Времето лечи сѐ, а кога најмалку ќе очекуваш ќе запознаеш девојка која ги исполнува твоите критериуми. Повторно ќе се заљубиш и тогаш ќе сфатиш дека за претходната џабе си се нервирал и си пател.
Ама не се лепи скршено срце. Скршени чинија се лепи ли? Чаша? Стакло? Ај и да се залепи, ќе биде ли како ново? Сакам да кажам... Ако човек е повреден, таа лузна останува. Е, сега, тоа не значи дека вечно ќе боли. Лузна е лузна. Не боли, ама стои, присутна е. Сликовито, останува како траума. Дали со послаби или посилни корени - зависи. На крајот од денот, во животот се' е лекција. А и многу зависи од тоа како човек се справува со неправдите. Не сме сите исти. Затоа и ме зачуди тоа што многумина тука знаат да окарактеризуваат во стилот „Машките не сакаат вакви и вакви женски, запомни!„ и слично. Не можете така да генерализирате. Не сите имаме ист вкус, карактер...
Неодамна запознав еден дечко, ми нудеше врска, ми кажа дека се заљубил во мене итд, бидејќи не е од мојот град, се решив да проверам како ќе се однесува ако му пише некоја друга, истите работи што ми ги кажа ги кажа и таму, само што не предложи врска дека најверојатно прв пат збори со таа уствари со мојот лажен профил, е сега барам мислење да ми кажете, дали јас да си продолжам да се однесувам убаво со дечково фина, културна како до сега, да се правам дека ништо не знам, друго, утре планираме јас да му ѕвонам на вибер , а другарка од тој профилот, некако ќе свртиме приказна да му се јавиме во исто време или јас додека зборам со него она да му ѕвони да видиме тој која ќе ја одбере или ќе излаже нешто? Ќе дојде за 10 дена во мојот град, како да се однесувам во живо? Да оставам да помине време кога ќе дојде и после истите работи ако ги кажува да почнам да реагирам или како мислите вие?
Беспотребно комплицираш. Веднаш со тестови.. Видете се, запознајте се па одлучи дали сакаш или не. Не мора да брзате со врска веднаш, штом не го знаеш и не си сигурна. Дружете се, сама ќе оцениш. Ова останатово многу детски е, нема потреба од вакви нешта.
Сериозно. Многу детско однесување. Како не ви е мака да правите вакви работи? И не. Немој да му звониш на вибер. Колку години имаш? Мислиш дека на овој начин ќе дознаеш дали е сериозен со тебе или не? Па вие уште буквално ништо немате. Тој си има право да си контактира со која сака. Не велам дека е во ред на сите да ви ги ветува истите работи, ама на крај краева затоа се запознавате. За да видиш каков е, колку ти одговара, па тек тогаш да одлучиш дали сакаш нешто со него или не. Почекај, видете се, па ќе си процениш колку е искрен.
Не, не ми е воопшто мака да правам вакви работи затоа што бев изманипулирана многу пати и излажана, значи јас сега треба да зборам со него и да му верувам во се што ќе ми каже, а не битно дека истите работи и ги кажува и на друга? Му се чудам како би го спровел тоа кога ќе дојде во мојот град да се види и со мене и со нејзе, (живеам во мал град) како човек да остане смирен и да се однесува како ништо да не било еве не знам, има право не велам не, ама зашто ми нуди врска?? Ви благодарам
А што ако во.живо не ти се допадне чуму ти се тие.тестови, бламажи, детски глупости..?? Колку години.имаш Теа? А ако пак се биде во ред и вистина се заљубите и.бидете заедно па после дознае за глупостиве и те батали, како ќе ти.биде тогаш мм?
