Како и да е не можев цел живот да се трудам, а да не добивам ништо за возврат, ми здосади, се уморив.. Мислам дека секој би постапил исто. Кога на некој му даваш се, со години, а он тебе не, нормално е дека ке дојде крајот на тоа. А лошото е што он кога виде дека ме губи почна да се интересира типична машка работа, додека те има не те цени, или можеби не бил свесен дека ме сака повеќе од што мисли или можеби само му било криво зашто го оставам.. who knows
Па чим не те заследил и он јасно е дека не сака контакт со тебе Мене вака некој да ми се појави исто би постапила ко него, во врска си е човекот...
А зошто да не прифатите бивши, ако сте во врска? И јас и маж ми имаме пријатели на социјалните мрежи, кои ни се бивши... И никому ништо. И не, нема врска со секс и афери... само пријатели ни се сега.
Почекај бар уште неколку дена можеби нанамерно веднаш не ти возвратил. Но ако не ти возврати за неколку дена мислам дека треба да го отстраниш
Ок, сите имаме некој кој понекогаш ни недостига или ни е криво што не успеало. И не значи дека кога сме осамени или носталгични треба да копаме по минатото. Мое мислење е дека треба да ја баталиш оваа идеја за реконтактирање. Пишав вчера и во сдк, ми стигна мене порака на фб која можда е по грешка пратена можда намерно од личност со која ете како и ти, покрај љубовната врска ми беше голем другар. Тој беше лош избор како дечко но беше добар другар. Чим го отворил разговорот со мене на фб и ми пишал е доволен показател дека небитно од кој аспект му недостигам и мисли на мене. Но, сега не е момент за обновување стари контакти. Јас него одамна го надминав, не ни мислам на него, не ни ми треба во животов. Имам друг и не сакам да си стварам приблеми ради носталгија. Можда тој ме бара чисто пријателски исто ко и ти. Не знам и не ме интересира. Ти правам паралела за да ја чуеш и другата страна. Не значи дека е исто. Но, веројатно и тој твојот продолжил со животот како мене и за тебе веќе нема место.
Ти не, јас би, тоа не значи дека било како е заинтересиран за тебе. Нели мислиш дека малку е себично што сега сакаш да го контактираш, после толку време, а знаеш дека има девојка? Тоа што било одамна завршило. Не ја гледам потребата да се навраќаш. Знам дека те интересира како е, што прави, но сепак не е фер. Еве, не те ни заследил. Очигледно не е заинтересиран. Зошто тогаш си упорна? И која е поентата ако почните повторно да контактирате? Или потајно се надеваш дека можи пак да биди нешто меѓу вас? Според мене е многу погрешно. Сепак одлуката си е твоја.
Потајно не се надевам ништо затоа што јас бев таа што ја прекина таа врска или што и да беше. Не знам зашто постојано се спомнува тоа дека има девојка. Не смее да има пријатели? Јас кажав дека ми фали како личност пред се, како пријател, а не дека сакам да го фаќам за дечко сега. И како што кажав и погоре МОЖЕ ке сака МОЖЕ ке нејќе комуникација. Не се тешам, ама според мене или еве ЈАС ако не сум заинтересирана за некого нема ни да го прифатам ако ме додаде/заследи. Не е ни битно, побарав совет бидејќи не знаев што да правам и ви благодарам на сите за мислењата.
Какви пријатели зборуваш девојче? Бивша после толку години и текнало еј сакам да бидеме пријатели. Ти како би реагирала дечко ти да почне да комуницира со бивша? Стварно не ве сфаќам па после повредени..
Сурово но реално ти дадоа совети во меѓуредови на критиките. Момчето изгледа му е доста од тебе и нема да те прифати, по мое мислам дека е разочаран од тебе, или едноставно не му е потребна бивша девојка, да му биди сега пријателка во животот. Јас еднаш така на некој начин се изгорев, едноставно не може да ти биде другарка! xD
Ако сте сигурни во себе, во дечкото и во врската зошто да не ? Сум била во ситуација кога дечко мој бил во пријателски односи со бивша и тоа не ми пречело затоа што сум знаела што осеќа спрема мене и што спрема нејзе. И јас имам бивши што многу се дружиме и буквално најдругарски однос имаме. Нејсе, дечково ми пиша. Дали онака сум го заследила или има некаква причина. Јас му се извинив и му кажав дека само онака се присетив на него и сакав да го прашам како е, и он ми кажа дека истото сакал да го направи долго време, но страв му било од реакцијата моја. И си разговаравме и сите живи и здрави.
Здрави живи додека не разбере неговата сегашна девојка. Таа ќе се почувствува загрозена. Потоа........ Даден ти е совет да не контактираш со него затоа што од најобичен муабет можно е да се доведете до отворање на стари рани.Ако девојка му дознае дека комуницирате и ако таа е љубоморна типка,веднаш ќе помисли дека тој ја изневерува и ќе го остави,па тој ќе те замрази.Резултат: и двајцата ќе бидете повредени. Затоа најпаметно ќе ти биде да заборавиш дека тој постои!
Ако сме сигурни во себе, треба да се правиме будали на околу што се случува иако осеќаме и гледаме дека не е како што треба нештото? Сега ме интересира реакцијата на неговата женска дали ќе почне да се расправа и колку стварно ја сака.
Ионака ако тој нешто чувствува кон дарлингзз порано или подоцна тој ќе се обидеше да дојде до контакт со неа па подобро сега барем и сегашната девојка да не очекува премногу од него а и ќе има можност порано да си бара решение
Едно е ти да Едно е ти да си се разделила со него на убав начин и да останете пријатели на едно здраво, сосема друго е после х години да ти текне да го бараш. Да би ми сметало после неколки години дечко ми да почне да комуницира со бивша, сигурно нема да одат на кафе како пријатели, не се работи за доверба тука.
Леле ок е колкава ја направивте работава бог да чува. Па ако им е нестабилна врската и ако он има чувства за мене подобро за двајцата нека раскинат. Јас ви кажав не сум се скарала со него и секако кога би се сретнале би имале и здраво и повеќе муабет, ама ете не сме се сретнале. И во ред е со коментариве веќе, сам си пиша дека до сега сакал неколку пати да ме побара.
Ако дечкото почне да оди на кафе сам со бившата после неколку години тоа би било знак за крај на врската бидејќи ако не му се повратите чувствата кон неа тој нема да почне воопшто повторна комуникација со неа. А во овој случај мислам дека тој сеуште чувствува нешто кон дарлингзз а сегашната девојка треба да го откачи бидејќи ако таа настојува тој да го прекине контактот со бившата нема да си помогне туку само ќе предизвика неговиот инает да си ја доврши работата Реално од моја гледна точка
Теши се, потоа жалете се дека сте повредени. Пикајте нос каде не ви е место, па може ке му бидеш златна резерва за потреба. Ова е форум, кога бараш совет очекувај секаков не тоа што сакаш да го слyшнеш. Ако веќе знаеш сама, не прашувај. Поздрав Едит: Ако ја вара со тебе, ќе те вара и тебе. На туѓа не среќа не се гради среќа.