1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Unique__

    Unique__ Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2018
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    1.918
    Пол:
    Женски
    Не е ова кој знае каков проблем. Повеќе е до мене отколку до него.
    После низа неуспешни врски, најдов дечко со кој ете веќе пола година сме заедно, внимателен е и искрен, ме почитува што е најважно, имаме слобода во врската а под тоа подразбирам без забрани, љубоморни испади, и слични такви работи. Имал некои испади но никој не е совршен нели?
    Но како што кажав претходно нешто ме гуши, ме тера да се сомневам, да се нервирам кога го нема да се јави иако знам дека е на работа, да се кочам, или со други зборови не можам да се опуштам целосно во врската.
    Некогаш кога сакам да му се јавам, постојано ме мачи мислата што ако сум му здодевна, што да му зборувам и кога го слушам на телефон од возбуда некогаш го прашувам нешто по повеќе пати без да се сетам дека го имам прашано претходно.
    Имам зборувано со другарки за овој проблем, некои ме сфаќаат, некои не. Зборував и со мајка ми, ми кажа дека треба да му оставам некогаш простор и да не се нервирам за ситници.
    Наидов на критики кои ги прифаќам дека баш поради стравот и сомнежите можам да го изгубам.
    Се плашам да не направам грешка, но си викам колку повеќе слобода има толку полошо е за врската, но си ја барам секогаш вината во себе, избегнувам караници за доброто на нашата врска бидејќи и онака сме на далечина па не сакам безпотребно да ги комплицирам работите а не сакам да му забранувам бидејќи не сум љубоморно детиште кое се сомнева во секој негов чекор.
    И уште една работа, на фб се дружи со една моја бивша пријателка, ги знае проблемите со нејзе, а мене таа воопшто не ми се допаѓа но не сакам да бирам со кого да се дружи, сепак тие се познаваат уште пред мене па би било себично да бирам со кого да се дружи.

    Не знам каде грешам, не знам што погрешно правам, не знам како да го започнам разговорот зошто не знам како би ме сфатил.
     
  2. larrachi

    larrachi Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2015
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    923
    Пол:
    Женски
    Деновиве сум ептен скршена, ми се случија тешки работи.
    Барам совет од вас.
    Lets start, во петокот бев на вечера со роднина, се напив едно винце, па кога дојдов дома телефонирав на тетка ми (30тина мин.). Дечко ми додека зборував ми звонел, но јас бизи. И се изнервирал што ме нема, а јас во меѓувреме си отворив пивце со цимерката и запалив цигара (за прв пат после години). И оп, ете го него, пред врата.
    Збеснат.
    Јас иначе имам проблеми со крајниците и не ми е препорачливо да пушам цигари, ама од нервоза вечерта запалив, а дечко ми секогаш на таа тема се лути. Ок, не му кажав, ме начека.
    И следува главниот проблем.
    Му пиша на татко ми порака во 2 саат по полноќ како тој ме начекал со пиво и цигара, се слушам со други машки, многу лошо друштво имам и слично.
    И тука настана гооолем проблем.
    Моите не се којзнае колку строги, ама од заштитна страна не ми дозволуваат да пушам, а дечко ми беше свесен за тоа.
    Сега ми се лути, со мајка ми воопшто не комуницирам, а со татко ми чат-пат.
    Тетка ми ми кажа дека биле навредени дека дечко ми им пишал во 2, за нашите љубовни проблеми. А и нормално лути ради цигарата и пивото, а стварно немам навика ни да пијам ни да пушам. Еднаш се случи.
    Сега викендов не знам дали да си одам дома, а од друга страна и не знам што ќе биде со дечко ми. Го сакам многу, комуницираме на дистанца малце, сакам да сфати дека згреши што ги испаничи моите во 2 саат, и покрај тоа што знаеше дека ќе се лутат, упорно им пиша.
    Сега од една страна, психички попуштив зашто ми се лути, а од друга страна е дечко ми со негови притисоци за пушењето за пиењето и ред други работи.
    Мислам дека полудев колку и да глумам дека сум ок.

    Дајте ми совет што да правам и со моите и со дечко ми.

    Сега испадна да се смирам со него за еден ден, а со моите уште да немам муабет.
    Плус, моите не се луѓе што веднаш забораваат и лесно им поминува, знам дека оваа лутина може да трае со месеци, сум осетила.
    А искрено и не мислам дека на 20 години е кој знае колку лошо тоа што го направив јас, туку мислам дека е бедно тоа што го направи дечко ми , како 23 годишно момче, ме издаде на моите.