Никој не рече дека треба да веруваш во се што ќе каже. Баш напротив. Ти затоа се запознаваш со него. За да процениш колку е искрен, колку ти одговара, дали ти се допаѓа итн. За никој неможеш од старт да знаеш каков ќе испадни, ама не е начин да се користиш со вакви детски работи, лажни профили и слични глупости. Можеби си ги проверува сите опции што ги има. Можеби си бара само забава. Неможеш да знаеш. Со оглед на тоа дека не сте во врска си има целосно право. Не велам дека тоа е во ред, ама не си мало дете за да процениш колку му се искрени муабетите. Не реков да се однесуваш како ништо да не било, ама што ако му признаеш дека твој бил профилот? Знаеш што ќе ти рече? Дека знаел дека си ти и сакал да те позафркава и да види до каде ќе одиш. И после? Пак си ни лево ни десно. Незнаеш дали лаже или не. Настрана тоа што може да те откачи во истиот момент, бидејќи никој не сака вакви детективски потези од сам старт. Зошто ти нуди врска? Па незнам, запрашај се ти колку е тоа искрено, и како може човек да нуди врска на некој што воопшто не го познава. Баш поради ова мене не ми делува искрено дечкото. Повеќе ми изгледа како спуштање на ѕвезди додека не го добие она што го сака. Да не грешам, ама еве овие се тие муабети според кои ќе го процениш дали е вреден за твоето време или не
Па затоа не брзај. Ти и да ги правиш сите тие работи, пак не можеш да си сигурна во него бидејќи не го знаеш. Испаѓа како да сакаш да го тестираш пред да дојде, за кога ќе дојде да знаеш дали да ја прифатиш понудата. Не оди тоа така, кажи му го истово и него. Запознајте се прво, ако е искрен во намерите и му се допаѓаш вистински за ништо нема да те избрзува и ќе чека кога ќе е време да започните врска.
Како мислиш во живо да не ми се допадне? Тој беше во мојот град , ние излеговме се гледавме, додека пред тоа тој ми рече, што очекуваш ти? Јас реков па само пријатели, и тој вика, ако ми се свиѓаш јас сакам повеќе од пријателство, и му реков добро чекај прво да се видиме, многу беше фин, плус пораки дали сум стигнала ми праќаше, т.е. тој и сега фино се однесува со мене, ама искрено се чуствувам како некој да ме прави будала, еве пример вчера му викам и кога ќе идеш да спиеш? Ми вика кога ќе кажеш ти ќе идеме да спиеме, во 23:30 се договоривме и ми вика може срце тогаш ќе идеме, а ваму и пишува на оваа порака само смајли во 01:15 и ајде сега...
Хахахахахахахаххахахахахахах Кажи дека се зезаш со ова! Стварно веруваш дека некој ќе оди да спие кога ти ќе му кажеш?
Теа јас помислив ќе доаѓа во твојот град за да,се запознаете видите во живо мислев од нет се знаете само.. Не се оптеретувај со глупости. Може го фатила несоница,може се заиграл игри може про.ив го стегало па не спиел . Не сте заедно така~?
Теичка касни нешто порасни врв си значи!!! Сам да докаже дека лаже бе хахаахххаххаххха ме пресмеа Зафрканција, заебанција, шегување, смеење нешто.од ова познато ти е ?? Пробав да не бидам дрска ама ја претера со коментариве..
Не сме, ама он вика кога ќе се видиме ќе бидеме хаххахаха , а што ќе прави во мал град од две улици со мене и неа ако се договори, замисли се погодиме на иста улица јас и он од таму, уствари што ќе се видиме фактички другарка му пишува од лажниот профил, нема да му направам така да се договорат па он да чека да не бидам и јас лоша, туку не знам како да се однесувам а не смеам да кажам дека јас сум тој профилот , плус другарка збореше со него по гласот значи нема шанси да се сомнева во мене, не знамм...
Па сфаќам, ама не знам зашто јас испаднав крива, побарав совет затоа што тој рече дека сака повеќе од пријателство, а ваму и пишува на некоја се исто, тоа ми е како некој да ме прави будала бидејќи често збориме и се слушаме, па не го кажав јас тоа за спиењето бе девојки туку тој, не знам друг пример се колнеше во крст дека зборел со мене само, ете тој ако е будала што да кажам јас, фала што одвоивте време.
Сама си даваш одговор на прашањето .. препрочитај што си напишала...ОЧИГЛЕДНО ТЕ ЛАЖЕ Што значи дека.'..? Ајде ти одговори еве јас не знам