Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    973
    Допаѓања:
    3.604
    Пол:
    Женски
    Не се карајте за глупости. А ти за да не се нервираш не му го проверувај секогаш телефонот, инстаграм и сл. Кога тоа го правиш значи дека немаш доверба.
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.114
    Пол:
    Женски
    Апсурдно е да биде љубоморен на Малума, ти така си мислиш.

    Сега остави да олади топката,утре извини му се за нервозата и разговарајте. Мораш да сфатиш дека твоето е глупост, а и да поработиш на себе малку повеќе. Ова е мое мислење.
     
    На Unique__ му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Unique__

    Unique__ Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2018
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Види, не си требала да реагираш бурно, и требало прво да провериш кога е заследена пред да правиш драми.
    Љубомората не е здрава во врската, ствара ептен несигурност, но што е тука е.
    Тоа се социјални мрежи, тој е со тебе три години, не е со тие останатите. Така се гушите меѓусебно.
    Не сте си робови едни на други.
    Што да правиш? Остави го, некој ден, да си ја олади главата и мислите, после побарај го, виновна си што си изреагирала бурно.

    Веројатно е навреда или некои други кажани зборови посебно ако се навредил кога му кажала дека не му верува,.
    А што се однесува за следачите, тоа сепак се социјални мрежи, ако толку и пречи нека избришат и тоа е тоа.
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. gloriabebo

    gloriabebo Активен член

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    104
    Вака срцка јас не сакам непочитување.Досега ми направил уште 2 работи што ме извадиле од такт и не сум сакала да преминам ама простив.Самиот викаше не ми е тоа битно мене јас те сакам само тебе и ќе избришам инста ако треба.Реков нежма потреба јас ти верувам ама овие работи неможам да ги сфатам.Знаеш кога нешто ти смета некој мора да го почитува тоа како што јас го почитувам неговото.Можеби сега е во право.Не викам дека јас не претерав ама мора да се научи на комуникација.Не му требаше тоа со блокирањето.Не се дерев ниту вреѓав.Само зборував како што е нирмално.


    Не реагирав бурно.Само убаво пишав која ти е оваа.А секогаш се дешава пред да излегува негде.Така и овој пат и тоа можеби баш го изнервирало дупло.
    Ама и јас се изнервирав и затоа му реков неможев да ќутам.Одма ми текна дека ну е во првите видов со свои очи и реков мора да е така оти и кај мене е така.А како сега заследена а претходно не ми ја покажуваше пред 2 недели? Тогаш му реков пак ама пред тоа бевме скарани па тогаш ги заследил.И вика можеби е тогаш тоа а да не памтам.Сега немаж ништо заследено а ти ако не веруваш тоа е.Јас си го кажав авоето ти пак по твое и сега ќе те блокирам ќе видиш оти ти кажав да престаниш да се повторуваш.И реков не трпам лаги и ме блокна.
     
    Последна измена од модератор: 7 октомври 2018
    На WildMk и worrieddd им се допаѓа ова.
  5. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    973
    Допаѓања:
    3.604
    Пол:
    Женски
    Да малце е глупо од негова страна тоа блокирањето. Не знам. Може ногу си го изнервирала, ама и он па не треба одма да те блокира треба да разговара.
     
  6. gloriabebo

    gloriabebo Активен член

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    104
    Па разговаравме.Мислам јас знорував он почна да се лути не ме масирај со тие глупости аман немам заследено секогаш пред да излезам се расправаш итн.
    Сега превртив се и проверив и веројатноста е поголема дека а нема заследено ама сепак не знам.Еве ако е во право што да направам сега? Веројатно е многу лут бидејќи воопшто не ме побара.
     
  7. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.114
    Пол:
    Женски
    Јас ќе ти кажам дека непочитување е твоето да не му дозволуваш слобода во врската, да заследува и гледа слики од други девојки.
    Тој што те блокирал -избрзал, но дали знаеш дека блокирањето може да значи крај?
     
