Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Савана, дечко ти очигледно е многу љубоморен тип, ама совршено добро знае да манипулира со тебе. Изигрува жртва и повреден за тебе потоа да те гризе совеста дека неправилно си постапила и да му се извинуваш. Незнам што очекува тој, од пелени, право со него да си се фатила. Си требала да внимаваш на минатото??? :o Ко ти пред него да си се проституирала или пак да имаш зад себе 2 пропаднати брака.
    И ќе продолжи да прави така се додека ти му угодуваш и на секое негово лутење му се притресуваш и му се извинуваш. Ти си таа што треба да се лути, во овој случај, зошто тој се меша таму каде што не му е местото. Мене дечко ми да ми рече нешто слично има да го оттерам во 3 ПМ.
    Ако тој се однесува арогантно, ти биди уште по арогантна, ако тој се налути и ти си извика, немој да чувствуваш потреба да му се извинуваш, напротив тој треба да го стори тоа.
    И ако еднаш-двапати не му дојде умот, тогаш нема ни што да бараш покрај таков. Врската треба да биде уживање и за двајцата, а не измачување.
     
  2. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Девојки ви благодарам на мислењата и советите, навистина ми помогнавте :) Го решивме проблемот,многу разговаравме, си кажавме се што имавме, ги решивме и ги разјаснивме недоразбирањата. И нормално се извини, се надевам дека понатаму се ке биде како што треба :)
     
    На crnokosata му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Мило ми е Савана, само да не биде секое чудо 3 дена.

    За проблемот на Мимс, сакам да искоментирам нешто отворено, без да ми се налути.Вечерва го правевме овој муабет со дечко ми, општо, за побарување паузи и слично.

    Ми кажа како на неговата бивша и побарал пауза од еден месец, само за да биде за нова година со некоја друга. Демек со истиот изговор, да си ги среди чувствата, дека имал проблеми и ред други изговори. Тој си поминал убаво за нова година со друга, и од кога му поминало интересното и се вратил неа.

    Неможеш да знаеш со која причина ти побарал пауза. Во машки мозок свашта може да се уврти. Тебе може тој да ти го прави филмот, како дечко ми на бившата негова што и го направил и ти ќе му поверуваш. Лично имам и еден другар, да го имаш за другар е одлично, но да ти биде дечко, нема да знаеш на која страна попрво да го пазиш. Машките се опасни кога ќе наумат нешто. Ќе направат да ги сожалиш дека им е тешко. А ние простички, си веруваме во совршенство и ги идеализираме работите, мислиме дека е навистина така како што рекол, а тој има задњи намери.

    Јас мислам дека е најдобро да пресечеш! Или ќе биде црно, или ќе биде бело. Крај, толку. Нема да ти се јавува, ќе биде со други, додека не се издува од 2 и кусур годишната врска. Кога ќе му помине интересното ќе се врати со изговор дека се покајал и сака назад. Па тогаш следуваат ред плачипичкосувања, дека не требало така да ти направи, дека ти си љубовта на неговиот живот, дека смао ти си секогаш покрај него... Познато и изживеано. Нормално, ние женските на 2 реда убав муабет паѓаме во прегратка. Ама како што реков, намерите не се знаат. Јас мислам дека има друга. Извини што сум директна, на тоа ми мириса, пошто знам. Имам многу повеќе другари отколку другарки, тие другари имаат огромна доверба во мене и се ми кажуваат. Знам како функционираат и знам што се се спремни да направат кога нешто ќе зацртаат. Не се толку едноставни како што мислиме.
     
    На mims-89 и Phyramide им се допаѓа ова.
  4. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Девојки вчера исто така ми го постави прашањето дали се гордеам со мојот досегашен живот? Бидејќи толку многу се изнервирав му реков да се гордеам и тоа убаво му го плеснав. Па боже мој не сум убила човек ако сум имала 2 годишна врска! :devil: Што мислите за ова.
     
