И проблемов е што сме слични двајцата. Јас него го знам како да го отепаш нема да ти признае нешто и секогаш си има некои свои тврдења и ги лажи и другите и се лажи и самиот себеси. На пример и да ме сака, може да си направи филм дека не е така и да им тврди на сите дека не ме сака и самиот себеси да се убедува. Прекомплицирана личност. А можам со него да направам добар разговор само доколку добро го отворам и насамо се разбира, ама тешко ми оди секогаш бидејќи треба прво самата да се отворам а тоа најтешко ми е од се. Премногу сум затворена личност и затоа и толку си комплицирам во животот.
Само со заедничко разбирање и компромиси може да успее една врска, и двајцата да работите на неа за да успее. Ако е еднострано не се измачувај.
Не мора да значи. Ти рече дека имаше чувства за него ко почнавте вака и можи сега само ти се засилват ради интимна врска. Тој можи влезе без никакви чувства. И можи никогаш нема да зборни зошто не му е во интерес. Не само за ова, туку општо за поќе работи во животот, не чекај сами да се напрат туку напрај ги. Поработи на себе, не на него.
Пробај и ти да му пишеш и да го прашаш како е. Не знам, сте се научиле само да ве бараат ете побарај го и ти него Не мора секогаш машките да се први во се, да прават само тие чекори бидете малку похрабри девојки Не можеш да прашаш некого дали е во ред или не бидејки секој е различен и изграден со различен став. За некого е сосема во ред за некого не е а притоа и двајцата со различни ставови да се во право. Ако го сакаш разговарај.. Ако сметаш дека сте избледнале и немате сили иновации да продолжите со врската оставете се или едноставно ете вака гледајте се ако ви одговара. За да една врска успее потребно е човек да влага во неа а вие не сакате едноставно и тоа е тоа. Може па и треба да прекинеш можеби среќата и љубовта се ти на друго место Човек ако не проба не може да знае.
Незнам дали е точно за тука, ама ајде тука ќе постирам. Вака, имам долга врска и се' си е океј. Јас студирам, дечко ми работи и си има прилично високи примања. Проблемот е неговата мајка (проблем за кој тој не е свесен). Сфаќам дека е врзена за син и единец (нормално за секој родител), ама не можам веќе луѓе. Преку ден ми ѕвони и ми збори глупости и цел ден после ми е расипан. Имаат два стана, и таа седи повеќе во другиот стан сама (демек поблиску и е до работа). Пред некое време ми ѕвони и ми вели дека ние кога ќе сме се венчале, таа во станот со нас ќе живеела. Ми вели ние сме млади, да сме уживале, имало време на манџи јас кога да мирисам, таа ќе ни готвела по дома... А и јас и дечко ми сме во Ск, што и да би се зеле тука ќе сме сигурно. Тој гледа нешто за овде за стан да земе. Др пат ми се јави, ние да сме се венчале, да сум паузирала од факс, и јас да сум родела дете па да си продолжам со студии а таа ќе дошла и ќе живеела со нас и ќе го чувала детето (уште две год има до пензија). Вчера ми се јави да ми каже дека ако ние некогаш во иднина сме сакале да одиме да живееме во странство, тоа ќе било поради мене и моја желба само. Ама јас да сум била свесна дека тие веќе старееле и дечко ми им е единствено дете и требало да биде до нив и да ги гледа, ќе им бил потребен. Ако живеел далеку, што ќе правеле тие. Значи луѓе не можам веќе. Инаку ние не ни размислуваме уште за никаков брак, сакам прво да си завршам со студии и после се по ред ако даде Господ. И зборувала по народот демек веќе снаа сум била, уште некој испит да сум положила и ќе сме се венчале. Мајка ми чула и дома ми вика жити мене, не го прави тоа, заврши си факс прво. И јас не ни сакам никакво венчавање. И сега незнам дали да му кажам на дечко ми... Тој може да избувне и сешто да и каже, па после цел живот да си имам проблеми со неа. Стварно незнам што да правам
Ве молам за совет! ( за другарка ме замоли да прашам за мислење) Се гледам со еден другар од друг град, се гледаме три пати неделно, но на фб се однесува како да сме во врска, а во живо ништо од тоа не ми спомнува, дојде пред 4 дена во мојот град, се видовме првиот ден, вториот он не можел, третиот исто, кога го прашав ми рече имал нешто работа, па можеби утре ќе се видиме, зборот ми е, и утре ако не се видиме, а си иде за два дена, како да постапам? И дали кога ќе се видам со него да му кажам во живо зашто така ми пишува на фб а во живо друго? Не сакам да се расправам со него, ама не сакам да дозволам и будала да ме прави некој, како да постапам еве не знам, да не испадне дека го напаѓам?
