1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Freya123

    Freya123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    234

    Ако сака дечково да останете во контакт ќе ти пише самиот без ти да му дадеш потсетник (да се надоврзам на коментаров од горе што си го оставила). Плус не се потпирај многу на тоа со лајкови, тоа може да упали кај некој од тука, луѓето од странство си имаат свој вид на „потсетници“ така да може он и да не го гледа тоа така воопшто. Дај му уште малку време, ако не пише до тогаш, едноставно не го мисли веќе. Никогаш не се знае, можеби ќе ти пише понатака, ама не си прави филмови туку едноставно нека ти биде убав спомен и ништо повеќе :)
     
  2. Irenaiki

    Irenaiki Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2017
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    203
    Пол:
    Женски
    Не знам што да правам, ми се оствари една голема желба да се видам со еден дечко, но од друга страна некако не сум среќна, не знам дали воопшто треба да бидам среќна, се шетавме, јадевме, ми купи ружа, не е од тука, задутре си оди, вчера ми рече пак да се видиме, кога дојдов дома ми пиша фала за денес, и ме праша дали сум стигнала се засекирал...да бидам искрена се плашам од одбивање, мислите ли дека сум му оставила добар впечаток? Рече вчера за денес да се видиме, сабајле ми прати стикер со срце, ја му пишав само што прави ми одг како еве ти...и тоа , да му пишам ли дека ми е жал што си оди? Да не испаднам глупава?
     
  3. Chris0203

    Chris0203 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2018
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Мојов проблем е малку глуп и детинест ама многу сум збунета и не знам што да мислам.... имам 23 год и ми се допаѓа момче што е помало од мене 4 години и плус работи со мене... си се пуштавме, пишувавме и се слушавме скоро 2 месеци, без ништо и веќе знаевме дека нешто ќе се случи меѓу нас само беше прашање на време.. бевме излезени на забава цело друштво и кога си одевме дома седнавме во еден парк на клупа. И двајцата малку запијани, тој буквално ми заспа на рамо. Јас останав така да седам, не сакав да го оставам сам иако бевме многу блиску до дома. Потоа кога се подотрезни, као "случајно" ме бакна, и тоа изгледаше како сосема свесно и испланирано направено.. останавме уште некое време така, се гушкавме и ме бакнуваше постојано и си заминавме. Не знаев што да очекувам, затоа почекав работите полека да си течат без да бидам напорна или да избрзувам. Сега сум малку разочарана бидејќи тој тврди дека бил пијан и на голем дел од вечерта не се сеќава. Не се сеќава дека си заминал со мене, а за другото не се осмелувам ни да прашам. А знам дека другар му знае за се бидејќи тој го испрати да си замини со мене... сега не знам како да се однесувам, лута сум и разочарана, тој ме сети дека сум лута ама не му е јасно зошто... а исто и тој се однесува малку различно, како посрамежлив е и помирен сега, а и не ни ми пишува. Знам дека сакал да се случи тоа, и двајцата сакавме, ама сега не ми е јасно ништо... Зошто се однесува вака и зошто тврди дека не памти.. ???? :(
     
  4. Cutiepie1

    Cutiepie1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2018
    Пораки:
    811
    Допаѓања:
    2.926
    Пол:
    Машки
    Следниот пат исто, само трезни.
    Треба да биде, од втор пат. :P
     
    На Vennera.aa, malalola, Chris0203 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Си игра игри, уште не е созреан.
    Отворено прашај го на што сте.
     
    На WildMk, malalola и La.loca им се допаѓа ова.
  6. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    950
    Допаѓања:
    3.563
    Пол:
    Женски
    Ако двајцата сте сакале свесно да се случи тоа - немало во пијанство да се случи бакнежот. Ако ти не си срамежлива, и ако си малку похрабра и самоуверена викни го да излезете на шетање и доколку сакаш кажи му: Сакаш да те потсетам што се случи таа вечер? - и бакни го. :) Доколку го направиш ова очекувај и позитивна и негативна реакција - за да не се разочараш.
     
    На DushkoFH, Shmizla94, Ana.brojka и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Chris0203

    Chris0203 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2018
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    не знам дали ќе има следен пат.... многу далечно ми изгледа тоа сега.

