Секогаш е лоша идеа да се вратиш со бившиот. Една книга не се чита два пати зошто веќе го знаеш крајот. Биди отворена со него, кажи му што ти пречи, ако не можете да најдете заеднички јазик и да те сфати дека сето тоа ти пречи, прекини му. Не си должна да трпиш такво однесување од некој кој што те третира како секс објекАт.
Се запознав со еден дечко пред месец дена.. Првите денови беше многу загреан, секаде ме викаше со него, ми пишуваше.. Но, он се дружи со еден кретен што многу одамна (пред 5-6 год) се имаме смувано, ништо појше, но он на сите се фали дека ме легнал. За многу девојчиња збори така, не дека само за мене и 100% сум сигурна дека и уште други лоши работи му кажал за мене. И од кога они разговарале, од тогаш дечково ми пишува само после полноќ, за кај него. За секс многу јасно. Отидов пред некој ден само за да му докажам дека нема ништо да се случи -и не се случи, но он пак исто. Цел ден го нема да пише и после 12, 1 обавезно кај си, дојди кај мене. Сега сите ќе ми кажете да го баталам знам, но него му е напунета главата, многу добар дечко е и би сакала совет како да пробам да му докажам дека не сум таква каква што ме претставува другар му.. Дали директно да му кажам следен пат кога ќе ме викне да не ме третира како ку*ва и да не ми пишува повеќе или да продолжам уште малце да види дека не сум лесна како што му кажале, па може ќе се сменат работите....
Можеби е добар дечко но и лабилен на карактер бидејќи верува на се што ќе му се каже. Што си имала ти со тој тип е само твое, и е само минато. Нема потреба ти да му се докажуваш нему постојано дека греши..остави го сам да си ја сфати грешката, ако е доволно паметен ќе ја сфати. Имав ист да не кажам сличен проблем со еден бивш во минатото, ги слушаше сите, мене ме игнорираше. На крајот кога ја сфати грешката доцна беше. Кажи му еднаш, ако не сака да сфати бегај подалеку од такви што ќе те третират како секс играчка.
Тој штом почнал да те третира така веќе одлучил за каква ќе те смета. Немаш потреба да му објаснуваш или да се правдаш. А со прифаќање да му дојдеш по 12 и ништо тој мисли дека малку глумиш недостапна и дека кога тогаш ќе добие тоа што го бара од тебе кога те вика по12 и 1навечер.
Можеби си во право.. Се тешам дека можеби ќе сменам нешто.. Тоа ми е криво што секогаш касно сфаќаат, кога тебе веќе ти е сеедно, ама тогаш џабе е се. Ќе му кажам се во фаца зошто нема да можам да се помирам ако преќутам. И нема да ме види веќе..
Ако сакаш кажи му ете да не ти е криво дека не си му кажала. Ама така уште повеќе ќе знае дека се правдаш значи има нешто во врска со муабетите другар му што му ги свртел. А сега како стојат работите е вака или ќе му идеш и идеш по 12 и оп ќе бидне и ќе завршите на тоа или ич нема да се замараш нит објаснуваш нит правдаш и нема да се надеваш повеќе. Мене ми делува дека си почнала да се заљубуваш и тоа те ремети тебе. Ама види вака подобро сега што ти го покажал вистинскит лик колку верува во муабети отколку да знаел се и да ти глумел за да добие што сака и оп корпа после. Пак е фер после се. А ти биди паметна и не се замарај за него веќе.
Тој преку викенд се гледа со женски кои ќе му станат идна девојка ако му исполнат критериуми не биди наивна. Нема што да објаснуваш или ти одговара он да си пополнува време со тебе кога он сака или не ти одговара тоа и не му се замараш повеќе и не сте во контакт.
Прво и основно, секс кога тогаш ќе се случи. Дали во 1 по полноќ или во 1 за ручек е исто. Не знам што ви менува фактот саат. Ама ок, вие си знаете. Е сега, откако ќе се случи сексот ако дечкото со тоа ја постигнал целта ќе те откачи. Ако сака нешто повеќе ќе продолжите. А ако не сакаш ти секс со него значи сакаш да ти биде само другар и тоа се кажува јасно и гласно. Освен ако не е измислена некој нов тип на врски без секс, а јас да не знам. И втора работа, ако сметаш дека му е наполнета главата и тој подпаднал на тоа, утре задутре некој друг друго ќе му зборува и тој ќе верува и така натака. Ти цело време ќе се правдаш и убедуваш со некој кој верува секому, само тебе не? Think twice.
