Остави нека помине некое време ако се сложило, нека не ти биде мерило ако ти си ги запознала дека мора и тој. Нека помине одреден период и секако ќе ги запознае, тоа и не е толку важно. Запознавајте се еден со друг, родители и друштво запознавање е најмал проблем.
Мене дм одма ме запозна со неговите, а пред тоа ми кажа дека сака да ме запознае и дека сум прва од тие што идел за да се запознае со нив, сигурно те планира за нешто озбилно, нема ништо лошо, штом тој те запознал, запознај ги и ти твоите со него.
И јас ова го сметав за сериозно кога ќе те запознае дома, се додека не осетив на своја кожа. Бившата девојка прва ме запозна со нејзините родители, па јас со моите, за да по некое време ме изневери.
Зошто запознавање со родители го сметате дека мисли нешто сериозно? Зошто па и да се запознавате толку брзо, за каде брзате? Запознајте се вие прво па потоа со останатите околу вас. Едит: Кај дечко ми прв пат отидов после пола година, ама сега се сменија времињата па подобро да не давам јас совети
Не запознавањето само туку апсолутно ништо денес не е гаранција дека врската е сериозна. Само темава е преполна со изневерувања и раскинувања на врски, веридби и бракови. Ако ви е дојдено до запознавање запознајте се. Ако не ви е, немојте. Единствено негатвно е што “трети лица” ќе ви се мешаат во врските и што ако дојде до раскинување ќе ви создаваат плус притисок. Секоја чест на тие што имаат родители кои не се мешаат ама таквите родители не инсистираат на запознавање. И немој да мислите дека ако ве однел дома тоа ќе му е пречка да ве изневери или да ви раскине зашто ич не е пречка. Истото важи и за девојката.
Ко демек вчера ја запознав и утре да ја запознаам со родителите. Едноставно сметав дека е посериозен чин, дека не ја кријам или нешто такво. Ама што е тука е, ако е решена, решена е.
Јас би сакала да ги запознавам дечковците на ќерка ми.. Во иднина. Исто како што сакам да ги запознаам, и ги запознавам другарките. Штом мине многу време со некого, најдобро би ми било, да знам со кого го мине тоа време.. А не да се мислам и да се траштам.
Убаво рече членката дека не е гаранција ништо, па ни запознавањето, јас сметам дека е еден вид на ''сериозност'' бидејќи ако е некој што баш и не го интересира, на пример: ајде ќе идам со неа, додека не најдам некоја подобра, ќе си пополнувам време, јас не верувам дека ваков дечко би се нафатил да ја запознае со родителите, не велам па ни дека оние кои не спомнуваат за запознавање дека се не сериозни, има разлика од човек до човек, затоа реков дека можеби е сериозен, нешто му значи повеќе од губење време
Пред некое време раскинав со девојката, и често се потсетувам и ми фали на моменти. Пробав неколку пати да разговарам и ја убедам на некој начин, но не сака. Како може девојка што те сакала, да престане да те сака во меѓувреме и со тек на време да се расправа и да дојди до таа точка да е полудено машко и тогаш да му раскине, на далечина? Не дека сум имал којзнае каква врска woow, ама сепак мислам дека само бев sex toy, а не личност за сериозна врска, а сепак се заљубив длабоко во неа.. Не знам дали во ова што го пишувам е одговорот и треба да го сфатам сам откако некој ќе ме цитира сега или има нешто што не знам. Мислам дека трпев само за да не бидам сам, ама никогаш не сум почувствувал дека ептен ми треба некој, напротив сам правам така додека сум во врска, за да можам да се потпирам на некого и да го ценам. Одамна бев разочаран од љубовта, ама си реков оваа личност можеби е вразумена и најкомпактна ми беше. Горе доле знам како и беше неа со претходните врски (имаше дечко, а во меѓувреме се муваше со другар мој). А и таа знаеше за мене. Почнавме почесто да излегуваме, и со тек на време