    и предходно имало шанси тоа да се случи, ама немавме храброст... ни јаа, бидејќи се плашам од одбивање, а ни тој, иако имаше многу такви моменти... сега мислам дека има собрано храброст на пијанство, и сега е усрамен и не знае што мислам јас за тоа ни како би реагирала ако спомни нешто.. и се вади на тоа дека не се сеќава, а тоа мене ужасно ми смета..
     
    Последна измена од модератор: 15 септември 2018
  8. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.432
    Пол:
    Женски
    @Chris0203

    Можеби мисли дека ќе јаде корпа заради годините. Сигурно не бил дотолку пијан за да не се сеќава што направил.
     
    На La.loca му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Chris0203

    Chris0203 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2018
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    помислив и на тоа.. сепак беше премногу свесно направено за пијан човек..секое движење му беше како...нормално. А знаеме дека си се допаѓаме, не знам зошто би мислел дека ќе јади корпа.. многу ветуваше со однесување и внимание и разговор и се... според мое искуство, лично и на мои пријатели, што трезен мисли-пијан кажува и прави, ама да не памти, ми асоцира на тоа дека не му е гајле.... мозоков каша.
     
  10. Angela0909

    Angela0909 Нов член

    Се зачлени на:
    13 септември 2018
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво дечки, сакав само да споделам еден проблем кој неколку дена ме мачи, со дечкоми сме во врска повеќе од еднс година, имавме доста проблеми, често се расправавме, не зборувавме со денови, но многу се сакавме, но пред одреден период дознав дека он има искочено со друга, ја бакнал во период пред повеќе од пола година кога ние не бевме во контакт 2 недели, го криеше многу вешто но јас инсистирав и дознав дека искочил со неа прво ми велеше дека било обично кафе се додека не ја призна целосната вистина. Да бидам искрена не го очекував ова, некако светот ми се сруши целосно, и незнам што е правично, не сум сигурна дека можам да замижам како ништо да не било, не сум сигурна ни дали можам понатаму без него..
     
  11. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.432
    Пол:
    Женски
    Негова грешка, сте биле скарани но уште сте биле заедно. Тоа е неверство. Не се излегува со друга ако со едната прво не се расчисти. Грешка на двајцата што сте се ставиле на пауза на некој начин. Како толку време без контакт? Ако двајцата сакате да бидете заедно, ќе преминете преку тоа и ќе остане зад вас, вие ќе си продолжите ама посериозно малку. Ниеден проблем не се решил со молк.
     
    На shining_star му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Cutiepie1

    Cutiepie1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2018
    Пораки:
    811
    Допаѓања:
    2.926
    Пол:
    Машки
    Неверство, не се простува.
    Кој изневерил еднаш, ќе изневери и друг пат.
    Крај, колку и да е, тежок.
     
    На Herrera, DushkoFH и shining_star им се допаѓа ова.
  13. Angela0909

    Angela0909 Нов член

    Се зачлени на:
    13 септември 2018
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Па тој е свесен за ситуацијата, вика било момент на бес бидејќи многу лоши зборови си кажавме последната вечер, не контактиравме 3недели, после 3 недели јас го побарав да зборуваме и тој дојде, се смиривме, но немав никаква идеа дека тој бакнал друга. Ми кажа дека мислел било крај дела вејќе никогаш нема да бидеме заедно, не знам многу ми е измешано и многу се чуствувам повредено..
     
  14. Unique__

    Unique__ Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2018
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    1.918
    Пол:
    Женски
    Кај немате зборувано три недели, кај ти си го побарала па и се правда дека било во момент на бес бакнежот со другата.
    Ефтини изговори, јас не би му простила после тоа.
    Мене ќе ми биде гад да бакнам некој кој ме изневерил.
    Прво требало да расчисти со тебе па подоцна да крши глава ако сака.
     
    На shining_star му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.432
    Пол:
    Женски
    Знаев дека е ова.
    Тој со неа бил само тогаш, после расчистил и сте продолжиле, значи не се плетка веќе со други, но ако не можеш да му веруваш, тогаш подобро ќе ти биде без него. Ти си знаеш како тој те третира и како ви е после тоа. Лесно е да видиш дали некој те сака или не.
     
