Тоа што го прави таа е болест и се вика Едипов комплекс. Во тебе гледа некоја што ќе и го грабне синот и ќе го оддалечи од неа. Нема врска годините што е постара, тоа е изговор. Таа е од оние мајки што не можат да сфатат дека децата се птици кои еден ден ќе пораснат, ќе си заминат и ќе свијат свое гнездо. Не може да сфати дека синот нема да биде цел живот дете што ќе се држи за нејзината суќња. А што е со нејзинот маж? Него кој ќе го гледа? Баба ми беше таква кон татко ми. И ќерка имаше ама таа како да не постоеше, само татко ми и беше важен. За разлика од твојот, татко ми беше мамин син и трчаше кај неа секогаш кога ќе се јавеше. А немаше ден да не го побара да оди. Така да не ја оправдувај со тоа дека е син единец. И тоа е изговор. Не е само тој син единец, па не се сите родители како неа. Тоа дека ќе ти готвела, чистела за вие да уживате е купување. Сака да те купи за после да раскажува како се' ти прави, а ти си мрза. Како што сега раскажувала по цел град дека ќе живее со вас и ти ќе и бидеш снаа, така и тогаш ќе раскажува, дека се' ти работи. Не си го дозволувај тоа. Ако сака нека помогне, колку да се рече ама не и препуштај се'. Иначе, баш ми е мило што те поддржува и разбира дечкото. Останете такви и ништо не ви може никој.
Имам еден голем проблем со женсками зедно сме 10 месеци јас на почетоко ја имав изневерено два пати тоа беше кога направивме месец-два и не и кажав за тоа излезе на виделина ама не го признав тоа. Од тогаш таа нема доверба во мене а за друго не ја имам излажано ситници некој ако има ама и таа ме има за некој ситници излажано небитно и сега нема доверба во мене воопшто за што и да и кажам ми вика да се заколнам или да имам доказ каде сум пошто доверба нема и сама кажа само од што ме сака е со мене и со што да направам таа се повредува само плаче и ми вика ми го кршиш срцето секој ден веќе 3 месеци се караме без престан секој ден незнам што да направам многу ме сака повеќе и од самата себе тоа одамна ми го докажа јас со цело срце и верувам што и да направи неможам да ја изгубам довербата вистински ме сака и не гледа ништо друго освем мене несакам да ја изгубам поради ова и јас ја сакам могу, многу ни е убаво ина двајцата заедно, ми рече колку и да ме повредуваш неможам да те остаам веќе жал ми стана секоја моја постапка со во врска со бивша или женско ја повредува и мали нешта ја кршат мене ми тежи тоа што не и го имам кажано а ако и го кажам можеби ќе ја изгубам за секогаш и нема да ми верува повеќе за ништо јас сум доволно свесен дека погрешив со тоа што го направив и повеќе со никоја нема да го повторам заради едно неверство што потраело 1 саат сега цел живот ќе ми тежи во мене тоа што сум го направил сакам да одиме до крај она без разлика на се ќе биде со мене ама за ова незнам навистина дали да и кажам или да го носам во себе моја грашка е сум ја направил ќе си ја носам сега ама никогаш повеќе ни би ја повторил со тоа што го направив сега трпиме последици и двајцата нема доверба во мене секој ден се караме за сее и неможиме никако да го смениме ова могу пати сни пробале ама се сакаме многу помош!
Штом вистински се сакате и има напори од двете страни за поправање на работите, ќе го надминете ова. Седни ја и сето ова што го пиша тука кажи и го нејзе, искрено и од срце. Нормално е што она се чувствува така и мора да покажеш разбирање, без избувнувања на секое нејзино прашање и сомнеж. Минувајте што повеќе време заедно, направете нешто ново, изненади ја со мал подарок што на неа многу ќе и значи, киднете на викенд некаде само вие двајца, да се тргнете малце од секојдневието. Треба време, ама ќе се средите. Среќно.
Почни да бидеш искрен! Ко за промена! Кажи и' се. Си ја закашкал.. никој не ти е крив. И уште полошо е, што сеуште ја правиш на очи слепа. Ако не и' признаваш, нормално е дека за ништо после нема да ти верува.
