1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Kacikakacika

    Kacikakacika Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2018
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    575
    Пол:
    Женски
    Колку време е потребно да помине за кога ќе го видете бившиот да не чувствувате ништо? Сакам лично искуство бидејќи знам кај секого е различни. Јас еве два месеци точно од кога раскинавме, бавме заедно 6/7 месеци. Не е проблем што бевме заедно, туку шти бевме премногу време заедно и се зближивме имам веќе напишано дека раскинавме поради татко ми и поради пари и материјални работи. Но, јас кога и да го видам не ми е сеедно некако. Како сите слики заедно наеднаш ми се вртат во главата.. не ми е јасно и сакам да го заборавам сето ова и да го снема. Изминатиот викенд и саботата и неделата тој беше излезен на места кадешто бев јас во блузи коишто му ги подарив јас. Е така ете. Знам ќе кажете батали филозофирам и де само сакам да знам дали е сето ова нормално сеуште да не ми е сеедно или..?
     
  2. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.992
    Допаѓања:
    166.694
    Пол:
    Женски
    Не можеш да очекуваш дека тоа би се случило за конкретен период. Баш како што и сама кажа, кај секого е различно. Ама ќе се случи тогаш кога ќе престанеш да се форсираш самата да го заборавиш. Тогаш кога ќе пуштиш срце, ќе прифатиш што се случило, и ќе продолжиш понатака. Во меѓувреме, дај си време да одболуваш, без разлика колку ќе трае и без никакво форсирање емоции.
    Ќе помине. :)
     
    На natemila, WildMk, H.VAGA и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Unique__

    Unique__ Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2018
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    1.918
    Пол:
    Женски
    Been there.. Кај секаде е различно како што и самата кажа, клучот на решението е во тебе.. Мене ми фалеа 3 4 месеци да преболам, а мислев дека никогаш нема да успеам.
    Се е до самата себе, кога ќе бидеш одлучна и решена да одиш понатаму тогаш ќе го заборавиш.
    Стисни заби, глава високо, знам дека е лесно да се каже а тешко да се направи, ама ќе видиш, еден ден ќе заборавиш на сето тоа.
    Не се форсирај, знаеш како викаат остави време на времето, се ќе помине.
     
    На natemila, cavalli и Kacikakacika им се допаѓа ова.
  4. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Мислам дека причините поради кои не го сакаат твоите родители се доста битни за советот кој го очекуваш од нас. Не ја даваш целата приказна, не можеш да очекуваш непристрасен одговор. Секој би ти дал совет како да останеш со дечкото, како да им кажеш на родителите, а ете, не ја знаеме другата страна на приказната.
     
    На candy.cane, theowndemon и crimson им се допаѓа ова.
  5. Snowball17

    Snowball17 Нов член

    Се зачлени на:
    13 септември 2018
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    2
    Причината е банална. Барем јас така мислам. Имаше малку непристојни настани, но тоа остана во минатото. Кажав баш за тоа неможам да зборувам. Секако тоа беше пред 8години, што и веќе не е битно за мене. Друга причина за моите родители е тоа што тие биле 3деца. Па ако сме биле озбилни каде ќе сме живееле, а неговото семејство е доста добро финансиски, и многу убаво се средени и се имаат. Секако мене парите не ми се важни, јас сега студирам сега ќе одам 4та година и доста добро ми оди со тоа што сакам јас самата да си заработувам за да имам се што ќе посакам. За земање секако уште е рано, но ние зборуваме веќе за заедничка иднина. Друго исто така, тој не одел на факултет, е добро, неможат сите да одат на факс. Не е работата за немање пари туку знам дека не сака да учи и затоа работи и многу добро заработува.
     
    На candy.cane и Cutiepie1 им се допаѓа ова.
  6. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    За баналната причина побарај си совет од некој/а на кој можеш да ја довериш, па таа личност нека ти даде непристрасно мислење.
    А втората причина е смешна и трагична. Објасни му на татко ти дека и после 5 години да запознаеш дечко единец од фамилија со голема куќа, ти пак нема да живееш во иста куќа со неговите родители. Кажи му дека тоа е навистина заостанато и се покажало дека е причина број 1 за многу разводи и караници. Објасни му дека подобро ќе живееш под кирија во некоја гарсоњера со него, отколку со свекор и свекрва очи да се вадите.
    Ако не те сфати, а дечкото е стварно добро и сериозно дете, тогаш ти препорачувам додека се вработиш да си терате тајна врска, а потоа без криење. Ако ти се закани со бркање, спакувај си куферчето и напушти го тој дом. Ако ти прави други притисоци, повикај полиција, центар за заштита на семејно насилство. Буквално не ти може ништо. А ти не со должна да бидеш жртва на неговите заостанати сваќања. Позз
     
    На candy.cane, DushkoFH, 1209 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Purelove92

    Purelove92 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2015
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    2.872
    Пол:
    Женски
    Биди храбра, животот е премногу краток да ги премолчуваме емоциите. Впрочем не ни гледам причина зошто не би му пишала, баш е обратно - би испаднала глупава доколку даденото внимание не го враќаш со иста мера. Good luck.
     