Во право си, но мене ми е рано за секс со него. Поготово со ова понашање негово. Не може да го нема по цели денови да пише за кафе или чисто како си. Првите денови можеше ајде со мене ваму, ајде таму , со друштво негово, а од кога му кажа на тој кретенот све се смени. Сепак ние не се знаеме убаво и мислам дека е нормално да му поверува на другарот од почеток, затоа сакав да дадам време да ме запознае поубаво, да ја види вистината, ама од друга стана па не ми дава ни можност за тоа. Многу ми е криво.
Ок, но можеби тој не сака да те запознае поубаво. Можеби бара девојка за секс. Можеби те проценил по кажаното од другар му и тоа е тоа за него. Милион “можеби” чија вистина ја знае само тој. Таа понекогаш боли, но мора да ја прифатиме. Имаш 2 опции, да продолжиш да се докажуваш со надеж дека ќе успеете или да се тргниш од него и да продолжиш со животот.
Разговарај со него.Кажи му дека другар му лаже и тоа дека многу лаже.Кажи му да отвори очи. Кажи му дека не си таква,туку си личност која сака нешто сериозно и емотивно.Прашај го дали и тој е за сериозна врска.Ако ти рече дека не е,тогаш речи му чао,пријатно и батали го.Ќе си најдеш подобар.
Да во секој случај ќе разговарам и ке му кажам што е вистина , а што не и ке си заминам. Негово си е после на кого ќе верува, нема да се објаснувам, нема ни што да се објаснува едноставно е, лаже другар му и тоа е тоа..
Eднаш ако поверувал на нешто што не е точно, зар ти треба некој што секогаш ќе верува на што и да ќе му каже некој наоколу... Плус машките од старт знаат која е материјал за врска, која за забава (ова и со другар го иам дискутирано), па не верувам дека многу би сменил мислење сега...
Поверувал затоа што не ме познава. А ова со материјалов за врска и за забава стварно не можам да се согласам, зошто сум била сведок и лично и на познаници дека сите тие "материјали за забава" завршиле машките заљубени во девојките - ова не го кажувам за мојава моментална ситуација, таман работа, ама стварно имам милион другари што некоја ја гледале за секс, ја третирале така и на крај на колена со прстен.. Така да нема врска тоа.
Зошто да му докажуваш? Не си направила ништо лошо и да си имала секс со тој некој. Ако му пречи на овој, не ти ни треба.
Се гледам со еден колега, погледите лани ни се разменаа и ете се појави една хармонија. Се гледавме летото повеќепати, на тел цело време и на чат..Ми спомнува нешто за брак, но мене ми е стварно ризик бидејќи не е играчка. Е има тука нешто шо ме мачи...Ние сме од различни градови, и никако не се решава да дојди он пак да се видиме освен кога е на факс..Мене ми е глупо виртуелна врска, логички е сам да си свесен да се видиш. Башка од се он има возачка и кола значи може во секое време да дојди ако му стигнало до мене, за разлика од мене што неам возачка... Мислење?
Нема врска возачката.. има и автобуси и возови.. Него, нема логика да прифатиш брак со некој што ретко го гледаш... А уште почудно е што тој воопшто ти нуди. Немој да си прифатила. Нека помине време, најдете начин да се гледате почесто, па за брак о том- по том.
Далечината и километрите не се проблем за средба доколку има обостран интерес и волја. Во вашиот случај разговорот за брак е преизбрзана тема и нема причина да те плаши ако си сигурна во себе и знаеш каква личност ти треба. Тој може се да ти кажува, ама без да се согласиш на нешто повеќе сам не може ништо да направи зашто за се се потребни двајца. Дружење и пријателство е почетна фаза за меѓусебно запознавање пред следниот чекор.