@Andrea5 Кога нема љубов, залудно е. Без љубов нема да бидеш среќна со него, па и сѐ друго да имаш. Не е тоа тоа. Не си го заробувај срцето. Нема зошто да се плашиш, ќе си се посветиш на себе и сѐ друго кога треба ќе си се среди.
Љубовта според мое мислење не е само емоција. Во една врска или брак во одредени периоди има различни емоции. Не срцето, разумот ќе ти каже најдобро. Емоциите се менуваат, љубовта не. Таа те врзува за човек: пријател, дечко, мајка/татко, брат/сестра. Е сега ако постојано имаш негативни емоции тогаш тоа е веќе друго. Но има примери кога и покрај негативни емоции - љубов постои. Според пишаното си сеуште врзана за бившиот поради долгогодишната врска. Не верувам во пријателство после љубов. Така да треба да си одлучиш сама или остави го, бидејќи нема да успееш на љубовен план ако си во комуникација со него, или пробај да успеете. Ако сакаш нов живот треба да биде без него. Од мала си со него и најверојатно се чувствуваш како неизживеана во тој љубовен дел. Но 7 години врска ќе си ги памтиш цел живот и ако започнеш нова врска најверојатно во почеток ќе правиш многу споредби. Ти сама одлучуваш. Со среќа.
Здраво на сите. Сакам да побарам совет од Вас и секое мислење ќе ми биде добредојдено. Тој има некаде околу 29 години, моите и неговите се знаат, луѓе од добра фамилија се, исто така и дечкото си е топ, јас кога бев во врска он еден период ми се пушташе но јас несакам да изневерувам во врска и слично па затоа и не направив ништо со него и изгубивме контакт.По некое време откако раскинав јас со дечкото со кој што идевме тој ме додаде на фб. И повторно стапивме во комуникација.Добар беше но да речам ладен со мене.Не беше тој тип што беше дур јас бев во врска.И се сврти кругот.Пред околу 6-7 месеци искочивме, јас он и моја другарка, така се погоди.Чисто муабет си правевме. (Сега ми текна и овој момент, дур јас идев со бившиот овој дечко дојде кај нас со татко му и нешто ми викаше да идеме да се гледаме да возиме точаци значи беше заинтересиран за мене многуу многуу) И откако ние пиевме кафе требаше ние пак да се видиме но јас бев таа што се труди и незнам како испадна нешто ми се смачи се јас јас а до вчера дур бев со друг се трудеше он.И сабајле кога станав го помислив.И му пишав.Како е што прави (инаку јас од нервоза во тие моменти го избришав од фб.) И ми врати да речам се израдува и ме праша што има и јас го прашав дали сака да пиеме кафе сеуште не ми вратил но прашањето ми е имам чуство како да ми враќа.Исто така и ми викаше да направам избор.Во смисла дека се може да биде само со еден потег.И сега мислам дека ме казнува на некој начин.Што да правам? Више здосадено ми е од мамини синови, агресивни луѓе и психопати.Поздрав.
Во нормална здрава врска со некого не треба да се чувствуваш како другиот да те казнува. Не си му должела него тогаш ништо, ниту сега тој тебе. Остави да се развива нормално ситуацијата и не дозволувај да те манипулира.
@Andrea5 ме интересира дали работиш или студираш, како го поминуваш слободното време? Мене вака од твојот пост добивам впечаток дека не го сакаш ниту едниот, ниту другиот дечко туку дека и многу несигурна и имаш некоја страв да не останеш сама. Што се однесува на првиот дечко, залудно е ако тој те сака, почитува и се тоа ако тоа го нема од твоја страна. Кога веќе не си сигурна во чуствата и врската те гуши, треба да ја прекинеш. Не е убаво така да му даваш лажна надеж цело време. Не го сакаш ни другиот дечко, туку сакаш да пробаш нешто сосема ново што е во ред и разбирам. Само внимавај како и со кого, зошто по пишувањето тој дечко не ми личи на некој кој сака сериозно со тебе. А и чим си му го дала епитетот женкар, нема што да те чуди што го снемува. Биди сигурна дека не си единствена со која контактира. За крај не барај дечко сега за сега, пронајди се себе си.
Не студирам.Не запишав факултет поради преселба која знаев дека ке се случи само не знаев кога точно.Работам хонорарно од време на време.Мислам дека си во право.И самата реков имам страв да не останам сама.Навикната сум да делам се со бившиот и сега таа навика скапо ја плаќам.Додека другиов го прочитав од прва..Но се ми е измешано, а времето ме стега.Сите ја чекаат одлуката.