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Ако сте си битни еден на друг и ако ви е убаво заедно, морате да се борите за вашата љубов да опстане.
    И да дознаат твоите, нека ги... ќе мораат да научат да живеат со твојата одлука... Сепак, тоа е твој живот, а не нивни.
     
    На candy.cane, worrieddd, Snowball17 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Avanturist19

    Avanturist19 Нов член

    Се зачлени на:
    16 септември 2018
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Iskreno ja ni bi se kriela nit bi se zamarala da im kazuvam..ova e tvoj zivot.
     
    На Snowball17 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    950
    Допаѓања:
    3.563
    Пол:
    Женски
    Зависи. Ако сеуште чувствуваш нешто кон него нормално дека нема да ти е сеедно. Јас сум имала само една таква подолга врска претходно во која што бев баш заљубена во бившиот и ми требаше сигурно година до две да го преболам тоа. Мислам дека толку долго ми требаше бидејќи учевме во иста гимназија - секојдневно го гледав. Но, кога завршивме средно сфатив дека џабе сум ги потрошила две години за нешто што завршило. Сега кога ќе го видам не чувствувам апсолутно ништо, како никогаш да не сум чувствувала нешто кон него, само знам дека некогаш сме биле во врска.
     
    Последна измена: 16 септември 2018
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Yeeah

    Yeeah Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    704
    Допаѓања:
    2.822
    Здраво.Пред околу 4 месеци искочивме со еден дечко инаку се знаеме од порано.И пред неколку недели требаше да се видиме но ми се јави во 18h и ајде ми вика да се видиме во 18:30h и јас му откажав и наредниот ден беше нешто така слично.И ми пиша во средата да се видиме но да не сум го зезнела пак. И договорот беше за денес да се видиме, ми кажа дека е 2ра смена на работа, јас му пишав вчера да се договориме му предложив место и само го прашав во колку часот и му потенцирав да се договориме пред време за да знам, дека дома имам обврски.Чекајќи го сум заспала и он ми вратил дека несака таму да иде на тоа место и ми пишал во 17h ѕвони ми да се договориме.Way си викам кога видов.Значи јас сум тип на девојка што сакам да се договорам еден ден уназад за да си го испланирам денот, неможе во 17 часот да ми се јавува и да ми рече ајде во 17:30 искочи нели не иде? Сакам да се истуширам, нашминкам, облечам убаво итн. И сега кога ќе ми пише или ѕвони небитно сакам да му го кажам ова на него.И исто така запнува да идеме на едно место кај што мене не ми одговара далеку ми е и треба пешки да идам зошто нема автобус од мојата релација.Бог да чува значи и после ние женските се криви.Несакам да почнувам нешто со некој што несака да се заангажира за мене,а и секако криво ми падна што ме одби за местото како да нејќе да го видат со мене таму, така испаѓа! А да видите во средата добар предобар со мене, викендот ќе си каже се, би сакал да трае ова со нас.Иначе не сме се мувале сеуште.
     
    На worrieddd му/ѝ се допаѓа ова.
  12. PogbaPol

    PogbaPol Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    2.511
    Допаѓања:
    10.357
    Пол:
    Машки
    E dobro de kazimu da si planira porano ako saka da se vidite , pred vreme da ti kazi
     
  13. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Разговарај со него за тоа што ти пречи. Искреноста е многу важна. Секој го планира времето, а со разбирање и добра организација се може да се направи. Дајте си шанса за да се запознаете подобро и ќе се увериш дали сакаш комуникацијата да трае.
     
    На crimson, WildMk, Alisa22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    950
    Допаѓања:
    3.563
    Пол:
    Женски
    За се што си напишала така е, не попуштај. Ако му е толку важно да се видите ќе дојде кај што сакаш ти. Како ќе се поставиш во старт така ќе биде.
     