Кога ќе се видите прашај го зш на фб се однесува поинаку а во живо поинаку онака како на зафрканција не грубо па да не испадне како што викаш дека го напаѓаш
А ти што и одговараш кога ќе ти се јави да ти кажува како да си го планираш животот? Дали си му кажала на дечко ти или не, веќе имаш проблеми со неа. Таа ти вели да бе му кажуваш него за тоа што ти зборува? Ако не ти вели ти слободно кажи му па ако тој извувне ти не си ништо крива што тој не се согласува со нејзините мислења. И да ти рече нешто зошто така и извувнал, ти ќе и кажеш дека тоа е негово размислување и дека ти не си го натерала така да се испонаша. Ако не му кажеш на дечко ти мислам дека ова нејзиното секој ден ќе завзема поголеми размери. Ти, нормално дека не можеш да се расправаш и се и сешто да и кажеш, меѓутоа можеш на убав начин да и објасниш дека вие двајцата најубаво си знаете како ви е и што планирате, што не планирате и за што е рано да се планира. Најбитниот збор го има тој, оти му е син и тој треба да си се разбере со неа. Ти што и да и кажеш нема да влијае како што кога истото тој би и го кажал.
Таа ми вели да не му кажувам... И ќе почне примери да ми дава од млади демек што живеат во заедница, колку им било убаво, им готвеле, им помагале... А дечко ми знам дека лом ќе ја направи, затоа и незнам како да пристапам. И колку и да не се согласува со неа за нешто, на крај таа сепак наоѓа начин да го заврти кон неа иитој да омекне (ова општо за сите работи шо се имат дешавано, за овој проблем тој не знае оште). Повеќе пати има кажано дека мајка му му е слаба точка (на кој нормален не му е, само не мора човек од 28 год гласно да го вика тоа). А инаку 100% сум сигурна дека рсботиве и плановите таа му ги кажува и нему, само тој не ми кажува. Кога си одиме дома, секогаш е нервозен и прави муабети од типот: моите де постари од твоите, кога ќе глеаат внуче, ќе остарат... И тоа го збори само кога сме си дома. Го прашувам зошто само тогаш ми го збори тоа, од дома ли го напнуваат и ми вика не. Ама не можам да му кажам не се согласувај со мајка ти, мајка ти не е во право, на мајка ти сум и опсесија кога како и што ќе правам кога ќе се мажам... А свесна сум дека колку повеќе на време ќе се решат работиве, толку подобро...
Ако не зборуваш сега со него кога ќе се земете или кога ќе живеете заедно полошо ќе е. Мора тој да го среди проблемот и да и даде на мајка му дознаење дека не може да се меша. И колку да е приврзан со мајка му тоа не е и дава право да се меша во вашите работи. Тој треба да заземе став а тоа може само доколку разговараш со него. Не молчи, кажувај си што ти смета. Многу врски/бракови се растуриле поради такво мешање од страна на родителите а мажот не превзема ништо. Врската е на вас двајца, тој треба да разговара со мајка ми и да го испочитува тоа што ти го сакаш, бидејќи мајка му не е во право, затоа разговарај отворено и види како тој ќе реагира и дали ќе те поддржи.
@LadyR мене ова да ми се деси, уште по првиот пат јас би му се јавила и буквално би го прашала дали мајка му е нормална. Би му го кажала муабетот во целост и би му рекла да си ја стави на место и да не ме замара повеќе. Ако тој не го направи тоа, јас ќе го направам. Ама шо знам, ти можда си мирна и си трпиш се...
Слично нешто и мене ми се дешаваше во врската предходна. Имено мајка му пред двајцата ме брецаше дека јас не сум сакала нашето дете на неа да сум го крстела, а знаеше дека дечкото не сакаше ама ме гледаше во очи како ќе реагирам. А мутлето ќутеше. Секако врската немаше среќен крај фала Богу Верувај врска, а потоа брак нема шанси да опстои ако има мешање од старите.