    Фала ви❤️
     
  3. LaCHICALATINA

    LaCHICALATINA Активен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2018
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Женски
    @larrachi ај што те издал тебе тоа е ваш проблем вие сами ќе си го решите, ама да меша твои па и во 2 по полноќ порака па и 23годишен извини ама како 3годишно бебе желно за внимание постапил.
    Јас на твое место би се извинила на твоите под итно за вознемирувањето од дечко ти а со него асален разговор до каде може со тебе да оди а до каде со твоите.
    Ти девојко му немаш поставено граници на време и на таков тешко е да му поставиш граници подоцна но не и невозможно.
    А лично совет за тебе ако ти самата не си водиш грижа за сопственото здравје ни татко ти ни мајка ти ни тетка ти ни дечко ти нема да ти водат грижа.
     
    На Darlingzz, Martka, candy.cane и 4 други им се допаѓа ова.
  4. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Ако врската не ти дозволува да си своја, не ти треба таква врска.
    А ти очиглесно секој чекор го преиспитуваш за да не предизвикаш кавга.
    Тоа што го збираш во тебе еден ден ќе пукне и ќе излезе на виделина.
    Во секоја врска има несогласувања, но се се решава едно по едно, ништо не се премолчува.
    Искреноста е најголем фактор.

    Сама викаш проблемот е до мене.. размисли дали е ова точно и дали никогаш ти дал повод за сомнеж или те направил тажна, бидејќи очигледно несреќно се чувствуваш. Ако ова не е точно, тогаш опушти се, верувај му и не ја анализирај секоја ситница.
     
    На Агнес :D, christinnn, dfsa и 4 други им се допаѓа ова.
  5. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.189
    Пол:
    Женски
    @larrachi
    Е сега ќе те кажам на мама. Мамоооооо, не ми ја дава играчкатааааааа;(;(;(
    Вака звучи дечко ти.
    Прво тоа е земање преголема слобода. Во 2 саат ноќе да го замара некој никој на татко ми ради една цигара и дека сум била заузета на телефон, има да му ѕвонам една наопаку и вид да не му видам повеќе. Мене ми е незгодно после 11 да ѕвонам на моите иако не спијат, не па на некој недоделкан кој денес ми е дечко утре не ми е.
    Да си одиш дома, да зборуваш со твоите, извини се и смири се.
    Со дечко ти или постави му граници или најди си некој кој ќе те почитува и кој зрел за врска.
     
    На Darlingzz, Агнес :D, Martka и 10 други им се допаѓа ова.
  6. Unique__

    Unique__ Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2018
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    1.918
    Пол:
    Женски
    Проблем е што не ми дал повод за сомнеж, секогаш е присутен кога ми е потребен, секогаш за се можам да сметам на него... само сметам дека сум таква поради бившите партнери. Сме имале ситни караници да, како во секоја врска па сме ги решавале. Кога сум до него, кога сме заедно, сум опуштена и сум најсреќна..
    Ама подоцна кога ќе се разделам, не сум истата.

    И уште нешто, мајка ми ме напнува да го запознае, таа не сфаќа дека тој е тежок со неговата работа и работното време, а јас постојано и кажувам дека не е време за да го запознае бидејќи се уште е рано, можеби и затоа чувствувам некаков притисок.
     
  7. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.076
    Допаѓања:
    6.637
    Пол:
    Женски
    Покажи и м заби на сите по ред 20 години си твојте нема што да ти се мешат а и твој јаден дечко.
     
  8. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    6.561
    Пол:
    Женски
    Се плашиш да не го изгубиш.
    Имате врска на далечина а кратко сте заедно, мислам дека во тоа е проблемот. Немате доволно блискост и доверба, затоа така се чувствуваш, ама се додека не ти дава повод да се сомневаш, нема потреба да се грижиш.
    И јас би те советувала да раговараш за се што те мачи, не е добро да држиш во себе. И да си некогаш крива и да е проблемот само во твојата глава, сепак разговарај. Вака делува како премногу да се устручаваш за да му се отвориш, а не би требало да е така.

    Кога ќе сметаш дека е време да гo запознаеш со мајка ти, тогаш и ќе го направиш тоа. Нема потреба да се оптеретуваш.
     