  8. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.468
    Допаѓања:
    22.311
    Пол:
    Машки


    Јас мислам дека нејзиниот инстикт и вика така и веројатно затоа така реагира. Девојчето едноставно си бара одоговор на нормално прашање, таа не го обвини и како што ја читам ја блокирал моментално. Да не кревам паника како машко овде, најдобро е нека остави да помини некој ден и нека разговараат тоа што и смета да прекини да го прави ТОЈ, ако сака.


    Тука не се работи за (не)доверба, затоа што мислам дека таа ниту го обвинила нешто, ниту пак му рекла, само прашала која е и што е и малку и смета таквото нешто, односно се чувствува неугодно.



    Од моја гледна точка како машко, не знам покрај сето ова што го кажувам пример и имам разговарано со другари и слично, секого го интересира нешто настрана, и било што си заследуваат со намера да си имаат на лагер, барем така повеќето се однесуваат, ама јас пример не ме влечи ниту да заследам ниту да аднам нова девојка. Отсекогаш се задоволувам со тоа што го имам дури и презадоволен сум, ама можеби и затоа ми се случуваа вакви работи и сум сам. Не е битно, битно, треба да најдат заедничка средина и тоа е тоа.
     
    На theunforgiven и shining_star им се допаѓа ова.
  9. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.114
    Пол:
    Женски
    А ако не знае тој која е и што е,како да и одговори @Stark ?
    Нели има голема доверба, она на тоа ќе му рече "Лажеш."
    И ете ти кавга, од ништо многу.

    Затоа нека немаат социјални мрежи, а тој кога ќе искача со нејзе нека си носи наочари или нека мижи за да не гледа други девојки бидејќи таа може да го праша "А која е таа што ја зјапаш"?
     
    На Unique__ му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Unique__

    Unique__ Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2018
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Многу се замараш и се опседнуваш, треба да уживаш во врската..
    И што сега, јас треба да се лутам ако дечко ми лајкнал, заследувал, го лајкувале и да барам со која лајкувал? Ете може и бил избришан профилот, може не си ја приметила или што знам.
    Ти велиш дека тој тебе не те почитува ама и ти не ја почитуваш неговата приватност.
    Криви сте и двајцата, толку.
    Почекај некој ден и извини му се.

    Кој е тој инстинкт? Тука нема инстинкт туку љубомора, ништо друго.
    Она го прашала и му рекла дека лаже, од тоа поголема навреда ако тој ја кажува вистината а таа бара влакно во јајце нормално ќе се навреди, на секој ќе му биде преку глава од љубоморни испади.

    Значи во врската треба да чувствуваш и малку слобода а не гушење и контролирање.
    Ама секој различно си сфаќа.
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    973
    Допаѓања:
    3.604
    Пол:
    Женски
    Побарај го ти, извини му се. Немој веќе да спомнуваш други девојки, зборувај за себе , поработи на твојата сигурност. Бар кога сте заедно не се карајте, разговарајте за вас, вашата врска. Немој да вртиш муабети за други девојки. Фокусирај се на себе најпрво и на вашата врска. Немој да вмешуваш трети лица кога реално тие и не постојат. Тој само следи на инстаграм, а тоа не мора да значи ништо. Ако гледаш ептен дека не се посветува на тебе и на врската тогаш разговарај отворено со него за да дознаеш во што е проблемот и дали може да се реши. Бидејќи следењето на инстаграм не е баш реален проблем и сериозен. Има многу посериозни работи од тие. Така да опушти се. :) Побарај го, извини му се и разговарајте.
     
