Мислам дека најпаметно ќе биде да не идам со него за нова година, да му дадам време и прилика поубаво да се запознаеме и онака спомна нешто дека може од фебруари ќе дојде на два месеца овде, па ако биде се ок тогаш да планирам ако не, ќе му понудам, пријателство, ваљда нема ништо лошо и во тоа ... J@cqueline он пред да дојде се и сешто пишуваше и кажуваше, се однесуваше како да сум му девојка, а тука кога дојде за рака не ме фати, не па подалеку од тоа. Фала ви
А ти кога тој се однесувал кон тебе како кон девојка како се однесуваше кон него?? Мислиш без причина кога дошол ни за рака не те фанал?
Искрено, мн ладно му дадов до знаење дека не можам да му верувам тек така, кажав и погоре некогаш на порака не му враќав и по пет дена, често кога ми ѕвонеше.не се јавував...
Ај сега вака некој тебе вака да ти правел ти кога би го видела би го фанала за рака и би се однесувала како негова девојка? Многу ладно од твоја страна и да сакал стварно брак ако вака си му праела среќна да си муабет што ти праи ко ќе му пишеш.
Жаклин ти светица си, никогаш немаш згрешено па сега овде проповедаш што е тоа карма? Можда девојката се извинила, не и бил период и 100 други причини за кои сакала тој момент да е сингл. Онтопик немора да има и некоја посебна причина најлесно е лажењето, едноставно не му си битна , заслужуваш многу повеќе.
Во ред, не сум му важна, но слики од цела фамилија, на камера да ме запознае со тетка му (дека тогаш таму беше) брат му,жена му на брат му..среќа па јас не го запознав со моите иначе како ќе им објаснев за ова, значи денес ништо не е гаранција за сериозност...
Читам, читам и останав без зборови, значи дечково од Германија дошол до Мк (не знам од кој град си, не е битно), пред тоа тој ти пишувал како да си му девојка, ти велиш ладно си му одговарала, чекај сега, дали дечково тебе те праша дали ти воопшто сакаш да му бидеш девојка? Мене ова ми иде како тој со збореше си збореше, па после дојде па ништо од тоа, најверојатно те прашал? Што си му одговорила? Сигурно не си рекла не, па он пак продолжил да збори? Уште за нова год таму, оф мори мајко, другарка исто има врска на далечина, две год се заедно еднаш не отишла таму, а не ти да идеш со некој што до вчера не си знаела ни дека постои. Искрено, навреда или не, треба да се преиспиташ за некои работи во животот, не значи ако некој нешто ти рече ти залетај се, мене дечково ми остава впечаток на некој кој не се замара, па сега ти дали би дошла/пошла сеедно, пробај речи му нешто, како на пример: мислев дека си подобар, сигурно би ти вратил со ЧАО, па од таму јасно е се...и еве ти одговор зашто ти ја претставил цела фамилија...не се замара х2
Измеша лончиња а? Кај виде дека јас проповедам карма? Јас ја прашав како би и било неа некој така да и се понаша ладно ама еве ако ти се препозна во нејзиното ладно понашање ваша грешка. Ама ко што пишала @Luciferovog zlo♧ тој не се замара *2 па џабе се замараме со карми,светици и разни чуда Неговото понашање си е секое чудо 3дена а @Irenaiki ко што се змара зошто и како тој вака *2 тој исто толку ич не се замара. Јас и мислам дека поред неа и на уште 2-3 им ги покажал неговите роднини за после таму групно да одлучат која е за него која не. Тој е незрел за разговор а не па за нешто друго и озбилно
Биди среќна што уопште ти праи муабет кога го бараш. Тој се гледа дека не се замара многу па почни и ти така. И сама пиша ако престанеш да му пишуваш тој никад нема да ти пише така да олади и уживај си.
Па види, една позитивна карактеристика на дечково, супер идеа така да ги покажува, бидејќи кај мене во населба имаше случај каде што дечково идеше 4 год со една, кога ја донесе дома за да се земат неговите рекоа ауу па оваа не е за тебе, а тој и вика, е па моите не те сакаат, па ни веридба ни свадба.
Така си одат тие работи. Нема да носи па враќа Мк-Германија не е тоа преку улица па иди ми дојди ми. Не е тоа сега толку битно најбитно е девојчево да примени нешто од него. Дечково уво не го боли за ништо.
За жал денешно време многу ретко.. Сите сме биле излажани, слепи, луди, повредени.. Не си единствена и не си сама. Ова нека ти биди лекција за понатаму во животот што се однесува до верувањето, а љубов и сериозност ќе дојдат кога најмалку очекуваш. ( Немој да се обвинуваш себеси за тоа што си била ладнокрвна, секој си има свои периоди кога ладнокрвноста ја користи како бариера ). Good luck
@Irenaiki ти изгледа се нервираш само оти престанал да ти посветува внимание , па сега наеднаш ти е интересен. Кога човекот бил отворен со тебе ти си изигрувала незаинтересирана а сега наеднаш како да ти паднала круната. Можеби си само една од многуте со кои овака комуницирал како што ти велат другите форумџики а можеби човекот едноставно чека од тебе сега отвореност и иницијатива. Ти си покажала дека нема хемија меѓу тебе и него ама неговата упорност и понатаму да ти го вели истото дека сака да се земете е само од причина што е решен да се жени односно да си најде жена од стариот крај (Македонија). Јас лично би те откачил уште во првите моменти кога отворено си покажала дека не го есапиш ни 2 посто, а зошто тој и постојано комуницира со тебе може единствено да ти објасни маж што би го направил истото како него. Повеќето мажи верувај одамна ќе престанеле комуникација со тебе освен оние кои им е само до секс и ќе бидат упорни до крај
Од една страна ја сфаќам што и е криво, но од друга страна, мене некој да ме откачувал така кога сум покажувала интерес следен пат и да е последен на свет, и да ме брка, јас нема да прифатам. Тркалото се врти, искрено на место на машкото немаше ниту збор да изустам. Ете можеби навистина сакал да биде со тебе, но ти не си играла паметно и тоа е тоа.
@Purelove92 за ова пишував пред некој ден не за светица дека сум и карма особа. Значи и другите резонираат како мене. Срце ми е на место сега. Пред да се срипа на некој и протолкува сосем погрешно треба трпение. Јас пишав и пак исто и јас одма би откачила ваква особа која 2% не ме рецка и глуми ладнокрваност, а после офка леле зошто вака зошто така. Ама ај што знам јас зошто е така
пишував за мојот проблем тука и претходно не се замарав многу мислев е фаза и ќе помине за брзо,ама еве ме 5 месеци подоцна уште ме мачат истите работи. Long story short во врска сум 6 години тој ми е најдобар другар и многу го сакам ама романсата ја нема...сакам да му раскинам ме држат назад од тој чекор годините поминати со него,навиката,заеднички пријатели и не сакам да го повредам а се повредувам самата себе не сум среќна во врската имам 22год прв ми е си го имав замислено животот со него како да ми испарија чувствата преку ноќ. не знам како да постапам
Раскини му, не се уништувај самата себе си, и не го лажи дека го сакаш. Всушност, стави се на негово место и размисли дали тој ќе се жртвува за врската, дали ќе те остави или не? Престани да гледаш за да им угодиш на сите, гледај за себе малку, стави се на прво место себе си и твоите потреби.