Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.466
    Допаѓања:
    22.299
    Пол:
    Машки


    Не е проблем тајмингот да го погодиш, туку прекини со сексот и тоа е тоа. Ме мрзи да играм игра на зборови ќе скратам.


    Ако пред секс и укажувал да не зема апчиња, при првиот пат. И сепак имале секс свршил. После тоа имале втора партија, ПОВТОРУВАМ ВТОРА ПАРТИЈА на која што пак свршил во неа.



    Полнолетна е ниту ја лажел ниту ја заведил, инаку како машко е глупак и торко, никаков глупчо. Ама и таа е крива колку што е тој крив и сеа тоа е тоа, овде подобар совет од тоа не може да и се даде.


    И како што реков со убава пара и добар адвокат можеби ќе излези таа во право, а тој виновен. :)
     
    На Jjj9999, violetblue и honey.11 им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    Зависи тој што и' ветил пред сексуалниот чин и кога таа дознала дека ејакулирал.
     
    На Jjj9999 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Purelove92

    Purelove92 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2015
    Пораки:
    1.026
    Допаѓања:
    3.573
    Пол:
    Женски
    Девојката дефинитивно го прави ова со сила и страв да не ја остави, психопатот ја користи нејзината љубов заради која и ја има оваа толеранција и се изживува..Само замислете во каква психичка состојба ќе биде кога ментално ќе создрее па осудувајте.
     
    На Harper, Jjj9999, ЕденЧлен и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Belgin1

    Belgin1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2017
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    8.361
    Пол:
    Женски
    @Jjj9999 по постот се гледа колку си незрела и неспремна за брак, исто и дечкото.
    Од вакви глупости и непромислени работи потоа најмногу страдаат невини деца. Според мене е срамота девојче од 19 години да се мажи. Знам дека има примери за успешни жени кои се омажиле и родиле уште на 18 а сега се успешни ама сепак бројот на такви е еден наспрема сто вакви како девојче што не знае што би со себе а камо ли дете да гледа. Ни се нудат далеку поубави работи да се образоваме, да работиме, да шетаме а вие упорно се враќате назад. На таков како дечко ти на куче не би му оставила да ми чува а камо ли дете да му раѓам. Работите ли, имате ли каде да живеете, спремна ли си ти психички да станеш мајка? Зошто не е се така едноставно само да родиш дете, треба да си доволно способна и зрела да го изведеш на прав пат а се гледа дека не си. И не може некој со сила два пати да сврши во тебе, ниту пак да ти забрави апче да си купиш. Одиш во аптеката, купуваш уште наредниот ден, пиеш и не мора ни да знае тој. И не само не планирана бременост, свесна ли си колку инфекции и болести се пренесуваат преку незаштитен однос?Не знам каде со ваква младина
     
    На Jjj9999 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.898
    Допаѓања:
    4.903
    Пол:
    Женски
    А зошто не постои место за договор и компромис кога е веќе решен да те жени?
    Зарем мора секогаш ДЕТЕ да биде причина за брак?
    И дали сте размислувале некогаш, дека поради вашите задоволства и грешки страдаат невини и животи, а со текот на годините и вашето созревање доаѓаат и проблемите во бракот.


    Ти си виновна што си му дозволила да сврши, не е еднаш туку два пати во тебе! И плус самата си кажуваш дека не си спремна за деца и брак? Страв ти е дека ќе го изгубиш и никогаш нема да најдеш некој друг, па поради твојот страв мора да раѓаш дете на 19 ?
    Тој да е еден и единствен на светов? Дај ти се молам, таква џукела веднаш би ја шитнала.
    Би дефинирала и дека сексот не ви е взаемно задоволство, при постоење на вакви глупости.


    Освестете се.

    Образование, живот, кариера се пред вас. Цел живот ќе бидете домаќинки, ќе правите ручеци и менувате пелени.


    Дај веќе нека се воведе сексуално образование во средно, и не би било лошо некој предмет за побрзо психичко созревање, свесност и согледување на проблемите.





