Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. honey.11

    honey.11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2013
    Пораки:
    520
    Допаѓања:
    973
    Пол:
    Женски
    и јас имав слична ситуација па после и заедно во група беа да спремаат проекти па кафенце па додека таа ја спремаше дипломската овој одеше да гледа до каде стасала па колку паметна била дрн дрн....

    се нека испадне во најдобар ред јас тоа ти пожелувам @Anitaane
     
  2. Unique__

    Unique__ Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2018
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Е то е веќе претеризам, ама сепак, нека виде како ќе се одвиваат работите, нека не избрзува туку прво да разговара со него.
     
    На IM.TMKQ му/ѝ се допаѓа ова.
  3. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.676
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Женски
    Во мојата ситуација блиски биле се дружеле многу во работни саати. Ене му ја сега слободен е да се дружи колку сака
     
    На WildMk и honey.11 им се допаѓа ова.
  4. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.558
    Допаѓања:
    4.851
    Пол:
    Женски
    По ова што прочитав, дечково на девојчево изгледа дека и она кога би му дала , он би зел и среќен би бил:^)
    Шо знам, за некоја работа да заврши ај океј е, му го дала, ќе го врати. Ама он да се диви дека она имала пари, му дава лаптопи ми е малце нонсенс.

    Разговарај со него, кажи му дека ти смета, воочи му дека има свој лаптоп и нема потреба од нејзиниот. Ако толку го сака, нека го купи. Глупо е, иначе.
     
    На honey.11 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    Ако е само да го позајми, немој да правиш драми.
    Има луѓе кои на га* паѓаат по техннологија... маж ми е еден од нив. И ако позајми од некој нешто што го воодушевува, воопшто нема да се налутам... море и на поклон да му го дадат... нема.. Пошто знам каков е при нов геџет.. не знае кај оди - кај тера од возбуда.
     
  6. lost123

    lost123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 април 2017
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    59.578
    Пол:
    Женски
    Сите го занемаривте фактот каде девојчето има пишано дека бил многу возбуден дека може и ќе му го подари, тој е воодушевен и често кажува како е богата. Ама ај да молчам подобро, нека прави како мисли дека е најдобро.
     
    На Darko009 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    Зошто е проблем да му го подари?
    Затоа што сака без пари да добива работи, или затоа што е од некоја девојка/жена?
     
    На Unique__ му/ѝ се допаѓа ова.
  8. lost123

    lost123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 април 2017
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    59.578
    Пол:
    Женски
    Затоа што он припаѓа во несвест од тоа што таа е богата и често тоа го кажува на девојка му(која е поентата на ова, што ја засега неа тој факт), притоа таа се запрашува дали е недоволна за него на пример?
     
    На Alisa22 и Miss666 им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    Малку е голд-дигер... ама не значи дека сака да биде со другата, дека му се допаѓа... Едноставно, може да сака муфте работи ...

    Многумина се воодушевуваат на богатство.. колку и да не е во ред тоа, општеството го наметнува. 'Престиж' и моќ се добива преку пари. Со такви идеи сме растени од раѓање. Затоа има емисии како Крибс, не знам.... милион долар меншнс, реклами за нови производи, скапи, марки.. Паметот ни е изваден со такви муабети. И воопшто не сум изненадена од тоа што за многумина е богатството она што го посакуваат и кон кое целат.

    Прашањето е: Дали таа сака да биде со тој, таков каков што е, или не?... Другото се' е млатење празна слама.
     
  10. lost123

    lost123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 април 2017
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    59.578
    Пол:
    Женски
    Она нека си продолжи но мора да разговара за ова и повеќе да не ја доведе во таа ситуација. Сигурно не сака да слуша такви работи и притоа да се чуствува помалку вредна или недоволна како што кажа и самата.
    Сама знае што е најдобро за неа, кажав само мое мислење.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    Не би требало да се чувствува таа помалку вредна... Ова, мислам, дека нема врска со нејзе, туку со други прашања....