    На IM.TMKQ, Milobebence, Unique__ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Luciferovog zlo♧

    Luciferovog zlo♧ Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2017
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    5.497
    Пол:
    Женски
    Премногу ''не знам'' во животот само ќе те кочи да испаднеш ''победник'' од било која ситуација во животот. Прво таа твоја низа на неуспешни врски, па кој ја немал? Сите сме биле разочарани од некој, ама ете животот ни нуди нешто друго, а можеби и подобро, не можеш врз основа на неуспешни врски да градиш среќа, бидејќи се неуспешни нели? И сега ако тебе ти е убаво со некој т.е. со сегашниот дечко, ти ќе го анализираш и ќе го ''споредуваш'' со неуспешните врски? Мораш да сфатиш дека секој е приказна за себе, со некој ќе ти биде убаво, со некој не, ама не значи дека секој нареден е ист, сите сме различни, по работите кои ги сакаме итн ме сфаќаш што сакам да ти кажам, јас сметам дека ти си свесна за твојот проб, а најтешко е да се помогне на некој кој знае, бидејќи ниту еден совет нема да го прифатиш, како што и самата велиш: ''не е до него, до мене е'' , ти си само опседната на некој начин да не ти се случи повторно разочарување, само лошо на себе си правиш, и самата кажуваш дека не ти дал причина за сомневање, искрена да бидам, во животот со вакви ставови и размислувања не се стигнува далеку, еве утре ако се омажиш, ти нема да уживаш во бракот, туку ќе се плашиш да не случајно тој те изневери, па дали си му досадна? Па можеби и не си му? А што ако си му? Еве што ако утре те остави, ти рече, ете најдов друга и ти што ќе правиш? Јас искрено мислам дека ќе ти биде сеедно и ќе бидеш посреќна, затоа што не си спремна за дечко, вака само се измачуваш мене повеќе ми звучи ова како со сила да си со него, еве не знам, потреба да имаш дечко или за што и да е во прашање, јас па сметам и повеќето, би сакале да бидеме во врска со дечко кои што би не' ценел и сфатил во одредени моменти, а не цело време да се чуствуваш збунета, затоа што и разговор со него т.е. како тој би реагирал доколку му кажеш, кажува многу за него. * Инаку, немој да биде пресудно тоа што се знаете краток период, јас со еден поранешен дечко уште од првиот ден разговаравме како да се знаеме цел живот, никогаш не ми беше срам и страв како и што ќе помисли за мене, многу отворено зборувавме за се и свашта, затоа мислам дека овде времето баш и не значи многу, затоа разговарај.
     
    Последна измена: 22 ноември 2018
    На Milobebence, Unique__ и honey.11 им се допаѓа ова.
  10. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.686
    Допаѓања:
    14.327
    Пол:
    Женски
    Да го баталиш што е можно побрзо,да вознемируваш туѓи родители во 2 наутро е лудост,море во било кое време,нема никаква потреба тој од комуникација и тужакање со твоите,ти кажувам од искуство,то не е добар карактер,батали го побрзо.
     
    На Агнес :D, Martka, poenta и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Unique__

    Unique__ Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2018
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    1.918
    Пол:
    Женски

    Кога ја завршив претходната врска партнерот ме нарече со толку погрдни зборови што ете некогаш ќе ми дојдат на памет и ќе се изнервирам. За тоа знае и сегашниот партнер и ми помогна да го поминам истото.
    Знам дека ме сака таква каква што сум , ама самодовербата ја изгубив највеќе кога татко ми го запозна дечко ми, го пофали со убави зборови кај мајка ми за да на крај каже - тој е супер нашава ќерка не чини, тоа мислам дека беше пресудно што се сменив и се прашувам дали навистина не чинам и да си ја барам грешката во мене.
    Со него, супер ми оди, еве утре ќе се видиме и ќе поминеме неколку дена заедно кај него и многу се радувам бидејќи знам дека ќе бидам смирена но се' се менува кога ќе си дојдам дома и ќе налетам на низа осудувања, прекорувања, и некаков вид на контролирање кога ќе дојде тој, се додека тој не дојде ти нема да одеш, бла бла бла и ми го прават пекол денот секогаш пред да одам, па најчесто тогаш ме пука филм дека нешто навистина не е во ред а немам храброст секогаш да им се спротиставам, па чувај го него зошто се е до тебе, немој да го изгубиш и остало.

    Друга причина зошто не сум сигурна во себе е и уште тоа што во детството бев малтретирана од своите соученици на психички и физички начин при што во градот бев и мета на потсмев, а и ден денес некои знаат да ми упатат по некој грд збор


    Да се навратиме кај партнерот - кога му ги изнакажав тие проблеми тој ми понуди разни решенија и плус подршка, го прифатив сето тоа..