@IM.TMKQ @СуперДевојка @ocicka2014 Ве сфаќам, и знам дека сте во право. И јас знам мн примери за растурени бракови и врски заради родители. Претпоставувам женава си мисли оваа нема да бега сигурно, 5 години врска. Но, малку е комплицирана ситуацијата. Има братче починато тој, и затоа и молчам цело време. Се трудам да ја разберам таа опсесија, и желба за што повеќе контрола на животот на дечко ми. Ама брате, ова мислам дека ги помина границите на секоја нормала. Сите овие години буквално за се' низ прсти гледав и премолчував. Не сум се нашла во нејзина кожа и за се' викав ајде греота е, низ што има поминато жената. Ама ова веќе неможам искрено... Не можам и не сакам цел живот да ми биде вака, не сум ни јас крива за ништо. Мајка ми кога доаѓа во Скопје и ако сум на факс нема да се видиме. Ама таа кога доаѓа, ма каков факс, мора да одам со неа...
Не значи дека ќе се искарате ако и укажиш дека греши. Можеби и ќе разбери, но никако не премолчувај, смирено разговарај со него и кажи што те мачи.
Едноставно проста жена и нема што да се докажуваш со неа, пошто гледиштата нема да и ги смениш. Како што разбрав дечко ти не знае за ова нејзино тормозење. Седни го кажи му што све ти збори, како ти смета, а он ако е акикатен ќе и покаже кај е местото. Стој понастрана од неа и не се впуштај во конфликти.
Мораш да се изјасниш се што мислиш. Не можеш вечно да ќутиш и трпиш. Најдобриот човек на светот нека е, кај што гледа дека може и му дозволуваат да се качува на глава - ќе се качува без око да му трепне, сум го видела тоа. Се е до тоа како ти ќе се поставиш и како ти ќе дозволиш. Исто така сметам дека таа тебе не би те замарала и напнувала ако наишла на зелено светло кај синот. Велиш толку време те напнува, значи исто толку време, а можеби и повеќе го напнува него, па еве тој издржал до сега. За тоа гласно што ти вели дека мајка му му е слаба точка јас не го гледам како лошо, туку како исреност кон тебе, заедно сте толку време и биди среќна што ти кажува. Сигурно не му го кажува тоа на сите, за така да се разочараш. Јас би била лута ако гледам дека е мамин син и не го признава тоа, ме прави будала в очи. Разговарај со неа, кажи и се убаво. Друг излез немаш. Ако се налути барем нема да те замара, ќе го замара него и ти тогаш ќе му ја дадеш подршката него за да не потклекне. Друго решение немаш. Па на крај краева можеби ќе те разбере жената. Ти не и си се изјаснила до сега па да знаеш. И немој никого да жалиш. Ако некои луѓе ги снашло големо несреќи тоа не ги прави добри. И јас на тоа место се зафркнав гадно. Имено, другарка ја избрка мажот на улица, се и зеде, јас ја прибрав од жал, мајката и таткото и беа починати. Јадеше, пиеше пушеше на моја сметка, а јас бев студент тогаш во друг град, колку пари имав, ти знаеш најдобро, студент си. Кај мене живееше цела година. Моите не знаеа. И на крај кога застана на свои нозе и се премажи мене ме заборави. Две години ми се нема ни јавено да ме праша дали сум добра, а да не зборувам и тоа дека ми имаше направено проблеми со тогашниот дечко. Затоа, те молам немој да жалиш никого. Ниедна несреќа нема да го направи човек добар ниту подобар. Гледај си го своето гајле, за другите ич да не те интересира и да не си ја стегаш душичката. Кажи и се што мислиш оти утре ништо чудно да ти рече дволична дека си била и си се преправала добра, па си ги покажала забите.
Баш ми е жал за тебе... Ама реалноста е таас. Од кога ќе прогледат, скоро забораваат кој им помогнал кога им било најтешко. @moon1 @lovestoneddd @IM.TMKQ Ви благодарам девојки, ме охрабривте. Уште вечер ќе се видам со дечко ми и ќе му кажам за се.
