Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.198
    Пол:
    Женски
    Да си најдеш друг.
    Не ве разбирам која ви е поентата на скарај се-смири се.
    И што совет бараш уствари?
     
  2. Unique__

    Unique__ Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2018
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Не ја знам која е правилната одлука, не го очекував тоа воопшто од него кога цело време гледав да му погодам, тој да биде среќен.
    Не знам дали да го побарам да зборуваме пак, да чекам на него или едноставно да оставам како што е.
    Искрено, се налути за ситница, без да ме сфати и дека мене не ми е лесно со здравјето а тој ми се нафрла како куче на коска.
     
  3. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.198
    Пол:
    Женски
    Доста глумите жртви, угодувате, не знам што. Кога се сакате двајцата и сакате да успеете нема само едниот да угодува. Ама во таквите здрави врски ниту едниот ниту другиот не зборуваат наоколу дека угодувале туку тоа го прават взаемно. Работат тимски и проблемите ги решаваат тимски. Е кога немате исти цели доаѓаат караниците. Бирате несоодветни партнери. И гледате нека не оди и упорно со главата во ѕид. Тој и никој друг. Не бе, срциња, со оној со кој еднакво ќе се сакате и почитувате нема да имате нервози, со оној со кој имате исти цели и интереси проблемите ќе ги решавате тимски и брзо.
    А тоа скарај се-смири се е најлошо. Врската го губи сјајот и ништо не е исто како порано.
     
    На poppie и Miss666 им се допаѓа ова.
  4. tellMeWhy

    tellMeWhy Нов член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2018
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    5

    Збунет сум и не знам што да размислувам, само се нервирам како е можно да се доведам до оваа ситуација и сеуште да мислам на неа.

    Од една страна се лутам на себе си што секогаш морам да одам против себе си, односно да не го слушам инстиктот и да занемарам што се случило во минатото познавајќи ја неа, и да дадам се од себе и да успеам да имам една нормална стабилна и сериозна врска.

    Се обидов на било каков начин најискрено кажано што намери имам кон неа, и и реков дека ако ова е стварно причината спремен сум да ислушам и да испочитувам барањата и потреби што ги имаш. Безполезно.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Unique__

    Unique__ Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2018
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Да посочам, мене воопшто не ми пречеше тоа што го правев за него, го правев тоа од што сакав, исто и од негова страна, ми угодуваше, гледаше да биде се во ред. Ама не знам што му текна да биде дрзок со мене, да се однесува лошо и да ми мрчи за моите маани и за мојот карактер. Тој уште пред да замочнеме врска знаеше многу добро каква личност сум, а според мене не направив ништо погрешно да дојде до тој заклучок.
    Не глумам жртва, ме боли што за него не сум доволно добра никогаш.
     
  6. tellMeWhy

    tellMeWhy Нов член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2018
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    5
    @srhsejbsk


    Ако претходните врски или некои работи што ми се случувале во животот не ме оформиле како личност и ги занемарам, би бил далеку посилна и поладна личност.


    Неуспешните врски треба да те зацврснат и направат посилен и да научиш лекција од нив. А дисфункционалното семејство со чести расправии и префрлање на вина, пред се финансиски и потоа следува развод, за да ти потоа како постар брат, да бидиш родител на аутистично братче скоро година дена, и истовремено да учиш на факултет, за да потоа се оддели брат ти од тебе пошто немаш услови ни време баш, сите чувства ќе ти бидат изострени во тебе, посебно инстиктот да речеме, односно делата >>> зборовите.

    Брат ми никогаш не зборуваше, и секогаш мораше да го "читам" што сака. Не битно , не би сакал повеќе да зборувам за лични работи за себе како ме оформиле но едно нешто научив, дека ако имаш некоја личност да те ислуша и даде поддршка, ќе ти биди малку од малку полесно, тежината што ја носиш во себе си. А исто така да дадеш се од себе за личноста што сметаш дека вреди и да се бориш за неа, и да ја сакаш со цело свое срце и слично.
     
    На crimson, VictoriaSan и srhsejbsk им се допаѓа ова.
  7. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    42.397
    ^ Батали. Има многу риби во морето. Освен ако живееш Пехчево. Тогаш ваљда нема.
    Ако не сака да е со тебе, има право да не биде. Скршеното срце и его ќе оздрават .
     
    На candy.cane, crimson, WildMk и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.468
    Допаѓања:
    22.310
    Пол:
    Машки
    Веројатно има нешто што го нервира кај тебе, а ти не сакаш да се промениш или да го промениш нештото. Веројатно сакаш да те прифати таква каква што си и немаш намера да се смениш.
     
  9. Unique__

    Unique__ Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2018
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Друже, јас си ги преиспитав ситуациите, и не направив ништо погрешно освен што се повлеков во неговата соба да одморам, да се спремам за пат, и да одбегнам караница. Цело време се однесував смирено, насмеано и за ништо никогаш му немам преречано за да може да ми каже дека му пречи моето однесување.

    Значи, не сакам да коментира тој за нешто па и да ме напаѓа дека јас воопшто не сум одговорна личност за кое што не се разбира а за кое што јас сум добро упатена во тој случај за автобуските линии а тој воопшто не е запознаен бидејќи почесто патував во тој правец отколку што тој има патувано, всушност, воопшто нема патувано со бус кај мене за да биде компетентен по тоа прашање.
     
  10. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.468
    Допаѓања:
    22.310
    Пол:
    Машки

    Ти кажав горе доле површински од што се почнува, а проблемите не можам баш јас да ти одговарам како да ги решите, потребно е двајцата да имате разбирање и една златна средина што би рекол јас. Ако си ти за и тој за, ќе решите ако не не. Simple af.
     
