Фотки шо се праќаат на инстаграм во приватна порака. И да, може да проба членката со тоа, но да има предвид дека ако тогаш таа нејќела, сега може тој да не сака. Никој никого не чека вечно.
праќање фотки во дм на инстаграм или месенџер се живи глупости. Направете чоечки муабет разговарајте. Тоа со фотките нема никакво значење нити па имате некоја корист од тоа.
Се гледав со еден дечко 2-3 години. Не бевме во некаква сериозна врска, но јас многу бев заљубена во него, он во мене не нешто премногу, но супер функциониравме.. Со тек на време јас оладив бидејќи ми стана монотоно и досадно некако, а он па тогаш ептен се загреа (можеби се заљуби) ама јас го откачив. Не директно, почнав да го избегавам, он беше упорен ама виде дека веќе не сакам и се повлече.. После некое време се избришавме од соц.мрежи и од тогаш се немаме ни сретнато случајно.. Од тогаш скоро две години поминаа..Деновиве постојано ми се врти во глава не знам зошто. Сакам да го видам онака чисто пријателски бидеќи како што ви кажав супер функциониравме како пријатели пред се. И сега кога ќе се присетам стварно не знам зошто прекинавме, најверојатно затоа што не осеќав доволно љубов од него, како што јас имав.. или дека бев премногу млада (он е малку постар) Ама стварно убаво ни беше.. Сакав да го додадам на инстаграм, но пред тоа од кај другарка видов дека има девојка.. И сега малку ми е глупаво после толку време да го заследам, може нема ни да ме прифати, не сакам ни проблем да му направам во врската, но стварно премногу сакам да го видам, не знам ни сама зашто.. Совет?
Не го заследувај, нема зошто. Дечкото си има врска си продолжил со животот, сигурно не би прифатил на кафе да излезете. Мое мислење е да заборавиш на него и да не го додаваш на ниту една социјална мрежа.
Ти отишол возот. Сериозно,заборави го ! Не мисли на него.Преокупирај ги мислите со други нешта,гледај серии и филмови(акции и комедии),излегувај со друштво,занимавај се со милениче,зготви си нешто,исчисти си ја собата,слушај ја омилената музика......Само не мисли повеќе на него!
Па искрено и така ми фали, бидејќи се си кажувавме, сакам да знам дали е добар, што му се случува... Можеби нема да сака да комуницираме, а можеби и он се чувствува како мене. Не знам зошто коментари од типот дека ми отишол возот, точно дека е малце глупаво после долго време да го побарам, ама ние сепак сме имале со години нешто и не сме се разделиле крвнички..
Ама,со комуницирање ќе му створиш проблем.Тој те заборавил,има друга девојка.Што ако му пишеш и он ти врати онака само пријателски и девојка му го види тоа? Девојката нема да го сфати тоа како пријателско комуницирање,туку ќе помисли дека он ја лаже и изневерува.Проблем ќе му направиш! Затоа не комуницирај!
Ако и двата се гледате како пријатели, нема ништо лошо да комуницирате. Имам бивши со кои сум во пријателски однос.. баш пријателски. Ама не со сите бивши. Пак ќе речам, зависи од тоа, како се гледате еден со друг.
Ако некој е повреден у целата ситуација тоа сум јас затоа што три години бев заљубена во него, не помислував на друг и правев се за да се заљуби во мене. Он цело време си беше лабав и ми повторуваше дека ние не сме во врска.. Кога тоа мене почна да ми скурчува и да почнувам да се ладам и тргам од него, он тогаш почна повеќе да се интересира за мене и да се однесува како да сме во врска. Не го кажувам ова за да го направам него лошиот во целава ситуација, само сакам да кажам дека јас него ништо го немам повредено, но како што кажав и претходно, никогаш не сме се скарале, да бидеме љути, едноставно така се разделивме без некакви си објаснувања, но премногу го почитувам и ми недостига како личност, пријател.
Си правела се за да се заљуби во тебе,па кога конечно се загреал,ти си се оладила.И двајцата не сте биле сигурни во врската.Ама,тоа што си правела се за да бидеш со него,па си го откачила,можно е нему да му делува како да е изигран од тебе.Сега си има друга и можно е да се плаши дека и најобичен муабет со тебе може да му ја уништи врската.