  5. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    па нормално дека убаво си му рекла ... Што сакал тој да му речеш не срце се каам за се до сега што преживеав требаше да те чекам |( Ајде не се нервирај кога се средило се ... нека биде се како што треба. :*
     
    На savana и sesilija им се допаѓа ова.
  6. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Да се надоврзам на муабетот за Мимс.

    Секогаш кога сум рекла дека сакам пауза за да се средам, сум немала срце да раскинам ;)
     
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.263
    Допаѓања:
    157.664
    Ме интересира,кој ви е статусот кога сте на пауза?!
     
  8. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    :D Оn a break :D

    или на брејкчич :D :D
     
  9. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Лилит статусот си е во врска :) :)Бар ние така се водиме :D Јас за паузата сакам да кажам дека не мора одма да е најлошото .. и јас многу пати сум побарала пауза заради проблеми дома .. или кога сакам да сум сама со себе малку да се средам за да не ја расипам врската зашто ради други проблеми на него ке се истурам(затоа по два дена смирена се ке му кажам) ... што знам се може да е но за финансиски проблем или да е нешто поврзано со моите чувства за него и да не му кажам тогаш не чини работата... Мимс ти си го знаеш ... Мојот знае се како ми е и дома и јас каква сум и знае дека некогаш сакам така да се ослободам од се ... а знам дека некогаш и него му доаѓа така и неколку дена го оставам(3-4), секако под пауза не подразбирам ни два реда муабет да немате ... но малку полабаво ... без сериозни муабети и поретко гледање ... барем кај нас е така ... ама никогаш не сме биле на пауза за чувствата што ги имаме еден за друг да ги средиме.. не знам сега како се однесувате вие... ама ако не сакаш да бидеш на топло ладно седни и речи му или кажи си се што и како или чао на крај на краиштата не е крај на светот. Ајде па пиши ни што ке решиш. :)
     
  10. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.447
    Допаѓања:
    91.784
    Пол:
    Женски
    Е мене пауза ми е крај, па ај ако немаме што, како може ќе се смириме т.е. ќе имам лице да ти се јавам.
     
  11. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Теди, не се мисли на пауза од неколку дена туку од месец, два...
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  12. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Ааааа епа се извинувам :( Не сум прочитала се само последниве постови :$ Тогаш не би се согласила во никој случај .. би ставила крај и одам натака .. па ако некогаш дојде момент да се смириме ке си подразмислам убаво што би правела :$
     
  13. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Jaс не би имала пауза во моја врска. Или раскинуваш или остануваш заедно. Од кај да знам јас тој што ќе прави 1 или 2 месеца? Ќе се лижи со некоја и ќе се онакви и после ајде пак со мене. Си ги средил чувствата yeah right...
     
  14. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Јас никогаш не сум била на пауза, ниту дечко ми побарал такво нешто, ниту пак јас сум помислила на тоа како опција кога некогаш сме се карале.
    Не ни знам како изгледа тоа кога сте на пауза, ем ти е дечко, ем не ти е :^) Не знаеш на што си, затоа не се паузите за мене. Јас сакам кога се е јасно :)
    Мислам дека ако не ви оди, подобро да раскинете, отколку да се ставите на пауза.
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Ама сте лоши :) ова ви е договор за малку забава надвор од врската каде што и двајцата партнери се кријат под изговорот наречен пауза.

    Ако не им се допадне авантурата се враќаат на старо, ако не продолжуваат понатаму со изговор дека сфатиле дека не се еден за друг и сеуште неможат да се средат :lol:

    Ова ви е клише
     
  16. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.263
    Допаѓања:
    157.664
    Како бе така ради некои други проблеми може да си ја загрозите врската?!Како така се прелеваат?!Како може да ви пречи?!Зарем не балансирате?!Не ми е јасно воопшто.Ни крив,ни должен може да си го окрка,а?!Да си се средиш можеш и додека си во врска,се си може со муабет и разбирање.Па баш е влошена ситуацијата со тој муабет еј ај на пауза.Ја кршиш врската...не разбирам стварно.
    А и ...на пауза,а во врска.Како тоа?!Прво не е фер за ниедна страна,особено за таа од која што се бара.Ако веќе е пауза,паузирајте од се.Ова у врска сме,ама не се гледаме и не се слушаме,а кога случајно ќе се сретнете?!

