Кат5 незнам што друго очекуваш од машко да ти каже , па уште на ваши години тоа хормоните им работат ко ненормални и секако дека ќе се глупираат А за тоа што сакаш врска поразговарај со него и кажи му дека сакаш позбилно.Е сеа ти немораш дирекно "ај да идеме, ја сакам врска"...Него ќе го прашаш демек што праиме јас и ти?колку е озбилно нашево?дрн мрн..и според неговиот одговор ќе си заклучиш дали сака врска или не...Ако да тогаш супер,ако не тогаш сама треба да си одлучиш дали сакаш да си бидете така без обврски или пак ќе откачиш и ќе си најдеш нов И мој совет ти е да си уживаш во годините и да не се замраш толку , бидејќи ќе дојде време кога ќе треба да мислиш и да се оптовараш со љубовта
Женски сакам да ве прашам нешто, онака, чисто мислење да ми дадете. Бившиот пред да бидеме заедно имаше 2 женски. И тоа, како ќе раскинеше со една, одма друга фаќаше. Но, откако ние двајца раскинавме, тој после 3 месеци се смува со неговата прва, а дури денес се смирија со таа што му беше пред мене. А инаку идевме година дена... Другарките ме зезаат дека идел по ред, и дека пак мене ќе ми дојде редот, и иако така изгледа, јас не верувам, а највеќе што сакам е да сум пак со него. Ве молам за мислење!!
Хаха, извини ама поапсурдно од ова нешто немам слушнато. Како може да помислиш дека оди по ред да ги помине сите по двапати, и што сега ти ќе си го чекаш редот? Превземи нешто ако сакаш да си со него. Доколку ти си причината за прекинот на вашата врска, барај го разговарајте, одржувај контакт со него пред се пријателски за да не му ја расипеш врската, доближи му се, па можеби ќе сака да е повторно со тебе. Неможе така да мислиш и да си го чекаш редот. Реагирај!
Тој може од инает се смирил со таа . Плус денес дури .Сигурно не си води евиденција сега оваа па чекај оваа. Една година сте оделе.не е малку. Зошто раскинавте ? Збори со него. Решете ја работата. И кажи им на другарките така да не те зезаат. Нека те разберат.
Потполно те сфаќам како ти е, јас имав еден таков што не знаеше да биде без девојка, ама многу го симпатизирав, па кога и да посакаше јас бев со него. Ако не ме бараше и беше со друга, јас како што викаш ти си чекав да ми дојде редот Не знам , ама нешто едноставно ме влечеше кон него. Не можев да му замерам за ништо. Научив дека не можам да бидам дел од неговиот живот, па си уживав во моментите кога бевме заедно. Среќа што се ожени, па сега не се гледаме, а и јас не можам да си дозволам сега, нели ќе се мажам Мој совет ти е да научиш да ги контролираш чувствата, тешко е знам, ама поарно нешто отколку ништо. Не мисли дека те искористува, мисли дека ти си се задоволуваш себе си.
а да си продолжиш со животот да не се симнуваш на некое ниско ниво и некој да ти се смее љуби и главата горе не е ни прв ни последен. за се има време и тек пред требе е времето да ја пронајдеш и откриеш вистинската љубов
Вака....навистина многу ке ми помогнеш ако се потрудиш да ми одговориш...ми треба совет ...има до знаење дека го симпатизирам, разликата во годините е 6 години. Прва му пишав и на излегување се срекаваме кога пишуваме е ладен и никогаш не отвара тема за нас, туку општо муабетиме... Е сега преку ден го нема, а ми пишува често за време на викендите и тоа пред да се затвори барот..прашува каде сум и откако ке му одговорам ми вели ке се видиме ли?... И се сретнавме, се смувавме мислам само се бакнувавме рацете нон стоп му ги контролирав и си отидов....го немаше извесен период откако му дадов до знаење дека сакам врска, а тој велеше дека не знае што сака...оставив и оп гледам после 2 недели ми пиша на фб..се почудив бидејки мислев дека ке го нема повеке бидејки не ни се совпаднаа интересите (секако општ муабет беше во прашање)...во петокот ми пиша каде сум...а јас бев дома ... е сега незнам како да постапам следниот викенд бидејки сум сигурна дека ке ми пише смс за да се видиме или ке се сретнеме....а сакам врска и навистина ми е премногу посебен а женскарош е... Благодарам..
Не заглавувај, сега само ти се допаѓа а ако продолжиш со него да се гледаш на тој начин, може да се заљубиш во него, е после нема назад, ќе ти биде многу потешко да ставиш крај, ќе се надеваш дека може ќе се сменат работите и дека може ќе продолжи со врска, но верувај дека нема. Ако види тој дека може да те има само така, нема да сака врска со тебе.
Не си го губи времето за џабе! По ова што го кажуваш тој сака само да те искористи. Не знае што сака??? -секс сака и после чао пријатно, па ти нервирајсе... Ова вашево мислам дека не води кон ништо
Ако ти пише наредниот викенд да се сретнете, тогаш сретни се со него и биди претпазлива! Ако не сакаш само мување, тогаш не му допуштај тој да го диктира ,,состанокот,, Покажи му дека сакаш повеќе од секс за една ноќ, дека сакаш повеќе од мување! Сепак не се надевај многу на типот, таквите како него, женсакроши што се јавуваат само за викенд, што пишуваат пораки само кога треба да те ,,испрататат,, до дома, таквите типови не се баш сигурна опција! Таквите се ризични, сакаат убав провод без да се замараат за чувства и љубов! Сретни се со него, разговарај и тогаш ќе научиш дали вреди да се надеваш или да го заборавиш!