    И јас кажувам само мислење... не значи дека и јас сум во право :hug:
     
  12. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.316
    Пол:
    Машки
    Немаш потреба да се плашиш,верувај гледано од машка страна,ако сакал он нешто со нејзе да направел до сеа е направено повеќе пати,и немал да спомне ништо за колешката,немало сигурно повеќе пати да ти кажува колку е богата и ред други работи.Девојката што има пари,и сака да му помогне тоа е одлична работа,нема да треба да се троши он,ни тебе пример да ти се жали,едноставно ке си има нов лаптоп кој му е потребен чим го зима и бара.А биди задоволна со тоа што ти кажува,колку е богата,и све останато,реткост е тоа кај машките,ако му се допаѓала или сакал нешто со нејзе,овие работи ти не би ги знаела,ке знаеш само дека му е колешка од раб и толку.
     
  13. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.460
    Кај да најдам и јас колега шо сака да ми позајми подобар лаптоп од мојот, со оглед на тоа дека вредат повеќе од една кола. :?:

    Искрено и јас би се радувала, особено ако ми треба за да си ја вршам работата.
    Не мора во се да наоѓате подли намери. И јас да имам нешто вишок, и можам да му помогнам на некој - би му го дала без проблем.
     
    На DAngel, Dust, honey.11 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Anitaane

    Anitaane Активен член

    Се зачлени на:
    28 август 2018
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Da i toa sto vikas kade da najdes i ti kolega da ti zajmi samo da kazam deka jas da imav kolega taka sto ke mu barav laptop i ke zborev kolku e bogat da ne kazam sega kako ke bev sfatena. Ama aj... Fala vi na site za sovetite jas sepak ke razgovaram
     
    На WildMk и Miss666 им се допаѓа ова.
  15. Лојална

    Лојална Нов член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2018
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    Здраво,:hai: ја сум нова, бии сакала да ве прашам за совет. Имам симпатија од школо, тој многу ми се допѓа не не знае дека ми се допаѓа. Во школо пред два дена ми имаше намигнато;), бидејќи сме на ист спрат често се гледаме во ходникот и често ме гледа. Кога на голем одмор одам со уште две-три другарки тој само ме погледнава а, и јас него но потоа веднаш го скренувам погледот на друга страна. Исто така би сакала и да ми партнер на полуматура но не знам како да го прашам. Ве замолувам за помош да ми кажете како да му се доближам. :inlove::inlove::)
     
    На Danncee му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.468
    Допаѓања:
    22.310
    Пол:
    Машки
    Ако ти е ептен срам, речи им на другарките нека зборнат со него ако го познаваат демек го бендисуваш и слично.... Ако не, пробај пиши му на фејсбук и слично, општо онака...


    Па ако бидни нешто, потоа прашај го за да ти биди партнер за на полуматура лесно и едноставно ако нема партнерка.
     
    На Лојална му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Лојална

    Лојална Нов член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2018
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    А ако има? Некои деца од неговото одделение викаа дека има. Дали тогаш ќе сака ? :(:worried:
     
  18. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.364
    Допаѓања:
    6.891
    Пол:
    Женски
    Веројатно не, ама нема зошто тоа да те разочарува. Ако е веќе договорен, фер ќе биде да си оди со таа што е договорен. :)
    Сепак ако му се допаѓаш ќе си излегувате, ќ се дружите понатака.
     
    На crimson, Лојална и WildMk им се допаѓа ова.
  19. Лојална

    Лојална Нов член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2018
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    Да, само да соберам храброст па ќе го прашам :$:$
     
    На Annora и WildMk им се допаѓа ова.
  20. blackpanter

    blackpanter Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2015
    Пораки:
    1.098
    Допаѓања:
    6.165
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите тука. Имам едно прашање. Тазе сме во врска, но јас веќе ги запознав неговите родители. Сакам и тој да ги запознае моите родители, правевме муабет на темата со дм и се сложи. Што мислите дали треба да почекам подолг временски период за да го запознаам со моите родители или бидејќи и јас ги имам запознаено може да го запознаам и јас со родителите?