Мене избрзано ми е сето ова, и ако некако ја добил твојата доверба или било што не верувај толку лесно или пак едноставно сакаш да ги забрзаш работите. Размисли како ќе го направиш тоа со твоите родители, ти најдобро ги познаваш како да ги убедиш за да одиш или иди некој непознат. Не знам до каде сте со интимноста и разговорите и колку сте блиски, ама сепак мислам дека сето ова е избрзано како што пишуваш. Овде може само да те потапша по рамо нешто, а да ти помогни конкретно кон овој случај само можам да ти кажам дека е избрзано од моја страна, а за како да ги убедиш твоите родители стварно не ги познавам(е).
Мене не ми е јасно како може воопшто да размислуваш да отидеш во странство со човек кој не го познаваш? Ти сметаш дека тие 2 пати се доволни за да му веруваш? Јас не би, ни под разно. Не си мала, ама во право се твоите доколку не те поддржуваат за оваа идеја. Зошто толку брзање? Дадете си време да се запознаете подобро, да видите како ќе функционирате заедно, ако функционирате.
Затоа што скоро цел живот сум сама, како да кажам не сум од оние кои излегуваат секој ден, слават нова година со друштва , јас такво нешто не сум доживеала, затоа што неколку другарки кои ги имам никогаш не ме прашале, а секоја година сум сама дома, додека другите идат некаде, не е тоа причината но некако не го сакам местово каде што сум, а дечково ми делува на ок, се беше супер кога беше овде, а вака ден за ден ништо не правам, бар со него се почуствував ''жива''
Сакам да му раскинам на дечко ми мноогу е љубоморен,љубопитен за се мн ме прашува во детали за се. претерува. 2пати пробав но не ми успеа колку полошо се однесувам со него тој се подобро за да не го оставам. Барам причина со која би го набедила него за нешто и дека тој е виновен за да го откачам едноставно да сте на мое место што би му кажале за да го откачите? искрено тој е заљубен во мене секој ден прави се од себе за да ми го направи убав денот. Многу е романтичен она превише ромамтичен што дури и претерува со романтиката Скоро на секоја недела ми купува поклони,како злато ме чува но не ми е убаво со него ниту малку ништо не осеќам кон него.Цела година сме веќе заедно многу ми е нападен многу ме испрашува за се многу е како да кажам проливв од човек и сакам да го откачам додека е време затоа што неможам да го замислам да ми е маж ќе ми се качи на глава,а бил е спремен и на брак со мене затоа што се заљуббил во мене а јас го приметувам но не сакам такво нешто никако...
Во врска емоциите на двајцата се битни, не на едниот. Он те сака, ама ти него не, и само тоа е доволен разлог за раскинување. Нема потреба да го лажеш, само биди искрена. Ќе преживее.
Разбирам, ама тоа е погрешна причина за да отидеш во странство кај некој кој не го познаваш доволно. Не е безбедно пред се. Толку со презир зборуваш за дечкото, што незнам како воопшто си издржала цела година со него. Немој да бидеш себична, доволно лошо е тоа што го влечеш толку долго а немаш никакви чувства према него, па и уште прашуваш како да ја префрлиш вината. Најдобро е да бидеш искрена и да му кажеш како се чувствуваш.
Го изоставивте делот каде пишала да оди кај него а да не каже дома? И на 25 пред добивање ви играат хормоните,па си праите филмови,пресметки и слично. Абеее ви летат паметот...
Пред да стапите во врска односно што те привлече кај него и дали таков беше порано? Кажи ми поопширно, слободно и ќе ти кажам како да му раскиниш.
Кога почнавме во врска мене ме привлече многу негово однесување спрема мене беше многу внимателен.Убаво е вака некој да ти посветува внимание но он од време на време почна да претерува Не беше таков порано ме слушаше мене за се но одеднаш почна да се менува како да сака да ми изиграва шеф на врската.
Ве молам помагајте! Вака имам врска од 9 месеци на почетеко беше се добро по 1 месец бевме излезени и он замина со другар ја останв со другарки и излезе муабет дека се има излапано со некоја добро помина тоа после тоа имаше другарка многу блсиска која почнала да зборува за него дека можела да ме раздели со мене ако сака таја а таја ми го местеше мене и кога го слушна тој тоа и се налути и рече да не контактира повеќе со него па таа ми пиша мене дека се имале излапано со дечкоми додека сме биле во врска изгледа за да не раздели тој и на двете негираше а и нема докази навистина дека се има случено тоа во тие 2 месеци само што не претрпев.. после тоа изгубив доверба па и почна се да ми смета многу сум залјубена неможам да гоставам макар и да ме има изневерено. Почнавме да си ставаме забрани да не пишува тој со женски јас со машки после тоа да не излегуваме навечер еден без друг му забранив и да не зборува со женско знам дека е лошо ова ама ми смета многу ме боли тоа што и ќе се поздрави со женско тој го прифати тоа и така 2-3 месеци али немав доверба и за се го терав да се заколни дека нема нешто направено после почна да ми бара многу работи сакал да излегува со другари да се уклучува на на фб кога тој ќе сака до пред тоа само заедно се уклучувавме многу работи почна да бара од мене а знае дека немам воопшто доверба он од моја страна виде дека навистина сум залјубена дури повеќе од самата себе го сакам и сам го кажа тоа ама јас неможам да видам дека тој мене ме сака нонстоп за тоа се караме сакам да ми докажи дека ме сака како што јас му докажав вели дека ќе докажи ама никако да видам за некој работи прекршуваше ќе се заколни дека нема да излези и на крај ќе излези со другарите јас не излегував воопшто само за тој да не се нервира знам наивна сум сите така ми викаат он вели дека сака да се смена некој работи оти нее правилно вака како што правиме јас мисалам сака така за да зборува со женски да се дружи мене машко да ми зборни се правам дека не го слушам само за да не се нервира тој и се му кажувам и ми верува тој али јас не ме нема излажано вака за нешто ама прекршува некој работи од што сме се договориле и бара само да се смениме пошто за секоја ситница се караме што и да се случи да се опули во некоја додека сме заедно лом се правиме незнам што да правам одамна има заслжено да го остаам ама неможам без него има плачено тој пред мене дека несака да го оставам неможел без мене ама не ми докажува јас секој ден плачам затоа што преубаво мие сонего ама сакам да ми докаже дека ме сака се запрашувам дали негледам јас дека немам доверба и после се што се случи или пак навистина не ме сака незнам што да правам помагајте!
Како се осмелува бре ?!?!? Со кој памет ти го барал ова ?!?! Ај се ќе помине, ама ова е врвот на безобразлукот од негова страна.
Ќе си му ја кажеш вистината што ти смета кај него,дека ти е напорен и најбитното дека немаш чуства кон него. И едноставно стави крај. Љубомората е опасна и таа врска ќе биде само токсична и измачувачки за тебе. Стави крај со време и продолжи со животот додека не ти станал пекол од кој не ке знаеш како да излезеш. Ти посскува среќа да ја пронајдеш твојата сродна душа,партнер со кој ќе имате заемна љубов,почит,подршка и најбитното доверба.
Verojatno i pocnavte da se raspravate i za sitnici. Ottuka as bi te sovetuval da bidis iskrena bez driblanje ne edo tebe.do mene e .... bla bla. Kje mu kazis vistinata v lice deka ne.gledas idnina vo ovaa vrska. Ako te hrani nestoto, golema e vetojqtnosta posle toa ushte nekoe vreme da te ubeduva da se smirite i kje dojdite do tocka da te napravi podoly od shit. Xd Good luck