    Моли се да биде тестот негативен, а понатаму почни свесно да размислуваш дали вреди врска со таков човек.
     
    На Milobebence, poppie, Martka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Irenaiki

    Irenaiki Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2017
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    334
    Пол:
    Женски
    На еден чет се запознав со еден дечко , од соседниве земји е, беше тука па излегов , фино разговаравме на кафе бевме ок беше дечкото, убаво си поминав, сега рече дека за еден месец ќе дојде пак, а ме праша дали сакам да сум со него демек се заљубил во мене блабла, сега ми пишува ќе дојдам да ме запознаеш со твоите родители...инаку на камера кога се гледавме он ја викна мајка му , татко му да зборат со мене да сме се запознаеле така дека сме далеку, плус слики ми праќаше со нив, вика дека бил озб нз што...сега не знам што да правам?? Да го запознаам со моите ли? Не е прерано?
     
    На poppie и Jjj9999 им се допаѓа ова.
  7. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.460
    Прерано е.
     
    На Harper, WildMk, Irenaiki и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.052
    Допаѓања:
    52.530
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно е прерано, и целото однесување на дечкото е многу чудно.
     
    На smooch, Harper, WildMk и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.466
    Допаѓања:
    22.299
    Пол:
    Машки
    Извини колку години имате и има дечкото, посебно тој? Ако е постар, веројатно сака да брза и да те жени. :P
     
    На Irenaiki и x.Daisy.x им се допаѓа ова.
  10. Irenaiki

    Irenaiki Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2017
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    334
    Пол:
    Женски
    25год има и јас сум тука некаде , фин е многу вака по муабет, често ме прашува дали би живеела во Србија, бидејќи од таму е, еднаш ме праша и дали би се омажила за Србин...не знам што да мислам и што да правам, ајде да е некој манијак зар ќе сака да се запознава, плус ми праќа слики од неговите, еднаш кога беше кај тетка му рече еве ја девојка ми на камера се гледавме...и после ми вика се налути ли што така реков, викам не,нема врска. Но сега не знам како да постапам?
     
  11. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.460
    Ако сакаш да продолжиш со него, гледајте се повремено. Ако ти е океј, и ти се свиѓа тогаш ќе се запознаете со фамилија. Вака е прерано.
    А очигледно е дека бара жена. Ама ти не го ни знаеш.
     
    На WildMk и Irenaiki им се допаѓа ова.
  12. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.052
    Допаѓања:
    52.530
    Пол:
    Женски
    А бе сите се фини после еден дејт, не значи дека треба да се мажиш со него.

    Мене некој да ми спомнува свадба после толку кратко време, ќе се тргнам од него веднаш. Red flag.
     
    На lovestoneddd, WildMk и Irenaiki им се допаѓа ова.
  13. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.364
    Допаѓања:
    6.890
    Пол:
    Женски
    А зошто всушност дозволуваш притисок да ти прави, а не го ни познаваш?
    Кажи му искрено што мислиш. Кажи му дека ти треба време прво ти да го запознаеш него, пред да го носиш дома. Ако си скептична океј е. Никој ништо не те тера со сила.
     
    На WildMk и Irenaiki им се допаѓа ова.
  14. Irenaiki

    Irenaiki Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2017
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    334
    Пол:
    Женски
    Девојки, пред малце ми се јави мајка му, цела фамилија да дојдат да се запознаат со моите, реков ама нели е рано ние ни врска немаме почнато од како се видовме тој ми предложи врска, и искрена да бидам и мене ми се свиѓа дечкото, а ретко кое машко ми се свиѓа, на повеќето маани им наоѓам, мајка му вика Вие си знаете најдобро ама на нас не ни е проб он често збори за тебе, ако сакате и чекајте некое време како ќе се одвиваат некои работи..и после зборев со него вика зарем не ме процени дека сум сериозен, ако сакаш ќе ти дадам и пасс од фб инста од што сакаш да видиш дека зборам само со тебе и дека сум озб, на ниедна друга и немам вака зборено ниту пак да се запознавам со фамилии...господе боже што ме снајде :D од дома не знам како би реагирале сигурно кога би ме прашале од каде го имам запознаено нема да речам од чет...
     
