Кажи и секако ја изгубила довербата во тебе. Мене лично повеќе би ме повредувало да ме лаже а покрај тоа знам дека лаже и сите од околу ми зборат од колку самиот да ми каже што направил
Исто и мене. Многу е грдо ако те прави 'будала'. Со такво однесување, те потценува всушност. Овој што кажува дека ја 'сакал многу', ако ја сакал, немало да си дозволи да останат тајни меѓу нив!
Јас пак не ги сфаќам тие - ние многу се сакаме ама...ние вака ние онака и во сета таа врска едниот ќе уништи а во тој случај довербата. Голема лага или мала, лага си е лага.
Даа... проблемот е во тоа што лажењето (посебно) од партнер или родител или дете или другар.... ти ја урива самодовербата. Такво настојчиво однесување (лажење), е всушност непочит кон блискиот. Не го сметаш ти за достоен на тебе, па си дозволуваш да го потцениш. Комплексни се човечите врски.. Но едно е сигурно: Во било каква врска, нарушена доверба и/или самодоверба, е една од 'најстрашните' причини за рапаѓање на истите... Кога 'жртвата', ќе се 'соочи' со 'реалноста' дека 'светот и' се срушил'.
Викаш што ако и таа исто ти врателааааа..... Ало ти тогаш мислеше ли како ќе се чувстува таа или сега сваќаш како и било кога се наоѓаш во ситуација дека истото може и тебе да ти се случи?
Добро, наместо да му помогните овде, вие се повеќе го напаѓате на некој начин или користите агресивна комуникација... има доста полоши дечки од овие, барем е свесен за тоа што го сторил... како што пишува овде. Наместо да му држите лекции, од женска страна кажете му како да изреагира, според мене ако се наеднаш и каже, мислам дека дефинитивно е готово... Али како и да е, треба да ги погоди моментите и начинот на кој ќе го каже.
@Stark вистина е нема право никој да го осудува, затоа што сите прават грешки свесно или несвесно. Ама во оваа ситуација во поглед на изневерувањето ќе зборувам општо , а не за конкретниот случај. Јас не можам да разберам како некој може да изневери некого кој го сака со некоја друга личност и да рече дека се случило тоа што се случило ама уште ја сака личноста чија доверба ја изневерила. Каде е тука љубовта кон таа личност во целата оваа ситуација? Никогаш нема да можам да го сфатам тоа .
Нормално и јас сум за искреност, ама сепак си има "финта" да речам кај секого и да знае во кој момент како да почни и што да почни, тоа ми беше поентата. А не да крие и дрибла, туку се ако и каже што направил претходно мислам дека премногу ќе и дојде и ќе го остави, for sure.
Според мене неверството нема врска со љубовта (зборувам општо за неверствата). Не го оправдувам во никој случај. Јас неверството го разбирам како слаб карактер кој не може да ги прифати маните и недостатоците на партнерот, кој е себичен и сака се' да има. Тоа ти е исто како цигарите. Знаеш дека ти штетат ама не ги откажуваш. И демек не се сакаш себе си? Се сакаш нормално, ама си слабак. Или кога започнуваш диета за која си ветуваш сам себе дека ќе се држиш до неа доследно и која сепак нема да ја истераш до крај. Тоа не е изневерување на сам себе? Е! Ама не е дека не се сакаш самиот себе. Најмногу неверства се случуваат од некакво незадоволство од партнерот. Нема врска дека тоа мора да е секс. Не се врти се околу сексот. Најчесто тоа е недоволно внимание од партнерот, лоша, ретка или никаква комуникација (ова особено во долгите врски) и слично. Најмногу паѓаат на слаткоречивост, симнување ѕвезди и сл. ова особено ако партнерот ја поминал таа прва фаза од врската во која сме најромантични и слаткоречиви и со тек на времето ја изгубил. Кога човек сака нешто што го нема и кога тоа нешто ќе му излезе пред него понудено на тацна богами за лик со слаб карактер тешко дека ќе ја одбие понудата. Јас сум била изневерена, и претходно кажав. И ова сега што го пишувам не ми го кажал тој или било кој друг. Туку кога се случи јас сама се преиспитував "зошто?" и дојдов до овој заклучок.