    На crimson, VictoriaSan, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Fatum nos iunget

    Fatum nos iunget Активен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2018
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    40
    Пол:
    Женски
    Потребен ми е совет и мислење...Бев во врска скоро година, и двајцата бевме премногу заљубени...Јас претходно повредена, тој претходно повреден. Јас сум таква (не ме судете) што ако некој премногу сакам и ме повреди и имам некое чувство, осеќам некоја потреба или да излегувам со повеќе за да ги оттргнам мислите од него или не излегувам со никој воопшто, сакам да кажам не би почнала врска со никој...Ист случај е и тој, и така и двајцата си се најдовме, ист е ама ист е како мене...Пресреќна бев со него, како целиот свет да ми го смени. Но се случија некои работи па се разделивме...Но никогаш не изгубивме контакт целосно...И двајцата се повредивме....Помина долго време и почнавме да се гледаме пак но овој пат не е ништо сериозно..Ниту јас сум му кажала што искрено чуствувам кон него, ниту тој мене од кога се смиривме. Воопшто никаков отворен муабет, и да се пробам некогаш не ми успева.
    Сега сакам да кажам се гледаме и мислев никој нема да знае за нас, не им кажував ни на моите пријателки додека сфатив дека сите негови другари веќе знаат, и кога и да ме видат ме прашуваат за него како да сме во врска освен што ние не се понашаме така. И во овој период што излегуваме така на пример или тој да ми сее скара за нешто или јас и по една недела слушам муабети како тој излегува со повеќе девојчина или пак јас излегувам но секогаш на крај се враќаме еден на друг, и си кажуваме се како небаре најверни другари сме што биле разделени некој период. Значи и кога бевме скарани секогаш сум била тука за него и тој секогаш бил тука за мене. Секогаш кога му е тешко за нешто, јас сум таа што ја бара и обратно, јас него. Значи моментално не сум јас за да бидиме во сериозна врска, бидејќи и двајцата неможиме, јас искрено премногу се плашам...иако премногу го сакам и затоа продолжувам вака со него, од една страна сакам да бидиме потајно и со тек на време да одлучиме и да се среди се но од друга страна стварно не знам дали е во ред ова што вака правиме... Но сепак не сакам ни да се откажам целосно од него а и не можам, се плашам да не ме заборави..Дали некогаш сте биле во слична ситуација? Не знам навистина што да правам, хаос ми е во главата...Помагајте...Се надевам нема да ме нападните сите што сум ваква збунета, бидејќи имам забележано во форумов многу пати некој кога ќе каже некој проблем и бара совет...Некои наместо совет да и дадат, ќе ја нападнат и чао пријатно. Јас свесна сум за се, САМО ми е потребен совет.
     
  16. gloriabebo

    gloriabebo Активен член

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    104
    Одговорот е едноставен.Треба да рсзговараш со него.Очи во очи и искреност само.Среќно.
     
    На Fatum nos iunget и honey.11 им се допаѓа ова.
  17. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    Сум била.
    И најдобра одлука ми беше што се тргнав.

    Тоа што си врзана за човек со кој нема да имаш ништо сериозно те спречува да најдеш друг за да бидеш среќна со него, плус немаш никаква стабилност.

    Звучи тешко, ама ако знаеш дека штом ти се тргнеш тој ќе те заборави, ете го одговорот.
    Вредиш повеќе за на некој да му бидеш за онака. Не наоѓај изговори.
     
    На auslader, natemila, worrieddd и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Fatum nos iunget

    Fatum nos iunget Активен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2018
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    40
    Пол:
    Женски
    Не знам колку прочита од тоа што го напишав, ама сакав да кажам дека и двајцата имаме чувства еден кон друг. Само што откако се смиривме ниту јас, ниту тој не си имаме очи во очи кажано. Се што дознавам е што ми кажале некои другари негови што зборувал тој за мене. А со тоа се плашам дека ќе ме заборави не се изразив убаво. Јас многу пати се имам тргнато од него и тој мене ме бара. Цела година од кога се скаравме, тој беше единствениот што се трудеше да не изгубиме контакт додека јас мислев дека тоа е подобро за мене и повторно го сменив мислењето бидејќи навистина не ми одеше без него.
     
  19. Fatum nos iunget

    Fatum nos iunget Активен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2018
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    40
    Пол:
    Женски
    Епа проблемот е што не ми оди. За јас да се отворам кон некого треба тој прв да почни. Се плашам јас да почнам и не знам како. Ужасна сум, премногу затворена личност..
     
  20. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.774
    Пол:
    Женски
    Не можеш да разговараш со него затоа што и самата си немаш донесено одлука. Значи, одговор конкретен никој од нас не може да ти даде. Прво, затоа што не знаеме зошто сте се разделиле. Ако причината за разделба била нешто што не може да се надмине ниту со разговор ниту пак со текот на времето и зрелоста, тогаш одговорот е дека треба да се тргнеш од него. Ако пак проблемот поради кој сте се разделиле е решлив и надминлив, тогаш веќе можеш да размислуваш за сериозна врска и повторно нормално функционирање. Макар што, од сопствено искуство можам да ти кажам дека таквите врски раскинување-смирување многу ретко можат да профункционираат повторно нормално како претходно, од причина што со секое раскинување се губи од довербата која си ја имала за личноста. Но и не мора да значи дека така ќе биде и кај тебе. Значи одлуката најпрвин треба да ја донесеш сама, а потоа да му ја соопштиш на него :)
     
    На Joi и Fatum nos iunget им се допаѓа ова.