И тоа да за гледањето... јас погрешно сватив и општо поимот пауза грешно сум си го замислила .. нема врска. Од сега ке знам Само сакав на Лилит да и кажам да не ме суди зашто јас малку лошо го протолкував нејзиниот пост. А се што правам во врската не е со лоша намера и знам како ни стојат работите. и темава отиде оффтопици
Теди чил,не се однесуваше на тебе,општо си зборувам.Не знам како ме протолкувавте насочено. Ниту ти судам,ниту се обидувам на било кого,јас само си кажав мислење.Секој си мисли за себе дека му е најтешко и дека има најголеми проблеми. Колку лично разбирате понекогаш...до степен на судење,погрешни заклучоци,па и муабет,не можеш да ми кажеш дека не си се испразнила на некој друг.Искрено,не сум.Може да ми осетат нерасположение во дел од минута,ама не дозволувам тоа што мене ме мачи некој не дужен да си го изеде,обично тој што ми борчи си го јаде стапот колку што заслужил. Ајде толку од мене тука,гледам нема атмосфера,не може неутрално да се коментира,се лично се сфаќа.
Моја грешка лилитке ... сфатив што сакате со сеси да кажете(ваљда и вие ме сфативте ). Без љутиш.се извињавам. за двете. И мимс ... пиши што ке направиш. Се најдобро
Имам правено муабет со дечко ми за ‘‘пауза‘‘ и од машка страна ми има кажано дека ‘‘паузата‘‘ е само начин да се одуговлече раскинување и да биде помалку болно за женско Или како вие што кажавте погоре едноставно да се излуфтира, да се проведе па ако не е добро секогаш си имаат златна резерва на кого можат да се вратат... Кавгите по дома не ме интересираат кога сум со дечко ми, нервози од било кој вид...што има да му ги истурам на него ( издувен вентил не ми е ) идам со него за да заборавам на се и да се опуштам и да не мислам!! Ја така ја сфаќам врската! Имам другарка 7 години бешее со дечко...и они на секоја поголема кавга си прават пауза од 1 недела се слушаат и се ама не се видуваат И така се влечеа 7 години и раскинаа на крај. бтв Лилит статусот е It's complicated !
Значи вака... можеби јас не се искажав добро. Тој ми рече дека да ми побара пауза било смешно и глупаво за двајцата а воедно и нефер за мене за јас да го чекам да се среди. тој ми рече дека е подобро да ставиме крај на некое време, додека биде пак подготвен да е со мене без кавги и без проблеми. Дека за тоа време сака да си останеме во контакт да не му се лутам и да го сфатам. Дека ако сега останеме заедно покрај неговите проблеми и што ти знам јас што му се бубачки и такви ствари дека ќе неможе да ми го посвети тоа внимание што го барам, тоа ми е мене многу фер, подобро да ми рече дека сака крај одколку да мислам што е толку одалечен и што не ми обрнува внимание и на мене. Мене во моментов најмногу ме кочи тоа што му ги знам проблемите а во исто време и неможам да го сфатам. До заклучок сум дојдена само дека сега тој мене ме смета за обврска, само на уште една личност што ќе мора да и се правда објаснувам и се остало, и дека тој незнае што сака. На секој некогаш му требал простор ама ова не е начин сепак, уништува се што сме имале досега. Јас незнам како да го прифатам ова, дали да го чекам да се среди или да пробам и да заборавам се. Знам дека кога ќе види дека ме нема, коа ќе види дека околу мене имам други што ме посакуваат ќе се јавува и ќе прави се. Исто и као сака да контактираме и од причина за да се уверам дека не се работи за некоја друга девојка или други девојки за да се излуфтира. Исто и неговата фамозна реченица... „Ќе се сменат работите за брзо време ќе видиш, знам дека не ме сфаќаш сега, ама морам да се средам, да знам прво што со себе па после и со тебе, немам друга причина да прекинам се затоа што се било супер меѓу нас, и несакам да го заборавам тоа, сакам да си бидеме во контакт, јас ќе те побарам кога ќе бидам пак спремен да сум со тебе на чисто, а ако не прифатиш тогаш јас сум во загуба и наебувам ко увек.„ Е тука ми ја става таа кочница што незнам како да го сфатам сево ова и што да правам понатаму....