почна на некој начин имав чувство како ... да ме "поттурнува" односно, таа да презема контрола и често таа да го дава последниот збор, дури и пред другари мои. И објаснив убаво за да не се однесува така барем не пред нив, и ако нешто ептен сака ќе ми каже мене и ќе пробаме да направиме било што. Океј се извини и 20тина дена одевме добро се океј, почна ептен да биди не знам како да речам, ко да не беше сигурна во мене дали сум ја сакал или нешто. Имав нервоза на факултет и на работа, почна да ме малтретира и да се расправа со мене за безвезни работи како јас додека сум работел, сум гледал други жени, некогаш можеби ќе сум ја оставел и слично. И објаснив како ја чувствувам неа, стварно мислев дека е добра личност и цени работи, и тука не прекина. Почна да ме напнува што би правел јас без неа, односно ако ме остави, како би се чувствувал јас. Јас и реков дека сериозно размислувам со тебе за во иднина, и сакам поотворено да зборувам, ама вакви теми не ме терај во крајности, знаеш дека те сакам. И кажав дека би ми било тешко и слично. Потоа имавме често расправии без врска, дури и на шега ако кажам нешто да се налути и слично, и да се расправаме за да на крај јас испаднам виновен и да се извинам. Океј. Почна да ми гледа во телефон, и и реков дека ми е се' и дека не ми е пторебно да пишувам со било кого и општо ми е кеф што ја имам неа, и и реков на смеа дај да видам кај тебе и она ми вика ти немаш работа со мојот мобилен и слично. Не дека би гледал, ама одма се запрашуваш себе си, кога ти можеш вака зошто таа не би можела? Океј покрај сите расправии и нервози, пак си велев можеби нешто и се случува, па на мене истура бес и слично, па на некој начин толерирав. Често знаев да и дадам ружа, таков ми е табиетот месечно на датумот официјален така што почнавме да излегуваме заедно ми беше посебен, и општо подарок да и дадам... ми беше ептен кеф и општо. Почна да се расправа со мене зошто не сум прашувал кај одела што одела и до кога ќе била... демек не сум се интересирал многу за неа. Па со тек на време почнав да ја прашувам и таа ми одговара на некој начин иронично или ко демек ме остава на начино што кажуваше во недоумница и што стварно по некое време станав ептен така ко да ја контролирам. На некој начин имав чувство ко да ме гледа само за секс, а за муабет не баш. Јас себе си се гледам како добар слушател и стварно знам да сочувствувам и дадам поддршка (дури повеќе и од самиот на себе ), а таа ми вика дека со ова што сум и давал поддршка, било колку да сум поминел на редот и требало само да слушам пошто таа знаела дека нема ништо да се решело. (ко ќе ја тешев некогаш) Почнавме уште повеќе да се расправаме станав ептен љубоморен на некој начин, пошто таа се оддалечуваше од мене и јас на некој начин ко да ми многу попотребна отколку јас неа, пошто нели и докажав колку ми значи и колку се трудам. И на крајот ми раскина на далечина со муабетот дека таа веќе некое време не ме сакала, јас сум и пружил најмногу внимание, но од друга страна не сум ја разбирал и слушал што ми зборувала, и истворемено дека ми било потребно повеќе самодоверба? Се искаравме малку повеќе тогаш и оставив да помини време, некоја недела и после повторно да зборуваме, и си реков дека можеби е до далечината ама за жал не сум било во право. Само најпоследно се прашувам во себе си, каде погрешив, таму каде што вложив ептен труд, внимание, љубов, почит, поддршка, за да ја оттргнам од себе си вака? И општо се прашувам што ја тераше да се однесува вака, пробав на секаков начин да ја убедам, но си стои на истото, а сепак сака да останиме во контакт односно кога и да сакам да и пишам било што може, ама не за ова. Ме излуди ептен.... не знам што да мислам веќе.