    На buba4e89 и Unique__ им се допаѓа ова.
  12. Luciferovog zlo♧

    Luciferovog zlo♧ Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2017
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    5.497
    Пол:
    Женски
    Ти девојче да се прибереш и да пазиш малце како се однесуваш, разбираме и несигурност и ниска самодоверба и страв од оставање и ред други работи, ама ова твоево е ни натака ни навака, од што всушност ти се плашиш? Дека ќе те остави? Дека ќе најде друга на инстаграм? Ајде стави се на негово место, бидејќи вака не ја знаеш целосната слика како изгледаш ти во неговите очи, еве замисли цел ден тебе некој ти вика, еј зашто ова? Еј зашто она? Еј што ова? Еј што она? Ама зашто де? Може тебе ти е интересно и сакаш да се мешаш кај што не ти е место и да отвараш проблеми, ама запамти едно МАШКИТЕ НЕ САКААТ ДЕВОЈКИ КОИ СЕ НЕ СИГУРНИ И КОИ ИЗИГРАВААТ ЖРТВИ, зашто не оставиш да прави што сака, ти мислиш дека он ако сака да биде со некоја друга ќе бара дозвола од тебе? Не, верувај ќе отиде и нема да те праша, а вака што добиваш? Еве , еднаш дечко ми пред мене ми покажа слика од една на фб и ми вика убаво девојче, јас знаеш што му реков? Да, да многу е убава, слаба, висока што и фали, он се насмеа само, а замисли да почнев да драматизирам? Како би ти било на тебе да треба да му се објаснуваш на некој постојано? Знам дека не е лесно да се смениш , ама собери се, верувај многу поинаку ќе делуваш ако не се опседнуваш со глупости, мачење и за тебе и на него во празно. Покажи барем за себе дека вредиш и се почитуваш. * Колку сурово и да звучи, утре тој сигурно ќе ја памти таа која му оставила добар впечаток и со која поминал убаво време и спомени, а не некоја што прави драми, ќе те заборави како ништо и нема ни да му фалиш.
     
    На worrieddd, buba4e89 и Unique__ им се допаѓа ова.
  13. gloriabebo

    gloriabebo Активен член

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    104
    Не ме блокира моментално прво зборувавме 15 мин па после.

    Сега му се јавив оти очигледно не сум била во право а ако нешто излези дека стварно заследил тогаш нека му служи тоа на него бидејќи се понашаше вака.
    И нормално си збореше воопштп не ми е бил лут.Мислам можеби му поминало.И сам збореше како си поминувал бидејќи е со друштво и дека убаво било итн.И нормално збореше .. со нормален тон.. ме праша како сум и што правам.И вика ај утре ќе се слушнеме викам што утре после јави се вика звони ајде.. викам не ти ќе се јавиш јас еве се јавив.И сега што глуми?

    Кога ќе си појди ќе му пишам дека не сум била во право за тоа ама ако излези нешто тогаш нека му служи нему.
    Фала на советите.
     
    Последна измена од модератор: 7 октомври 2018
    На worrieddd му/ѝ се допаѓа ова.
  14. shining_star

    shining_star Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2015
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    1.258
    Пол:
    Женски
    @buba4e89, јас имам Фејсбук, немам Инстаграм. Мене додавање на машки пријатели што не ги знам ми беше интересно кога имав 14-15 години. Сега кога сум повозрасна и кога имам сериозна врска, имам околу 1.000 пријатели на Фејсбук и тоа се сите што ги знам. Не додавам и не прифаќам непознати личности, било да е од женски или машки пол.

    Реално, сите загледуваме на страна и барем мене тоа не ми претставува никаков проблем. Тој не коментира пред мене за други девојки, но јас коментирам од типот: колку е јака, гледај какви нозе има, убава коса и слично. Не му забранувам да следи другарки и колешки, но не гледам потреба да следи некои што не ги знае. Тој има Инстаграм, но ептен ретко го отвара и јас си дремам од кај него и му викам чекај да и ја срцнеме сликава на колешкава твоја, убава е тука.
     
    На Purelove92 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.114
    Пол:
    Женски
    @shining_star тоа е твое право ама не е правилно. Никој нема право да кажува што да прави и дали да додава или не.
    Не е потребно возраст за тоа индивидуално е.
    Ако гледаме така тогаш си мала и за фб.
    Јас мојот го направив на 18 години.
     