за сите девојки како јас гледам на она ајде на пауза. еј мислам не сме на голем одмор. врската или понатака бракот е нешто во кое треба заедно да се радуваме, плачеме, да газиме и поминуваме се живо и диво. значи ајде мене не ми е добро денес и сакам на пауза( мислам пауза од еден месец или така нешто) па зар утре кога ке сте со некој во брак еј сакам пауза затоа што не сум расположена и ајде дома кај тато и мама. јас бар лично за неме зборам врските секогаш сум ги сваќала баш озбилно кога сум со некој се давам целосно и срце и душа. да имало моменти кога сме одмарале во случај од типот имам испит не излагаме али тоа не се нарекува пауза едноставно не излегување тој ден. а штом на нешто се става пауза тоа е вид на размислување еј чекај да видам дали јас можам без него ако во период од таа пауза јас успеам да го преболам ок ако не еј ми светна сијаличката абе јас го сакам. мислам чисти и банални глупости ми се тоа паузите или си или не си со некого. ако го сакаш го сакаш и му помагаш и во добро и зло ако не го сакаш и рози да ви цветаат не го сакаш. кога ќе го најдете вистинскиот верувајте нема ни да ви текне на тој збор
^^Мимс а зошто не оставиш на времето да покаже....секогаш сум за љубовта да победи ако го сакаш бори се за него...сепак не е се така црно и бело...Па и машко знае да сака и не мора да значи дека одма има друга или ќе иде да се излуфтира...Не знам можеби ти превише си сакала , си го напнувала ептен ( ова е само пример и ние женските некогаш грешиме и не ги сфаќаме дека и они си имаат проблеми ани е си бараме и бараме и све и свашта ни се врти во глава и тука пука се) Комуникација во врска е многу бите фактор за да опстои една врска која е подолга како твојата! Мене дечко ми секогаш ми вика сакам да ме сватиш, нешто што барам кај девојка што сакам да биде со мене е да ме свати. Не знам сите се различни! Пробај ништо не губиш! Имав слична ситуација како тебе, не ми посветуваше време а ја барав барав...се фаќав за се како слеп за стап и пукна се скаравме ептен....еве ти цитирам од дечко ми што ми има пратено ‘‘Срце извини за мое глупаво понашање, не си ти ништо крива али сакам да сфатиш дека и ја си имам проблеми. Ќе те чекам утре у 7. Сакам те пуно!! Ја чувам пораката пошто ми е прва...и е цитирано од збор до збор...
Мимс, јас веќе на ова ти кажав мислење погоре. Нејсе. Не можев да не напишам повторно. Сум била во многу слична ситуација (иако не знам што му е проблемот на дечко ти конкретно заради кој му е потребна пауза или крај на некое време, ама ова за мене е скоро исто ) и скоро повеќе од сигурно знам точно како се чуствуваш ти сега. Како прво, ако некој има проблеми на страна од друга природа, нели треба врската да му е еден вид на бегство од тие проблеми? Нели треба со личноста која ја сакаме да знаеме да споделиме и лошо и добро? Не разбирам Како второ ако ти кажал тоа што си пишала како последно, мене ова ми личи на чист алибизам. Машките во глобала СЕ алибисти. Демек ќе ти кажат, ќе те осигураат дека не е во тебе проблемот а истовремено ќе те осигураат дека ако те изгубат, многу ќе патат, и ти се чуствуваш посигурно после. И јас како Квин верувам во љубовта, и пред се бидејќи знам да претпоставам како се чуствуваш сега, иако не те познавам, повеќе од се би сакала да си среќна и сево ова да заврши што побргу со среќен крај, меѓутоа сепак стисни заби јуначки за секој случај, подготви се на дефинитивен крај. И пред се пробај да правиш се само за да ги окупираш мислите и слободното време што повеќе за да не се измачуваш. За да не ти остане време да се чуствуваш несреќно, ме разбираш. Ако размислуваш премногу, тоа ќе те уништи. Верувај ми. Труди се да се опуштиш и терај даље!
И јас еднаш со еден дечко бев на пауза,и знаете како заврши паузата?......Раскинавме!Тоа ти е пауза,ако сакаш да раскинеш ама помалку болно демек.Инаку кога си со еден човек во врска со него си во се!Вие треба да сте си подршка еден со друг,за секој проблем тој треба да е со тебе а и ти со него,а не кога ќе има проблеми дома или работа или факс ајде ќе се ставеме на пауза...Не чини тоа!Барем јас и мојот дечко сме заедно во се,кога тој има проблем јас сум тука до него,а исто и тој за мене.Кога е нервозен пак сум до него,и да некогаш знае и мене да ми се истури но сепак јас сум таа што е до него и секогаш ќе бидам,бидејќи да си со некој човек не значи да си со него само кога треба да ти посветува внимание,да те носи на вечери,туку треба да си со него и кога му е тешко,кога има некој проблем...Си знам по себе,кога и да иам проблем сакам тој да ме слуша и да ми биде утеха па затоа и јас секогаш ќе бидам тука за него,а не да бегам на пауза за да се средам или среди...И да со разговор се решава се!
