Мое мислење како машко е дека заследување и лајкување на девојки што не ги познаваш не е воопшто коректно спрема девојката со која си во врска. Причина за ваквото однесување според мене е 1) сте си здосадиле еден со друг и треба да поработите на тоа или 2) ова е доста чест случај кај нас машките, добар дел влегуваат во врски чисто колку да има да се е*е нешто во моментот не можеле да фатат нешто подобро што е според нивните желби па влегуваат во врска со некоја што ќе им налета без притоа да имаат некаква привлечност кон личноста. И нормално по некое време ќе им здосади па почнуваат да пробуваат на страна затоа што немаат што да изгубат, за разлика од нив доста девојки веќе се заљубиле и настапува проблем.
За подолгите затоа и ставив прво под 1) дека е можно едноставно да им станало досадно, монотоно и треба да поработат на врската заедно значи има некаква надеж за ова. Ама има и ретки исклучоци каде овие од двојката влегуваат во врска исклучиво поради секс, а кога не се способни многу да најдат нешто подобро заглавуваат во првата врска. Инаку секоја чест за девојките што немате проблем кога машкото заследува и лајкува цело време други девојки, да е ситуацијата обратна јас не би ќутел сигурно оти задоволна девојка/дечко од врска нема потреба да флертува со други што дефакто е лајкувањето на непознати луѓе.
Како може да заклучиш дека ако се расправа некој и нефункционална врска? Јас пример втората врска што ја имав, воопшто не се скаравме во тие 7 месеци и кусур што бевме заедно, ниту замериле, ме изневери. Третата (последна врска) имав често ситни расправии, потоа станаа посериозни, потолерантен сум и се обидувам да разберам, и пак на крајот јас не разбирам и таа секогаш во право.
Абе не е комшија некој па да не смее да го праша пример, нешто што ја копка или ја интересира? Сепак се заедно и би требало да сподеуваат меѓусебе?
Не знам веќе изгубив сенс, до каде треба да оди толерантноста или пак премногу сум искрен јас како личност. Се што ме нервира си кажувам да се реши, ама погрешно ме сфаќаат. Како и да е, јас сигурно имав 10пати повеќе расправии отколку таа што имала како оваа, па сепак бев толерантен и на крајот јас бев тој што сепак жалеше што се "спаси" од токсична врска.
Милион пати ти имам посочено дека не си репер ни за здрави врски ни за здраво однесување во врска. Сам си кажа дека веруваш дека има потреба да ги контролираш девојките и дека си болно љубоморен. Кавги и љубомора не можат да бидат знаци на добра врска. Никој не сака врски кои му влијаат негативно на психичката состојба. И никој не сака партнер кој се обидува да те моделира и промени, да те направи како што тој сака ти да бидеш.
Според мене ако нема расправии е монотоно. Но ете дечково сака да си лајкнува и коментира и таа треба да го почитува неговиот избор но само ако му верува. А не таа му вели " Ти верувам" и пак му префрла за тоа. И испаѓа не му верува. Нејзе и фали разбирачка, не можеш да балансираш некој според твоите потреби,па не е марионета. Плус пиша дека се расправале пред да искочи - дали и фали внимание повеќе не знам. Едино што погрешил тој е што ја блокирал, а таа му се јавува на телефон, веројатно не сакал да се кара а и ни да се објаснува.
Не се сеќавам да сум разговарал со тебе, ниту пак дека сум рекол дека сум болно љубоморен, само прашав како би реагирале и слично. И не сум те ни прашал за мислење ако ти си некој судија да оцениш кој е репер за врски. Само те прашав овде како може да кажуваш ако имаат мали расправии дека се нефункционални врски.
Не се караме секој 2 ден. Кога ќе ти смета нешто нормално дека ќе му речеш.Не сме 2 месеца заедно туку 3 години.Не беше прв пат да не ме почитува околу тоа и затоа му реков што мислев.Ама не испадна дека сум во право.Оти ја немал заследно и затоа се јавив. Не сакам неразбирачка.Сакам компромис.
Најмногу се расправам ради непочитување на зборот.Тоа се случува неколку пати.Некаде пред 7 8 месеци ми се случи ова истово денес.Инаку не се караме само јас се лутам ако не се јави вечерва а е долго излезен, ако не си стои на зборот, често знае да избувни и да ми се развика иако е тој крив и тогаш сум многу лута и дури сакам и крај.Порано се лутев за се буквално.Некогаш знам и да ја претерам ама и он не е цвеќе.Не сакам неправди и тоа е. Како што знам јас да си сум мирна да не лајкувам и не следам бидејќи си имам дечко и не ми е тоа потребно така треба да знае и он. Ако е некоја што ја знае океј ама непознати зошто му се? Ако мислите дека стварно го напнувам.. излезен е од 2 до сега оправдано другар му си дојде од германија.И собрани се.Ниту му досадувам вака кога ќе е излезен ниту му звонам по 15 пати.Кога и да е излезен се слушаме по малку а исто и јас кога сум излезена.Не барам извештаи ама каде е и со кој бил нормално и каде ќе оди. Некогаш и јас реагирам бурно ама верувајте он кога ќе го налутам заќутува и ако му речам нешто тоа е хаос.
Не ме потресе воопшто твоето размислување, само ме копкаше тоа што викаш дека не е правилно тоа што јас го правам. Сакав само да ти кажам дека нема правило што е правилно. Ете вие така функционирате, ние поинаку. И се додека вас ви одговара или нас или на некој трет пар нема правило како треба да е.