    На IM.TMKQ, IAmPresident и shining_star им се допаѓа ова.
  16. Snowball17

    Snowball17 Нов член

    Се зачлени на:
    13 септември 2018
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    2
    Здраво на сите. Нова сум на форумот и би сакала да добијам неколку совети. Мојата ситуација е многи глупава, имам 21година студирам, имам дечко 22години. Може да се каже дека се познаваме скоро цел живот бидејќи заедно учевме и основно и средно, и сега во врска ме 4години. Моите заостанати родители никако неможат да го замислат него поради х причини не би тука за тоа, и дека тој ме почитува и ме сака и ми е многу убаво со него. Последната година ипол тие не знаат за нас, бидејќи последен пат кога дознаа имав 19години и имаше забрани за излегување, одзимање на лап топ, мобилен телефон, дека ако уште еднаш се повтори ке ме избркал татко ми од дома, абе кошмар. Се утепав од плачење. Но ние никако не попуштавме, сето тоа помина за месец време и пак ние си продолживме се по старо. Секаде си излегуваме и по други градови се шетаме но моите незнаат за тоа што веќе почна да ми прави се поголем стрес. Проблемот е во тоа што сега за виќенд сме договорени да испаднеме со пријатели, но таму каде што ќе одиме ќе е и вујко ми, веројатно тој така ми кажа. Е сега незнам што да правам, од една страна си велам многу ми е гајле што сака нека биде, а пак од друга страна не ми е сеедно, знам дека и тој ќе се изнервира знам дека и на него ќе му се упропасти вечерта. Можеби вујко ми нема да каже на моите, големи се шансите, но највеќе ми е за дечкото. Веќе и јас несакам да се кријам многу е грдо, не сме мали веќе. Многу пати сакав да им објаснам на моите особено на мајка ми, но никако да прифатат и да разберат. А дечкото е супер, вреден е многу, работи се и сешто, самиот си заработува, епа неможат сите со факултетско образование да бидат. И неговите се добри, немам слушнато нешто лошо да се зборува за нив. Ама ете моите сеуште живеат во минатото и никој ништо неможе да им докаже секогаш тие се во право. Ви благодарам однапред.
     
  17. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.159
    Допаѓања:
    15.717
    Пол:
    Женски
    Зборувај со мајка ти објасни и, мајка е ке свати, па таа со полека нека му објасни на татко ти. Што знам бе, не сте мали На крај краеви ти фати си го дечкото за рака и право кај твоите.
     
  18. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.392
    Допаѓања:
    42.637
    Пол:
    Женски
    Многу добро те разбирам. И јас бев во слична ситуација. Ја криев врската околу една година бидејќи се плашев дека моите толку лошо ќе се однесуваат, и дека не би издржала да останаме под ист кров. Некако собрав храброст, им кажав, прво малку лоша реакција, но еве фала му на Бога две недели поминаа и не е лошо, се издржува, ама на душава ми е полесно.
    Прво, мораш да бидеш спремна да се соочиш со нив, порано или подоцна, доколку дечкото навистина ти значи. Не си мала, и верувам работите се смениле од кога си имала 19 години, барем за тоа како твоите гледаат на тебе.
    Држи си се до тоа што мислиш дека е најдобро за тебе, не се карај многу со твоите обидувајќи се да објасниш, туку направи им искрен муабет дека ти не си веќе мала, дека е твоја одлука, дека што и да направат, на крајот пак ти одлучуваш.
    Конкретно за ситуацијава не знам што да те советувам, ако мислиш дека вујко ти не би те издал, тогаш кажи му, или замоли го да не спомнува ништо, за ти сама да им кажеш на твоите. Или пак не правете ништо пред вујко ти, не е страшно, нека мисли дека сте само другари. :)
    Ти посакувам да собереш храброст и да се соочиш. Секој има право да живее како мисли дека е добро за него, а поготово за бирање партнер. Се ќе биде во ред. :)
    Ако ти треба уште нешто, пиши ми лп слободно :)
     
    На Carolin. му/ѝ се допаѓа ова.
  19. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    950
    Допаѓања:
    3.563
    Пол:
    Женски
    Сум немала ваква ситуација но знам од една другарка. Верувај ми многу потешко и беше додека криеше од дома, кога кажа без разлика на реакцијата од нејзините и беше малце полесно. Затоа собери храброст и кажи им. Како што кажаа и другите, сама ќе си го избереш животниот партнер, нема твоите да ти го бираат. Ти ќе живееш со него, а не тие. :)
     
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Зошто ти забрануваат да се гледаш со него?