Го разбирам тоа, јас би му помогнала во се и би му се нашла да помине преку се многу добро го знае тоа и самиот... но очигледно е дека тој не го сака тоа ме гледа како товар плус! Ми кажува вакви работи за да се осигура дека нема да го заборавам и за дане пробам со други. Јас не сум идиот да не го сфатам и да му создавам дополнителни проблеми... но... незнам што да кажам. Криво ми е што ќе ги фрли во вода поминатите години, полни со љубов спомени и се што сочинува една убава и квалитетна врска... Пак мора се да се остави на времето...
Мимс разни луѓе разни карактери...нема правила во љубовта.Секој различно гледа на вакви ситуации.Ти се што треба да направиш сега да си посветиш време на самата себе...Да не се напнуваш или да мозгаш многу за него и за вас целокупно едноставно да си оставиш така...како што кажа времето да покаже дали сте еден за друг или не.И не е ни прв ни последен.Ќе видиш како во меѓувреме ќе се појави некој
Мимс и јас ќе ти го кажам истото што и другите девојки......посвети се самата на себе, окупирај си ги мислите, прави нешто што те исполнува немој да седиш и да тагуваш.Едноставно подготви се дека е крај, а сепак според мене ако вистински се сакате он ќе ги среди мислите и ќе те побара побрзо отколку што мислиш.Ако само забележи дека околу тебе се врткаат добри момци ќе долета со брзина на светлината , но ти дај му до знаење дека ти не си предмет што може да го остави и земе кога сака.Сепак во врската треба да се споделува и убаво и лошо и ако има проблеми треба ти да си му најголема подршка во се а не бегајќи од други проблеми да бега и од тебе.Но верувај дека сепак љубовта ги победува сите проблеми една голема гушка за тебе
Мимс ме заинтересира твојот проблем и прочитв и претходно што си пишала,а не само за паузата,па еве што мислам бидејќи сум се нашла во слична ситуација да не кажам иста.И јас го имав истиот проблем,неам пари за кафе,за излегување а да го викне некој друг има,а ние само дома си седевме.Ми се лутеше без причина,ме игнорираше дури,внимание нула итн.Јас знаев дека нешто не е како што треба,а и не беше.Tаквото однесување ми зборуваше дека постои друга или сака човекот да си се издува.И така и беше.Не отиде со друга ама проба,ама јас навреме открив.И после следуваа кавги,молења,абе хорори,ама некако го надминавме тоа,и сега сме супер.Односите ни се подобрија.Но тоа што го поминавме беше ужасно,тешко и мачно и за двајцата,но изгледа се сакаме многу штом толку издржавме.Сега сме 4 години во врска тогаш бевме 3,и што е најтрагично во долгите врски има периоди кога врската запаѓа во криза и ако не се извлечеш да не кажам истрпиш толку ти е од таа врска.така беше и со нас,имавме криза,ја надминавме и сега ни е убаво,но тој никоаш не побара пауза ниту време за да се среди,а нејкеше ниту да раскинеме иако јас инсистирав.Сепак ти најдобор си ја познаваш врската,дечкото,можеш да процениш дали вреди да останеш со него,да претпрапиш вакви работи или сепак треба да ставеш крај и да продолжиш понатаму.Знам дека изборот е тежок и не е лесно така да се откажеш од долга врска,но некогаш не вреде да се бореш,некогаш треба и да се откажеш.
паузата не секогаш значи и неминовно раскинување,некогаш е само пауза,време да се расчистат и согледаат некои работи.па на крај краева и да раскините,мимс не треба да гледаш така,дека си ги фрлила годините или слично,зашто?зарем не ти било убаво кога си била со него,ти било си имала убави моменти спомени итн.ако е така,еве земи ме мене пример,пред овој дечко имав година и нешто врска,пред тоа имав три години врска зарем треба да мислам дека тоа се залудно поминати години,фрлени во вода?не воопшто.ми било убаво затоа сум и била во врска нели,инаку зашо би е сега шо некои причини довеле до раскинување на тие врски тоа е друго дваесе.имаш период на тажење по изгубеното,а после продужуваш даље со нови сили во нови походи така да горе глава,осмех на лице и шо биде нека биде.доста плачки и кукање
Мимс и мојот совет е како и на другите девојки . Сакаш пауза ? Еве ти пауза . Ќе видиш како ќе ти се врати . Зошто ќе сфати дека направил грешка со паузата . Ако не ти се врати тогаш воопшто не бил за тебе . Многу глупа работа ми е тоа со паузите , не си ти крива , тој е . Он ја побарал , не ти . Во секој случај , не го барај .
