Е, па тоа е кога ќе му се јавам важи важи а после се испаѓа нешто. Му викам, а утре нема да бидеш уморен ми враќа не..иди па сфати
според мене, најубаво коа ќе се видите да го седнеш и да му кажеш дека сакаш да зборите и дека ти смета тоа што така ти откажува и ако има причина зошто тоа го прави да ти каже, отворено седни и кажи му, па види што ќе каже
Пред скоро месец дена бев на одмор со другарки. Таму се сретнавме со друштво машки од кои другарка ми се знае со едниот од нив. Последната вечер ние имавме проблем,недоразбирање со смештајот и моравме да напуштиме,а дури следниот ден имавме автобус за да си одиме. Тогаш дечкиве ни понудија да преспиеме во нивниот смештај. Немавме избор и прифативме. Еден од нив премногу ми се допадна. Се беше ок, дечкото не проба ништо, цела ноќ муабетевме, цел живот ми го раскажа.. Не се случи ништо бидејќи прв пат во живот го видов и не сакав да избрзувам. Следниот ден ние си отидовме, они останаа.Со дечково се договоривме кога ке се врати да се видиме. Секој ден комунициравме, едвај чекав да дојде.. Вчера ми се јави да ми каже дека е вратен и да се видиме. Јас цела вечер го чекав, он беше излезен со другарите. Јас му пишав кога ке заврши, ама он ме изигнорира и после 3 саати , во два после полноќ ми пиша кај сум била и јас му реков дека е касно и дека нема да се видиме. Денес ми пишува, ми ѕвони, но јас не одговарам бидејќи сум лута за вчера и не знам што да правам. Ме остави цела вечер да го чекам, подобро да ми кажеше дека не може, ќе се видевме друг ден. Инаку стварно бил со другарите, дознав, не дека ме лаже ама стварно не знам дали заслужува друга шанса..
Да ми рече да се види со другарите на саат, два и ке ми се јави за да се најдеме. Но поминаа пет саати него го немаше и јас му пишав кај е, дали да го чекам, он не го отвори разговорот а онлајн беше и си ставаше сториња и после кога се слушнавме ми рече демек не видел дека сум му пишала, што не е битно, знаеше дека го чекам..
Сакав одма да го блокирам бидејќи многу мразам такви работи. Подобро јави се кажи ми излезе нешто не можам, него да не реагира, ама го оставив да видам колку ке се потруди.. Ми пиша три пати и ми ѕвонеше неколку пати, ама ке видам од утре како ке биде..
Реши си и кажу му директно, немој да му враќаш или слично. Ако мислиш дека втората шанса ќе ја оправда дај му ја и пробај си ја среќата, но ако не кажи му директно и стави крај на сеуште не почнатото.
Види како ќе се однесува ама не му попуштај лесно. Ќе се научи секогаш така да ти прави, ако започнете нешто повеќе. Лошо започнал, размисли добро пред да одлучиш што понатака.
Чекајте малце...тебе он не ти е дечко, нели? Мислам дека се случува и тоа ете и јас напишав погоре дека често ме става на второ место и покрај тоа што сме во врска, јас колку што сфатив дека ти не си во врска со него, не го откачувај, види до каде ќе оди со однесувањево па ако продолжи тек тогаш превземи било што, јас да сум на твое место би се гледала некое време, ти сигурно не го процени каков човек со самото тоа што го познаваш три дена, ако во животот секој блокираш и игнорираш , нема да стигнеш далеку.
Па и не е баш добар знак ако уште отпочеток ја игнорира. Тоа што не одвоил ни минутка за да и врати на пораката само покажува дека не ја почитува доволно за да таа си троши време на него. Јас лично би го игнорирала и веќе не би му дала шанса, но секако сама ќе си одлучи
Ок барам мислење за мојава ситуација. Пред неполн месец летово, се запознав со дечко од странство, имавме преубава вечер заедничка, за жал утредента си одеше. Многу забавно си помианвме, со муабети и разменување по некоја нежност. После тоа си пишувавме недела дена и муабетот заврши (тој беше на ред да врати, последно го прашав како си поминал во х град). Имавме правено муабети јас да го посетам, да земам карти за нареден месец итн. Не сум нешто потресена или залетена, не сум тинејџерка и имам поминато доста работи, но сепак ќе ми беше мило да продолжевме контакт, па и да му појдев на гости (ако ништо друго ќе се прошетав хх. Инаку да не звучам ладно, многу нормално дека ми се допаѓа дечково). Од тогаш поминаа скоро 3 недели. Дали тоа е тоа и да баталам се околу дечково или да пишам. И ако пишам, што би пишала?
Јас крај на март се скарав со бившиот,на први мај се запознав со мм,4години врска,една година брак,па што? Ти/тој нема да очекува уште првиот месец ти да се заљубиш во него.
Не не ми е дечко, сме немале ништо и затоа не знам што да правам. Од една страна сакам да пробам бидејки многу ми се допаѓа, и на одмор стварно ме изненади што беше прибран, културен, ми се отвори, а вчера сосема друга слика ми направи.. Како што кажа @Purplelilac , можеше да изреагира вчера, макар и да ме откачи..
Еве да кажам едно мое искуство...се допишував со еден странец, дојде во Ск не ми пишуваше да се видиме првите денови, на камера се гледавме а бев на 10 мин подалеку од него , спомна да се видиме и реков ок, сабајлето ми пишува порака ај друг ден да се видиме, и јас пак ок, другиот ден пак беше утре, и пак ништо, тек после 5 дена се видовме, искрено тоа ми беа најубавите 5дена одпосле од како се видовме преубаво си поминував иако да, и јас се чудев што не можеше да најде малце време за мене, но ете верувам дека секој си има свои причини, јас ако така реагирав како членкава ќе немаше да ги доживеам сите тие убави спомени, иако поминаа три години уште чувам слики и се сеќавам, а ако го блокирав што ќе направев? Затоа додека не излезеш нема да знаеш, ќе одолговлекува и ќе измислува, ама до кога? Чекај да му го видиш вистинското лице, бидејќи машките не се замараат многу со времето на девојчињата.
Пиши му како е, што прави, дали е зафатен со нешто па нема многу време? Иако чудно е што поминале три недели а он не ти пишал, изгледа маживе како жени станаа, треба сега ние да трчаме по нив, барем да знаеш на што си, дали да се надеваш или не, пиши ми и лп ако сакаш што ти вратил, ќе поразговараме на темава
Батали. Било, поминало. Немало ни некоја сериозна основа за да продолжи. Идеш на одмор, запознаваш некоја, се забавувате, се враќаш у својот нормален живот на своите нормални активности, обврски, на своето друштво, својата девојка/жена итн. Да, во тој занес на емоции и страсти можеби сте си кажале некои зборови „ќе те посетам, ќе ме посетиш, еден ден вака така...“. Ќе ти помине.
Тоа да, основа нема ич, али ќе беше убаво да продолжевме лабав муабет од време на време, најдругарски, ама ете. Инаку да напоменам он ми имаше пишано прв, и многу нормално течеше муабетот цела недела, а тие муабети околу посетувањето и карти зимање кога што како, ги правевме пишувајќи, не додека беше тука или во некој страстен момент, затоа е малце чудно. А пред недела дена му ја лајкнав последната слика на инстаграм, само таа му е од Мк (во Мк се запознавме), па ете и тоа беше како еден потсетник и пак ништо. Треба да баталам изгледа, ако сакал ќе пишел..али пуста желба..