    Единствено што ми треба и подршка од моите а не напаѓања за да се чувствувам како лајно па да се сомневам во се и сешто..

    Ти благодарам.
     
    На Milobebence му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Luciferovog zlo♧

    Luciferovog zlo♧ Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2017
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    5.497
    Пол:
    Женски
    Дечкото кој највеќе го сакав, ми рече ''кој би погледнал ваква'' :) После тој ден, ми пиша случајно еден дечко, многу убав и излегов со него, но некако не се пронаоѓав и останавме пријатели, после некоја недела, дојде еден дечко од Швајцарија да ме види и да започнеме врска, по твојата логика, дали бидејќи некој сељак ми рекол кој би погледнал ваква, навистина требаше да помислам дека стварно не би ме погледнал никој? Хааха, колку побрзо сфатиш и прифатиш дека ретки се оние кои ти мислат добро, толку посреќна ќе бидеш, јас немав поддршка од сестра ми , која е постара, на секое излегување ми велеше: ова не ти стои, каде тргна таква, си се видела ли ма? Не викам дека и ја сум од камен посебно во тие год самодовербата многу лесно може да ти исчезне, а јас поради истата изгубив многу работи во животот, сега сфаќам дека сум била будала, тоа што твоите така ти зборуваат остави ги, подобро да ти кажат дека дечкото е подобар од тебе, одколку обратно, би те терале да бараш друг :D замисли тек кога ќе се омажиш, со неговата фамилија како ќе се снаоѓаш ако рече некој дека не си доволно добра за него? Дека заслужува подобра? Ти би се нервирала? Би им направила услуга само, затоа биди паметна и секогаш враќај со тоа ти да бидеш на прво место, без разлика што и да ти кажат, штом тој те разбира, другото не е важно, никогаш не се труди да им оставиш впечаток на другите и онака на луѓето ништо не им одговара, а ти само си правиш да ти биде лошо на себе.
     
    На Shmizla94, your-girl.-.friend, Unique__ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Beatriz93

    Beatriz93 Нов член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2018
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите, пред еден месец запознав еден дечко, ми предложи врска и ми рече дека ме свиѓа, исто и јас го свиѓам, бидејќи се ближи нова година, ми предложи да дојде во мојата држава, прво да се запознае со моите, па ако ме пуштат да идеме кај него, далеку сме 9 саати до кај него, е сега моите не се строги, не знам дали би ме пуштиле, ама јас искрено не сакам одма да го запознаам, т.е. сакам ама не знам, е сега јас мислам за нова год он да дојде и да ме земе таму, без да кажам дома, па после кога ќе ме врати , ќе ги запознаам, ама вака не сакам, пошто постои ризик да не ме пуштат..што мислите Вие?
     
  14. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    6.561
    Пол:
    Женски
    Значи вие воопшто се немате ни видено, а ти планираш да отидеш кај него, без да знаат твоите !?
    Колку години имаш?
     
    На Alisa22, lost123, buba4e89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Beatriz93

    Beatriz93 Нов член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2018
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Се имаме видено два пати беше тука во мојот град :) 25 :)
     
  16. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.313
    Пол:
    Машки
    25 год дали твојте ке те пуштат?а да не утна цифра,место 1 стави 2,да не имаш 15 год??
     
    На Stark му/ѝ се допаѓа ова.
  17. anita123

    anita123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2013
    Пораки:
    637
    Допаѓања:
    292
    Пол:
    Женски
    ако има свршено голема е шансата да си бремена ..
     
  18. Beatriz93

    Beatriz93 Нов член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2018
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Бидејќи сепак е ''непознат'' плус станува збор за друга држава.
     
  19. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.313
    Пол:
    Машки
    25 годд :( :(
     
    На Danyy му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Beatriz93

    Beatriz93 Нов член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2018
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Да и? Штотуку регистрирана сум на форумов и сакав да прашам за мислење/совет, многу незрело размислување за 25годишна, но ете забрането ли е да се праша? Не сум се нашла во ваква ситуација до сега па ми требаше совет...И да, животот би бил скоро па совршен ако сите се однесуваме и размислуваме според годините, ама ете мора да биде некој и не зрел како јас во случајов, фала како и да е.
     
    На ЕденЧлен му/ѝ се допаѓа ова.