Не знам како мислиш дека нема врска? Зарем личноста која те изневерила на било каков начин не е свесна дека со тоа што го направила те повредува или те повредила тебе. Доколку таа те сакала немало да го стори тоа. Барем јас така гледам на работите. Инаку споредбата со цигарите може и на друг начин да се искористи во оваа ситуација. На пример ти си родител и пушиш цигари во иста просторија каде се наоѓаат твоите деца. Зарем како родител ти нема да престанеш да го правиш тоа доколку ги сакаш твоите деца и ти е важно нивното здравје. Така е и кај изневерувањето ако ја сакаш личноста не би го сторил/а тоа. Мислам дека така е и со изневерувањето. И мислам дека премногу се себични таквите личности и поради тоа го прават тоа. Можеби грешам со оглед дека ти тоа си го почувствувала на сопствена кожа.
Свесна е, не реков дека не е. Дури и тврдам дека е свесн. Те сака ама не те почитува и не те прифаќа онаква каква што си. Љубов и почитување не се синоними (поими со исто значење).Наместо да работи на врската или ги прифати твоите мани, го одбира полесниот пат така што ќе го добие кај друга тоа што не може со тебе. И тоа е слаб карактер. Не може да прифати дека не може една личност се' да има. И на крај пак е несреќен. Го добива второто, а го губи првото. И се' така во магичен круг. Мислам да бидеме реални прељубниците не се луѓе без добрина, љубов и чувства. И пак ќе речам: не ги оправдувам, ги жалам.
Му кажав де, уште во првиот комоентар до него: Да престане да лаже! Да и' каже се'! Поарен совет од тоа, нема.
@Stark Не е поентата да го осудуваме, ама не можеме ни да му кажеме како правилно да и соопшти за да не го остави. Гледаш дека голем број од жените не би простиле неверство. Ако тоа важи и за неа, на каков начин и да и го каже, исходот ќе биде ист. Сепак најдобро е да и признае сега отколку подоцна, па на неа е дали ќе продолжи со него или не. @Tony Stark Биди искрен. Ова што го пиша тука, кажи и го и неа, нека знае колку ја сакаш и колку се каеш. Назад секако нема. Подобро да дознае од тебе одколку од други.
Откако ќе и' кажеш се', ветете си дека повеќе нема да се лажите и да си правите зад грб работи. И стоете си зад тоа. Иначе, на почетокот на врската била глупоста, не е чудно што се случило . Со среќа
Јас предходно барав совет за еден дечко што се гледавме, и сакаше да се запознае со моите , баш една членка напомена дека е чуден, не се познаваме доволно а одма родителите, бидејќи не сме од исти места, он беше тука но ме игнорираше, не сакаше да се видиме т.е. измислуваше работи, од другарка дознав дека бил излезен со другари во истиот момент мене кога ми пиша дека лежи демек се разболел...но му пишав дека сакам нешто да го прашам демек, ама во живо и тогаш ми призна дека е излезен, вика дојди пред кафичот, кога го прашав , ми вика па така испадна набрзина излегов, сега ми вика дека тргнал накај дома, а вчера вечерта ми рече еве сега ќе тргнам, ( нема шанси да патува толку саати до дома) друго за нова год,ме вика кај него, а на тел кога збориме се однесува сосема нормално, кога го прашав дали веќе не му се збори , ми вика не? Од каде тоа? Зашто така зборуваш...јас веќе не знам што да мислам, пред да дојде 1000 пораки ми изнапраќа дека едвај чека да ме види, другарка ми вика може сакал да те искористи , ама видел дека не си лесна па се откажал, инаку ние се видовме тој ден кога дојде и ок си беше се, јас и не покажував емоции баш кога ми пишуваше, друго мислам пробал да направи се за да се заљубам во него па сега намерно игнор..не знам , како да постапам сега? Не ми пишува и не ми се јавува како порано јас што го игнорирав он кога ми ѕвонеше, сега он исто, дури и истите причини ги кажува, јас му пишував не сум сама покасно ќе тинсе јавам, сега и он ми вика исто хаха, ако не е озб тогаш не знам зашто толку ме бараше/пишуваше, сакаше да се запознае со моите, ми праќаше слики од неговите..
Прашај го што сака, и кажи му ти што сакаш. Ако сакате исто, супер... ако не... има и други риби во морето.