Потполно те поддржувам. Со ова можеш да и ги отвориш и очите на девојката и да види со кој си има работа бидејќи тој искрено да ја сакал немаше да те прифати тебе со оглед на тоа дека си му бивша а воопшто ниту со некоја друга да почне да се допишува Само овој пат биди претпазлива
Ало бре луѓе дали вие читате што пишувам? ЈАС не сум заинтересирана за тој да ми биде дечко, за какво варање какви резерви зборите?
Ептен заминавме напред со сето ова, но на тоа води. Мене искрено доколку имам девојка и почне да ми пишува бивша или сака секс, или и смета тоа што сум конечно среќен и можеби сака да бидеме заедно.
Но ако тебе ти значи девојката која сега ја имаш нема да и вратиш на бившата а овај и вратил што е знак дека не е баш и тој совршен во случајов па сите да ја напаѓате девојкава од форумот Еве искрено ти би и вратил ли на бившата ако не чувствуваш нешто кон неа а во меѓувреме си и зафатен?
Да кажеме дека е се како што опиша ти, мислиш нема да и го прави неа истото со друга? Многу сте наивни, сами си ги влечете проблемите во животот па се жалите.
Па затоа погоре и пишав да биде претпазлива и да ги преиспита работите а и со ова ќе и се отворат очите на сегашната девојка но девојчето кажа и дека несака да биде во врска со него Сепак на крај она си знае што ќе прави
Понатамошна комуникација може да ги влоши нештата. Да им одело,ќе останеле заедно или ќе биле пријатели,ама контактот се прекинал.И сега она сака да го обнови контактот,он `и пишал.... Тој има девојка која може и најобична порака да ја протолкува како изневерување од негова страна.Тој ќе `и се налути на бившата и можеби и ќе ја замрази ако сегашната го остави.И три личности ќе бидат повредени поради нечија непромисленост.Минатото треба да остане минато,инаку иднината ќе биде уништена.
А за што си всушност ти заинтересирана, за да бидете пријатели? Која е потребата од тоа баш ме интересира? Било, поминало. Ако требало да бидете пријатели, ќе сте биле уште кога сте се разделиле. Неможe да ти текни после години дека те интересира како е, па ајде ќе му правам проблеми во врска, чудо големо. Дали тебе ќе ти биди сеедно ако твој дечко после години го контактира бивша со изговор дека сака да се пријатели? Океј ќе си со тоа? Нема ништо сомнително да ти е? Знаеш и самата дека не е во ред. Побара совет, те посоветувавме како што мислевме дека е најдобро. Тоа што е во минатото, најдобро е и да остане таму. Сите ние имаме луѓе кои сме ги сакале и почитувале, ама поради склоп на околности сме се разделиле. Тоа не значи дека е во ред кога ќе ни текне да ги контактираме, ако на тој начин му расипиме нешто за нив значајно. Како и да е, очигледно планираш да продолжиш комуникација со него, ама ќе си видиш и сама со тек на време, како тоа ќе заврши. Не си правиш услуга ни себеси.
Во право си, се сложувам до негде, можеби не е во ред после толку време да се појавам туку-така, мојата постапка не е за оправдување, но што е со неговата? Ми спомна и кафе да пиеме. Ако е толку трагично што јас сум го побарала т.е заследила и дека ке направам проблеми во неговата врска, нели е малку глупаво и од негова страна што разговара со мене и одма спомна да се видиме? Јас на пример ако имам сериозна врска со некој и да знам дека на тој ке му пречи ако контактирам со бивши, нема да го правам тоа, но според неговово однесување не ми делува дека врската му е толку значајна..
И на бивши дечковци и на другарки од минатото сум се присетувала после години.. и сум им пишувала. Ако е во прашање пријателски однос, не знам зошто толку драма правите?
Не знам ни јас не ги разбирам зошто ако е бивши да не може да се има пријателски однос? Врска ке сум расипела или не знам што. Ако ми се расипе врската од таква причина уште подобро, зошто што ли би било во брак кога ке има вистински проблеми..
И неговата постапка не е за оправдување, ама во случајот ти прва пристапи и зошто подоцна ти да ја носиш вината ако му направиш проблеми во врската? Не сакам ниту да ги ставам сите мажи во ист кош, ама еве ќе речам дека повеќето би постапиле исто. Дали од наивност, дали од љубопитност - незнам. Ама факт е дека не е во ред. И не е ни битно како тој постапил. Не треба да те охрабрува тоа што ти пишал или те викнал на кафе. Ти од твоја страна треба да бидеш фер, бидејќи сигурна сум дека не би сакала да си на местото на неговата девојка. Каков е тој пријателски однос после толку години? Зошто воопшто би исконтактирала некој бивши после толку години и дали сериозно мислиш дека тоа може да е почеток на некакво пријателство? Разбирам љубопитност, сите имаме, ама тоа не значи дека треба одма да ја исконтактираме личноста без да ни биде гајле како тоа ќе делува врз нејзиниот живот.
Абе имаш минато со тие луѓе. Биле дел од нашиот живот одреден период.. Исто како и со пријатели, со кои повеќе не сме во контакт. Имам неколку примери од кафосвање, спорадично, со бивши дечковци. Зборуваме за на времето кога сме се 'дружеле', како било, како е сега, што се случило од тогаш... Како и со другарка. Најнормален муабет.. А да... заборавив.. и со сопругот сум ги запознала... А и тој мене со негови бивши. Не ги гледам како закана.. само како дел од минатото.
Баш затоа и треба да останат во минатото. Ако некој толку ти значел и си сакала после врска да го задржиш како пријател, зошто не си го направила тоа уште тогаш? Зошто сега? Разбирам се, ама никогаш не знаеш каква е партнерката на твој бивши, за да си земеш толку голема слобода да го контактираш и да оживуваш некакво си "пријателство". Некој ќе е океј со тоа, ама некој нема да е воопшто. Како и да е, ти и сопругот имате многу различен начин на живот од сите нас тука, така да, неможеме да го земеме вашиот однос за мерило. Според мене не е океј и мене лично би ми сметало ако се избаци некоја бивша на дечкото со приказна дека му фали како пријател. Ако толку многу му значел ќе се потрудела околу тоа пријателство уште тогаш. Причина ама баш никаква не гледам за тоа да го прави сега после толку години.