Ова не го знаев. Штом на последниот повик си му кажала дека го сакаш, а плус си му напишала и реферат на фб, повеќе не го барај. Доволно направи. Тоа што отишол на сеен, воопшто да не се грижиш. Речиси сите машки одат на сеен кога девојката ќе напише реферат. Сепак ти си кажала што чувствуваш и не треба да се каеш. Ако му значиш ќе ти се јавел после рефератот или и кога во лутина си му спуштила слушалка он можел да се јави. Евидентно е дека он нема намера да проба да ги средите работите. Не знам зошто го сменил однесувањето можеби некоја друга девојка му се мота низ глава, можеби има чувства кон некоја бивша девојка, можеби другарите или родителите негови му збореле против тебе. Како и да е одговорот е дека он барал банална причина за да раскинете, изгледа не си му значела доволно. Што и да е причината за неговото однесување сепак ти беше спремна на компромис, а не доби никаков фидбек. Не се секирај, заслужуваш многу подобар партнер. Се приметува дека овој не е созреан, не е спремен на сериозна врска, а и што ќе ти е партнер што при прва караница ти врти грб?
@Unique__ некако по целава работа што ја кажуваш ми иде дека на дечко ти баш и не му стало до тебе (извини на искреност). Тие глупи изговори дека лош ти е муабетот, не знаеш да се понашаш и сл,на крај ќе доведат до ситуација ''не е до тебе, до мене е'' - најглупавиот изговор за се. Ти си таа што си, со сите тие глупи муабети што го тераш, начинот на кој се облакаш, речникот на кој збориш и сл. Немој никогаш да се менуваш за дечко освен ако не е нешто што сама сметаш дека би сменила за твое подобро утре. Денес е он, утре ќе биде некој друг а ти додека им удоволуваш на сите ќе се изгубиш себе си како личност. Тој што те цени и сака,ќе те сака таква каква што си. А очигледно премногу му угодуваш на типов кој нашол и зашол и сеа нешо трето си наоѓа што не му чини. Разгледај си ја ситуацијата уште еднаш и види дали вреди он за други шанси. Поздрав
За среќа па се средија работите, ми се јави вчерашниот ден, разговаравме долго, ми кажа дека имал проблеми, но дека погрешил што се однесувал така со мене. Ми ја кажа и мојата грешка, искрено кога подразмислив подобро до некаде и јас бев виновна бидејќи за некои работи кои го вклучуваат и него јас никогаш не се советувам со него туку со моите другарки и тоа му пречело доста како да сум го исклучила од мојот живот и затоа ми бил налутен. Утре ќе дојде, ќе се видеме, па сите проблеми ќе пробаме да ги оставеме во минатото и ќе пробаме да најдеме компромис зошто не сакал да ни пропадне врската. Девојко, фала ти и тебе и другите што ми дадовте храброст да не попуштам прва и да го барам прва. Обично јас сум секогаш избувлива ама ќе пробам да го намалам тоа. Фала ти мила и тебе за советот, утре ќе разговараме и ќе пробаме да најдеме компромис. Се надевам конечно ќе се средат работите меѓу нас.
Сигурно ова е најглупиот "проблем" што ќе го прочитате, ако воопшто се смета за проблем. Дечко ми во последно време е како изгубен (тоа он го вика), не памти каде сме биле и што сме правеле заедно последниве неколку недели, едвај се присетува. И пред некој ден му праќав слики од некои побитни моменти што ни биле и сите ги измеша, ко на тепка погодуваше што се случувало тој ден. Не знам дали е сериозна работава, не ли го интересира тоа што сме правеле или само како што вели он дека е период и ептен изгубен дека е. А инаку, се друго во врската ни е супер..
И да не го интересира како што велиш, мислам дека би се сеќавал пак. Човек кој прави нешто како може да не знае дека го правел? Мислам дека не е незаинтересираност, нешто друго е во прашање
Се сеќава на моментот да речеме, ама пример не памти што точно сме славеле на таа слика/видео. Или пример пред некој ден памтеше дека последниот пат кога искочивме на крајот од денот се прибравме кај мене ама пред тоа што сме правеле ич не му текна..ми вика дека се е океј и навистина мислам дека не лаже ама пак не знам што се случува..
Мислиш дека не го интересира тоа повеќе и не му е толку важно сега во споредба со претходно или мислиш дека здравствена причина има позади сето тоа заборавање?
Не верувам и се надевам дека нема здравствена причина поврзана со сето ова. Он вика дека во последно време се чувствувал како "изгубен", лесно заборава. Јас си направив мој филм дека едноставно тие работи не му биле од големо значење па ги подзаборавил сега иако до пред некое време кристално јасно ги памтеше..
Нека ја најде причината позади тоа ,,изгубен". Не се заборава лесно нешто што пред некое време добро си го паметел. Сепак се надевам не е ништо сериозно, можеби само умор, стрес.
Колку и да не ти значи некој, не верувам дека нема да памтиш што си правел. Јас мислам дека е здравствена причина или евентуално умор, стрес и сл.
Таа ти е колешка од факултет, не другарка. Треба да се разграничат овие две работи. Не гледам причина за да не седнеш на кафе или да не си правиш општи муабети. Не мора да ја дружиш секој ден или да организирате посебни средби да се дружите ама на факултет мораш да живееш со некого, не можеш да бидеш сама. За тоа што е и каква е не верувај секому, општо е многу да се зборува а малку да се знае, плус нејзино и е пто и како е.
Причината може лежи подлабоко ... многу фактори влијаат на мозокот, концентрацијата и заборавањето.. дали можеби се случил некој шок во брзо време во неговиот живот? Би можел чисто информативно да поразговара со стручно лице. Не верувам дека тук така оддеднаш без причина може да се промени човек. Секое добро
Можеби нешто го измачува и од таа причина е рассеан и заборава. Не мора да значи дека е незаинтересиран за тебе и за вашата врска.
Ви благодарам многу на сите, му предложив и да посети лекар и ми одговори дека немало потреба. Но ако приметам дека ситуацијава не се менува ќе настојувам повеќе за одење на лекар и се надевам ќе го убедам. @WildMk @SwanMay @Independiente