неколку месеци за иста работа може да дигне узбуна уште бетер се нервирам
Савана, јас имав ваков копук. Последиците од врската несакаш да ги знаеш... Ама ќе ти споменам збор-два за драматичниот крај. Знаеш како заврши? Бркање од кај него од дома во 6 наутро, а живеевме во различен град. Сето тоа, само затоа што сум имала минато, сум живеела и пред да се појави тој. Ќотекот неизбежен! Значи, болно љубоморен. Како овој твојот, што се лути за глупости. Немој те молам да го оправдуваш! Гледам дека ја вртиш приказнава за да го извлечеш невин од случајов.
Offspring ова што го зборувам навистина е така, не да го направам невин, потполно е точно, јас многу добро го познавам, не знам како но на крај пак тој испаднува невин а јас сум виновната
Mims не знам каков совет би ти дала. Машките се комплицирани суштества. Еднаш дечко на моја другарка сега бивши и се скара затоа што имал премногу проблеми дома,домашни и финансиски па не сакал нервозата да ја исфрла на нејзе.По еден месец се смирија,но таа врска не опстои. Другарка ми често се прашуваше зошто на тој начин сакал да ја откачи,па нели тие ако се сакаат треба да се заедно и кога им е најтешко.Ако тој имал проблеми дома таа ќе го сватеше.Но ете машко ко машко. Мое мислење е дека твојов дечко бара некој изговор за да не биде со тебе.Во долга врска сте,па можеби му е здосадено.Тоа само тој си знае. Сега те става на пауза.Прашање е дали ти кога ќе му поминат бубачките во глава и тие ''големи проблеми'' би му се смирила.
ЗАтоа што му попушташ и незнаеш да му покажеш заби! Затоа, те научил дека си лесна за манипулирање и ти го ставил во главата тоа дека е чувствително маже (а многу опасно како што беше мојот бивш лигуш, знаеше и да се расплаче, ама за ќотек прв) и му попушташ!
Девојки пред малку ми се јави иона арогантно ми вика извини за сликите, сигурно многу ти значат затоа ги чуваш, требало да ги скриеш на некое место да не ги видам и триста глупости, демек тие слики мене ми биле многу важни. Ми рече ќе збориме вечер па ќе видиме кој е во право леле бог да чува
Мимс89 - криво ми е за тебе што си ја мачиш душата, ама те разбирам. Сепак мене паузава не ми мириса на арно. Еве ти мое мислење од страна, иако не ви ја знам ситуацијата до толку. Што значи зборот пауза? Крај? Не баш крај? Или дај ми време да се издувам, не ме контролирај, не очекувај да ти се јавам, па јас ако ми текне и сеуште сум осамен ќе ти се јавам? Без навреда и без љутиш, ама го мразам зборот пауза. Поглупаво нешто не сум чула. Или - или. Или некого сакаш или не. Не можам јас денес да си речам - еј денес ќе ја ставам на пауза мајка ми, затоа што не ја сакам, па здравје утре, задутре пак ќе ја засакам. Ете вака некако. Значи гледај некако да си го симнеш каменот од срце, излези, опушти се, прави се само за да не си го замараш мозокот со него. Малку потешко се спроведува во пракса, знам но навистина пробај. Не дозволувај секако ти да висиш на конец, и да чекаш кога тој ќе се среди. Поарно пријатно изненади се отколку уште повеќе да се разочараш. Савана - те молам немој да си му се извинувала. За што? За тоа што он не може да го разбере твоето минато? Абе ај! Се ежам од љубоморни мажи буквално! Познавав многу добро таков еден, за на крај да откријам дека тоа му беше начин како да ми го одвлече вниманието од тоа што тој прави во слободно време, без мене. Море мрш! - не за дечко ти, општо за болно љубоморни мажи. А оваа сцена тој тебе што ти ја направил, веќе доста забегува накај болна љубомора
савана колку што сватив и ти си го излажала дека немаш ништо од минатото а испаднало обратно не го оправдувам во секој случај таквото негово однесување ама и нема потреба ти да се извинуваш,не смееш да си дозволиш да ти прави за ситници сцени и нервози нека научи да си ја контролира љубомората
Не го излажала дека нема ништо. Како може да нема ништо? Сите сме имале живот. И јас сум имала 18 години живот пред да го запознаам дечко ми, што треба сега да ги заборавам? Како може да рече не си внимавала во минатото? Па секој прави грешки, за во иднина да внимава и да не ги повторува. Боже ме сачувај бре! Како може да помисли да го рече тоа?! Свашта! Поглупаво нешто, по незрело нешто, немам прочитано, сериозно. Требало да внимава бе! Што да прави? Од каде да знаела таа кој ќе биде вистинскиот за неа? Нели треба да си со неколку па да го одбереш идеалниот, вистинскиот. Леле свашта, требало да внимава, ау ау Ова ни во 20 век не се случувало! ОВа којзнае дали го имало и во 11 век! Заостанатост, манипулација до бол! Се нервирам од такви мочковци! На изглед чувствителни мажиња, а во себе ѓаволишта! Иш таму, кога нема сите до еден да ги снема!