    Пак ќе речам,ич ништо не ми е јасно!Балансирање треба.
    Никогаш не сум побарала,ниту ми побарале такво нешто.Или сме заедно во се или во ништо.

    Сесилија,мене ова ми звучи као,каков си-таков си ќе те сакам,за подобар не ме бива,не можев да си најдам.
     
    На Annath и mims-89 им се допаѓа ова.
  17. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Лилит ова не беше за мене, заклучок извлечен од многу парови што ги знам, а богами така е да знаеш.

    Јас досега сум кажала два пати дека сакам на пауза бидејќи сум пробала да раскинам ама не ми давало срце, незнам во тој момент сум била таква и сум мислела дека така тој ќе сфати и ќе се оттргне.
    А тоа да се сретнеме, тогаш не бевме во исти градови така да немаше да се сретнеме (ова за мене го кажувам, за другите незнам)

    А за такви домашни проблеми или за мене, во право си, треба да се балансира, а ако нема чаре крај му е мајката.

    Сакав само да им објаснам што значи кога некој ќе ти го каже тоа и што се случува после паузата
     
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.263
    Допаѓања:
    157.664
    Па не,не се однесуваше на тебе,туку онака општо кажав затоа што познавам многу такви.И после,лелеееееееееее родени сме еден за друг...абе ајде...Познавам еден таков пар,со триста перипетии и кога се споија пак ја оптеретија песнана едно тело на фејсбук и им стаив по еден хајд да не ме тормозат со лигавштини и маркетинг.Помина возот,веќе смешна е приказната за сите,ама ајде нека се залажуваат,ама кога-тогаш пак пука.
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  19. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Лилит не е баш така. Понекогаш имам дома толку проблеми што да не сакам да му се раздерам за нешто и да дојде до кавга и со него. Затоа ке му речам денес не се глеаме или викендов не се гледаме. Што дека ке го видам и ке седиме а јас тажна и скршена со паметот на друго место ? Не сум му рекла пауза пауза како пауза демек крај е па ке ти кажам дали ке продолжиме ама така ги нарекувам овие денови. Не е тоа секој месец. дали два пати годишно ке пукнам до тој степен.И се слушаме секој ден ама не сум способна да зборувам тогаш со никого додека не се симне таа тежина од мене. Јас реков се работи за два три дена максимум четири.Понекогаш го гледам дека и тој е пренервозен од дома и од факултет па малку ке олабавам нема секој ден да го гледам или секој саат да се слушаме додека не се среди па се се враќа на старото и ке зборуваме се што и како се десило. Тој никогаш не ми рекол сакам пауза да се средам. Ама јас знам кога му е потребно малку од цел свет да е тргнат а тој тоа го цени..И без случајно да е ние ке се видиме тие денови доколку така се договориме ке излеземе ке се смееме но нема да ги спомнеме нервозите.Не можеш да ми кажеш дека некогаш не си ја истурила нервозата на грешна личност и дека некогаш не ти треба два дена само за себе да се смириш од се. После тоа јас ке му кажам што се се исподешавало и зошто сум била таква тие денови а ке ми каже и он и пак врската е истата.Се му кажувам само можеби не во тој момент.Некогаш па знам и одма кај него да истрчам плачејки да го изгушкам и се да му кажам.Не го разбирам ова како нешто страшно.Тоа беше она што јас сакав да го кажам.И се извинувам што го нареков пауза ако не значело тоа.Балансирање има и успевам во тоа барем така мислам.Но не си на мое место па така веднаш да судиш.Јас знам дека го сакам и знам дека и тој ме сака.Човек сум и секој може да згреши.
     
  20. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Теди јас пак ќе ти кажам, имаме различна перцепција на поимот пауза.
    А никој не вели дека ако имаш дечко треба да се гледаш секој ден со него.
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.