  16. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Значи 2 месеци како сте се смириле и нон стоп се карате по нешто ситно, ама еве прв пат сега поголемо.
    Не сфаќам зошто се мачите со нефункционални врски. Во 2 месеци сте успеале да се испокарате кој знае колку пати за ситни работи, па дури и ова "прва кавга ни е во 2 месеци" како со гордеење го кажуваш.
    Сметај дека постојано ќе има поголеми проблеми. Ако сега се карате еднаш на 2 месеци, за неколку години еднаш на 2 дена ќе стане.
    Не си трошете време на нефункционални врски.
     
    На Purelove92, KeBideLi, Unique__ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. shining_star

    shining_star Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2015
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    1.258
    Пол:
    Женски
    @buba4e89, а како знаеш дали е правилно или не е? Не можеш да кажеш дека некое размислување не е правилно, само затоа што не се поклопува со твоето размислување. Дечко ми има голема фамилија и понекогаш гледам некоја за мене непозната жена дека е додал, но јас за тоа не му се качувам на глава и да му мелам која е, па која е. Некогаш не ни го прашувам, некогаш од љубопитност ќе го прашам.

    Ни тој ми кажува кого да го додадам или да го прифатам, ни пак јас него му кажувам. Едноставно така функционираме. Не гледам причина постојано да става лајкови на некоја разголена или да и е има лајкато секоја слика, а не ни ја знае. Знам дека и тој нема да се чувствува убаво доколку и јас ставам лајкови и заследувам некои јаки машки, а не ни ги знам. Едно е да се силите тука како нема да се лутите за ништо, а сосем друго е во реалноста. Не сакам да имам маж до мене што се пали на секоја гола нога или длабоко деколте.

    За фејсбукот не се секирај, не сум мала воопшто. И на 14-15 години кога имав Фејсбук не се ругав како некои и ден денес што се ругаат од типот со срцепарателни статуси. Имав постојан надзор од брат ми, така да и на 14 години сум била примерна како и сега што сум. Знам што е за на Фејсбук, а знам и што е интимност и што е приватност. Всушност, и тоа е индивидуалност, кога мене ми дозволиле мајка ми и татко ми да имам Фејсбук на 14 години, воопшто не ме засега мислењето на останатите.
     
    На VictoriaSan, KeBideLi и IM.TMKQ им се допаѓа ова.
  18. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.114
    Пол:
    Женски
    Срцка јас не се силам. Имам дечко и двајцата имаме јавни профили на инстаграм,јас си заследувам кого сакам тој исто така. Нит му бранам ниту му преречувам и супер функционираме. Не драмам за лајкови ко бебе и не се замарам со епитети "која е оваа". Знаеме заедно да седнеме и да гледаме во нашите профили.
    Едноставно имаме изградено таков табиет.
    Ти мислиш дека сите се силат овде а со реалност се расправаме.
    Срцка некои немаат ни врска објавено на фб,а некои немаат ни фб и не знам што е нејасно. Испадна дека тебе повеќе те потресе моето размислување.
     
    На moon1 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.506
    Пол:
    Женски
    Можеби кај тебе супер функционира тоа и нема никакво значење или влијание на вашата врска, што е супер.
    Но некои лица профилите, лајковите, заследувањата ги користат и за други цели.
    Така да, само девојката си знае како и стои врската и дали се тоа е безначајно и резултат на непотребна љубомора.
    Како и да е, лошо е што не можат да се согласат и не си го почитуваат зборот.
    Тоа фали.
     
    На shining_star, honey.11 и buba4e89 им се допаѓа ова.
  20. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.114
    Пол:
    Женски
    Таа да знаеше немаше да бара совет. Очекуваше подршка, но објективно од страна гледано сликата е поинаква. Затоа реков нека си ги избришат профилите.
    А пак ќе се скараат за лајк или коментар.
    Ех, фб што знае да направи толку ни трета личност не знае.
     
    На IM.TMKQ му/ѝ се допаѓа ова.