Ако му се другарки со кои се дружи, не гледам проблем. Важна е и причината за допишувањето како што спомена Вајлд.
Вака имам 23год и врска од 1ипол год. Мене ми е прв дечко, јас нему не. Имаме врска на далечина, до сега сме немале проблеми, и сега немаме но се јави проблем во мојата глава. Почнав да мислам на неговите бивши, имал врска од 2 год и ме вади од памет помислата дека никогаш нема да ме сака како неа што ја сакал. За годишнина има направено огромен графит/цртеж за неа, со прекрасен цитат, кој кога и да го видам низ град ми се превртува се во стомакот, ми се повраќа на самата помисла. Се ова почна кога зборевме нешто и кажа дека јас сигурно сум го сакала поискрено дека ми бил прв, еден ден ако раскинеме ќе видиш за што зборам, ама секако не сакам тоа да го искусиш. Знам дека многу ја сакам и со сите дома ја имал запознато и бабу му многу ја сакала и што уште не, и прекинале оти она го изневерила. После од коа раскинале пак спиеле еднаш, па она пак му се јавувала, сеа немаат контакт веќе 2 год, имал и други после неа ама некако ова не ми дава мира. Се фаќам себе како само барам знаци за нешто, коа ќе пушти некоја песна одма се некако текстот мислам како за неа да е, како уште да е повреден, и станувам раздразлива, еднаш така напраив сцена дека песните му биле за бивша и се закаравме малку ми кажа дека не секоја песна се слуша ради текстот и дека љубомората го оддалечува од мене и дека не сака љубомора и дека никогаш не ми дал причина за да бидам љубоморна. И се смирив едно време, коа сме заедно заборавам, ама еве на далечина и почнува мозокот неконтролирано да ми лета и само мислам кога ја спомнал и анализирам што сакал да каже, зашто го кажал тоа. Се мислам на почетокот не беше среќен затоа што не можеше да ја заборави, беше многу повреден, се и дал а она го уништила, и најде заштита во мене, му подарив добрина и внимание, и еднаш на почеток рече мислам дека конечно бог ми ја дал правата девојка сега на мене е што ќе направам, и мислам со тек на време многу ме засака и сега имаме доста сериозна врска, сега сум му втора најдолга врска. Ама не можам да се помирам со тоа втора, сакам јас да сум му се, сакам од почеток до крај да е ненормално заљубен во мене и само мене!!! Еднаш ми рече дека не сакал да викам ауу со каков сум идела, (ако раск.) како он шо викал за неа, и ми има кажано дека мајка му и татко му му рекле дека можел многу подобра да си најде ама он не ги слушал. И сега јас сум тука, неговите ме обожаваат, и баба му ме засака и све е океј, но мене ова не ми излегува од глава, морам да учам полагам за 2 дена а јас немам мира, само лоши мисли ми се вртат низ глава дека никат нема да ме сака како што неа ја сакал,, ми доаѓа да плачам, само сакам душевен мир, а го добивам кога зборам со него, како да стана у исто време личност што ме растажува и прави среќна во исто време
Ако е се во твојата глава и не ти дал повод за вака да размислуваш, сама ќе си ја расипаш врската. Било што било, гледај напред, како се однесува со тебе и без споредби.
И сама велиш дека проблемот ти е во главата, затоа извади го оттаму. И јас така како тебе бев опседната со бившите, ама сега не се замарам. Да вредела ќе била она на твое место, ама не е, така да уживај и не си ја расипувај врската за глупости. Затоа што верувај љубомората и те како го оттргнува од тебе.
Како више да го сфатам јас стварно не знам, требаше денес да се видиме, вчера вечер зборевме, уствари тој кажа да се видиме после работа , сега ми вика ајде утре уморен сум многу, добро јас признавам пред тоа му викав утре, утре ама за денес реков дека можам и он ме откачува дека е уморен??? Па и јас спремам испит па не реков ќе учам ај чао, мислам дека више не ме сака, барем да ми каже а не вака, и утре ќе биде утре и секој нареден ден утре....што мислите вие да чекам утре што ќе ми каже?
не избрзувај со заклучоци дека не те сака, освен ако имаш и други причини да мислиш така, вечер јави му се да видиш како е, дали се одморил, па види утре како ќе биде