Види девојче, премногу сте млади за да избрзувате и размислувате за брак. Јас мајка му ја разбирам сосема добро, што не значи дека и се согласувам со муабетите нејзини. Голем дел од постарите генерации размислуваат вака верувај, не е таа единствена еве отвори во темата снаи и свекрви се ќе ти стане јасно. Од твојот пост добив впечаток дека си фина, тивка и повлечена девојка затоа ја толерираш да те замара со такви муабети на тел. да бев јас пример на твое место ќе ми се јавеше еднаш со тој муабет и втор пат немаше да и текне. Нареден пат кога ќе ти се јави со такви муабети за живот во заедница и деца културно кажи и дека во скоро немате никаков план на таа тема, ако има нешто ќе кажете и толку сврти го муабетот на друга тема. И не мора толку често да се слушаш со нејзе, едноставно не и се јавувај и јасно дај и до знаење дека си имаш обврски околу факултетот и општо и дека немаш време со мајка ти да се слушнел а камо ли со некој друг. Со тек на време ќе се откачи верувај. Што се однесува на дечко ти ти најдобар го знаеш каков е и како ќе реагира, мада јас не би викала ништо сега за сега. Одоколу пример можеш да отвориш тема што и како размислува тој понатаму, кои се неговите планови и цели пример каде, како, со кого би живеел. Еве ако врската ви е сериозна и си планирате за натаму да се земете може чисто да си поразговарате да слушнеш што размислува тој и обратно. Ако дечко ти нема слух за тие муабети, нема што и ти да се замараш ама пак ќе кажам важно е да знаеш ако тргне работата на сериозно што тој мисли. Инаку јас во заедница не би живеела и толку тоа е мој став и не го менувам. Со еден дечко раскинавме ради тоа, зошто врската ни водеше натаму тој имаше услови ама не можел да ги остави неговите и толку заврши, а и ден денес не е женет поради таквите размислувања. Сега се други времиња, никој со никого не се трпи. Има пример каде што живеат ама како функционираат и како им е секој си знае најдобро. Јас не би можела, сакам сама да си водам сметка за се, мразам некој да ми се меша а факт е дека старите знаат да бидат напорни. Јас не размислувам исто денес и од пред 5 години, не пак со некои двојно постари од мене. Сите ние имаме родители и ние вечно нема да бидеме млади ама себично е да го врзам детето цел жиот за мене. Знам примери за многу родители со такви размислувања, демек ние те родиивме и чувавме ред е да ни вратиш, не е фер да не оставиш и затоа децата и ден денес им се сами. Плус има многу примери на растурени бракови од такви мешања од старите и не дозволување младите да застанат на свои нози, да се осамостојат и да бидат домаќини. На крај краиште вие и да заминете странство, татко му и мајка му ќе се тука еден за друг нема да бидат сами.
Разговарав со дечко ми. Ми рече дека и на него му прави такви муабети, јас само на секое нејзоно прашање веќе да одговарам дека незнам, син ти како ќе каже и да завртам муабетот. Рече дека не ја оправдува воопшто и дека неколку пати и рекол дека ако не планира да не остави сами, ќе одиме под ќирија посебно и нека и се смеам сите. Вели дека жената од што нема сериозни проблеми и си бара сама да си ги створи. Ми рече јас за ништо да не берам гајле, тој ќе среди се дека мајка му е и знае како со неа, и во иднина за било што воопшто да не размислувам за да му кажам. И него му рекла демек ако решиме да останеме Скопје, таа ќе дошла тука со нас да живее. И рекол дека недела,две,еден месец на гости да, ама ништо повеќе од тоа. Ми вика дека таа сега мисли дека јас сум му на прво место на дечко ми, и тој ми ги почитува моите мислења и се согласува со мене. И сега таа кога не може на него, сака да влијае на мене и јас да вршам притисок врз дечко ми за нејзините желби да се исполнат. Искрено се надевам дека дечко ми ќе си стои на овој став. Посигурна сум вака кога знам дека делиме исто мислење и ме поддржува. Свесен е дека без разлика што му е мајка, сепак не е во право. А јас ќе се обидам комуникацијата со неа да ја сведам на минимум (иако никогаш не и ѕвонам јас), па помалку да ме тормози со работиве. Ви благодарам многу на сите за советите.