  15. Harper

    Harper Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2018
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    7.917
    Пол:
    Женски
    Што си се допаѓате еден на друг, почнете врска. Нека помине одреден период, постепено запознајте се еден со друг, видете дали си одговарате. Нема потреба од толку брзање зошто животот не е само еден ден. За запознавање со фамилиите има време. Овие како таа емисијата на сител "Женим сина" :D.

    Искрено, некако чудно ми е сето ова брзање и однесување на дечкото ама па и не мора да значи.
     
    На Dust, poppie, smooch и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Irenaiki

    Irenaiki Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2017
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    334
    Пол:
    Женски
    Чудно во смисол сака да ме искористи или? Јас мислам дека сме од други држави па затоа можеби или не знам и јас така реков ама ми вика ја сум озбилен....
     
  17. Harper

    Harper Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2018
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    7.917
    Пол:
    Женски
    Не да сака да те искористи. Чудно во смисла, не знам, како да му е итно да се ожени. Затоа и ти реков да не брзаш оти освен едно кафе друг пат не сте се виделе, нели?
    Бракот не е за еден ден.
     
    Последна измена: 4 ноември 2018
    На Irenaiki, Purelove92 и Annora им се допаѓа ова.
  18. Irenaiki

    Irenaiki Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2017
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    334
    Пол:
    Женски
    Да да знам, јас му спомнав дека сеуште не се познаваме добро он вика знам дека и за машкото е тешко да процени дали е некоја фина добра итн, ми вика ти ми изгледаш на најнормална до сега не знам што, кога и да му спомнам дека е рано вика ама јас сум озбилен...сепак додека да дојде има сеуште време ќе видам што ќе направам до тогаш, фала ви :)
     
  19. poppie

    poppie Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    759
    Допаѓања:
    6.497
    За да направат луѓево нешто се е сешто ќе ти изнакажат. Според мене почнете си врска и видете како ќе се одвиваат работите. На моја другарка, колешка нејзина, исто и ги брзаше работите сакаше да ја жени, беше типот од различна држава исто и си пробаа некој период да видат како ќе оди и сега си се верија :)
     
    На Irenaiki му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Katty52

    Katty52 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2017
    Пораки:
    243
    Допаѓања:
    345
    Пол:
    Женски
    Ехх еве и јас со мојот проблем. Лани се запознав со едно дете од школо.. И сеа он на почетокот мн внимание ми обрнуваше ама јас не.. После тоа почнав и ја да го приметувам и така док ми се засфиѓа пројде школската година хахаха.. Другарките ми дофрлаа како го приметувале многу ме зјапал цело време ова она башка едно друго девојче сакаше со него ама он ја одби и цело време со мене правеше муабет едно друго. Амаа ете мене секогаш незгодно ми беше да му прозборам од срам и секад он прв.. И еве летово си фатил женска.. И оваа год ми прави муабет и се .. Ама јас сум многу разочарана некако и се тргам цело време. И пред некој ден викам ајде еднаш јас да прозборам прва нема смисла вака..И го прашав како е .. И замислете фалело само 3 збора да изустам за да почнеме муабет пола саат да правиме.. Многу интересни теми наоѓавме буквално и цело време се смешкавме и сето тоа.. Од една страна глупо се осетив зошто има девојка ама викам ајде... другарски се тоа... и еве незнам што понатаму стварно... Мислам дека си ја сака женскаму и најдобро ќе биде да си се тргнам на страна..Ама многу е подруг со мене одколку со другите девојчиња, цело време низ смеа ми збори така убаво.. незнам како да објаснам и го приметувам фрла погледи секогаш.. али добро сепак незнам што тој размислува