Пред да направиш свесно изневерување треба претходно да ти бидат јасни последиците кои може да се случат подоцна.Јас не ти судам,но можам да кажам дека секој е дизајнер на својата катастрофа во овој случај љубовна,бидејќи не можеш да живееш и функционираш во лага и недоверба.Најубаво разговарај искрено,отвори картите а каква ќе биде нејзината реакција само таа знае.Постојат многу девојки кои не би опростиле неверство (тоа свесно се прави да не се лажеме) што и ги оправдувам и обратно, може во твојот случај ќе се наредат коцките на подобро.
зошто е олку суров животов никогаш не сум го правел тоа ама баш со незе мораше.. да свесно го направив тоа незнам и јас зошто за да ме боли изгледа незнам кога да и кажам незнам ни како после се после тоа убедување и се колнам дека не го напраив тоа а сум го направил сега ќе мисли дека за се така се колнам и ја лажам сите беа од моја стран дека таја беше таква со мене ама со причина еголема како ќе ги погледнам тие луѓе сега? ...
Единствен на светот да е нема да му простам за неверство па Јана мајка нека е. Тоа за мене непочитување е кон партнерот, да се излапаш со некоја а подоцна во очи да ме лажеш дека ме сакаш. Многу нормално дека ќе ја загуби довербата. Туку ништо, биди искрен, кажи и се и моли се да ти прости.
А да почниш да користиш интерпукциски знаци? Инаку, со оглед на тоа дека таа не знае за неверството, која е причината што нема доверба во тебе? Значи не е само ова, туку веројатно повеќе пати си и дал повод да се сомнева во тебе.
епа да со самото тоа што го бараше од мене да се колнам јас бев приморан да го направам тоа, а ако се случеше и најмала ситница и и ја кажам се каравме и после тоа цел ден сме такви па нов ден нова приказна Кога да и го кажам тоа веднаш покрај сите проблеми и тоа да го кажам или да се подсредат работите па да и кажам? да ама ако и кажам се плашам да не ја изгубам толку е посебна што нема некој што не сака таква девојка едноставно неможам да поднесам да ја изгубам, а секој ден ја губам по малце
Лјубовта се стекнува со време тогаш ние бевме на почеток не ни се познававме добро мислев и она ќе биде како и сите други само за некое време и го направив тоа ама излезе баш спротивното
Не е битно дали сте биле на почеток или на средина на врската. Кога влегуваш во врска, мораш да дадеш се од себе за да успее таа врска., да се посветиш на партнерката, да и дадеш се покрај искреност тука спаѓа и верноста. Не можеш да знаеш каква ќе била, дали ко останатите или посебна. Секогаш се водам по тоа - раскини па крши глава ако сакаш. Секое неверство без разлика на временскиот рок од врската носи последици. Сега кажи и, бидејќи доколку не дознае од тебе од друг секако, на секое неверство, лага и доаѓа крајот.
Се сложувам од збор до збор со @Unique__, неверство не би простила никад, па кој сака нека е. Какви ви се тие врски у кои седите на 2 стола, чим почнувате врска бидете верни, а не тоа дали е сигурна, дали не е. Голема грешка, чим не си бил сигурен не си требало ни да почнеш врска. Кажи и, искреноста се цени, можеби и ќе пројде преку тоа, зависи што карактер е. Подобро да и кажеш вистина отколку да ја лажеш. Јас колку и да е болна вистината би сакала да знам наместо некој да ми врти приказни и лаги. Врска пред се се темели на искреност. И почни да учиш правопис, се измачив дур те сфатив што сакаш да кажеш.
да имаш право ама како што викаат од грешките се учи јас многу добро си ја научив лекцијата што и да треба ќе направам за да се вратиме како што бевме и да и докажам дека ја сакам бидејќи таа од мене не гледа лјубов а мене тоа што се случи ме спречува да дадам лјубов само си викам кога ќе биде крајот морам да зборувам со неа
E de, deteto se kae i ja saka devojkata kako sto veli. Ne mozi se naednas da i kazi.. sppred mene, po poleka treba i toj najdobro ja poznava i pravilno da gi izbira zborovite.. mislam deka ako i kazi se naednad kje go ostavi.
Ама значи не е проблемот само неверството туку има и друго? Што се подразбира под таа мала ситница што велиш дека те терала да признаеш и сте се карале после тоа? За што всушност се карате секојдневно? Погоре ја спомна и бившата. Ако ти постојано се плеткаш со други, тогаш не е ни чудо што не ви оди врската. А што е поентата, да филова и упорно да лажи со цел да ја задржи? Кога му е толку тешко како што вели, тогаш нека и признае па таа нека одлучи дали вреди да остане со него или не. Ако не нешто друго, барем совеста ќе си ја исчисти. Тоа е, кога не размислуваш за постапките после ќе ја чешаш главата.