Ајдеее, до каде стигнале финтиве...цццц... Пауза? Јас би му дала пауза на неопределено и засекогаш. Па баш кога имаш проблеми уште повеќе до тебе ти треба оној кој го сакаш, а ако го чувствуваш како дополнителен проблем, е па не го сакаш очигледно, нема друго. Ова е како онаа англиска изјава за откачување "It's not you, it's me" (а во себе мисли "Of course it's you!"). Или како изјавите од типот „Не сум сега за врска“ а после две недели го гледате гушнат со некоја... Психолозите велат дека обично изјавата „Не сум сега за врска“ значи во превод „Не сум за врска со тебе“. Па ти преведи си... И пак да апелирам до девојчињата-малку повеќе самопочитување за да ве почитуваат! Некако ми изгледа дека денес девојчињава се преокупирани со тоа да им угодат на типовите и тоа толку многу што забораваат на себе! Не ми е јасно однесувањето на 15, 20 или 25 години како да се тетки на 50 и ја бркаат последната шанса во животот... Да не се разбереме погрешно, јас СУМ за љубов, и искрена, голема, длабока љубов, ама љубовта не треба да те гази, да те повредува или да те навредува. Тогаш не е љубов, нешто друго е.
Mims-89 Мене воопшто не ми се допаѓа тоа што ти го напишал. Баш неколку пати го прочитав и мислам дека во моментов е најдобро да се тргнеш на страна. Ти треба време - еве ти време. Многу ти е тешко, ама мораш така да направиш, ако напнуваш ке биде уште полошо. Нека се олади малку, не го барај. Или кажи му нека ти се јави тогаш кога ке знае што сака. И не ми се допаѓа она неговото „ако не прифатиш, тогаш јас сум во загуба и наебувам ко увек“. Тој веднаш се става во улога на жртва, а всушност жртвата си ти. Затоа, остави го, нека тера по свое, ти посвети се на себе, оди си со другарки, не останувај сама, фризер, шопинг, дружење многу, едноставно фокусирај се на себе а не на него, зашто тој е фокусиран на себе. Ако било вистинското меѓу вас, пак ке бидете заедно. Ако не било, подобро е да заврши. Поздрав и биди добра!
De4ki pomagajte...Smuvav se so eden star simpatija i pocnav da custvuvam po nesto za nego, bev so nego samo 3 pati i mnogu nezno se odnesuvase so mene i ocekuvav da me prasa za vrska...bese se mnogu ubavo no 3tiot pat me prasa "da ili ne" jas rekov da i pomisliv deka se fanavme, no toj si pomislil za seks.... me prasa dali sakam da imame odnosi, jas se skrsiv i mnogu se nalutiv ne znam sega sto da pravam, se tesam so toa sto bese pijan i toa mnogu pijan....ne znam dali da se nadevam uste..? ili da go zaboravam, a ne znam ni dali toj custvuva nesto za mene, Pomognete mi ve molam kako da prodolzam i ako treba da prodolzam da se treskam vo nego kako da go zavedam..se nadevam deka me svakate .. pozz [mod-kirilica:txma16kx][/mod-kirilica:txma16kx]
Што има да се мислиш,разговарај отворено со него...не ја сфаќам поентата зошто би си ги криела чувствата Подобро да си знаеш на што си отколку да зацапаш па да се мислиш после кај ти е главата,не се устручавај ама ич за тоа дали да ги потегнеш работите,ако веќе он се прави на Тошо зашто знаеш дека чиста сметка долга љубов е нели?
Чао феминки! Нова сум на форумов, и имам потреба од ваше мислење со дечко ми сме заедно неколку години, но во врска на далечина. Секогаш кога се гледаме се' е во најдобар ред, имам чувство дека се грижи и дека ме сака..но кога сме на далечина секогаш е многу ладен, не зборува за чувства, дали му недостигам..ме измачува чувство дека не ме сака, дека секогаш бил со мене од корист.. што се случува?