А шо ќе ти е ваква особа за пријател? Лажго, што праи муабет за толку сериозни теми, а на крај као некоја кукавица се крие. Со ваков ни брак, ни другарство не се гради.
Јас му имам кажано во очи ајде кажи на што сме? Ме гледа се смее, ми вика јас сум фин дечко, немој да се лутиш, немам поминато многу време со него, инаку кога тој ми пишуваше дека му фалам итд јас ладно враќав на пораките некако, па викам поради тоа дс не е, ама еве не ми пишува и не ми се јавува веќе како порано..
Арно ти вели @Dream-Girl , штом лаже нема ни за пријател да го биде. Или е несигурен и плашлив,или не си му многу интересна,или му се откачила некоја жица. Не си го троши времето на таков.
Да нема почнато и покани да пише? Ако ти досадува избриши го од секаде и не враќај, ти ѕвони на моб. , смени го бројот.Life goes on.. Идеш на друго море.
Јас ќе пробам пак, па ако иде-иде иако ме игнорира се надевам ќе ми се јави па ќе збориме...фала Ви на сите
Епа затоа така ти прави, ти го бараш а тој си игра топло-ладно а е многу свесен за тоа. Не дозволувај никој да те врти на малото прсте. Игнор малку и од твоја страна, ако е заинтересирам сам ќе те побара.
Душо мажите не размислуваат како нас(ова или она ќе направам за така и така да си помисли). Тие делуваат онака како им се сака во моментот, не се женираат, ниту анализираат како нас. Дури и мислам дека ни се смеат кога ние ги анализираме на долго и на широко нивните постапки. Биди си нормална. Ни го напнувај ни го игнорирај, а ни ти многу не се замарај. По извесно време ќе можеш подобро да процениш.
Џабе си пишуваме ние, таа е затрескана и ќе го бара пак. Не знам зошто воопшто бараат совети ваквите кога пак по нивно си тераат. И после ве лажеле... Па сами си дозволувате, се спуштате испод ниво ради некој мочко ко да е последен на светот. Не ве разбирам.
Знам дека не треба, ама некој да ви се јавува, пишува 24/7 да ви ветува и се да планирате за на крај да ме игнорира и се така да остане, не знам може и нема да му пишам, знам дека он никад нема да ми пише..
Девојче извини вака што ќе бидам сурово искрена, читав се што пишуваше во врска со дечково и само едно ќе ти кажам си го ладел к**от со тебе како му одговарало него бидејќи му било досадно и те искористил за да си го пополни слободното време, а ти сирота наивна си паднала на неговите зае*анции, а тоа можеш да го приметиш по ова што и сама кажа јас го прашувам на што сме он се смее, и сите муабети како свадби и слично се е поради зезање. Жал ми е за ситуацијава и што не си сфатила на време, најдобро ти е да го блокираш секаде и да заборавиш на ова како и да не се случило.
Не ти се јавува и ти не му се јавуваш-решен проблем. Мене ми личи дека си зацапана у него епа време е да го заборавиш. Те лажел или и сам не знае што правел со тебе или можда е геј и ти си му била маска за у јавност а?
Поточно беше, тој на почетокот ми се јавуваше ме бараше, мене повеќе пати ме мрзеше да зборам, не го фермав баш, сега од како престана јас мислам дека го засакав, можеби тоа му беше целта, да го засакам и да ме батали, нема врска тоа маска во јавност, бидејќи тој од тука никој не познава, од различни места сме.
Планирав истово да ти го пишам што го пишала буба4е, мислев кој знае што ќе ми одговориш ама ете. Биди!
@Irenaiki како си му поверувала дека сака брак со тебе, а он не сака ни да се видите? Не приметуваш дека ти правел филмови? На почетокот кога он се трудел околу тебе, ти си била ладна епа тркалото се врти. Железото се кова дур е жешко, сега е веќе касно. Батали го.