Сум била на нејзино место и ја разбирам. И јас бев таква, само што јас заради него изгубив доверба во сите и цел свет. Незнам како се однесува таа кон остатокот од околината. Се ми беше тажно околу мене, се ме повредуваше. Се ме расплачваше. Пример да се скарав со мајка ми ќе се расплачев и ќе си помислев: кај дечкото ме изневери и ми е тешко, уште ова сега ми фалеше. И така што и да се случеше лошо, јас си го поврзвав со него и само тонев. Во тој период другарка ја побара дечкото за жена, јас се отепав од плачење. Таа не се возбуди толку колку јас. На нивната венчавка во црква незнам како успеав да ги голтнам солзите. По неколку години кога мене дечкото ме побара, абе како камен бев, не ме допре ништо, а се потрудил, организирал се, уредил... а па на свадбата си бев се весела се', ама да се тресам од возбуда како што се тресев за туѓите свадби- не. И ние се каравме секој ден. Секогаш кога имав прилика ќе му преречев. Свесна бев дека тоа не води никаде. Се карав со сите, мислев дека сите ме лажат. После неверството секое чувство беше два пати посилно од претходно, светот стана дупло посетилен и надразлив за моите сетила. Да се удрев несакајќи-плачев. Не од болка, туку од лутина и гнев: зошто да се удрам? И после тоа плачење ќе прераснеше во плачење заради неверството, ќе си најдев начин ќе го споев некако со него. Значи претешко ми беше и плус тоа беше долга врска (5 години). Воопшто не очекував, како во некој розев свет живеев па кога излезе на виделина тоа беше шок за мене, како гром од ведро небо. Не можев да ја прифатам реалноста, пошто не ми се веруваше. И така ме држеше таа недоверба, сомничавост за се' и секого и преголема чивствителност па една година сигурно. После полека почна да бледнее и да се враќам во нормала. Денес се' е ок. Мажена сум и ниту го испитувам мажот ми кај бил и што правел ни нешто слично... ете успеав пак да започнам да им верувам на луѓето. Ниеден муабет или совет не ми помогна да пребродам, самото време си ги нареди работите и ги излечи раните (лузни останаа-секогаш кога ќе се спомне неверство мене ми се враќаат сите нешта, ако поминаа 5 години од тогаш). Е сега ќе ти речам како што му реков него кога се бунеше зошто стално да се караме за довербата: Се посра на сред соба? Е сега ќе ти смрди и валкано ќе ти биде, а последиците ќе си ги трпиш се додека не успееш убаво да си го исчистеш посраното и да ја изветрееш лошата миризба. Не можеш ти што сакаш да правиш и последици да нема. Згреши, ќе си се сносиш со последиците. Само кажи ми дали вредеше тоа што го направи за да го трпиш сето ова, а и јас ни крива ни должна да трпам заедно со тебе? Епа дечко ако ја сакаш и ако си маж ќе си трпиш додека ја држи. Тоа се последиците. Не се заборава преку ноќ. Ни за 3 месеци. Не се заборава никогаш, ама престанува да боли со тек на време, ќе се истроши гневот кон тебе. Единствен излез ти е да се соочиш со нејзината болка, гнев и лутина. Не си свесен каков извор си за гнев. Што и да кажеш ќе ја налути, ќе си најде таа за што да се фати за да те накриви. Ама бате ќе си истрпиш. Ќе помине. Неа и е потешко. Ако трпи таа, ќе трпиш и ти.
Се караме за ситници на пример од љубомора ако видам бивша во живо и сега дали сум се сетил на неа затоа се караме за такви нешта и се поврзано со женско ако се опулам или пак ако ми зборни некоја. Само кажетеми како да направам незам дали да чекам вистински момент да се средат работите па да и кажам или пак што побрзо да и кажам?
Ќе трпам што и да сака колку и да трае само се плашам дали само со таа казна ќе поминам што ако и она мене така ми врати или пак не ми даде ниту шанса се што треба ќе направам баш се доколку ја имам и таја можност да ми прости..
Е тоа е до неа, тоа е избор, болката не е избор. За мене тоа беше како да се спуштам на негово ниво. Тогаш не би била ништо поразличнаод него, а и би си ја скратила можноста да му преречам и да се лутам. Тогаш би биле двајцата криви и исти.