  11. Unique__

    Unique__ Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2018
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Јас сум си таа, нема потреба од прифаќања и неприфаќања.
    Тој убаво ме знаеше која сум и што сум уштер пред да започнеме врска, ми рече дека јас сум била кул особа а наеднаш сега му пречи моето однесување.
    Ако зборувам, зборувам глупости според него, ако молчам, зошто молчам.
    Јас веќе решив, колку повеќе го нема да се јави толку повеќе решавам јас да не го побарам, бидејќи јас утрово го побарав а тој ми кажуваше како јас се однесувам.

    Сеедно, сепак фала ти.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.468
    Допаѓања:
    22.310
    Пол:
    Машки
    Ме потсетуваш на мене и на мојата бивша девојка, можеби и ме имаш цитирано и слично. :D

    Пак ќе ти речам, ако сте за заедно дабидите, треба да правите компромиси, верувај и тргни настрна егото. Ако го сакаш тој човек и мислиш дека можеш да бидиш среќна пробајте да најдете заеднички јазик.
     
  13. Unique__

    Unique__ Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2018
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Не си свесен колку многу го сакам, и самиот ми кажа дека од мене ништо не му фалело бидејќи имал се.
    Јас сум таа, само сакам да ме прифати таква бидејќи човек со изграден карактер тешко е да се промени.
    Како што реков веќе, јас не направив ништо лошо за да се однесува така со мене.
    Ќе му дадам време. И доколку ме побара ќе му кажам да направиме компромис.
     
  14. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Не треба да се менуваш за партнерот. Ако бара да се промениш - бегај од него што е можно подалеку и не жали затоа што пропаднала врската. Добра-лоша барај некој што ќе те прифати каква што си, а не што ќе те менува.
     
    На crimson, lovestoneddd, WildMk и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.468
    Допаѓања:
    22.310
    Пол:
    Машки
    Да, наместо со разговор и разбирање да се разберат на кој што не му чини, треба да изиграме нешто "ако ти чини арно, ако не сиктер".
     
    На Unique__ му/ѝ се допаѓа ова.
  16. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Не, туку треба да се разбереме со "тоа сум јас, тоа секогаш сум била јас. Ако денес се сменам за тебе, многу е веројатно дека за година, две, три, пет пак ќе се вратам на старо и ќе се испотепаме затоа што си пробал да ме смениш на сила, а не си можел да ме прифатиш"
     
    На Dust, WildMk, smooch и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Unique__

    Unique__ Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2018
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Тој се правдаше со тоа демек ме прифатил каква што сум а искрено сите што ме познаваат за мене знаат дека сум супер личност, мирна и повлечена, немам бурен живот и гледам најчесто да одбегнувам караници за да не си кажеме нешто за кое што ќе се каеме и двајцата.
    Јас навистина го сакам, и сум спремна да најдеме заеднички компромис но само доколку тој одлучи да ме побара и да ми се јави, јас утрово го направив своето.
     
  18. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Па ваљда тој не го бара тоа. Бара некоја отворена, сошл батрфлај што лесно ќе се прилагоди во секое друштво, што ќе биде поотворена кон нови познанства, излегувања, што ќе биде послободна, или што и да е. Тоа не се менува туку така. По тоа што сум била низ секакви врски до сега сфатив дека не вреди да се менуваш. Денес - утре сите разлики ќе ерутптираат. А и не е поентата да се преправаш дека си нешто што не си пред човек со кого би требала цел живот да поминеш, потенцијално. Зарем цел живот ќе се преправаш? Нема менување. Или те прифаќа - или не.
     
    На crimson и Annora им се допаѓа ова.
  19. Unique__

    Unique__ Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2018
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски

    Искрено, кога отидов кај него бевме договорени со негово друштво кое некои прв пат ги гледам , а некои по втор пат да излеземе и ме почитуваат се вклопив убаво, муабети, смеења и се по ред. чат пат сврзав по некој збор бидејќи некои не ги познавав толку убаво а и не ја разбирав темата за која коментираа.
    Јас му реков, ако сакаш да ми кажеш кај сум згрешила во ред, бидејќи не знам како да му погодам.
    Нека, ќе му дадам време.. ќе видам како ќе одат работите.
    Јас воопшто не се преправам и не сакам некои работи да ги барам од него ко на пример ако ми фалат пари да му побарам, или да се јавам до некаде, бидејќи колку толку си имам и јас во себе нешто.

    Ти благодарам
     
    На DAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  20. carangigia

    carangigia Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    6.664
    Пол:
    Женски

    Се сеќаваш дека пред неколку недели бараше совет зошто дечко ти 3не ти вели дека те сака?
    Јас ти реков дека поважно е на дело да ти покаже, отколку да ги изговара тие зборови, а тоа да не го мисли. Сега ти ми остави впечаток дека ни на дело он не ти покажува дека те сака.
    Он всушност не ти кажувал дека те сака, бидејќи тоа не го мислел и не сакал да те залажува.
    Тоа е проблемот, а сега наоѓа некои глупи изговори и се обидува да ти најде мани само за да ти раскине. Ова што го напиша не е причина за раскинување, но он ќе наведе било каква ситница.

    Неколку пати потенцираш дека го сакаш, јави се уште еднаш и речи му да се видите за да разговарате во живо. Немај никакви очекувања од повикот, бидејќи ми изгледа дека на дечко ти не му значиш и сака да раскинете.
    За да не се каеш понатака во животот и да се речеш еј требаше повеќе да се потрудам околу него, можеби ќе бевме повторно заедно, јави се уште еднаш, ама пак ќе ти речем немај никакви очекувања.
     
    На Unique__ му/ѝ се допаѓа ова.