Мислев да не пишувам, но се нервирам многу. Имам прилично долга врска, со пауза. Обично не се караме, ам сега стана сериозно. Се испокаравме за Таксират. Сакавме да одиме заедно, се до моментт кога тој се договорил со некои другари да одат заедно. И само ми рече ќе одам да си купам карта и збеснав јас зошто требаше заедно да одиме. Се испокаравме и ми рече сакам сам да одам, ти нема да дојдеш со мене. Во меѓувреме мене дома многу ми се влоши ситуацијата. Се испокарав со мајка ми, зошто не го сака, ме бркаше од дома заради него, не зборуваме долго време. Го седнав него пред да купи карта и му викам ај те молам не оди, ми смета, знаеш во каков период сум, се испокаравме, ќе раскиневме, ама тој си остана на своето. Другарка ми има слава и обично ја слави со млади на заслугот, ама еве оваа година се мсилеше дали на заслугот или на денот да не вика младите и ме викан со него. И пак се скаравме зошто не сакаше да дојде со мене. Ете се погоди денес да одам на слава и покрај сите парови треба јас да бидам сама. синока се испокарав пак со мајка ми, па после му пишав порака и тој денес не ми се јави до 16 часот. Му вртев јас, не ми крена претходно. Немал кредит, ај, ама ми се јави во автобус беше неможев да зборуваме, па пак се јави кога се симна кај другар одеше и таков почна да се занесува пред другар му, му реков -не се прави важен, не сум важен и другар му почна да се смее. Јас се навредив. Ми рече ќе ти се јавам за пола саат, помина саат време и само да ми кажел еве сега одам накај таксират, ќе се чуеме. И јас збеснав, па пкрај се што правам за нас, тој се однесува така со мене. Не е фер, му реков, не си фер, па зарем заслужувам вака и сега он се навреди од моето однесување. Му реков ок прај што сакаш денес и утре ,ама од понеделник ќе свртиме нова страна, сакам со мене да се однесуваш ко што треба, зошто се давам цела во врскава и само ми рече ќе видиме. Девојки дали претерувам јас или нешто не е ок? Зошто не ни зборам со мајка ми ради него, а тој вака , дали јас сум пречувствителна?
според мене,за никој на светот не треба да се караш со мајка ти,таа знае најдобро но ти одлучуваш! Според напишаново гледам дека го сакаш и дека ти значи вашата врска,сакаш да ја зачуваш,ама внимавај како се однесува тој со тебе.Како тоа сте се договарале ќе одите заедно и сега сака со другарите!? Разговарај со него и кажи му дека те навредува тоа што го прави(но не го моли и не биди очајна)! Мислам дека е под влијание на некој другар и дека врската не си ја сфатил сериозно како тебе. А исто разговарај и со мајка ти и гледај да ги подобриш односите,бидејќи еднаш расипаната доверба тешко се враќа....
мила ние женските сме комплицирани суштества а како и да не бидеме кога сме посебни и кога заслужуваме да бидеме третирани како нешто свето. машкиот пол е целина на ладнокрвни и сосема едноставни луѓе,верувај дека твојот проблем го имаат иљадници други девојки. и сите си го поставуваат истото прашање : во мене ли е проблемот,и во мојата комплицираност?! а одговорот нажалост го нема.
Нешто дефинитивно не е во ред. Јас не можам да си замислам со мене вака да се однесува. Искрено, мене вака да ми направи не знам како би поминала преку тоа. Вакво нешто не би толерирала. Најди начин да разговараш со него. Ваквото однесување сигурно потекнува од нешто. А не се однесувал никогаш вака до сега? И зошто мајка ти не го сака?
Аххх Марама можам само да замислам колку ти е тешко, но ваков човек не те заслужува. Зошто да не можеш и ти да одиш со неговото друштво? И зошто мајка ти не го сака? Веројатно има некоја причина, па размисли дали е во право. Љубовта е слепа - клише од реченица, но вистина.
Марама, ако можеш пиши зашто не го сака мајкати. Битно е тоа зашто не го сака. Мајка ти е те сака најмногу на свет, зашто би била против дечкото ако е се ок со него? Ова однесување не му чини, нема зашто ти да се обвинуваш бидејќи сте се договарале заедно да одите а потоа ти откажува...па уште и се лути, хммм... добро си му кажала од утре друга песна, ама нека ти држи тоа, неможе само едниот да се труди а другиот да се прави важен така? Во секој случај во право си што бараш од него да се потруди и он, да те разбере и да те подржува, затоа што ти правиш голема жртва со самото тоа што се расправаш со сопствената мајка.
Мајка ми не го сака затоа што е од село, зошто е од неубава фамилија, помал, а плус слушала муабети дека е наркоман. Но, не е, знам. Инаку не беше ваков, од кога дојде во Ск се смени многу. Не можело јас да му бидам центар, па можам, кога јас правам се. Значи не зборам со мајка ми, 20 дена трпев за леб, зошто немав пари, а тој вака ми враќа. Јас разбирам да сака да биде сам со другари, па сакам и јас, ама па ние не сме излегле кој знае од кога. Плус се чувствувам многу запоставена. Се обидов да му кажам и тој само ми се чинело, не било така, требало да знам колку ме сака. Па ако ме сака ќе му биде битно моето мсилење. Еве сега му викам ај немав пари за Тксират се вади и на тоа, ама зошто не ми позајми, ќе ти ги вратев. И таков, па јас од кај имам? А не дека нема. Студент е тука , а месечно троши по 12000 на глупости.