Си се заљубил и нема да ти речам зошто си го дозволил тоа.Сите заљубени не гледаат околу.. само тоа што е пред нив и нуркаат само на право.Така е се додека не сфатиме како треба да биди.Љубовта е взаемна и мора да е обострана.Почит и доверба исто.Девојкиве изгледа сакаат некои што ќе ги еб* и тепа секој ден.Нека им е. Ти ќе си најдеш некоја компатибилна на тебе.Уживај се ќее се среди.Таква bitch не ти треба.
Прв болд: Кога веќе си знаел што прави со твојот другар и нејзиниот дечко во исто време, нели си помисли дека можеби и тебе ќе ти го прави тоа во иднина? Како тргнала вака, цело друштво ќе ве помине и смота . Втор болд: Дефинитивно сакала да ти укаже дека и сметаш со се' што правиш за неа ама во исто време барала внимание за да те докусури на крај. Трет болд: Чекала да раскине на далечина бидејќи е идиот што не знае да застане во четири очи, да извади аргументи и да раскине како човек, па си избрала кукавечки начин да прекине врска со бош муабет и изговори. Четврт болд: Ти не си погрешил никаде, си и го дал најсапоцениот подарок, ЉУБОВ. Се гледа дека си фин дечко и дека знаеш добро да се оденсуваш. Единствена греша ти е што љубов, почит и внивание даваш на погрешни личности. Петти болд: Не ја убедувај, не и пишувај, не ја барај. Со сила убавина не бива, а и ваква личност не ти треба во животот. Ти рекла дека сака да останете во контакт за да се направи фина, а се калдам дека и да ја побараш за било што нема да ти врати. Не и' придавај важност повеќе, остави времето да те излечи и продолжи напред. Личноста на која треба да и ја подариш целосно твојата љубов еден ден ќе го најде патот до тебе. И те молам од сега па во иднина играј разумно, и немој негативните искуства да ги удираш од глава на некоја друга. Бидејќи вие машките ќе бидете изгорени од една и после секоја наредна е изгорена од вас. Тоа исфрли го од игра .
Двајцата сте несигурни во себе и имате ниска самодоверба. Дали се исплати да ја убедуваш уште?... Можеби.. Ама ако ти е навистина битно и ако ти се инвестира време и енергија, а резултатот никој не може да го предвиди. Можеби ќе ја вратиш, може нема никогаш. Ако си спремен за сето тоа.. терај.
Da be sekoj tuku taka dava na poklon laptop na kolega bez da ima nesto tuka. Ajde ne bidete naivni. Tipov si ima nesto so taa pa sega ova go koristi kao da si ja pere sovesta i i kazal na devojka mu. Ja bi go ostavila bez oko da mi trepne pa neka zema kolku saka laptopi i cudesi!!
И да има, од девојка/дечко нема да ти е пријатно да земеш толку скап подарок, а не па од пријателка.Мене ова не ми е баш ок
Ќе земам. Искрено.. да ми дај некој сега лап-топ.. ќе го земам. Ама ќе му/и' кажам да не очекува ништо за возврат.
Раскинав со дечко ми, или барем мислам дека раскинав. Поминавме убави три дена се до моментот пред да заминам. Почна да ми кажува дека јас воопшто не сум одговорна, дека имам лошо однесување, и ред други работи кои доста ме погодија. Мислев дека тоа е само обичен муабет се додека тој нит ми се јави да ме праша дали стигна, како патував, дали е се во ред. Се изнервирав минатата вечер и го прашав што е проблемот а тој се однесуваше дрско, расправијата продолжи утрово и ми вели дека нема да се смируваме и простуваме по сто пати. Му реков дека нема што да го замарам повеќе, и му заклопив, ете два часа како се немаме слушнато. Не знам која е правилната одлука. Не знам како да постапам повеќе.
Искреноста се цени Ама сепак, јас не би. Едноставно незнам зошто би земала толку скап подарок, кога немам со што да возвратам/или несакам. Затоа мислам дека е чудно и барем мене не ми е океј. Ама ете, на крајот сите сме различни, па можеби и дечкото размислува како и ти.